The Hunger Games: Catching Fire Одличен филм. Навистина ги исполни моите очекувања, а очекував многу. Одлично реализирана приказна, само сепак морам да признаам додека ја читав книгата дефинитивно бев повеќе возбудена. Сепак возбудлив филм, го изгледав во еден здив. Џенифер ми беше прекрасна како и во секој филм што сум ја гледала до сега. Крајот беше навистина непредвидлив. Препорачувам. 9/10
4/10. Не ми се допадна,па не го ни догледав до крај.Приказната е многу добра,ја имам читано- ама ја зезнале во филмов.
дури сега кога го видов твојов пост, решив да го гледам филмов и сега го симнав, спремен за гледање па ќе кажам и мое мислење ама сигурна сум дека ќе ми се свиѓа многу зашо вакви филмчиња преферирам да гледам
Sister Act 2: Back in the Habit Го изгледав и вториот дел од филмов. За нијанса првиот ми е подобар, ама и овај не е лош. Баш филмче за опуштање и пуштање мозокот на пасење. А и конечно ми текна од каде ми е позната та калуѓерката шо е полничка, од Хокус Покус вештерката Мери. Препорачувам. Едит: Калуѓеркиве колку ми се слатки и интересни, посебно дебелката и та најстарата шо е 6,5/10
Babel. 2006 Четири приказни врзани во едно сценарио за краткотрајноста на животот, оксимороните и апсурдите на отворените и затворени општества, маргинализирани групи и стравот кој владее кога човек не ги познава разликите што постојат. Одамна го имав гледано, почувствував потреба пак. И повторно ме стави во мисла - кои сме ние да судиме за било што? Оценка 10.
Shame Мајкл Фасбендер го игра Брендон, успешен и шармантен маж кој се бори со зависност од секс. Иако успешно успева својата зависност да ја скрие од очите на светот, неговиот живот се комплицира кога неговата помала сестра ќе му дојде на гости. 10/10 :up: Одличен филм, досега немам гледано ништо слично! Мене многу ми се допадна и големо браво за режисерот за тоа како успеал сцените со секс да ги направи толку не-секси, туку напротив, во гледачот да побуди тага.
The mortal instruments:City of bones. 10/10 Многу многу добар филм,обожавам вакви филмови,но луѓе кои не сакаат фантазија нека не го гледаат. Се мислев дали да го симнам,ама не згрешив.2 пати во 2 дена го изгледав,и пак би го гледала. Реално ниска оцена има на имдб 6.1,заслужува повеќе според мене. Цело време е во неизвесност,одвај чекам и вториот дел да излезе. и актерската екипа е многу добро одбрана. Главнава глумица реално многу ме иритираше со веѓите,пред да го изгледам филмот,но не глуми воопшто лошо и е симпатична. Имаше и неколку познати глумци,Jonathan Rhys Meyers,Kevin Zegers,Lena Headey(sesrei што ја игра во game of thrones,итн.)
Diana (2013) Biography | Drama | Romance Stars: Naomi Watts, Naveen Andrews, Douglas Hodge „Дијана“ е интригантен портрет на Дијана, принцезата од Велс, во последните две години од нејзиниот живот. Улогата на познатата принцеза ја превзема актерката која е номинирана за Оскар, Наоми Вотс. Навин Ендруз, познат по улогите во „Англискиот пациент“ и телевизиската серија „Изгубени“ го толкува ликот на Др. Хаснат Кан. Филмот мајсторски го режираше Оливер Хершбигел по сценариото на светски познатиот театарски драматург Стивен Џефриз. Оваа интригантна љубовна приказна опишува како среќата која Дајана ја пронајде во својот личен живот всушност и помага да успее во својата улога на значајна меѓународна хуманитарна активистка. Искрено очекував многу повеќе од филмов.Не е онаа Дијана за која имав претстава како малечка, во филмов гледаме една поинаква Дијана.Не толку драстично но сепак сакав да видам и повесели моменти.6/10
The Hunger Games: Catching Fire Spoiler Бидејќи сум огромен фан на првиот дел со тешко срце можам да кажам дека според мене вториов дел е за нијанса подобар. Подобар од аспект на поголемата неизвесност што ја имаше до самиот крај и цело време додека го гледав се тресев Крајот е дефинитивно неочекуван. Иако Пита некако одбивен ми беше во првиот дел, сега ќе си го сменам мислењето дека во вториот дел ме премисли ама ипак си навивам за Гејл и Кетнис до крај Целата актерска екипа ја погодиле и имам само пофални зборови за филмов. -По победата на Кетнис и Пита, сите се несигурни во нивната љубов, дали е вистина или фарса, а најмногу претседателот Сноу. Во меѓувреме во сите дистрикти почнува народот да се буни против власта додека се спрема 75то издание на Игрите на гладот. 10/10 !!!
The vow Па,лимонада ,не по мој вкус,но сепак го задржа моето внимание.Се работи за тоа дека без разлика што и да ти се случи во животот,на крајот повторно некако се проаоѓаш самиот себе си. He's just not that into you Филмот ме воодушеви.Не беше нешто посебно ,но пораката која ја носи е многу реална,за љубовта,за врските.Препорачувам ,задолжително да се погледне.
Four Christmases Еден пар решаваат да лажат дома дека се на хуманитарна работа на Хаваите мислам, само за нивните да не ги тераат да чекаат со нив Божиќ. Но на денот на полетувањето, сите летови се откажани и тие се снимани од телевизиска програма за нивното разочарување за летовите. Сега, сите 4 семејства очекуваат нивните деца да дојдат на Божиќ, што претставува голем предизвик за двајцата. Многу грд пар направиле. Рис е апсолутно прекрасна жена, која одлично си ја изигра својата улога. Но овој мажов нејзин, ми е апсолутно одвратен и дебел. Уф.
Пари, секс и дрога, мнооогу дрога. Не сум навикната нашиот романтичар Леонардо да го гледам во вакво издание. Сосема спротивен од оној во Титаник, алчен за пари,моќ и жени. Наркозависник и добар брокер. Интересен филм за кој вреди да се одвои 3 часа за да се изгледа 8/10
16 Wishes Интересен филм, повеќе така тинејџерски , на моменти ми стануваше по малкуу досаден ама има прекрасен крај Се работи за една девојка која одамна си планирала за 16тиот роденден. На вратата од нејзината соба има листа на 16 желби кои што сака да и станат реалност, но со остварувањето на една желба, и се случува нешто сосема неочекувано.. 7/10 Иначе да не знае некој, страна за онлајн гледање филмови, но со превод ?
The Wolf of the Wall Street Има веќе еден куп слики и рецензии во темава. Само ќе кажам дека ми се допадна Леонардо во оваа улога, според мене беше сосема правилен избор како глумец. Мафијашкото однесување и дрските дијалози му одговараат. Одлична приказна, интересен филм, само малку предолго траеше. 9/10
Ајде и јас да искоментирам за толку о-зборуваниот The Wolf of the Wall Street Значи секакви рецензии прочитав пред да го гледам, ги прочитав и мемоарите по кои е снимен филмот, но едноставно ЗНАЕв дека мора да биде добар филм штом ДиКаприо пристанал да игра во него. Ми летнаа три часа толку бргу, одлично сценарио, Скорсезе е крал во неговата работа дефинитивно, за глумата да не зборувам ич. Брилираат актерите! Толку јаки сцени, дијалози и монолози има , како и нараторските моменти на протагонистот- брокер, што воодушевуваат. Читав критики секаде по нетов и мое лично мислење е дека повеќето гледачи не ја сватиле поентата за жал =( Дрога, секс, голотија?!?! Па тоа е она што навистина се случувало! Мене на моменти толку ме нервираше (ликот на) ДиКаприо што ми доаѓаше да го плеснам мониторот, Spoiler поготово кога ја зема ќерка му од дома сред ноќ ама тоа е тоа што докажува колку добар еден актер знае да биде, без разлика на улогата која му е доделена, нели? =) Уште да кажам дека филмот го гледав дома САМА, и на крајот понесена од филмот станав да аплаудирам
Diana 2013 Иако не сум љубител на историски филмови, биографски, автобиографски, филмови поврзани со важни настани во минатото, овој ме освои. Топла, а сепак некако мрачна приказна за животот на принцезата Дајана. Одлично потрошени 2 часа. Го препорачувам на сите, мали и стари. Наоми одлично си ја изигра својата улога. Мене ми наликуваа една на друга, глумица со искуство, способна да ги долови ладните, студени моменти, но и оние среќните, убавите, од животот на принцезата. Мажите ми беа апсолутно одвратни, но совршена спојка со неа. Чиста 10-ка е филмов.
New Year's Eve Не ме воодушеви нешто филмот, инаку се вметнати повеќе приказни за денот на нова година и како секој ќе ја дочека ако ви е досадно гледајте го
Step Brothers - imav slusano deka filmov e mnogu smesen i sakav da go gledam dolgo vreme i bas zavcera go gledav. I mnogu e smesen go preporacuvam do sekoj ljubitel na komedija P.S Spoiler ne mi raboti toa na kirilica da pisuvam izvinete