1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. marina255

    marina255 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    The Hunger Games: Catching Fire


    браво, браво, браво, предобар :clap: ми ги исполни очекувањата, многу е подобар и поверен на книгата од првиот, ликовите се сите подобро разработени, едноставно еден од најдобрите филмови за 2013. И Пита еден од најзгодните ликови за сите години :P

    10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • hm.jpg
      hm.jpg
      Големина на фајлот:
      184,7 KB
      Прегледи:
      317
    На Madalina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    32.375
    Пол:
    Женски
    Каде да го симнам филмот? Може линк? :)
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Еве
    http://kickass.to/the-wolf-of-wall-street-2013-dvdscr-xvid-bida-t8524359.html
    И јас го гледав прееска овој,ти советувам да не го симнуваш,не ти се исплаќа,поарно онлајн.

    Рецензија:
    Разбрав што му е целта на Скорсезе,ама можел пократко да се искаже :D Едвај го изгледав 3 саати,премногу се.Каприо си беше одличен како и секогаш,не би му дала Оскар за овој филм,ама веќе требаше да има некој,последните години направи доста добри филмови.
    Премногу дрога,премногу секс и проститутки,сурова реалност колку парите ја менуваат перспективата на човекот,тоа го прават оние што незнаат како да ги искористат,а секогаш се алчни за повеќе.Крајот беше очекуван и тоа е тоа.Не беше лош,ама Скорсезе може многу подобро,се знае дека е талентиран.7/10
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    24.313
    Пол:
    Женски
    From dusk till dawn
    [​IMG]
    Колку пати и да го гледам, не ми здосадува.
    Се е кажано за филмов нели, нема потреба од рецензија... само чисто информативно, кој е љубител на филмов ќе излегува истоимена серија во март, исто режирана од Роберт Родригез...
    :)
     
    На Hipster и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Го гледав по твоја препорака и многу ми се допадна, фала ти :)
     
  6. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Green Street Hooligans
    [​IMG]
    По втор пат го гледав филмов...пред година и пол го гледав па ми текна на него и повторно го изгледав. Исто ко првиот пат да го гледав. Според мене многу многу јак филм. Добро е прикажана омразата меѓу навивачките фудбалски групи во Англија но и добро е прикажано што значи братство и пријателство. Одлична порака според мене. Вреди да се изгледа
    10/10
     
    На 1209 и Marossa им се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Yeh Jawaani Hai Deewani

    Појма немам како се преведува насловот,ама мање битно :D Индискиве филмови немаат врска со сериите,толку се ведри и релаксирачки,комотно можам по цели денови да гледам.Филмчево си е таква пријатна лимонатка,со совршени пејсажи,со мерак за гледање.ПРиказна за исполнување на соништата,за пријателствата и колку можат да траат и најбитното од се,љубов.Толку искрено и спонтано,без многу лигавења и глупирање,онаа чиста невина љубов.Го тера човек на заљубување..Прекраснотии 9/10
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Интересно филмче, забавно, релаксирачко.Мислам дека особено ќе и се допадне на Спешлка, зш ја сакат Италија.Познатата приказна околу Ромео и Јулија.

    Дечко и девојка, иако верени, одат на меден месец во Италија, наместо да го поминат медениот месец заедно, тие го поминуваат работно, разделени еден од друг.Во меѓувреме случајно се појавуваат странци во нивниот живот, причина поради која тие двајца ќе се раскинат...

    Филмот е доста сличен на старото филмче Only You со Marisa Tomei, Robert Downey Jr, каде настаните се одвиваат токму во прекрасната Италија :) :inlove:

    Ги препорачувам двата филма.

    Но еве сликчуле од филмчево пара Ромео и Јулија:
     

    Прикачени фајлови:

    На The.Crab, Thallia, Desert.Rose и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Amadeus (1984)

    Животната приказна на светски познатиот композитор Моцарт раскажана од неговиот современик и слободно можам да кажам најголем соперник композиторот Антонио Салиери- кој што всушност ги раскажува неговите успеси, концерти , приватни работи буквално секој детал, бидејќи и самиот бил сведок на случувањата од животот на Моцарт, а и лично ангажирал луѓе да го прислушкуваат.
    Салиери веќе е при крајот на својот живот, но и покрај тоа што го надживеал Моцарт и доживеал старост него луѓето не го препонзаваат, не ја знаат музиката што тој ја стварал сите тие години, за разлика од Моцарт кој за многу пократок период успеал да стекне вечна слава.
    Салиери е едно љубоморно, завидливо копиле кое сака да ја поседува моќта и талентот на Моцарт.
    Наспроти него, Моцарт е неоспорен хедонист кој сака да троши пари на жени, да ужива во оргии, во алкохол и музика.

    Одличен избор на актери, особено актерот што ја има улогата на Моцарт ептен ми се допадна.
    Неповторливи костими, прекрасната Виена, три часовно уживање пропратено со незамелнивата класична нота на Моцарт.
    Топло препорачувам 10/10

    [​IMG]
     
    На lunicka, Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

    • blue jasmine.jpg
      blue jasmine.jpg
      Големина на фајлот:
      6,5 KB
      Прегледи:
      547
  11. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Многу добар филм..
    Паркер e професионален крадец.Неговиот менторн Харли,го прашува него дали сака да прифати работа со петорица мажи кои не ги познава,да ограбат банка (и незнам што беше тоа :D).Тој прифати.Работата беше успешно направена,но беше убиен некој човек од експлозија на кутии со плин..И,јакото почнува од тој момент кога,петорицата мажи ќе сакаат да го убијат Паркер,зошто тој не сака да се сложи во делењето на пари..И нема да ви раскажувам понатаму,подобро е да го погледнете :) 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    На Hellen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ај ушче едно филмче да кажам.На тв гледав инсерти од филмот, лани, па еве годинава го гледав. Типично цајкански филм, поточно за цајканки, што мене ми изгледаа како да се константно во ПМС :D Претставено е типичното женско, со изразена интуиција за детективска работа :D ,на интересен, смешен начин вклопено сето тоа во согласност нели со работата, понатаму истакнување на професионалноста, докажување која - која е попаметна, доминанта и сл.Ми се допадна филмчево, веројатно дека уште еднаш ќе го погледнам.

    Малкуцка содржинка:
    Две цајканки, со доста различни карактери, почнуваат заедно да работат во борба против криминалот, дел од криминалците се претставуваат како агенти, едниот од нив смешки беше, блед ко болен да е, со писклив глас, а пустиот кај бел во лице, па и бела коса, ко дух беше :D Смешно ми беше кога еднава цајканка му рече: „ Дали си добро? Нешто блед си“ :rofl: ...
    Да не кажувам понатка :lol:

    А тазе е филмов, лански :D Те слика :) :
     

    Прикачени фајлови:

  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.258
    Пол:
    Женски
    My sister's keeper(2009)
    [​IMG]
    Книгата вчера ја завршив, па филмов беше денес на ред.Приказна за едно семејство, каде што ќерката се разболува од рак, но никој не е компатабилен донор, па родителите модифицираат дете, кое ќе биде наменето за тоа.Камерон Дијаз, не ја замислував во улогава, ама океј беше.Не ми се допадна тоа што крајот не беше како книгата, ниту пак тоа што отсуствуваа некои важни работи, но сепак не може да се долови книга во саат и триесетина минути.Иако книгата>филмот, и двете ме расплакаа, и ја препорачувам драмава. 7/10
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Prisoners
    [​IMG]

    Многу добар < многу напнат. Убаво осмилена приказна, иако траеше 2 ипол часа, успеа да ми го има вниманието постојано. Ликовите се тие кои го прават филмот, а не приказната. Најмногу ми се допадна ликот на полицаецот, не сум видела толку смирен карактер на актер, да глуми полицаец.

    Се работи за киднапирањето на две мали девојчиња кои ќе отворат стар заборавен случај. За границата до каде оди родителот за своите деца. Од мене добива чиста 10-ка.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.258
    Пол:
    Женски
    Julie&Julia(2009)
    [​IMG]
    Драма,за две жени кои што го променуваат својот живот со помош на готвењето.Филм базиран на вистински настан,кој на сите љубители на храна ќе им се допадне, јас искрено уживав во
    десертите :) Голем плус за актерската екипа, Мерил Стрип е божица, а Amy Adams не ја ни препознав во филмов.Башка има прикажано преубави делови од Париз, и ве уверувам дека ќе уживате. 7/10
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    The 4th floor
    [​IMG]

    Жена се преселува во стан. Не очекува што се случува во станот под неа. Нејзината чудна сосетка, која всушност никогаш излегува од тој стан ја предупредува и и остава правила за тоа како треба да однесува во станот, таа ги прекршува сите можни правила. Останатото го препуштам на вас да откирете.

    Напнат филм беше, цело време бев во очекување за бабата. На крај излезе нешто сосем непредвидливо.

    Стар филм е, од 1999 година. Можеби и повеќето го имате гледано, ако не топло ви го препорачувам.

    Оцена: 8/10
    ИМДБ: 5,7

    http://www.imdb.com/title/tt0167752/
     
  17. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Eight Below (2006)

    Одличен филм со убавиот Пол Вокер, многу ги сакам филмовите со животни.
    Прикажани се суровите услови на Антарктикот во кои треба да преживеат осумте кучиња кои се оставени таму сами на себе.
    Овој филм во никој случај нема да ги остави рамнодушни љубителите на животните, го препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    • 9406.jpg
      9406.jpg
      Големина на фајлот:
      42,1 KB
      Прегледи:
      157
    На BV87, Mermaid90, Monroe и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Frozen (2013)

    Приказна за едно кралство кое по смртта на родителите останува во рацете на двете сестри Ана и Елза. Едната од нив поседува надприродна моќ која што неможе да ја контролира- замрзнува се што ќе допре. Одличен анимиран филм -мјузикл, полн со возбудливи моменти, Оалф е комичен лик а исто така и добар пријател кој и помага на Ана да ја пронајде Елза за да го одмрзне градот и да го врати летото.
    10/10

    [​IMG]

    Brave (2012)

    Солиден филм за храброста на принцезата Мерида, нејзината упорност, издржливост и нејзиниот цврст и непоколеблив став.
    9/10

    [​IMG]

    Rio (2011)

    Блу, кој е ендемичен вид на папагал од Минесота го носат во Рио де Жениро за да го спојат со женска птица од неговата раса за да не дојде со изумирање на таквиот вид. Тоа се случува за време на карневалот во Рио. Во април излегува Рио 2.
    10/10

    [​IMG]
     
  19. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    THE BOOK THIEF [2013]

    [​IMG]

    Потресна и прекрасна приказна за младата Лизел Мемингер која оди да живее во туѓо семејство бидејќи нејзината мајка, која е комунист, е во опасност. Сезнаен и сеприсутен раскажувач е Смртта. Дејството се одвива околу Втората Светска војна во Германија.

    Книгата е преубава! Но, филмот е далеку од моите очекувања. Многу работи и моменти недостасуваа, особено гласот на Смртта кој речиси воопшто не беше застапен. Таков е мојот прв впечаток. Но, сепак додека го гледав се трудев помалку да размислувам за книгата, а повеќе простор да му оставам на филмот како проект. Главната актерка прекрасно ја долови улогата на Лизел. :up:

    Според тоа,

    Оценка - 7/10

    Jackass Presents: Bad Grandpa [2013]

    [​IMG]

    Откако сопругата на 86 годишниот Ирвинг Зисман умира, а ќерка му треба да оди во затвор, тој е оставен да го гледа својот осумгодишен внук. Но, бидејќи на тој начин не може да ужива во својата долгоочекувана слобода, одлучува Били да го однесе кај неговиот татко.

    Забавна и многу интересна комедија!

    Оценка - 10/10

    12 YEARS A SLAVE [2013]


    [​IMG]

    Во 1841 година Соломон Нортуп е слободен црнец кој свири на виолина и живее со своето семејство, неговата сопруга и две деца. Откако ќе ја прифати двонеделната работа како музичар во циркус која му ја нудат двајца мажи, тој е измамен и продаден како роб.

    Топло препорачувам :up:

    Оценка - 10/10

    MOUSEHUNT [1997]

    [​IMG]

    Откако поранешен богаташ и производител на конци, Рудолф Шмунц, умира, тој на своите два сина им ја остава фабриката за конци и запуштена голема куќа. После сплет на судбината тие ќе го изгубат животот што претходно го имале, па ќе се преселат во куќата која ја наследиле од својот татко. Но, има нешто што воопшто не го очекуваат и кое животот ќе им го промени преку ноќ.

    Препорачувам :up:

    Оценка - 10/10
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Аwake
    [​IMG]
    Очекував повеќе од филмов, на моменти досаден и млак, не задржува внимание и со непотребни елементи. Еден пациент кој при анестезија доживува ретка појава кога телото му е парализирано но умот буден, и притоа чувствува болка. Во текот на операцијата, дознава многу работи од кои зависи неговиот живот но не може да направи ништо во врска со тоа. Оценкава му е за Хајден е, ептен е хот човекот.
    4/10

    Dead Poets Society
    [​IMG]
    Филмов е класика, ако не сте го гледале, срам да ви е! Го фатив случајно на телевизија и по којзнае кој пат го изгледав. Taжен е, топол, ретко убав филм. И секогаш кога го гледам ми евоцира некоја чудна тага. Има многу убави цитати од книги и поеми.
    10/10
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.