R.I.P.D. (2013) (Action | Comedy | Crime) Многу интересно филмче. Ник е полицаец и го убиваат. Тој се придружува на тимот Rest In Peace Department и се обидува со својот партнер Рој да го пронајдат убиецот. 8/10
Дизни филм каков може да биде? Бајка!! Поуката од филмот беше тоа што замрзнатото срце може да го стопи само љубовта.
Нашите мајки, нашите татковци Unsere Mütter, unsere Väter (Generation War) 2013 http://www.imdb.com/title/tt1883092/?ref_=ttep_ep_tt Одлична воено-историско-љубовна драма во 3 дела. 5-те пријатели, браќата Вилхелм и Фридхелм, Грета, Шарлот и Виктор се среќаваат во Берлин, 1941 и даваат ветување дека наредниот Божиќ повторно сите да се соберат на истото место. Потоа сите се разделуваат по својот пат. Браќата и Шарлот одат на источниот фронт наполнети до врв со идеологијата за непобедлива ариевска нација, Грета пробува да направи пејачка кариера, а Виктор да го избегне прогонот на Евреите во Германија. Никој од нив нема да верува дека по некое време патиштата повторно ќе им се вкрстат некаде далеку на истокот. Дали ќе се вратат назат и ќе го исполнат ветувањето, погледнете го филмот. Одлична реалистична приказна за невозвратена љубов, другарство, за жртвување, човечки страдања и патриотизам. Актерите и глумата се добри, а убавите Руски и Украински пејзажи и рељефи го прават филмот уште поинтересен за гледање. Оценка 10/10. Искрено го препорачувам.
Thank You for Smoking Интересен филм кој ја покажува моќта на говорот и лобирањето како уметност на убедување во нешто. Во овој случај, целта е да се убедат потрошувачите да купуваат цигари. Nick Naylor е лобист на компанија за цигари со неоспорен талент за говорење, а неговата задача е да го брани својот производ од големиот број јавни напади кон компанијата. Водејќи битка со поборниците за заштита на здравјето, Nick се обидува истовремено и да остане добар пример за неговиот син. Добро филмче, го препорачувам
Незнам зошто го гледав фимот,обично ги избегнувам ваквите тематики,досадни ми се Но филмот ме заинтересира уште кога го пуштија по киносалите, не најдов време да ги изгледам во кино .Затоа вчера си го симнав и баш слатко се изнасмеав Spoiler Се работи за тоа како еден млад човек со помош на две жени ќе си одговори на многу прашања во врска со љубовта и сексот и ќе се сочи со својата опсесија порното. Ви го препорачувам.
How the Grinch Stole Christmas Убав божиќен филм со Џим Кери, гледан ми е повеќе пати, али морав повторно да го гледам. Се изнасмеав на повеќе сцени
Twice Born Џема е жена која добива повик да ја посети посмртната изложба на фотографии од својот сакан,и да го посети Сараево.Доаѓа во градот и тука со пријателот Гојко го почнува оживувањето на своето минато.Шетајки низ минатото и сегашноста се обидува да си ја објасни причината зошто останала без својата љубов.Дали изгубениот пасош е причината за тоа?Приказната го опфаќа периодот од времето на Олимпијадата во Сараево 1984 година,до сегашниот момент.Потеклото на нејзиниот нероден син е навистина поразителен и страшен. 8/10
The Wool Cap Емотивна драма за зближувањето на домарот на една трошна зграда со проблематично девојче кое има неодговорна мајка. Откако мајката на девојчето нема да се врати дома подолго време заради проблеми со дрогата, девојчето е препуштено на домарот кој не може да зборува и има проблеми со алкохолот. Го препорачувам.
Premium Rush (2012) Малку здивнувам од божиќните филмови, па се одлучив за овој интересен филм, акција-трилер, дејството во филмот се одвива низ улиците на Менхетен, а главен лик е еден “поштар“ на велосипед.
Го имаше низ страниве за филмови,па ете и јас го погледнав.Не е лош,малце дебилски ми зборуваа актериве,ама ми се допаѓа како заврши,во сексот и двете личности треба да бидат задоволени
Пет кученца следат камион со сладолед,ама возачот незнаејќи дека тие се внатре ја затвара вратата и тргнува за аеродром за да ја прати кутијата со сладоледи до Алјаска.Ќе си најдат уште едно кученце другарче и едно момче на кое му требаат уште пет кучиња за големата трка..9/10. Препорачувам.
Un plan parfait Adventure | Comedy Stars: Diane Kruger, Dany Boon, Alice Pol Колку љубовниот живот може да биде комплициран, тоа сите знаеме, но како е да се бориме со проклетството... Изабел(Дијана Кругер) е убава, млада жена заљубена во својот дечко со кој наскоро ќе стапи пред олтарот. Не би било крај на среќата доколку на сите жени во нејзиното семејство не им пропаднал првиот брак, баш на сите жени... Па така ќе направи се за да се омажи со својата љубов, ќе отиде до таму што ќе се омажи и разведе само за да го реши својот проблем.Но нема да испадне се како што планираше Изабел. Интересна француска комендија со мојата омилена акерка Дијана Кругер.Супер за недела навечер.10/10
После 10 пати заспивање на истиот ( добро може не 10, ама 8 сигурно ) , конечно го изгледав до крај Има преубава, топла приказна , или поточно кажано повеќе приказни , со една порака : вистинската љубов е она што вреди и за која треба да се бориме до крај Настаните се одвиваат пред Божиќ, па се' е онака празнично , прекрасно Верувм дека ретки се тие што го немаат гледано, а за останатите - топло го препорачувам, особено за прериодов кој следи. Spoiler
Се извинувам за пост врз пост, но морам да се самоцитирам бидејќи не можам да го редактирам мислењето ( по известувањето од Thallia дека не се гледа сликата ) Се работи за Love actually ( 2003 ) ^ Spoiler И во иднина нема повеќе да заборавам да го пишам и името на филмот, ветувам
Изгледав три филма со bradley cooper и тоа по желба на дечко ми . 1) The A-Team, мислам што да мислам, суперишка од филм. 9/10 само поради тоа што на крајот малце опадна темпото на заебанции. Омилен лик Howling Mad Murdock. Такви момци како него обожавам - за пријатели, за роднини, дечко . Нема да згрешите ако го погледнете. 2) Case 39, беше солиден. Доколку го погледнете ќе сфатите какви се мозоци може да имаат некои од оние слатки лиценца кои шетаат околу нас. Двоструктурна демонизација, физички невини, душевно оболени. 7/10 3) All About Steve, катастрофа! Не ни го гледав.
Ама многу, многу добар филм барем мене мн ми се допадна и еве сега ми е меѓу омилените, чиста десетка! На крајот е малку жален,а на почетокот ќе се утепате од смеење значи стварно... Го препорачувам! 10/10
The Best Offer http://www.imdb.com/title/tt1924396/ Еден од најдобрите трилери/драми кои што сум ги погледнала. :up: Spoiler Приказната се одвива околу еден ексцентричен и познат аукционер и колекционер на уметнички дела.Еден ден добива телефонски повик од девојка која бара да и помогне во проценката на вредноста на антиквитетите кои ги наследила од своите родители.Тој како страствен љубител во потрага по вредни антиквитети се сложува да и помогне и тука тргнува заплетот кој комплетно ќе му го промени животот. Еден од оние филмови кои оставаат силен впечаток по гледањето и ве тераат на размислување и анализирање.Препорачувам да го погледнете. 8/10
The Next Three Days Може ли доживотниот затвор да ја уништи љубовта и довербата на сопругот?Што е спремен тој да направи за неа?Да го чува синот?Да вложи се што има дури и своите умствени способности да ја спаси сопругата од доживотен затвор?Од обичен професор мирен и тивок,да се претвори во врвен бегалец,оставајки ја зад себе подзината полицијата? Сето ова го има овој филм.Особено последните половина час се возбудливи. 8/10