A Princess for Christmas (2011) Интересна приказна иако веќе видена но сепак ми се допадна.Главниот глумец, Ештон е преубав. Killers (2010) По незнам кој пат го гледам и пак би го гледала.Ептен го сакам филмов. Santa Baby 2 - Christmas Maybe (2006) Првиот дел беше поинтересен и имаше поинтересни сцени но и овој ми се допадна. Surviving Christmas (2004) Незнам зошто не сум го гледала порано овој филм но ми стана еден од омилените.Дру е осамен милионер кој му плаќа на едно семејство да го помине Божик со нив но за да ги добијат парите тие треба да направат тој да се почуствува како да припаѓа на тоа семејство.Имаше многу комични сцени.Ии оној момент кога ќе сватиш дека грозната девојка на Дру е всушност Ема Свон..
Shakespeare in Love го препорачувам филмвов на сите посуптилни проследувачи на драмската литература на шекспир,филмов е предобар според мене,гвинет палтроу ја толкува главната улога и е фасцинантна,со бен афлек си исплакнив очи ама и шекспир не е нешто подолу и кралицата елизбета е овде еве ви го трејлерот http://www.youtube.com/watch?v=gk1rTKB6ZF8
Redemption или Hummingbird Интересно филмче со интересна приказна. Ми се допадна како се движеа настаните во филмов, одлична глума и супер реализација. Препорачувам 7/10
Незнаев дека филмот е препорачан од Опра.Точно е дека постојат многу такви безвезални филмови(лимонади) каде главиот лик завршува со принцот од дизни.Тие се чиста машинерија за пари како што кажа и ти.Секој има свое мислење тоа е точно и има свој тип на филмови кој ги гледа.Јас например неможам да гледам фимоти од типот Хати Потер не ми се интересни.Меѓутоа за ваков тип на филмови каде длабоко се искажуваат чувствата на човекот можам да зборувам колку сакам,можеби затоа што сум таква психолошка личност.Спорд мене филмот би имал големо значење за оние луѓе кои иамаат некои нестабилности во животот или го загубиле својот пат,своето сопствено јас.Тоа може да се случи на најразлични начини конкретно овде преку развод,но наместо да стоиме пред животот како бандери и да чекаме тој да помине како експресен воз треба да се бориме ,да се самоосозаеме. Секоја жена неможе да се дозволи луксузен пат до Италија,Индија.. но ако добро де секаваш Лиз петстојуваше во стан каде неможеше ни да се искапи.И зошто да не си дозволи еден таков пат секоја жена го заслужува тоа.Преку убавиот Рим нејзе и се врати апетитот за животот.Преку Индија научи како да медитира и да ги конторлира своите мисли за да има конторла врз животот.Таа одлучи сама да си даде време и да го пронајде својот начин да ги среди своите мисли во овој случај преку патувањето.Тоа е како на еден начин нешто спиритуално незнам како да го наречам.Душата на човекот.И како што завршува филмот:Ако сте доволно храбри да оставите за себе се што ви е поознато и удобно и се што ви се случиво во текот на патувањето како знак и ако сре спремни да се соочите со тешките вистини за себе тогаш ќе ве стигне вистината. Треба да прифатиме дека во животот се што ни се случива е она што утре ќе не направи да бидеме тоа што сме.И ако ова го гледаме во тешките моменти тогаш многу полесно ќе гледаме на проблемите.
Mortal Instruments: City of bones Spoiler Се работи за Клери која по една непријатна случка дознава дека е shadowhunter, кога се враќа дома, дознава дека мајка и е исчезната. Го запознава Џејс кој е исто како неа и тука започнуваат сплетките.. 7/10 Очекував малку побрзо да се развива дејството, дури на моменти и досаден ми беше.
Има посебна тема ако бараш филм film-i-tv/baram-film-t2393/ Според описот што го пиша мене ми текнува само на овој http://www.imdb.com/title/tt0099653/?ref_=nv_sr_2
The Ghost Writer Одличен филм. Премногу ми се допадна. Типично филмче за Роман Полански, дури мислам и музиката беше типична како за негов филм Одлична приказна има филмов, непредвидлив е до самиот крај. Ве тера да размиуслувате. Одлича актерска екипа и исто така одлична музика. Се работи за екс британски премиер кој сака да издаде книга од неговите мемоари. Првиот писател кој бил задолжен за тоа го пронаоѓаат мртов и за него најдуваат замена. оттука почнува заплетот кој е преинтересен и како што кажав непредвидлив до самиот крај. препорачувам 8/10
Take Me Home Tonight (2011) Па мене ми се свиѓа. Го начекав синоќа на HBO. Цел месец го имам бесплатно, а дури вчера го фатив, бе. Па и они нашле баш во декември да го стават. Иначе, озбилно ми се допаѓа. На неколку наврати се смеев на глас. Се работи за едно момче, коешто е „зацепано“ во една демек позната цура од средно. И сега има некоја собиранка, после некое време, со сите од средно. И овој зацепаниов заедно со другарка и другар, се обидуваат да му помогнат да и` пријде на неа. Проследено со неколку интересни случки. Малку тинејџерска приказна, ама интересен ми беше. Би го препорачала.
Safe Haven Не знам зошто го гледав, сум го симнала некогаш и прв ми беше на листата па ај да го изгледам. Малце троа глупав и многу нереален, единствен добар момент беа убавиот глумец, глумица и преслатките деца. Приказната романтична, на моменти језива и нереална. Искрено не би го гледала пак, а и не дека би го препорачала некому.
Eat,Pray,Love Не го препорачувам.Како за лечење после развод и демонстрација на болка и емоции,филмот беше премногу површен.И според него,Елизабет(Џулија Робертс) треба да ни биде инспирација на сите жени,за нејзината храброст и продолжување со животот.А всушност женава е ненормално себична со очекување светот да се врти околу неа,на моменти ептен досадна и прилично опседната со мажи.Тргнала на пат да се најде себеси,ама работата е тоа што нема што да бара,таа си е една плитка,неспиритуална личност која се разбудила еден ден и се осетила незадоволна од животот.Лесно е да избегаш од проблемите,вистинската храброст е да ги решиш и пребродиш. 3/10 Тројката е само за преубави пејсажи од Италија и Бали, за Jаmes Franco и Javier Bardem.
The Wolf of Wall Street Oдличен, одличен филм. Леонардо фантастично глуми, не знам за таква улога каде има потфрлено. Приказната совршено сработена, три часа не почувствував кога поминаа. Еден од подобрите филмови кои ги имам гледано, воопшто. Вистинска приказна за еден од најпознатите брокери, Џордан Белфорт и светот на парите и она што тие прават на умот. Уште, уште и уште - мотото на брокерите на Вол Стрит. Филмов ме воодушеви. 10/10, без размислување.
The last song Секогаш ваквите убај филмој ги прескокнувам никако да ги гледам. Конечно на овај да му дојди редот, сум се изнаплачила така во старата 2013, за 2014 среќно да ми почни. Одлична приказна бтв. Кој го нема гледано, обавезно нека го гледа 10/10
New Year's Eve Интересно празнично филмче со одлична актерска екипа. Солидна приказна, имаше некои моменти кои ми беа малку тажни како тој со Хилари Свонк во болницата. Убаво филмче за опуштање и релаксација. Препорачувам 7/10
Frozen Интересен анимиран филм.Се работи за принцезите Елса и Ана.Елса има моќ да заледува и истата неможе да ја контролира.Во минатото ја погодила со лед во главата и троловите и ја отстраниле меморијата на Ана за моќта на Елса.Елса живее сама во собата до полнолетство а,пак сестра и ја молат да си играат заедно.Нивните родители умираат а,пак Елса станува кралица.Доаѓа Ханс кој има злобна намера и лаже дека ја сака Ана.Се на се интересно анимирано филмче баш за опуштање. 10/10
The Conjuring Солиден хорор. Ги содржи сите потребни елементи за страв, напнатост и морници. Една стандардна приказна за опседната куќа, духови од минатото, од тој аспект ништо ново и уникатно, но навистина е добро режиран и вреди да се погледне.
Legally Blonde Одличен е филмот, денес го гледав и навистина ми се допадна планирам утре да го гледам и вториот дел 10/10
LOVE AND OTHER DRUGS [2010] Spoiler Џејми е типичен женскар, кој не може да одолее на ниските, скриени страсти, а на Меги и' е дијагностицирана Паркинсова болест, заради која делумно се има откажано од вистинските љубовни вредности. Страста е она што ќе ги спои овие двајца млади луѓе, но дали приказната ќе заврши тука или ќе успеат да пронајдат нешто повеќе е прашање заради кое треба да се одвои час и половина за оваа романтична љубовна комедија. Оценка - 9/10 ELF [2003] Spoiler Една Божиќна вечер, откако Дедо Мраз ќе се врати од посетата на едно сиропиталиште, во својата вреќа ќе открие бебе, кое ќе биде посвоено и одгледано од страна на Елфите. Иако физички поразличен, сепак со чиста душа и искрено срце како сите останати трудољубиви Елфи, откако ќе порасне, ќе тргне во потрага по својот биолошки татко, кој ни повеќе, ни помалку е во големиот и единствениот Њујорк. Божиќниот Њујорк и Големото дете на едно исто место, во исто време е потполната добитна комбинација за овие зимски вечери. Оценка - 10/10 FROZEN [2013] Погоре има веќе дадено кратка рецензија. Не би да се повторувам, само ќе додадам дека топло ја препорачувам. :up: Уште една преубава Дизни сторија која вреди да се погледне. Љубовта може да го растопи и најголемиот мраз во нечие срце. Само искрената љубов и блискоста меѓу луѓето може да ја уништат секоја клетва. Оценка - 10/10 BEAUTY AND THE BEAST [1991] Spoiler Божиќ - на вратата од големата палата ќе дојде старица со роза во раката. Истата, ќе му ја понуди на младиот принц во замена за топло засолниште од зимскиот, декемвриски студ. Откако ќе биде одбиена и избркана, ќе фрли магија врз палатата, така што принцот ќе го претвори во ѕвер, послугата во предмети за домаќинство, а замокот во темна тврдина. Магијата ќе исчезне само доколку ѕверот успее до својата 21-ва година да се вљуби и љубовта му биде возвратена. Оценка - 10/10 BEAUTY AND THE BEAST: THE ENCHANTED CHRISTMAS [1997] Spoiler Приказна која раскажува за тоа како ќе биде спасен Божиќ во домот на ѕверот, додека Бел е заробена во неговиот темен замок. Од една страна е Бел со послугата и добрата вила кои се трудат на секој можен начин да ја организираат Божиќната вечер како што доликува; од друга страна е ѕверот кому оваа ноќ му буди лоши спомени и Форте оргулите кој само додека трае магијата добива внимание од принцот ѕвер. Оценка - 10/10 Препорачаните Дизни приказни се приказни кои никогаш не умираат и не престануваат да го будат интересот кај гледачите, било дали тоа ќе биде дете или возрасен. Пораката која ја носат со себе е вредност која треба да ја поседува секој човек. Затоа, не е на одмет, меѓудругото, некогаш да се потсетиме и на овој начин. Ви посакувам убаво време со истите!
Thanks for sharing Интересен филм преку кој е прикажана зависноста како болест. Испреплетени се неколку приказни на луѓе кои имаат/имале различни зависности и како тие се справуваат со товарот од истите. Морам да признаам дека ми задржа внимание иако не ми се верува дека повторно би го гледала. 5/10
Admission (2013) Можеби мааалкуцка досаден. Поточно на почетокот. Но, во секој случај не зажалив што го изгледав цел. Се работи за една жена, којашто работи во еден мошне угледен универзитет, нејзина задача е заедно со уште неколку колеги да одлучува кои ученици ќе ги прими во универзитетот. Тука ќе се појави овој на сликата, ќе и` каже дека најверојатно го нашол нејзиниот син, којшто таа го дала на посвојување. И којшто ќе аплицира за да учи во колеџот и покрај лошите оцени. А таа ќе се обиде да му помогне во тоа, без тој да знае. Не е толку испомешано, како јас што кажав. Меѓутоа, доколку немате што да правите, изгледајте го...