Слаб филм,очеквев поќе,или можда мене не ме плашет поќе вакви филмој.Иначе во еден збор се работи за егзорцизам.Секако впечаток ми остави sir anthony hopkins,очекувано.
21 & Over Comedy Stars: Miles Teller, Justin Chon, Jonathan Keltz Се работи за некој кој се опијанил толку многу што не знае каде се наоѓа. Џеф Ченг (Џастин Чон) мора да си легне рано вечерта на својот 21-ви роденден затоа што утредента има важно интервју за работа обезбедено од неговиот престрог татко. Но, истиот ден на неговата врата неочекувано се појавуваат Милер (Мајлс Телер) и Кејси (Скајлар Естин), неговите најдобри другари од средно училиште. Тие дошле затоа што Џеф Ченг полни 21 година, станува полнолетен според законите во САД, па сакаат да му подарат забава што ќе ја памети цел живот.По кратко противење Џеф Ченг прифаќа да се напие по едно пиво со нив, но работите излегуваат од контрола и тој се онесвестува од премногу алкохол. Милер и Кејси немаат друг избор освен да го однесат дома да се отрезни пред важното интервју кое го чека, но не знаат на која адреса живее. Се разбира, ваквата ситуација неминовно води до целовечерна потрага по домот на Џеф која се чини дека нема крај. Бледа и многу лоша копија на The Hangover 4/10
Red 2 Bruce Willis is saving the world... once again Шала на страна, не е лошо филмчево, ми се допадна хуморот. Секако, не се изоставени оние типично акциони сцени со некои невозможни потези, ама добро Не мора да сте го гледале првиот дел за да го разберете, јас го немам гледано кецот. Доволно е само да сте гледале некој акционен филм со Брус Вилис
Prime (2005) Веројатно на сите ви е познат филмов и тематиката, една скоро разведена 37 годишна жена ќе се заљуби во млад 23 годишен сликар. За да биде поинетересна приказната, тој е син на нејзината психијатарка. Не е измислување на топла вода, ама мене ми беше интересен, до самиот крај бев на неисчекување на тоа што ќе се случи и како ќе заврши. Тоа ми се допадна, и плус потикнува дебата околку голмета разлика на години, барем кај нас дома покрена, ја издебатираме после филмов, во сите можно комбинации. Ума Турман ми е одвратна, па и принцеза да глуми ќе ми биде антипатична, дечкото ми беше многу сипатичен, а Мерил Стрип нема утка, па дури и Бетмен да го игра Мене, изенадно филмот ми се допадна, посебно крајот, навистина ми се допадна како заврши, зашто крајот беше сосема коректен и реален. 7/10 И фамозниот Eat, pray, love Не сум ја читала книгата, ама нит планирам да ја читам, но филмов мене ми беше тешки патетики. Авторкава кога ја пишувала сторијава како да ја дрмал цело време Пмс, мене само тоа може да ми биде сфатливо за тоа зашто посоти приказнава. Дали е до мене не знам, ама читам само восхитни коментари, а ова ми е далеку од тоа. Приказната е океј но само до првите 10тина минути, потоа се загубиле комплетно во реализацијата. Патетчина приказна за една разведена очајна жена, која низ едно гоооолемо и долго патешестве ќе си ја најде новата љубов, и се ќе биде во ред. Да де претходно најдена и намолена на бога. Лоша слика оддава искрено, не верувам дека воздрасна разумна жена треба да се пронајде во филмов. Многу детски и навино ми делува, тинејџерски, така тинејџерка да се понашаше, ќе и речеа гроу ап, ама пошто филмов е сниман споед светски бестселер, Опра го препорачуваше и Џулија Робертс го глуми па мора да е добар. Самата Џули ми е просечна тука, можеби ова е најлошиот филм со неа. Не и прилега оваа улога, после Ерин Брокович како силна и борбена жена, тука како правокласна пла*ипи*ка не и стои. Единствено делот каде е во Италија вреди да се види, многу убавини на едно место, многу храна и уживање. Се ќе беше супер да можевме сите така да ја напуштиме работата и очајни да се фрлиме на долотрајно патување кон среќата. Не ми е ич реална, како што реков ова може да е само приказна на тинејџерка. Крајот посебно ми беше пресмешен и филмов е го прави ништо повеќе од една романтична, безпоимна лимонада посебно погодна за време на Пмс. 5/10 И тоа само заради сцените во Италија, инаку препратичен е за мој вкус, и не препорачувам
НЕ се сложувам со тебе ако така си го доживеала филмот значи не си го разбрала.Овој филм е еден од поубавите што ги имам гледано и ми има оставено длабок впечаток.Вушност овде нема ништо тинејџерско туку е претставено како една обична жена која е развдена и разочарана го избира вистинскиот пат да продолжи понатаму со животот.Сакајќи да ја пронајде среќата на еден начин таа најпрво оди во Италија каде е покажано како луѓето уживаат во аристократските градби и во преубавата храна,потоа оди во Индија каде духовно го пронаоѓа својот мир.Со тоа се покжува дека после секоја загуба човек може и понатаму да ужива во прекрасните нешта на овој свет.За неа важно беше патувањето низ овие земији и она што го научи од целиот пат,а секако дека ако си ги научил лекциите за време на патувањето ќе стигнеш до посакуваната дестинација во овој случај љубовта.Искрено филмот е многу поучен незнам зошто не ти се допаднал или пак само повтшински си го сфатила.
Perfume: The Story of a Murderer http://www.imdb.com/title/tt0396171/ Одамна ме нема филм вака допрено.Значи совршенство.Баш после колоквиумите малку да си го вратиш мозокот на место Препорачувам на сите љубители на психолошки филмови иако има делови на драма, фантазија, криминал. Инаку крајот беше ептен неочекуван за мене. Мислам дека целиот концепт воодушевува. До каде може да оди човековата љубопитност и опсесија? Инаку бидејки е стар квалитетот е малку сиромашен, но глумата и режијата-прекрасно
Life of Pi За филмов слушнав уште кога испадна и цело лето се токмев да го гледам,никако не испадна шанса.Денес го фатив на HBO и многу ми се допадна.Прекрасни пејсажи и тигарот беше преубав Извонредно е покажано колкава е човечката надеж и верба и како едно животно може да има толку човечки карактеристики,а сепак да остане диво животно. 10/10 Омилена фраза: I suppose in the end, the whole of life becomes an act of letting go, but what always hurts the most is not taking a moment to say goodbye.
Рецензија за филм не е како математичка задача, 2+2 не е секогаш 4 и задолжително четири. Ниту моето е правилното, ниту твоето. Тоа е мое видување на филмот и не гледам ништо погрешно тука. Ама дека не сум го сфатила, сум го сфатила и тумачела на мој начин, нема ништо спорно ниту е кванта физика за да не го сфатам филмот или неговата поента. Која е поентата, дека сите жени после развод се разочарани и депресивни и загубени? Колумбо ја откри Америка. Јас многу одамна ги надминав овие филмови и не ја сфаќам потребата за нивно постојано снимање, освен добр приход зашто палат кај широките маси. Не се согласувам со тоа дека ако не повеќе им се допаѓа дека е добар и квалитен филм. Веќе и филмови кои добиваат оскар не ми се симбол за квалитет. Патетична и тинејџерска според мене е зашто ми карактеризра однесување на тинејџерка. Која друга жена на 30тина, 40 години колку год да имаше, би го направила ова? Бегање од проблемите и не соочување со реалноста, и само "хранење" на душата и егото со ефитни приказни дека животот е краток и дека треба да уживаме во него. Башка и што не знам која нормална, everyday women би се пронашла во филмов долку длабоко за да се соживее со ликот. Нереален ми е, искрено, тргнувајќи од тоа како она година дена или колку и да беа не работи ништо, и слободно се шета како да е милионерка. Ако некоја обична жена се затрча по овој пат, ќе стигне само со Белград и назад Ако земем да го толкуваме подлабоко и пореално да гледаме, мене ми нема логична и рационална смисла. Но да не навлегуваме само буквалистички, самиот начин како она буквално преку ноќ се заљубува и сите маки исчезнуваат го има само на филм, лош холивудски филм. Не очекував длабока психолошка анализа, нит е знам каква длабока содржина, ама толку патетична приказна не. Посебно за глумица како Џулија па ич. Не и личи улогата воопшто, ниту пак ликот и приказната потикнува размислување кај мене. За мене е филмов е големо клише, и Вуди Ален или Роман Полански да ми дојте и да ми тврди дека тоа не е така нема да си го сменам мислењето. Затоа и има различни ставови и мислења, но не мора да значи дека едно е правото и точното. Филмовите порано беа уметност, а не машинерија за штанцање пари. Во филмов нема ни точка уметност, само сигурен профит. Toa не е доволно за да го направи добар.
Мой парень - ангел Филмов нема да ви го одземе здивот ама добро ќе ве расположи и насмее.Снежна Москва,Александра и нејзината средба со ангелот Серафим.Убаво новогодишно филмче кое носи и поука ,дека треба да се живее во моментот сега и тука. Филм за опуштање со топло чајче и сликите на преубавата Москва. 8/10 заради атмосферата во филмот.
The Hobbit :The Desolation of Smaug Далеку подобар од првиот дел.Пријатно ме изненади.Сум заборавила колку го сакав Леголас 9/10 The Wolf Of Wall Street Многу добар филм.Направен по вистинската приказна за животот на Јордан Белфорд.Глумата на Леонардо во филмов слободно може да се каже дека е најдобра.Ако и сега не земе оскар срам да им е 10/10
Сакам да прашам дали некој го гледаше новиот филм со Леонардо Ди Каприо - Волкот од Волстрит - и дали е добар и го задржува вниманието т.е. дали го препорачувате и други да го гледат? Spoiler П.С. не знаев каде да прашам, па ако прашањето не е соодветно за темата слободно бришете го Фала дечки, поздрав
11:14 (2003) Comedy | Crime | Drama Комедија баш и не е, или па јас не им го сфаќам хуморот. Една вечер прикажана преку 5 различни перспективи. Како што тече времето се местат делчињата како сложувалка и на крај се добива комплетна слика што и како се случило. Интересен филм за пополнување време. Актерите се супер погодени, обожавам да го гледам Патрик Свејзи. Баш судејќи според актерите очекував може и повеќе. 6/10
Во постот погоре (веднаш над твојот) Феминката пиша токму за овој филм... Не е лошо да ги прочитате неколку претходни мислења пред да пишете нешто
Значи девојчето Bunny2 го напишала нејзиниот пост во 18:40 , а јас мојот во 18:42 што значи не сум видела бидејќи во исто време сме ги напишале мислењата, а моето дошло 2 мин подоцна.. Така да прво и вие видете кој кога напишал без прво да фаќате белешки.
дали ке може некој да се сети дали го гледал филмов.. дечко и девојка се и одат среќни, но другар му на дечкото ке го убие за да ја придобие девојката потоа духот на дечкото ке дојде и ке и се јавува ке поместува предмети.. е многу објаснив.. ако му текне не некому нека кажува!