The Wolf of Wall Street (2013) Решив да го гледам зашто последниве 15 страни од темава гледав дека е доста застапен и има одлични критики. Според мене филмов е страшен. Мислам дека подобар актер за филмов од Leonardo DiCaprio немало да најдат никогаш. Значи човеков толку се внесол во филмов, толку добро и реално изглумил што ќе си помислиш дури и дека неговиот приватен живот е навистина таков како на филмот. Каков Титаник бре, ништо, се' друго е на второ место во споредба со глумата на DiCaprio во филмов. А и самата приказна е одлична. Со оглед на тоа што е сниман според вистинска приказна добро е тоа што не се стегале да ги прикажат работите детално. Одамна не сум гледала ваков филм. А и заслужи Leonardo еден ваков проект каде што ќе направи бум во светот. Од мене има чиста 10ка и препорачувам да го гледате.
Pride and Prejudice (2005) Го гледав и овој и мини серијата од 1995,а пред некое време и книгата ја прочитав.Стално каснам со класици,лоша работа Филмот е прекрасен,демонстрација на Британија во 19 век,со вистински дами и кавалери.Господин Дарси не за џабе е толку зборуван лик,неговиот добродушен карактер скриен зад маската на ладнокрвен богаташ го прави доста одбивен кај оние што не го познаваат,а ужасно привлечен за другите.Одлична екипа на актери,во врска со сценариото можеле да се држат повеќе до книгата,но сепак солиден дијалог и прифатлив за гледање. 10/10
Мислам дека е излишно за да го коментирам филмов, како и сите негови претходни делови, зошто според мене немаат утка. Типично за нив: брзина, коли, хумор, жени, акција... Жал ми е што наредниот дел ќе биде со помалку глумци, но без разлика на тоа - со нетрпение го очекувам. Кој има добра основа од претходните делови, нека одвои 2 саати и нека го изгледа.
The Hunger Games: Catching Fire Продолжение на филмот кој направи БУМ на филмските платна, The Hunger Games. 75-ти игри на гладта. На секои 25 години се одржува посебно издание, односно, учесници во игрите се победниците од претходните игри од тие окрузи. Лоша судбина ги снаоѓа Кетнис и Пита. Интригантниот maker на игрите, за оваа сезона има смислено неверојатни предизвици за кандидате. Омилени ликови: Финик и Јоана. Топло го препорачувам на сите љубители на акциони, научно-фантастични филмови. Ќе уживате 2ипол часа со интересни битки, предизвици и игри. Чиста 10-ка.
The great Gatsby Кога почнав да го гледам филмот ми беше досадно,не ми беше интересно сакав да го исклучам но си реков ајде да го догледам го крај.И секако не зажалив што не го исклучив! Стварно ми се допадна филмот,уживав гледајки го Леонардо како и секогаш прекрасен На крај дури и плачев 10/10
The spectacular now(2013) Young Adult филм,за осумнаесетгодишен тип кој едноставно живее за моментот, воопшто не размислува за иднината и постојано се забавува и пие.Случајно ќе го спои судбината со поинаква девојка и... Прво имав големи очекувања зошто е од режисерите на (500) days of Summer, ама малку ме разочара, иако сосема е во тој стил, крајот нормално не е онака како што го очекуваме.Голем плус за хемијата што ја имаа главните актери, убав пар беа. 6.5/10
Баш синоќа го гледав The Spectacular Now, како за промена од хорор филмовите. Сценариото не е ништо посебно, ама сепак за промена ми се допадна, најмногу заради Shailene Woodley една од омилените млади актерки ми е. 9/10
Воопшто не сакам да гледам комерцијала филмови, се повеќе ги избегнувам. Во последниов период се ориентирав кон постари филмови, кои се многу подобри од овие новиве остварувања и покрај денешната понапредна технологија. The deep end of the ocean 1999 Прекрасен филм, не знам како не сум го гледала досега. Сторија за едно семејство чие малечко синче ќе исчезне. После долга потрага, тие ќе се навикнат да живеат со таа болка и ќе се преселат во Чикаго. Но по десет години неочекувано на врата ќе се појави дете кое премногу наликува на нивниот Бен. Но и доколку тоа е навистина тој, дали нештата можат толку лесно да бидат како што биле порано. Поразлична приказна од сите клише стории, добра глума и симпатични актери. 9/10. Го препорачувам. The Accused (198 Копав низ стари филмови и случајно наидов на филмов, па си го симнав и не погрешив. Не знам како е можно да не сум го знаела до сега, голема штета. Приказна за млада девојка која ќе биде брутално силувана од поголем број на мажи во еден ноќен бар. Потресна сторија при барање на правдата и пребродувањето на сето тоа, притисоците од самообвинување и осудување . Одлична глума на Џуди Фостер, неверојатна беше во целиот филм. Препорачувам да го погледнете ако случајно не сте, особено женската популација. 10/10 Spoiler
Escape plan (2013) -акција,мистерија,трилер 10/10 Одличен!Препорака! Spoiler When a structural-security authority finds himself set up and incarcerated in the world's most secret and secure prison, he has to use his skills to escape with help from the inside.
Па нели сношти на Сител го имаше овој http://www.youtube.com/watch?v=-vvBrhtPoHU Епа бидејќи не го фативеме од почеток го баравме и налетавеме на овој Blue Lagoon: The Awakening (2012) http://www.youtube.com/watch?v=frQNtHnFO6I Малку по современ од предходниот. Две деца момче и девојче учат во исто школо и одата на екскурзија.Таа бендисваше некое момче,ама на екскурзија тој се смува со некое девојче.Додека беа на бродот дојде полиција и овие скокна во едно бродче.Наредниот ден се најдоа сред широко море и после најдоа остров и отидоа таму,во меѓувреме нивните родители ги бараат.Но на островот се случува голема љубов.Гледајте го и без зборови ќе останете
Ги изгледав сите 5 делови на twilight сагата. И мене ми се допаѓаат,замислата е одлична.Глумата на Бела е катастрофа невидена ,но во секој дел се подобруваше и разубавуваше по малку.Како и да е изборот на некои глумци беше лош,но имаше и добри. првиот и последниот дел убедливо најдобри им давам 10/10, вториот 7, третиот 6, и четвртиот 8.
Life of Pi [2012] Приказна за необичниот живот на Писин Пател кој преживеал бродолом и го изгубил семејството, меѓутоа силата и вербата во бога го прави истраен и храбар, му дава надеж и поттик да се бори за да преживее. Препуштен сам на себе, на сред океан, под отворено небо, со бенгалски тигар кој истовремено му претставува пријател- но и најголема опасност, оставен на милост и немилост на божјата сила. Неговата животна приказна тој му ја раскажува на еден млад новелист, која ќе му послужи како основа за пишување на книга. Приказната успеа да допре до мене дури и да ме расплаче. Одлични ефекти, прекрасен океански хоризонт, нешто ново и сосема поразлично од она што досега го имам видено. 10/10
Despicable Me 2 Значи дефинитивно нема послатко нешто од овие минионс. Толку интересни, па тоа гласче што имаат...слободно да се опуштиш и да се изнасмееш кога го гледаш цртанов. Интересен во секој случај. 10/10 Frozen (2010) Го најдов случајно па се двоумев дали да го изгледам. И дефинитивно не направив грешка. Дефинитивно вреди да се изгледа. Толку реални сцени...откако го изгледав долго време размислував за тоа што се случи. 10/10
Last Vegas Кој би рекол дека и старциве можат да бидат толку забавни? Одлична комедија, интересна приказна, изборот на актерите е одличен и знам дека филмов нема да го гледам само еднаш