Prisoners (2013) Филмот е феноменален. Во последно време ретко гледам филмови, а и не можам да одседам толку време, ама овој филм го изгледав без паузи!!! А трае 2 и пол часа. Каква глума, каква прикаска... И неочекуван крај, ама вистина неочекуван! Вистински трилер. Во секој случај, го препорачувам за секој љубител на добри филмови.
The Stepfather 2009 Мајкл се враќа дома, после една година од воено училиште и ја наоѓа мајка му среќно заљубена со нов дечко. Тој не го прифаќа новиот очув и не му е јасно како за толку кратко време се вселил во нивната куќа. Со помош на неговата девојка Кели се обидуваат да ја откријат мистеријата. http://www.imdb.com/title/tt0814335/?ref_=nm_flmg_act_14
Многу луд филм! Преголема доза на хумор! Spoiler Two disgraced FBI agents go way undercover in an effort to protect hotel heiresses the Wilson Sisters from a kidnapping plot. 10/10
http://www.youtube.com/watch?v=F70YnKyT2Mc Папата Јована Една мистериозна дамка во историјата на папите...После папата Лео Трети има дилема кој го водел Светиот престол на Свети Петар...Дали таа дамка била Јована односно Џон Англикус по потекло од Ингелхајм?Во овој филм видов многу интересни сцени баш прикажани како според книгата на Дона Вулфкок Крос-Папата Јована,која ја прочитав вчера.Филмот е за една девојка со многу развиена интелегенција,но за жал не беше дозволено жени да се образоваат.Но љубовта раѓа желби нели?Ете така Јована се снајде после многу проминати тешкотии низ животот,за на крај да стане папа.Папа,да но бремена од својот сакан Геролд...долго се чуваше и криеше дека е женско-но!Измамата се откри дури кога ненандејно му поставија заседа кога поминуваше низ Вија Сакра и Геролд тогаш беше убиен,а таа предвреме го роди бебето и умре...Но сепак Арналда,која ги следеше нејзините стапки ја запиша заборавената страница во историјата за папите-Папата Јована...
The Host (2013) Ми се поднамокрија очите, ама не пуштив солза. Овој сајнс-фикшн филм, веќе ми се допадна. Трае 2 часа, но според мене вреди. Некако држи вода приказната. Нормално, не во вистинска смисла, ама некако реално е прикажано. Мене многу ми се допадна. Во филмот се раскажува за „вонземјани“ коишто сакаат да ја преземат земјата. Сакаат повеќе да не постои човечкиот род, туку само тие да постојат. На нив не им се допаѓа тоа што луѓето имаат чувства, што се убиваат. Тие сакаат светот да се заснова на доверба, да нема несогласувања и слично. Но, притоа ги убиваат луѓето и во нив ставаат „души“, кои се обидуваат да ја избришат нивната меморија. Преостанатите живи човечки битија, се обидуваат преживеат и да им се спротивстават. Па видете на крајот што ќе се случи. Исто така филмов има и љубовна приказна. Јас го препорачувам.
Don Jon (2013) Добро, последен филм што го гледав... всушност што не го гледав е Don Jon. Само неколку минути и исклучив. Овој демек женкар и на крај претпоставувам ќе се заљуби во некоја, демек ќе се смени, така? Поправете ме ако грешам. A да, исто така и глумецот не го поднесувам. Единствено ако сакате сцени за возрасни, иначе приказната е веќе видена.
The holiday(2006) Би рекла дека е култен Божиќен филм, не знам зошто го немам гледано порано, ама предобар!Барем за мој вкус.Иако трае околу 2 саати, ми го задржа вниманието, и ми летна времето.Убава топла приказна, типична лесна комедија, таман за периодов. 7/10
Before Sunrise Видов погоре се коментираше,па и една другарка ми го препорачуваше и решив да го гледам.Срам да ми е,толкав обожавател на романтики,да сум го пропуштила овој...Приказната е многу едноставна,нема заплети ,нема многу ликови,се е концентрирано на нив двајца,ама баш тоа го прави филмот посебен.Преубава глума,преубав говор на телото и совршено искажани реченици во соодветното време.Многу реално се прикажани меѓучовечките односи,како може да се појави љубов кога најмалку очекуваш,а најбитно од се е дека убавината лежи во малите моменти и едноставноста.. 10/10
The ugly truth Не очекував да ми се допадне филмот,дури ме насмеа.Беше ногу реален и тоа ми се допадна.Крајот како и што прептоставував клише.Препорачувам
Despicable Me Јас дефинитивно сум назад со цртаниве, каснам скорс Уште едно прекрасно анимирано филмче. Ептен ми се допадна незнам како не сум го гледала порано. За кратка содржина, мислам дека сите го имате гледано. Мињоните и Агнес, душички, да ги земи чоек и да бега. Да не се повторувам со претходните рецензии, само ќе кажам ако има некој што го нема гледано филмов, веднаш нека си го изгледа. А кај мене утре, двојката е на ред. 9/10
Jumper (200 Ми се допадна. Имаше прекрасни сцени од Прага, Рим, Египет, Њујорк, Париз, Токио... Прочитав дека се снимало во 20 градови и 14 држави. Мене ми беше фино филмчево. Се работи за еден дечко, што на петнаесет годишна возраст дознава дека може да се телепортира, каде што ќе посака. Осум години ужива во животот, но доаѓа времето кога треба да сноси некои последици. Дознава дека не е единствениот којшто може да се телепортира и дека постојат луѓе кои трагаат по нив, сакаат да ги убијат, бидејќи со самото тоа што може да се телепортираат каде сакаат, можат да имаат се` во животот (почнува да ограбува банки, без да го фатат и слично). Лесно филмче. Не ти го тупи многу мозокот, мене ми беше супер.
About Time(2013) Spoiler Романтично лежерно фимче,зборува за едно момче кое на 21 годишна возраст ќе ја дознае тајната на фамилијата т.е дека може да патува низ времето.Со таквото сознание тој сам ќе си осознае предностите и мааните на таа дарба. Во целина добро филмче ама според мене фали нешто, фали некоја искра за филмот да биде спектакуларен, имаа добра замисла ама реализацијата не толку. Сепак ви го препорачувам,онака за рералксирачко попладне
Don Jon Како испаѓаат филмовиве, толку повеќе ги сакам книгите. Ужасен филм, така речено, порно што сака да биде комедија. Се работи за еден типац Џон, кој го викаат Дон Џон, или по нашки познато Казанова, што е опседнат со гледање порно и менување женски постојано. Целиот филм ги прикажува разликите меѓу порното и вистинските женски, им прави некако споредби. Скарлет Јохансон глуми, и кога ја видов тука мислев дека ќе се самоотепам. Не дека она ми е нешто посебна, ама со оваа улога си докажа дека е никој и ништо. Одвратна. 1/10 Колку да не биде без ич.
The Holiday Си реков малку да се опуштам, вчера лезетски си го изгледав. Многу убаво филмче, топла приказна а на моменти убаво и се изнасмеав. Приказната не е нешто невидено, но успева да задржи внимание. Убава комбинација на пејсажи на Англија, Божиќна атмосфера, Џуд Ло, топлината на семјеството, будалести ситуации и пак Џуд Ло (во филмов е совршен машки примерок, мхм). 8/10.
Spring Breakers Јас сум разочарана од филмов.Сметав дека има различна тематика.Само 30 минути го гледав и одма го исклучив. 1/10