Journey To the center of the Earth Кај мене се обратно,прво го гледав вториот дел па потоа првиот,морам да признаам дека за нијанса повеќе ми се допадна вториот дел,подобри актери,поинтересно но најверојатно затоа што вториот дел го гледав прво. Оценка:9/10 Краток опис Spoiler Тематиката иста како и на вториот дел,пронајдување на нешто што се верува дека не постои,само овој пат тоа е патување до центарот на земјата,каде што вујкото и внукот заедно со девојка водич ќе го најдат тоа место.
Страшно добар филм ( мислам дека Одри Тату нема промашај во нејзините филмови) Филм создаден од две гледишта - гледиштето на Анжелик, млада студентка која е очајно заљубена во кардиологот Љоик, кој е женет и нејзините обиди да го оддели од неговата сопруга; и гледиштето на Љоик- кај кој ситуацијата е сосем различна. Филм кој искрено многу може да ја прикаже параноичната љубов на некои жени и јас сама сум сведок дека вакви жени постојат(со мала фантазија во филмот нормално ) Оцена 9,5/10 оти е на француски за тие што многу не се голем фан на јазикот, но јас гласам 10 оти го обожавам.
Станува збор за двајца странци кои имаат потреба од пари, па затоа иницираат лажна венчавка. Притоа како секоја романтика,се вљубуваат. Оцена-4/10.. Ништо посебно,онака за релаксација на мозокот,во ред е.
Го начекавме на Universal Channel... Junior (1994) http://www.imdb.com/title/tt0110216/ Сигурно повеќето сте го гледале... и јас сум го гледала порано, ама не се сеќавав на поедини делови, а и отпрвин ми се мешаше со Twins каде исто Schwarzenegger и DeVito глумат заедно. Алекс (Schwarzenegger) e научник кој се согласува да биде дел од експеримент за оплодување и тестирање на нов лек кој ги намалува шансите за отфрлање на ембрионот на неговиот пријател Лари (DeVito). На imdb има 4,5 оценка, јас би му дала барем 7/10 бидејќи ми го задржа вниманието, а воедно и на син ми, па поминавме скоро 2 часа во мир .
CAPTAIN PHILLIPS Ми се допадна приказната,многу добро реализирана.Најмногу го изгледав дека е базиран на вистински настан.Одлична глума на Том ,па и на останатите.Препорачувам 9/10
Changeling [2008] Одличен филм на Клинт Иствуд, работен по вистински настан. Одличен актерски тим. Во главната улога е Анџелина Џоли како Кристин Колинс. Заедно со Џон Малкович и Џефри Донован. Дејството се случува во Лос Анџелес, 1928. Многу добро одглумено, Анџелина супер се носи со модата од дваесетите, секој елемент е запазен така што точно и прецизно е доловено тогашното време. Преку овој филм освен што е раскажана животната приказна на Кристин Колинс, всушност е прикажана и состојбата во која се наоѓал обичниот човек, неговата подреденост под гласот на власта и полицијата. Време во кое полицијата вршела корупција и несовесно си ја вршела работата, а секој оној кој се обидувал да зборува против полицијата или да изрази било какво јавно незадоволство бил прогласуван за психички болна особа и ставан во лудница. Низ сето ова поминува и Кристин Колинс, која е самохрана мајка. Иако самохрана, таа сепак одлично се справува со обврските околу нејзиниот син Волтер Колинс, но и на работното место е доста успешна. Еден ден го киднапираат Волтер. После неколку месеци истрага, полицијата наводно го пронаоѓа и и враќа сосема ново дете. Кристин се обидува да им објасни дека тоа не е нејзиниот син и бара од полицијата да ја продолжат истрагата. Полицијата не сака повторно да ја покрене истрагата и не верува во убедувањата на Кристин, бидејќи сметаат дека Волтер веќе е пронајден, по што ја прогласуваат за психички болна и ја ставаат во лудница. Да не откривам повеќе, остатокот погледнете го сами. 10/10
The Counselor Mоја препорака е да не го гледате филмот ако не сакате да изгубите два часа бесцелно и да ве измори буквално секоја сцена во филмот. Oчекував дека ќе е добар филм, ама баш спротивно е еден од полошите кои ги имам гледано, и петката како оценка на имбд му е премногу, јас едвај двојка би му дала. Mислам дека ни режисерот не знае што му значат поголем дел од дијалозите, евентуално само тој и никој друг. Не е финтата ликовите да истргаат филозофии и да водат наизглед којзнае колку паметни дијалози а всушност да нема поента сето тоа. Океј, главниот дел на приказната го разбрав и од трејлерот, ама ништо друго освен тоа. Сцените се нејасни, сецкани, во секоја сцена буквално како нов филм да гледаш, и постојано чекав конечно да се случи расплет и да се објаснат некои работи, а ништо од тоа. Mногу сцени се тукутака снимани, без да се објасни што всушност значат, многу ликови безврска вметнувани. И крајот е глуп, демек Spoiler Mалкина ги среди сите, јас така разбрав, ама на страшно глуп и смешен начин беше тоа прикажано, трагикомично, особено смртта на ликот на Бред Филмот е една голема збрка од почеток до крај. Се чудам како толку познати глумци се во него.
Sorority Row Го имам гледано пред неколку години, кога излезе, а сега го гледав повторно поради тоа што сфатив дека тука глумел симпатијата Julian Morris, на времето не знаев кој е и не сум го перцепирала... Интересен слешер, од типот на I know what you did last summer и Scream. Ако ви се допаднале тие, веројатно ќе ви се допаѓа и овој...
Before midnight(2013) Последниот дел од триологијата, и морам да признаам во првите два уживав, и си имав големи очекувања околу тоа како ќе ја завршат целата приказна.Не очекував дека овој дел вака ќе се одвива, но сепак сметам дека ставија убав крај на триологијава.Повторно убави мисли, убав град и прекрасна сценографија, а за Еthan Hawke и Julie Delpy ич да не зборувам, таква хемија имаат, еден од поомилените филмски парови.8/10
The princess diaries 2 -обичен тинејџерски филм со предвидена режија и очигледен крај.Ама ете не беше лош
The Book Thief Рецензија е дадена неколку пати во темава, па тој дел ќе го прескокнам Во принцип избегнувам историски филмови, не сакам да гледам филмови за војни, но овој ми се допадна. Интересна приказна, иако на моменти ладна и мрачна. Го препорачувам.
Instructions not included (2013) -драма 100/10 Каков филм Препорака! Интересен,смешен,тажен...многу убав.Гледајте го нема да го раскажувам,според сликата се гледа дека се работи за татко и ќерка,ништо повеќе нема да кажам бидејќи вреди да се гледа
Cry Wolf Повеќе е мистерија/трилер, отколку тинејџерски хорор, иако така делува на прв поглед. Одличен филм, неочекуван расплет, на којшто му следуваше уште помалку очекуван и тотално непредвидлив крај. 10-/10 Минусчето поради крајот, кој иако беше маестрален, мене ме изнервира. У секој случај, одлично потрошен саат и пол! + повторно мојот симпатија Julian, иако во филмов уште беше фетус.
Moulin Rouge Не го гледам прв пат, можеби 3-4 и срамота не сум напишала никаква рецензија за најубавиот романтичен филм на сите времиња. Што да кажам.. постојат ли зборови да се опише оваа преубава и тажна приказна. Ме наежи секој момент кога Сатин и Кристијан пееа за љубовта, може да допре до сечие срце.. Никол е извонредна, вистинско совршенство од жена. Што да кажам а да не изгледа премалку, ремек дело од филм. 1000/10.
Frozen Филмов може се вика Frozen, ама мене дефинитивно ме растопи. Преубаво анимирано филмче, уживав во секоја минутка и во секоја песна, топло ви го препорачувам. (Иако ретко кој го нема гледано, каснам јас малку. ) https://www.youtube.com/watch?v=AiLhIqLlXwQ Одлична песна.
What Maisie Knew Одличен филм. Се соживеав со приказната, дефинитивно. Одлично склопена и реалиирана приказна. Филм кој ни покажува дека не секој е роден за да биде родител. Филм за тоа како запоставувањето на детето може да ве одалечи од него. Филм за тоа како некои луѓе и покрај тоа што не се родители, го сакаат детето повеќе од нив, се грижат за него. Александар готово, со филмов уште повеќе ме освои. Абе милина за гледање. Мејси ми беше најсветлата точка на филмов, да ја грабниш и да бегаш. Џулиен Мур иако беше "негативката" во филмов сепак повторно ми се допадна, одлично сработено. Исто така и Марџ ми беше одличен лик. Искрено за крајот да не кажам дека очекував, ама цел филм се надевав дека така ќе заврши и многу ми е мило што се случи тоа. Одличен филм, препорачувам, навистина ме освои. 9/10