How I live now Татко ја праќа ќерка му на село за да престојува со братучедите. На почеток нема да и се допаѓа но подоцна ќе се заљуби и.... Гледајте натаму
Го видов испофален по темава, па го изгледав Temptation: Confessions of a Marriage Counselor. Брачен советник ќе се обиде да спаси брак на клиентка преку приказна со лош крај и последици. Катастрофа. Едвај издржав до крај. Горе-долу претпоставував што ќе е, но според пофалбите, очекував да е склопено спектакуларно, нешто што ќе ме направи да се потресам за ликовите, нешто невидено во споредба со други филмови на оваа тематика, но наместо тоа, добив млака, млитава и клише приказна со очајно лоша глума и Ким Кардашијан, со пискавиот глас што првпат ѝ го слушнав, ко капак. Девојки по форумов преку едно, единствено мислење имаат доловено повеќе поента отколку режисерот во сиов филм. Подобро му е на комедиите со Мадеа/Медеа да си остане. Не е Холивуд де, ама имам гледано Б-класа филмчиња што биле подобри и од некои холивудски, но овој е светлосни години поназад од тие. Глумциве ко заостанати тинејџери ги направиле. Фалеше приказна што ќе те зближи со ликовите, фалеше развој на настаните, не само туку-така натрупани сцени и исклиширани дијалози до бескрај, за во 20 минути да се склопи безвезен, предвидлив завршеток со смешна, ако можам да ја наречам, акција и никаква емоција. Едно двојче за трудот и симпатичните актери. Направете си услуга, избришете го ако сте го симнале.
The Secret in Their Eyes Пензиониран припадник на обвинителството почнува да пишува роман за едно убиство кое го прогонува низ годините.За да го напише истиот мора да се врати назад... Солиден трилер 7/10
Warm Bodies (2013) I like it. Како ми тргна со вакви некои филмчиња. Многу интересно филмче. Набрзина го изгледав. Не сакав да го испуштам. Инаку, тука е претставен светот, како место каде владеат лешовите. Лешови, коишто јадат живи луѓе. Но, постојат уште едни, ковчести што се уште полоши од нив. Тие почнуваат да го заземаат светот. Но, едно момче-леш, ќе го изеде мозокот на момчето на девојката што е прикажана подолу на сликата и ќе ги почувствува истите чувства што ги чувствувал тој, кон неа. А ниту таа нема да биде рамнодушна. Ќе почнат да се штитат меѓусебно. Така ќе се појават промени и кај другите лешови. Па видете како ќе се однесува светот, кон нив. Според сликите, според насловот, сметав дека е некој хорор, ептен страшен. Ама нема врска, плус тоа има и некои комични сцени. Го препорачувам. И зошто цело време мислев дека оваа девојкава, е всушност таа од Твајлајт?
Stuck in Love Гледам дека сите досега што го изгледале филмов дале оценка 10/10, нема да додадам ништо освен сосема да се согласам со нив. Филмот е навистина преубав и топло го препорачувам на сите. Опуштен е можеби има минимални моменти кои знаат да потресат но се на се дава преубава порака на гледачите. Не знам како сум го пропуштила да не го изгледам до сега, но не е и баш многу познат. Актерската екипа е повеќе од извонредна. Сите ликови ми оставија некој впечаток, Сем е прекрасна.. Логан е Кејт и Расти ми се предраги. Препорачувам!
Blue Valentine (2010) Испод мира, триста вира. Така би го дефинирала. Иако на крај и не е баш мир... Колку повеќе се трудиш, толку повеќе е залудно тоа што го правиш. Баш тука за тоа се работи. Рајан е маж, којшто премногу се труди, за да угоди на жена си, да си го спаси бракот. Ама едноставно кога не оди, не оди. И покрај тоа што на почетокот, им тргнало доста добро. Но, со тек на време, избледуваат чувствата. Не знам што повеќе би кажала. Maлку е депресивен и досадничок, меѓутоа има солидна приказна, изобилува со чувства.
Мене пак овој филм ми се допадна. Приказната е многу добра и поучна, ама глумците не се. Како од улицата да ги собрале. Мислам немало потреба Кардашијан да биде во филмов. Не ја бива за глума. Јас ликот на Џудит го сфаќам како несозреана млада девојка која се омажила многу рано и не го изживеала животот. Поради тоа и Харли ја лаже и ја искористува. Почнува врска со него и самата си го расипува бракот.
Незнам колку пати го имам гледано .Италјански филм незнам дали има превод но ви го препорачувам вреди да се погледне барем еднаш
Bolero 1984 Во филмов се работи за една девојка која е во главната улога. таа го наследува целото богаатство од таткои. Таа со другарка се сеуште невини и сакаат да ја изгубат невиноста со шеик. Одат во сахара и девојкава што е бо главна улога се запознава со еден шеик. Тој ја носи за да ја изгуби невиноста, и таман да стане работава заспива од некои опојни мириси Од таму со другаркаи заминуваат во Шпанија и таму запознава еден шпанец кој игра со бикови и е сопственик на многу коњи. Со него ја губи невиноста, а другарка и со нејзиниот адвокат. После тој шпанецот ќе го повреди бик и не ќе може повеќе да води љубов ама она ќе му помогне после долго време тие пак ќе спијат заедно, ќе се заљубат. На крај завршува с нивната свадба. И така си живееа среќно до крај на животот
12 Божиќни состаноци Не знам како до сега не ми е гледан филмот Стварно предобар, може малку ми стана досадно до тоа повторувањето, ама се‘ на се супер беше.Го препорачува, за час и половина без пауза го изгледав оценка 10/10
Вчера бев расположена за некој празнично-релаксирачки филм, и го спуштив The Holiday откако го сретнав низ темава. И стварно е преубаво филмче, трае над 2h, ама вреди да се гледа. Класика приказна што се провлекува низ секоја романтична комедија, за тоа како двајца ќе се заљубат кога најмалце очекуваат, ама не беше акцентот само на тоа, имаше и други настани и поуки да речам што му даваа некоја тежина на филмов. Дедото Артур ми беше омилен лик.
Исто Плус, ги изгледав и Love Actually и Snow Day. Првиот го гледав прв пат и не ми се допадна многу, а вториот ми е all time favorite, секоја година го гледам. Тинејџерски е, ама мене ми е интересен
СВЕКРВИИШТЕ Ха ха случајно го начекав на мтв 1 добар филм има смеење ама има и вистина како свекрвата прај се за да ја спречи венчавката бидеќи снаата не била доволно добра за нејзиниот син.
She's the man Тинејџерско комедично филмче за релаксација.Се работи за Вајола која ќе го заменува нејзиниот брат Себастијан бидејќи нејзиниот тим не успева да игра натпревари нешто така.Таа цело време ќе биде како машко се додека...ќе видите самите. 9/10
AMELIE - Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain [2001] Spoiler Романтична комедија која раскажува за чудесната судбина на Амели Пулен која се труди да ги усреќи и да им помогне на луѓето околу себе. Во своето детство, немала можност да ја почуствува близината и љубовта на своите родители и затоа почнала да создава свој сопствен свет и да живее во него. Дваесет и тригодишната Амели живее сама во центарот на Париз и работи како келнерка во мало кафуле на Монмартр. Според мене, малку невообичаена романтична комедија , каква што не сум навикната да гледам. И покрај тоа, интересна приказна, актерката преубаво го изнесе ликот на Амели и филмот си има некоја своја магија заради што повторно, некогаш, би му дала шанса на истиот. Според првиот впечаток, Оценка - 9/10
How do you know (2010) Има екстра глумци, ама мене... ми беше досаден. Го гледав до негде 40-50 минута и прекинав. Дали е до мене, не знам. Првата глумица, е бејзбол играч, ама нешто ја исфрлаат од игра или така нешто. Се состанува со вториот глумец, којшто е женкар, исто така бејзбол играч. А и` го местат третиот глумец, којшто има нешто проблеми со фирмата, каде што работи. А исто така и женската му раскинува. Додека четвртиот глумец му е татко. Е сега, оди па скопчај нешто. Можете да му дадете шанса. Мене ме насмеа највеќе некаде на почетокот, кога третиот глумец се направи дрво, па се струполи по скали. Ми се виде интересен, ама после некако... Eве видео. Поинтересен изгледа. https://www.youtube.com/watch?v=bS7CmZdhwmQ
Now Is Good - 2012 Spoiler девојкава живее со татко и и брат и, мајка и е разведена со татко и. Има другарка и се доста темпераментни, сакаат да го прекршуваат законот, прават мали кражби, едноставно лудуваат. Но девојката се заболува од леукемија еден вид на рак, дознаваат сите. Во близина на нејзината куќа се запознава со едно момче, се заљубуваат и тој и го прави животот поубав во нејзините последни денови. Преубав е филмот особено на крајот.
Прекрасен филм.Ми стоеше подолго време зошто премиерата ја гледав и не ми се допадна многу,но се докажа спротивното. Мислам дека воопшто не е клише,прекрасна историја,а музиката уште повеќе ме разнежни. Омилен ик ми беше старецот ,ме погодуваа сите негови зборови.Иако не се пронајдов ниту еднаш сепак кога тој тоа го раскажуваше се чувстував како јас да сум го прожиеала. Топло препорачувам.
The green mile Мислам дека рецензии не се потребни. Само можам да кажам , 100 пати да го гледам филмов, 100 пати ќе плачам. Суровата вистина за колку сме мали и расипани, колку сме грешни.
To do list Ако сакате урнебесна комедија обавезно да го гледате Бренди си прај листа се шо сака да прај пред првпат да има секс. Сум се пукнала од смеа. Некогаш во друштво поинтересно е да се гледа тешка комедија Нема да зажалите Јас би му дала 10-ка