Baby mama 2008 Занимлива комедија,настаните се одвиват некако пребрзо за мои вкусови.Но убаво да се погледне во некое дожливо неделно поладне Кејт триесети седум годишна успешна жена со кариера, но нејзиниот најголем сон е да стане мајка.По неколку неуспешни обиди за вештачко оплодување нејзината мајка и сестра ја советуват да си најде сурогат мајка и ... Натаму погледнете го да не ви го расипам изненадувањето
Machete Kills Роберт Родригез, заедно со Тарантино ми се омилени режисери, баш поради несекојдневниот стил на правење филмови, специфичната кинематографија, и фактот што имаат карактеристична актерска екипа. Родригез е режисер на овој филм, но го спомнав и Тарантино бидејќи си се другарчиња и работат по ист принцип. Како и да е, да се вратам на филмов... Како што кажав специфично режиран, акција-комедија, да се раскаже е просто невозможно, секој со секого се бркаше, сите сакаа да го фатат Мачете... Приказната почна со нарко картели во Мексико, заврши со сцени во вселената. Каша попара е сценариото, ама како што кажав ги обожавам филмовите на Родригез, така да и овој не е исклучок. Кога на ова ќе се додаде мојата симпатија Amber Heard... = добро поминати два часа. Останатата актерска екипа се состои од Danny Trejo, Mel Gibson, Antonio Banderas, Sofia Vergara, дури и Лејди Гага... I liked it.
Frozen 2013 (aнимиран филм) 10/10 Преубав филм,анимиран филм,уживав со секоја минута гледајќи го. Краток опис Spoiler Две сестри коишто растат заедно со родителите инаку принцези оддеднаш ќе се оддалечат една од друга во моментот кога едната од нив ќе свати дека има некои чудни способности..која што во кралството ќе направи да владее зима,поради тие околности ќе избега а нејзината сестра (ана) ќе оди да ја бара со момче кое ќе го сретне на тој пат.
About time Интересна романтична комедија, се работи за тоа како во една фамилија мажите имаат моќ да патуваат назад во времето и со тоа можат да променат некои несакни ситуации, но секое менување на нештата си има и свои последици.
The Wolf of Wall Street (2013) Филмот е базиран на вистинска приказна за брокерот Џордан Белфорт, за неговото воздигнување и успесите на берзата кои го прават многу богат, но и неговиот пад до дното кој вклучува криминал и корупција, а и проблеми со федералните агенти. Одличен е филмот, но според мене, премногу долг. Одлична глума на Леонардо Ди Каприо.
Catch Me If You Can Јас, жими мајка, се претворам во еден од најголемите фанови на Дикаприо. Прекраснотии живи, каков извонреден глумец. Филмов е апсолутен погодок, не дека би очекувала нешто друго од Спилберг, Леонардо и Том Хенкс, заедно. Приказната е за неверојатно интелегентно момче, бега од дома и неколку години успева да се провлече низ Америка и Европа фалсификувајки чекови и работејки секакви професии за да ја прикрие проневерата од четири милиони долари. Вистинска приказна, прочепкав малку и дознав дека до ден денешен човеков е ангажиран од ФБИ помагајќи им да фатат фалсификувачи и има заработено милиони и милиони од најголемите светски банки така што ги дизајнирал нивните чекови така да е скоро невозможно да се фалсификуваат. Штета што ги укинаа чековите, филмов дефинитивно дава инспирација. :geek: 10/10, без размислување.
Zodiac Искрено залудно си потрошив 2 ипол саати и више.. Го гледав само ради Џејк и Роберт Дауни Џуниор и дека гледам режисер e истиот од se7en , и си викам филмов нема никаква утка. И така си блеев саат ипол а буквално филмов не мрда од мртва точка, дејството е тотално хаотично, само некои безвезе натрупани сцени и не му ја сфатив улогава на Џејк во филмов и така уште си се чудам како го сумираа филмов во последните 4,5 минути. Инаку се работи за сериски убиец кој се претставува како Зодијак и им испраќа писма на сите медиуми и на полицијата каде го признава секое убиство, го опишува и им се заканува со уште жртви доколку не ги исполнат неговите желби. 5/10
Last Vegas (2013) Добро е филмчето, а уште подобар е изборот на актерската екипа, е па можело да се прави ергенска вечер и на 70 години
The Spectacular Now 2013 Го дочекав и го изгледав. Го гледав ми се чини во Unique летоска, ми остана во глава и сега го изгледав и не зажалив. Предобар е. Тинејџерски е, но преубава приказна. Се работи за момче и девојче. Нивната приказна, нивната љубов. Момчето е најпознато во школото, а девојчето е повлечено мирно, не е од големите. Меѓу нив се раѓа љубов, чиста и искрена. Времето кое го минуваат заедно е скапоцено, супер искористено. Од мене чиста 10-ка. Уживав час и половина. Актерскава екипа воопшто не ми беше позната, претпоставувам свежи актери, но многу си одговараа. Незнам, дали до глумата, но ја имаше таа хемија меѓу нив. Девојката e Shailene Woodley. Мене искрено ми е преубава, уф, неможам да и се изнагледам. Spoiler
- Mary & Max - Откако видов дека lunicka го гледала,решив и јас да го гледам. Дефинитивно нешто најчудно до сега што сум гледала,ама сепак убаво.Кога почнав да го гледам се чувствував и јас толку чудно и мислев дали да престанам да го гледам,но имаше нешто што ме натера да продолжам да гледам.Интересна приказна за пријателството,со многу чудни ликови,ситуации и по малку смешни.Ми се допадна многу пријателството помеѓу Мери и Макс бидејќи стварно беа вистински пријатели и немаа никој друг покрај нив на кој може да се потпрат.Чудно ми беше хобито на татко и на Мери,но во ред .Сепак,во секој случај вреди да се погледне.Супер е според мене. 9/10
12 Years a Slave (2013) Неверојатна вистинска приказна која ме остави без зборови Уште кога видов дека Сара Полсон игра во него, па и кога слушнав за приказната, решив да го гледам и чекав додека не излези.. Иако ме растажи и вознемири, премногу ми се допадна филмов, глумата е одлична ама приказната е воодушевувачка.. Колку само храброст и сила имал тој човек за да помине низ сето тоа.. 10/10
Ги сакам ваквите филмови,овој конкретно добар е,очекував повеќе гледајќи го трелјерот,некои сцени немаа логика,но...затоа е научна фантастика.Сепак можело многу подобро ама признавам дека пак некои други сцени буквално ме наежија.Инаку не сум добра во давање на оценки за филмови.
The Big Wedding (2013) Американска работа....доста глупав филм со уште поглупава содржина,единствена светла точка се актерите (кои не знам како прифатиле да глумат во вакво нешто) и тоа што мене многу ми се допадна куќата во која живеат,изгледа модерно и луксузно. Journey To The Center Of The Earth (200 Не знам што очекував од филмов,онака за убивање време е добро да се погледне едно патување во центарот на Земјата според романот на Жил Верн. Before Midnight (2013) Долго време чекав снимка со добар квалитет и се исплати.Добри дијалози за животот и бракот за време на нивното патување во Пелопонез,Грција.
About time Видов дека многу феминки имаат пишано кратка рецензија,па да не се повторувам. Филмот не учи за самиот живот,ценењето на работите, љубовта на двајца млади и нивниот живот. Прекрасен момент беше кога таткото му дава совети на синот за среќен живот. 10/10 http://www.youtube.com/watch?v=aSgU0gNL2Ac Песната многу ми се бендиса. Се надевам драг мој дека ќе го изгледаш филмот и ќе извлечеш голема поука од истиот и конечно ќе почнеш да го живееш животот! (Наменето за мојот дечко)
Redemption Лошо. Лошо. Лошо. Го гледав само заради Jason Statham, ама ми се чини дека после Транспортер, немал филм кој бил подобар од трилогијата. Акционите сцени ми беа многу вештачки, приказната просечна, реализацијата потпросечна. The Wolf of Wall Street Рецензија е веќе дадена во темава, нема да се повторувам. Само ќе кажам дека навивам Лео да го собере оскарот годинава
Before Midnight Во филмот нема некои посебни случувања и дејствија, но сепак те тера да размислуваш за нешта во животот како издржливоста и трпението кои треба да се оседуваат како особини, мене ми беше убав па го препорачувам
^ И јас деновиве го гледав Redemption .Од почеток си мислев дај ќе му дадам шанса изгледа до мене е не сум у форма ама навистина филмот ме разочара.Не сум верувала дека филм со Jason ќе ме разочара. Навистина лоша реализација,приказната ми се допадна ,но сцените некако не бе не и не
North Country (2005) Извонредна драма напишана според вистинска приказна. Одличен избор на глумци, трогателна приказна... До сега не сум била толку емотивна на ниту еден филм, се изнаплакав... Се работи за правата на жените во северните земји, кои работат во рудник а се малтретирани од страна на мажите, психички и сексуално. Главниот лик е мајка на две деца, кои имаат различни родители, мажот ја тепа и таа се враќа кај родителите, но не е во добри односи со родителите... Повеќе нема да откривам, вака кога се разкажува се губи уметноста, па ви препорачувам да го гледате овој филм... Добро поминати 2 часа пред телевизор. 10/10