Gravity Приказната не е толку добра колку што се добри ефектите. Филмот е направен за оние кои уживаат во технологијата и го сакаат универзумот. Не го препорачувам за да го гледате по дома туку го препорачувам само за 3D,затоа што филмот е за тоа направен. Инаку приказната премногу напнува. Се препотив поради тоа што се случуваше. Ми се допадна што не беше провидно што ќе се случи наредно. 8/10 1000/10 (3D)
The green mile Пред малку го гедав филмот и усте сум под длабока импресја. О Боже сите фимлови да беа вакви.Дефинитивно најдобар филм до сега!!! Ни еднаш не ги тргнав очите од мониторот,а да не кажам дека цели 2 часа плачев.Незнам како го немамав изгледано до сега.Филм кој зборува за тоа колку животот може да биде суров и неправеден,полн со неправди и казни,а сепак полн со љубов и божји чуда. Секогаш ќе ми остане во сеќавање.
The prestige(2006) Филмов ми беше препорачан од многу луѓе,а и висока оценка има на imdb па дојде и тој на ред за гледање, срам ми е да кажам дека го немам гледано.Морам да кажам дека сум одушевена.Значи предобри глумци, сценографија, мистичност, драма,илузија, и крај кој што никако не го предвидов, невидена кулминација...За сите што не сте го гледале, препорачувам!
Six Days Seven Nights (каков постер му направиле на филмов, човек да си помисли дека е хорор, а не комедија ) Робин живее и работи во Њујорк. Заедно со нејзиното момче Френк, решаваат да заминат на одмор на еден од островите во јужниот Пацифик. Последниот ден од одморот, Робин мора да замине на Тахити, па најмува пилот кој ќе ја однесе. Меѓутоа, се случуваат некои незгоди и авионот паѓа, оставајќи ги нив двајца на пуст остров. За да преживеат и да се спасат, мораат да прават компромиси и да ги ускладат нивните различни карактери. Го имам гледано многу одамна, ама го фатив на Cinemania па седнав да го изгледам пак Интересно филмче.
Chasing Liberty Во глобала,добар филм,онака за опуштање.Значи Ана е ќерка на претседателот,кој постојано ја надгледува и таа нема никаква приватност.Затоа решава да побегне,но татко и за да ја заштити ја праќа со агент,кој подоцна ќе се залуби во неа!! 9/10
She's The Man Mи го препорача едно девојче што многу ми е мило Тинејџерски филм... Се работи за една девојка која влегува во училиште на местото на нејзиниот брат преправајќи се во машко, со цел да игра со машкиот фудбалски тим. Другото оставам на вас да го дознаете ( јас не знам како сум пропуштила ваков филм ). Директен линк: Spoiler http://megashare.sh/watch-shes-the-man-online-T0RZPQ
The Heartbreak Kid (2007) Моментално се наоѓам во конфузна ситуација. Се сомневам дали порано го имам гледно. Некако виден ми е, ама недовиден. Како и да е, Бен Стилер-нема утка! Во филмов, тој се наоѓа во една незавидна положба. Не ми оди со девојките. Оди на венчавката кај својата бивша девојка. Потоа сосем случајно, ќе се сретне со друга девојка, за која ќе помисли дека не треба да ја испушти. Набрзо ќе се венчаат, ќе одат на меден месец. Но, ќе се испостави дека девојката е малку така... необична. Смешна. Па сфаќа дека не направил добар избор, дека избрзал. Но, при секој обид, да се отераси од неа, се случува спротивното. Што да Ви кажам, филмот е урнебес! Се изнасмеав. Премногу смешни сцени. Го препорачувам, убедена сум дека ќе Ве расположи. Трае цели два часа. Верувајте, вреди! Таа жена му, е тотално чукната.
The Break-Up Artist (2009) Какви се` професии, нема да сретнеш. Мислам филмов е онака, некоја стандардна приказна, не е нешто ново. Се работи за една девојка, којашто не верува во љубов, поточно во љубовта на сегашните мажи. Таа, е брејк-ап артист, односно раскинувач на врски. На пример некој дечко ќе и` се јави, за таа да раскине со девојка му, во негово име. Ќе ги теши, тие што биле шутнати, со реченицата не е до тебе, до него е. Но, ќе се појави нејзина конкуренција. Уште еден раскинувач на врски, таа ќе почне постепено да ја губи работата. Потоа ќе се вљуби и покрај тоа што не ја сака љубовта. И така. Значи филмов го задржува вниманието, меѓутоа не е нешто којзнае што. Доколку сакате да истепате време, гледајте го.
Последен беше вчера што го гледав филмов со кучето Шило на канал 5 го даваа сабајлево. Незнам како се вика точно али интересно е филмчето вреди да се види
Морам да го спомнам филмчево, како што и очекував, ми се допадна.Го препорачувам. Spoiler Се работи за едно девојче, посвоено во германско семејство...Настаните се одвиваат во времето на Хитлер, се зборува за Евреите, војната.
Inside Man Грабеж на банка, но лошите момци всушност и не се толку лоши, не се дојдени во банката по пари, туку по други работи... Интересен е за гледање бидејќи е неизвесен до самиот крај, а и самово сценарио е многу уникатно, начинот на кој се одвива грабежот е ептен паметно и несекојдневно организиран. Има доста добри глумци, Клајв Овен ми е одличен, многу го сакам уште од Sin City...
The Wolf of Wall Street (2013) Интересен филм, малку е долг (3 часа) ама брзо поминува времето со ваква комедија Има многу секс, дрога и насилство и затоа не ми е баш "my cup of tea", ама забавен е, а и глумците се одлични Леонардо ДиКаприо доби награда (Златен Глобус) за филмов и сосема му е заслужена, а Џона Хил како и во сите други филмови, пресмешен е Приказната е релативно иста од почеток до крај - правење пари и забави, ама не се здосадува 7/10
Brave (2013) Филмовите на Дизни никогаш не ме разочарале. Овој го ставам во категоријата омилени. Ретко плачам на филмови, ама на овој се утепав од плачење, посебно во делот кога се гледа како мајката е способна да го жртвува својот живот за неблагодарното дете. Поучна приказна за љубовта помеѓу мајката и ќерката, којашто ме натера да се потсетам на сите жртви што мајка ми ги има направено за мене и ме натера да ја ценам уште повеќе. Дефинитивно вреди да го погледнат луѓе од сите возрасти. 10/10 Frozen (2013) Ми тргна со филмовите на Дизни . Овој ми е една така весела приказна што знае да ме расположи. Исто така и овој дава важна поука за љубовта помеѓу сестрите односно фамилијата и дека тие се единствените луѓе на коишто можеме да се потпреме и безрезервно да им веруваме. Снешкото ми беше highlight на приказната 10/10
8 miles high/Das wilde leben Филмот го знаев од порано, од песната Summer wine.. Се наканував да го гледам многу пати ама не сум имала време па еве денес успеав. Автобиографија на познатиот модел од 60-тите Усчи Обермаер/Uschi Obermaier.. која е во потрага по својот „див живот“. Филмот изобилува со секс сцени и голотија така да е +18. Не носи некоја посебна порака, опуштен интересен.. сепак биографски е. Јас го гледав заради актерката Наталиа Авелон ја засакав уште во спотот. Оценка 6/10.
Her (2013) https://www.youtube.com/watch?v=WzV6mXIOVl4 Не очекував многу од филмов ама предобар е. Ме изненади дури. 9/10
The conjuring Wait, и ова требаше да биде хорор? Можеби е мојата аверзија и рамнодушен поглед врз хорор филмовите, ама филмов ниту ме наежи а камо ли да ме ме исплаши. Приказната предвидлива, проколната куќа, куп клишеа, егзорцизам, крај. Ама се заинтересирав за Варенсови, вистинско семејство кое навистина се бавело со егзорцизми, има интересни факти околу нив. 4/10, преку сила.
Grown Ups 2 Филмов е закон. 8/10 од мене Spoiler http://megashare.info/watch-grown-ups-2-online-TmprNU9BPT0
Филмчево е пуфка. Се зборува за самоуништувањето на 4 луѓе кои користат дрога. Музиката ме освои веднаш,посебно саундтракот кој се повторува. 10/10