The secret life of Walter Mitty Се работи за човек кој работи за еден магазин во оделот за негативи.Тој често се замислува додека луѓето му зборуваат и заљубен е во една жена која исто така работи со него.Многу интересен филм а,глумецов ми е омилен. 10/10
About time(2013) Пред некој период случајно налетав на некој документарец за филмов, и имаше приказ на некои сцени и едноставно едвај чекав да излезе на подобра снимка.Rachel McAdams ми е омилена, а со Domhnall Gleeson(Тим) навистина убаво си се вклопија, плус Bill Nighy му додаде посебен шмек на филмов.И да не должам многу, има веќе неколку рецензии, само ќе кажам уживав во филмот.
Obsessed (2009) Филмов го гледав по препорака на дечко ми. Карактерот на Бијонсе во филмот го потсетувал на мене и морало да го гледам. Па ајде викам да видам што е тоа во што ме препозна. Иако сум скептик за вакви филмови во кои глуми некој пејач, искрено Бијонсе позитивно ме изненади. Подобро од солидно си ја одиграла улогата, мене навистина ми се допадна. Исто и филмот, интересен, на моменти неизвесен, на моменти ме фати страшна нервоза заради таа гуската, ама на крај сосема добар завршеток, браво за Бијонсе. Јас лично го сметам и за една мала поука ама кој, како ќе го доживее. Филмов покажува дека и најбезбедниот, минимален флерт знае да биде страшно фатален и со тоа да се растури еден долгогодишен брак. Затоа пазете што правите, вакви некои шетаат и надвор во надворешниот свет не само на филмови. Јас го препорачувам, мислам дека нема да зажалите ако го гледате и нема ни најмалку да ви биде досаден. Од мене 8/10.
Temptation: Confessions of a Marriage Counselor Филмов ептен го фалеа наназад во темава и затоа го симнав. Во глобала беше ОК, со некои развлечени цени и непотребни одолговлекувања ама нуди добра порака за тоа колку модерното општество е збудалено по парите и колку луѓето не знаат да го ценат она што веќе го имаат. Крајот искрено не го очекував, и сметам дека филмов треба да се изгледа баш заради тоа да луѓето да почнат повеќе да го ценат својот живот. После филмов, ќе сакате да си го гушнете мажето или дечко ви, ако го имате. 6/10
StreetDance 2 Spoiler Станува збор за Еш, кој со помош на неговиот `менаџер ` ги собираат најдобрите стреет играчи и формираат нова група за да се натпреваруваат во финалето кое се одржува во Париз. Ништо посебно, лесно, интерсно филмче што задржува внимание. Единствено изборот на глумци не ми се допадна.. Една 6ка од мене.
Mission: Impossible - Ghost Protocol [2011] Spoiler Со помошта на својата нова екипа, агентот Итан бега од руски затвор и прифаќа нова мисија која се состои во тоа да влезе во Московскиот Кремљ и да го разоткрие тајното досие на потенцијален нуклеарен терорист, познат под името Кобалт. Всушнот, тоа е шведски професор Хендрикс кој ја поддржува идејата дека светска нуклеарна војна ќе му помогне на човештвото да постигне траен мир и напредок. Препорачувам за оние кои сакаат добри акциони филмови! Оценка - 9/10 Perfume: The Story of a Murderer [2006] Spoiler За овој филм, како и за книгата врз која истиот е базиран имам слушнато пред подолго време. И покрај тоа што вообичаено сакам да дадам предност на книгата пред филмот, ова не беше таков случај. Желбата да го гледам овој филм ми е од поодамна, а дека книгата има македонски превод до пред кратко време не знаев. За содржината, како и критики/коментари за истиот не сакав да читам пред да го гледам, сакав да му дадам можност да ме изненади на еден или друг начин. Откако го изгледав и прочитав такви, вклучувајќи и за книгата, малку ми е криво што не и' дадов попрво шанса на истата. Филмот ми се допадна, а книгата верувам дека ќе ме воодушеви баш поради тоа што ми се допаѓаат вакви надреални, а во исто време толку реални приказни. Приказната за еден сериски убиец, за неговата филозофија и внатрешност. Приказна во која се зборува за толку извонредни мириси кои секого би фасцинирале, а на крај, ќе останеш со горчина во устата, во душата. И пак ќе се запрашам? Зарем вистина постојат такви луѓе? Со некои работи човек се раѓа, и со нив - умира. Талент или болест, како сакаш наречи го, реалност или фантазија, што и да е - горчи и боли. Да може човек да ги надвладее своите инстинкти и сетила кои му го контролираат умот и животот, можеби истиот би му бил поубав. Можеби, сепак нема да биде она вистинското?! Приказна која отвора простор за широка дискусија, те поттикнува да размислуваш за силата на безбројните мириси со кои секојдневно се соочуваш; моќта на сетилата; психологијата на еден болен ум и каде во сето тоа ќе ја пронајдеш Љубовта? Уметноста нема ограничувања. Но, зарем по цена на човечки живот? Жан - Баптист Гренуил - во потрагата на врвниот парфем, ќе биде фатен во виорот меѓу природата и незнаењето за животните вредности. Оценка - 9/10 Бидејќи, верувам дека книгата е подобра од филмот.
FROZEN Оцена 10/10. Можеби имам 20 години ама неможам да одолеам на Дизни филмови, некако се враќам во детството Цртанчево е суперрр, интересно може да го гледа секој на било која возраст. Го обожавам малиот снешко Олаф, онака најкомичен лик во цел филм Carrie 10/10 Иако прво бев скептична дали да го гледам, бидејќи го имам гледано оригиналот, и најчесто римејковите се катастрофа, за овај филм морам да кажам сосема обратно. Многу добри ефекти, многу подобро разработена приказната, ликовите и општо целиот филм - повеќе ја шири пораката за насилството. За Џулиен Мур и Клои Грејс Морец и нивната глума немам коментар - на место!
Филмо се вика Listen to your heart , се зборува за двајца млади кои се засакуваат случајно, но таа има мана односно е глува, но сепак тој ја засакува . Spoiler Нејзината маштеа прави се за да ја раздели од него, но не успева . На крај тие живеат заедно со неговиот другар кој и тој има женска, но момчето на крај се разболува и умира . За филмот немам збор, предобар е, има многу среќни моменти, но крајот е многу тажен. Сепак ви го препорачувам да го гледате, бидејќи е преубав.... Еве и нешто од филмот ѕирнете.... http://www.youtube.com/watch?v=BB5ag2hswmo
Незнам дали му е тука местото, бидејќи е цртан а не филм, ама едноставно морав да го ставам тука Frozen (2013) 10/10 Аах.. Филмов/цртанов е врв!! Најдобар анимиран филм на Дизни, барем кога се работи за принцези... Кога го видов дека ќе се дава на кино, не бев убедена да одам и да го гледам, ама по многуте препораки и слики што ги видов, решив да го гледам, не во кино (не го даваат повеќе), ама си го најдов со убава слика на интернет, и се заљубив Сите Дизни филмови што сум ги гледала ми се допаѓале, и навистина има многу убави, ама овој.. овој е нешто посебно И сега гледам зошто толку се спомнува насекаде, затоа што е поразличен од другите, зошто не е типичната приказна за принц и принцеза, поразличен е, не се работи за тоа (во голем дел за тоа е, ама на крај се дознава вистинската приказна), станува збор за љубов поголема од таа И песните се прекрасни, и ликовите, и анимацијата.. Мислам дека најмногу зажалив што не го видов во кино, во 3D Силно го препорачувам, ако го има во кино веднаш одете, верувајте нема да зажалите И дефинитивно планирам пак да го гледам
We Bought a Zoo (2011) Еднa прекрасна, позитивна, семејна драма. Којшто ми се допадна. Прекрасна глума. Според насловот, очигледна е сторијата, базирана врз вистинска приказна. Не би сакала многу да откривам, само би го препорачала. А да, може да се пушти и по некоја солза. Малечкото девојче, е срценце. Spoiler
Принцот и јас Една година после нивната венчавка Кралот Едвард и Кралицата Пејџ од Данска се поканети да присуствуваат на венчавка во кралството Сујанг за принцезата Мајра.Но,Пејџ дознава дека Мајра е несреќна во врска со венчавката со богатиот бизнисмен Ка и дека е тајно заљубена во чуварот на слоновите,Алу.Кога љубовта помеѓу Мајра и Алу е откриена,Алу е фрлен во затвор,светиот слон избега во џунглата.За да ја спасат Мајра и да го ослободат алу,Пејџ и Едвард одат да ја пронајдат слоницата Кајла и да му докажат на кралот дека вистинската љубов победува се’.Баш перфектен начин да си ја прослават годишнината!
Carrie(2013) Римејк на култинот филм,бев многу скептична дали да го гледам зошто оргиналот ми е омилен,а и прибидејќи скоро секој римејк е поприлично лош, ама i was wrong, добар беше Chloe Grace Moretz предобро глуми, а Julianne Moore ме наежи во филмов.Е сега не е баш хорор-хорор, ама за сите љубители, препорачувам.
Frozen (2013) Еден од најубавите анимирани филмови што сум ги гледала.Малку ми беше 1 час и 40 минути сакав уште.Дефинитивно нема промашување кога се работи за филмовите на Дизни. 10/10
Gangster Squad Дејствието се одвива во Лос Анџелес во 1949 година. Внимание е свртено кон Мики Коен - главниот човек во градот за кој не важат никакви закони. Занимавајќи се со организиран криминал и проституција, Коен создава широка мрежа на мафија која работи за него. Група од 6 полицајци ќе се обидат да ја растурат мафијата и да го вратат мирот во градот. Шон Пен е брилијантен како и секогаш, очигледно одлично му лежат вакви улоги. A што се однесува до Рајан Гослинг - цело време бев сконцентрирана на неговиот глас, наместо на глумата. Кога во првите сцени отвори уста, останав подзината... Па баш си реков ќе прогуглам што е финтата, дури и имаше google suggestion: gangster squad ryan gosling voice Филмов е направен според вистинска приказна, и иако нема некоја висока оцена на имдб, мене ми се допадна. Го препорачувам
Frozen(2013) Уште едно Дизни филмче кое ќе ве освои со својата магија, и едноставно ќе ви го згрее срцето, уживав во него!
No strings attached http://www.youtube.com/watch?v=Ubfcfs98MBw Двајца млади решаваат да бидат као френдс вит бенефидс.Машкото се заљубува во неа,таа го сака но не му признава со еден збор малку е дива. Тој сака да има врска со неа а таа одбива викајќи му да бидат еден за друг само за секс...После многу напори од страна на машкото тоа се откажува но таа сфаќа што и значи тој па решава да го побара.Оде кај него,пред куќа го гледа него со некоја девојка.Се откажува од него,но потоа пак ке се слушнат и ќе се заедно. Навистина интересно филмче,јас дека така прибирам..навистина ми се допадна.Ви го препорачувам. Би сакала со дечко ми да го изгледам Според мене 10/10
Cheats (2002) Па корисно филмче. Иначе врз основа, на вистинска приказна. Додека одредени ученици се мачат, да научат, да им се улизуваат на професорите, четворица другари се најголеми преваранти во школото. Препишуваат на тестови, крадат тестови, даваат тестови, откриваат техники на препишување, страшно знаат да глумат пред професори, главни фаци се. Но, секако навлегуваат во неволји, добиваат укори, се извлекуваат... Едниот од нив, препишува уште од неговата шеста година, го бива за глума, за извлекување. На сите нив, им е смачено од единиците, па сакаат лесно да си поминат, со добри оцени, за да се запишат на добар колеџ. Мене успеа да ме насмее. Интересен е. Патем нема ниту една љубовна приказна. Не е типичен. Добро, не очекувајте и Вие нешто којзнае што. Но ете, мене ми се допадна. Секако поинетересен ќе им биде на тие што се` уште се школуваат.
I spit on your grave 2 I don't even.... измешани емоции во врска со филмов, многу нормално не може да си рамнодушен на такви сцени... ај ќе кажам само дека првиот дел е подобар, не знам што повеќе. The Proposal Нема потреба од раскажување, на сите ви е познат верувам, јас каснам со гледање. Сандра Булок ми е многу симпатична и мила, а Рајан Рејнолдс ми е просечен... филмов е добар, интересен и има смешни сцени, ама нешто во врска со нив двајца не ми штимаше, не забележав доволно хемија. Но и покрај тоа, глумата е одлична, и супер филм за релаксирање.
R.I.P.D. (Rest In Peace Department - 2013) Рајан Рејнолдс глуми полицаец кој загинува на задача и оди некаде на небото од каде одлучуваат да го вратат на земјата, но со друг лик за да може да ја исчисти земјата од „мртви“ кои не сакаат да ја напуштат земјата. Искрено филмов не е нешто посебно. Онака опуштено, релаксирачко. Малку акција, малку комедија, малку повеќе научна фантастика и така. IMDb оценка: 5,6/10 Моја оценка: 6,5/10