Weather Girl (2009) Добри глумци. Добар филм. Само што крајот, барем јас го претпоставив веднаш. Инаку, во една сцена се појавува Алан од Два ипол мажи, во сосема спротивна улога од таа што ние ја знаеме. Како и да е, во филмов се работи за жена којашто работи како водител, во утринска емисија, за временска прогноза. А и воедно како девојка на главниот водител. Таа откако дознава дека тој ја изневерувал, и` пукнува филмот. На сред емисија оддржува говор, за тоа каков идиот е водителот и такви некои работи. Како резултат на тоа, има долгови, нема повеќе работа, нема стан. Се сели кај брат и`, којшто привремено живее со неговиот пријател. Додека на интернет, видеото каде што таа го навредува водителот, станува хит. Во меѓувреме, со пријателот на брат и`, започнуваат нешто како friends with benefits. Па тоа ќе резлутира на нешто друго и во главно тоа би било тоа. Искрено, мене не ми го задржа многу вниманието, постојано го гледав на прекини. Онака, лесен е. Го претпоставив крајот и не ми беше нешто којзнае колку интересен.
The book thief Заради Гордана10 останав будна до 04-30часот.Не жалам. Прекрасен е,препорака до секого!!!!!
Blue Jasmine (2013) Занимливо како првпат после толку вудиаленовски сценарија, во ова него го нема никаде. И за поздравување е тој момент! Приказната е основна. Измамена и изневерена сопруга, го пријавува сопствениот маж во ФБИ како одмазда, тој се самоубива во затвор, а таа по низа нервни сломови, оди да живее кај сестра си. Комичен, секојдневен и многу фин филм. Препорачувам.
Добар филм.. Ана е ќерка на претседателот,и постојано ја следи,т.е праќа обезбедување и таа нема никаква приватност.Решава да избега,и татко и за да ја заштити ја праќа со агент,а таа тоа не го знае,случајно ќе се сретнат,и подоцна ќе се заљуби во неа.. 10/10
Good Will Hunting(1997) Доста солидна драма, многу ми се допадна.Ги сакам Matt Damon и Ben Affleck, ама Robin Williams пријатно ме изненади во филмов.Приказна за млад дечко, којшто живее во сиромашна средина, но е премногу паметен, а за жал не се бори за себеси, туку едноставно се препушта на таквиот живот.Инспиративна е приказната, ќе ве допре, јас и се расплакав на еден дел, навистина солиден филм со убава порака.И на имдб има висок рејтинг, а истиот мислам и дека го заслужува 8.2/10
The Wolf of Wall Street Филмов е снимен врз основа на автобиографија.Станува збор за младиот брокер Џордан и неговиот пробив низ светот на парите,жените и сексот.Се се врти околу тоа зачинето со плиток хумор.Не ми се допадна нешто посебно,просечен филм. Не препорачувам да го гледате со родителите,или обратно. 7/10 12 Years a Slave Е ова е нешто друго. Младиот црнец Соломон ,пред граѓанската војна е грабнат и продаден како роб.Живее како роб цели 12 години трпејќи го иживувањето на неговиот робовладете,со мали искри на добрина.И дури по 12 години се наѕира мала искра дека ќе заживее како слободен човек. Филм кој тера на размислување. 9/10
THE CALL , seriozno dobar film so halle berry, se raboti za 911 brojot vo usa za pomos, ima momenti koi kje ve nateraat da go isklucite filmot, ama ima dobri soveti ako ve kidnapiraat i ve stavat vo gepek, sto da napraite za nekoj drug da primeti i da prijavi... Uzivajte
Jack and Jill vs. the World (200 Зошто постојано кога ќе уклучам филм, имам некое чувство, дека веќе го имам гледано? А поима немам за што се работи. Ама чувството ми стои, дека го имам гледано. Неисе, се работи за еден згоден момак, што се занимава со рекламирање на производи, така нешто. Во неговиот живот, се` му е под конец. Има добра кола, стан, се` тоа... Но, сосем случајно, на еден кров од зграда ќе се сретне со една девојка. Ќе и` помогне да влезе во една реклама, бидејќи финансиски не е баш во добра состојба. Потоа ќе ја покани во својот стан, притоа ќе и` нагласи дека не сака да имаат ништо заедно. Меѓутоа, пополека, на тенане, ќе се појават некои чувства помеѓу нив. А таа ќе му ја преќути нејзината болест. Ми го задржа вниманието. Штом јас не се расплакав, значи не е за плачење. Не е ни за смеење. Солидна љубовна драма. Ми се допадна. Не е нешто ново, измислување на топла вода, ама мене ми беше таман. И да не заборавам, ме иритираше шминката на девојката, too much pink.
The Adventures of Food Boy (200 Со оглед на тоа што никаде нема превод за ова филмче, бев приморана да го гледам без превод. Aма па среќа, немаше многу нејасни зборови, па без мака го изгледав. Инаку, сакав да гледам некое тинејџерско филмче. Ова момчево, има петнаесет години и сака нешто да смени, во неговиот живот, во неговото училиште. Се пријавува за претседател на класот, додека другите го зафркаваат, демек нема шанси тоа да му успее. Во меѓувреме дознава дека има моќ, којашто ќе му помогне во намерата. Може да створи храна, од нигде-никаде. Во текот на целиот филм, се труди да ја контролира својата моќ. А во таа намера ќе му помогне баба му. А секако, секоја моќ има свои правила. Тука се и неговите двајца другари и неговата другарка, со којашто се симпатишаат. Мене многу ми се допадна, онака лесно е за пратење, брзо поминува време. Патем има и смешни сцени. Лајк, од мене. Го препорачувам.
Spread Интересен филм у глобала.Играч кој ќе биде изигран и тоа ќе го свести дека треба да преземе нешто за неговиот живот.Не очекував така да заврши,сосема неочекувано.
Одлучен филм..Се утепав од плачење.Поучна приказна за љубовта помеѓу мајката и ќерката.. Го препорачувам 10/10
Hachi: A Dog's Tale (2009) Прекрасна драма базирана на вистинска приказна, за еден универзитетски професор и за посебната врска која се развива меѓу него и едно куче кое случајно го наоѓа една ноќ на железничката станица додека си доаѓа од работа. Емотивна приказна за посебната љубов и верност која човекот ја добива од кучето.
Anna Karenina Го изгледав заради тоа што сите го збореа дека бил ремек дело, мене ни пола од тоа не ми изгледаше. Не сум ја прочитала книгата, можеби ќе згрешам ама искрено вакви класици досадни ми се. Филмот се на се има одлична сценографија, костимите беа повеќе од совршенство. Кира беше божествена, а и ликот што го играше Вронски ми се допадна многу. Искрено.. очекував повеќе, очекував да ме преврти ама добил само 2 сати ненормално одолговлекување на небитни настани, приказната некако ми се провлекуваше премногу долго за толку малку настани. Оценка 5/10.
My Boss's Daughter (2003) Море изгледа и овој го имам гледано. Ама нема врска, во главно се насмеав. Можеби повеќето од Вас го имаат гледано. Се работи за момче, што работи во една фирма, каде се бори да го унапредат. Но тоа баш и не е можно, бидејќи директорот е сноб. Една вечер, поради недоразбирање, ќе биде задолжен да ја чува неговата куќа, додека тој е на пат. Наговестувајќи му, дека ако нешто и` фали на куќата или на неговиот був, ќе го убие. Му дава некои задачи коишто треба да ги изврши. Меѓутоа при чувањето на куќата му се случуваат премногу неволји, непријатни случки, ќе треба да се справи со шлакнати луѓе. Тука е и ќерката на директорот, за којашто тој чувствува нешто. Јас дефинитивно го препорачувам. Смешен е, интересен. Мислам дека нема да се покаете.
TANGLED [2010] Spoiler Долгокосата принцеза Рапунцел целиот свој живот го поминала во една кула, изолирана од останатиот свет. Се до својот осумнаесетти роденден била сведок како секогаш на истиот датум кон небото се пуштаат светлосни фенери. Иако не ја знаела причината за тоа, сепак нејзина најголема желба била истите да ги види одблизу. Откако, преку сплет на околности ќе запознае еден разбојник, таа ќе биде чекор поблиску до остварување на својата желба, но и до откривање на вистината за сопствениот живот. Оценка - 10/10 WRECK - IT RALPH [2012] Spoiler Уништувачот Ралф откако цели 30 години е осамен и отфрлен од останатите учесници во неговата видео игра, тргнува во освојување на златниот медал кој ќе му овозможи да го добие потребното внимание. Во меѓувреме ќе наиде на голем број препреки кои ќе му овозможат да осознае дека за да биде добар и сакан од другите, не му е потребен медал, туку нешто посилно. Оценка - 10/10
Frozen (2013) Уште еден во низата прекрасни филмови на Дизни кој мене многу ми се допадна, приказна која ја опишува големината на сестринската љубов, топло го препорачувам на сите кои се уште не го гледале
Geek Charming (2011) Срамота е да кажам, дека на овакво тинејџерско филмче, заплакав? На почетокот е дури неподнослив, со оглед на тоа што има премногу шмизлички и такво однесување. Ама со тек на време, веќе си легнав на брашното. Малку е позната онаа приказна во тинејџерските филмови, со средношколски класи во училиштето. Нешто слично е и ова. Поточно, неколку шмизлички се натпреваруваат за некој си натпревар за кралица на пролетта. Во меѓувреме се појавува „гиик“ момче, што сака да победи за наптревар за сниман филм. Тука заедно ќе склучат договор, таа да има главна улога во филмотт. А со тоа, ќе и` биде обезбедена победата на натпреварот, а исто така и неговата победа. Притоа, ќе се почувствуваат промени и кај двајцата. Го препорачувам на тинејџерките, тие што се некаде до мојата возраст, за понатака не гарантирам. Ама со оглед на тоа каков очекував да биде, излезе супер. Мене ми го направи меракот.
Evan Almighty (2007) Јас сум воодушевена. Немам зборови. Ептен ми го направи меракот. Еднаш не го свртев погледот. Го изгледав во еден здив. Инаку, ова е нешто како продолжение на Bruce Almighty. Таа е тематиката, само што приказната е сосема поинаква. Не би сакала ништо да откријам, буквално ништо. Ептен го препорачувам и покрај тоа што гледам дека на повеќето баш и не им се допаднал многу. А и на ИМДБ има пет кома нешто оцена... Не знам да Ви кажам право, мене ми беше предобар. Брзо минува времето, дури не сакав ни да заврши.
The Book Thief 2013 Дејството се одвива во периодот од 1939 до 1944, односно во периодот на Втората светска војна. Германско семејство посвојуваат девојче по име Лизел. Во куќата, девојчето добива многу повеќе внимание од таткото, отколку од мајката. Во тој период Германија е против се, а народот не разбира баш што сакаат да им кажат властите. Само Лизел успева да ја сфати поракта, но незначи и дека ја поддржува. Малата Лизел чекори по стрмниот пат, исполнет со страв и ризик. Приказната ми се допадна, иако на видум е ладна и страшна, има моменти кои ти го греат срцето и останува за подолг период. Глумците се германци, што ми претставуваше огромно задоволство слушајќи ги. Ми се допаѓа како зборуваат Англсики јазик. Руди ми е светла точка, срце мало. 10/10
Вчера го начекав на тв! Трилер кој не ме воодушеви многу,цело време едно те исто се дешава! Дела( Ким Бесинџер) по мала расправија со сопругот на Божиќната вечер изглегува да се провози со колата и застанува пред еден трговски центар да купи нешто. Но, не може да најде слободно место на паркингот и остава навредлива порака на една од колите која зазема простор од 2 места! Кога ќе се врати од шопингот паркингот ќе биде празен и ја начекуваат 4 млади разбојници ( сопственици на колата) кои прво го убиваат чуварот на паркингот кој се труди да ја одбрани од нивните напади,а потоа почнуваат да ја бркаат Дела која се сокрива успешно во една шума! Е натака целото дејствие е во шумата и обидот на Дела да се спаси!