Ми се погодија два филма со Анџелина Џоли. Си ја сакам јас типкава, кој што сака нека вика. Префорсирани ѝ се агентските/шпиунските улоги каде ја извештачуваат в крај, ама дека знае да глуми е неспорно. Taking lives (2004) е првиот, и филмов е горе-долу онаа типична улога на Анџелина ко агентка чија способност за судење се губи како што ѝ се развиваат емоциите кон еден лик. Очекував повеќе од приказна која беше опишана како потрага за сериски убиец кој ги презема идентитетите на жртвите кои ги убива, но не добив некоја јака акција. Се обиделе со гор елементи и пресврти, но едниот беше толку лошо предвидлив, што од досада едвај чекав да се открие, а ни другото не беше паѓање на газ. Но, сепак не е некој досаден филм. За едно гледање, супер. Стаклена 7/10. Changeling (200 е веќе друга приказна. Не сакам драми, па затоа и го избегнував филмов толку време, но сум грешела. Ѝ лежат пожртвувани улоги на Анѓата каде што може да изрази емоција, наместо да е досаден, веќе познат шпиун/агент/убиец со смрзната фаца. Филмот е ежење и напнатост до максимум. Корупција, лаги, болка, мајчинска љубов, you name it. Добивав силна желба да го скршам екранот и да ги зашамарам сите т.н. власти што од петни жили се трудат својата неумешност да ја замаскираат со наметнување стравопочит, се надевав со секој повик и се радував на секоја нејзина победа. Не го пропуштајте филмов ако не сте го гледале, 10/10.
American Hustle Ирвинг Росенфилд е човек од доверба, кој заедно со својата заводлива британска партнерка Сидни Просер, е принуден да работи за лудиот ФБИ агент Ричи ДиМасо. Ричи ги втурнува во суровиот, но истовремено и восхитувачки свет на богатите брокери и мафијаши. Десет номинации за Оскар?! You've got to be kidding me! Не дека беше лошо филмчево, Ејми Адамс беше прекрасна, ама како за десет номинации очекував нешто повеќе.
Coraline (2009)- Другарка ми го предложи,сакала уште одамна да го гледа,решивме да го гледаме и не згрешивме.Интересен фантазија филм,базиран на веќе постоечка новела со исто име.Мистериозен,ве навлекува да го гледате понатаму и понатаму,да дознаете како започнало се и како ќе заврши.Поучна приказна за да пазиме што посакуваме,а зошто ќе видите. Препорачувам да го гледате за поука и релаксирање. 9/10
The Wolf of Wall Street Преценет, преценет, преценет! Изгубив прекрасни 3 саати во досадни дијалози и секс сцени вон контрола. Ја разбирам фамата околу филмот : Фантастичниот Леонардо .. нема потреба да се коментира неговата глума, и приказна која е според вистински настан.. што да се бара повеќе, доволно е да му ја дигнат цената до небо. Премногу непотребни сцени уфрлени, на моменти и премногу досаден што ми доаѓаше да го изгаснам.. цело време гледав уште колку има додека да заврши. Искрено љубител сум на вакви филмови, ама некако овде не ми беше се добро вклопено и реализирано.. не заслужува Оскар во никој случај. Леонардо имал далеку подобри улоги, ама овде не ми остави некој wow впечаток. Се на се.. оценка 5/10
What Maisie Knew http://www.imdb.com/title/tt1932767/ Само што го догледав, и морам да кажам дека е филм што длабоко ве допира.. Не е психолошки, или некој тежок филм, но приказната е многу добро осмислена и разработена, и девојчето Мејзи предобро си ја одигра улогата. Ме замисли за тоа каков треба да биде односот со моето дете, во иднина. Го препорачувам на сите кои сакаат да гледаат добар филм! Дефинитивно треба да се изгледа.
American Hustle Супер филмче. Ми се допадна. Одлична приказна има филмов, интересна и ве остава во мала неизвесност до крајот. Ејми Адамс, ПРЕДОБРА Уште еднаш покажа дека е една од најталентираните актерки во Холивуд. Заслужена номинација за Оскар и мислам дека е време да го земи! Кастингот ми се допадна, посебно Кристијан Бејл, одлично сработено. Исто и Бредли и Џенифер ми еба на ниво. За нив немам замерки. Колку и да ми се допадна филмов ќе мора да се согласам со Ана дека за филм со 10 номинации за Оскар очекував барем малку повеќе од понуденото. Се согласувам со отцената на имдб.
12 Years a Slave Не ми се по кеф приказните било да се од Втора Светска Војна или за робови. Кај мене тие будат бес, огорченост и тага. Одлично реализирана приказна. Подобар кастин не можев ни да замислам. Мајкл и глумецот што го портретираше Соломон ми беа предобри. Исто ми се допадна и глумицата што ја играше Патси која мислам дека заслужува Оскар за најдобра споредна улога. Појавата Бенедикт ми беше кратка ама слатка, а онаа на Бред Пит непотребна. Препорачувам 9/10
The Counselor (2013) 3/ 10 Имаше критики дека филмот е без везе, но јас му дадов шанса... Прилично досаден филм со неврзани сцени кои се редеа една по друга... Некако приказната не беше соодветно осмислена. Кога гледаш филм, и кога некој нов лик ќе влезе во некоја сцена, очекуваш подоцна да се случи нешто поврзано со него... Епа овој филм е тотална спротивност, ништо со ништо не се сврзуваше... Непотребно долги дијалози... Глумците ставени веројатно само за да се дигне медиумско влијание, оти имињата звучни, па нешто во стилот, претходните филмови им се добри, е сега тука во еден ги ставиле, мора и овој да е добар! -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- The Wolf of Wall Street (2013) 3/10 Добра приказна, но некако излитена... За овој филм имав впечаток дека има сцени кои се "украдени" од други филмови... Леонардо е навистина фантастичен глумец, и овој филм му лежи. Но, режисерот ја утнал работата, 3 часа за ваква "лимонатка" се премногу. Сето ова би можело да се смести во некои си културни час и половина, без непотребни сцени на расефлање пари, секс и дрога... Имав далеку поголеми очекувања заради оскрарот, Леонардо и празните муабети.
Disconnected Интересна драма за тоа како интернетот влијае во денешните секојдневни односи врз луѓето. Како некој заработува за живот преку интернет работејки нешто нелегално до како најдлабоките тајни ги откриваме пред тотални странци т.е супорт групи, исто и за насилството преку интернет. Интересна приказна која нема никого рамнодушен да остави. Ја препорачувам и се согласувам со оцената на ИМДБ 7.6
10 things i hate about you. Преубаво,емотивно филмче на кое пуштив по неколку солзи. Дефинитивно го зазема местото на мој омилен филм.
Anna Karenina (2012) Иако ја имам дома книгата, сеуште не сум се наканила да ја прочитам. И денес случајно ми текна да го пуштам филмов. Прочитав по интернетов на кратко што се случува. Мене искрено ми се допадна и покрај сите негативни критики. Keira Knightley совршено се вклопи во улогата. Ана Каренина, сопруга на висок руски функционер, јавно ја искажува својата забранета љубов кон грофот Алексеј. Растргната е помеѓу него и нејзиниот син. Знае дека ако замине со Алексеј, нејзиниот сопруг никогаш нема да и дозволи да го види својот син. Ми се допадна приказната на Левин и неговата љубов кон Кити. Прво си помислив "зарем толку брзо ќе се откаже?" Ама после тоа сфатив дека Кити му е мотивација за се што прави. И после долго време, мило ми беше што останаа заедно. Со оглед на тоа што ја немам прочитано книгата, крајот ми беше неочекуван. Дефинитивно мора да ја прочитам книгата за да сфатам подобро. Имаше многу сцени што ми се допаднаа, а оваа е една од нив: 8/10
Јовановска, абе филмов е снимен за човек кој навистина постоел, сето тоа што се случува во него, се случувало и баш токму тие сцени ја доловуваат сликата на неговото расипништво.Ова е биографски филм не лимонатка.Мене ми беше сосем океј, баш ми ја долови таа страна на животот и успехот на типот.И јас го гледам пред некој ден и мене ми беше одличен.Леонардо е одличен актер иако јас лично не го сакам, заслужува оскар конечно. Приказнава мене ме наполни со мотивација и лидерски дух.Јас би му дала 8/10.
Dallas Buyers Club Одличен филм. Еден од најдобрите кои се номинирани за Оскари и кој ги залсужил истите номинации. Метју, браво, ме изненади, одличен беше. Џаред Лето не се ни сомневав во него. Одлична приказна, одлична реализација. Браво. 9/10 Gravity Филмов има дури 10 номинации? WTF? Премногу досаден ми беше, премногу. Дури и тој саат ипол ми се чинеше ко два дена. Слаба приказна, немаше дијалози. Криво ми е шо Сандра Булок и Џорџ Клуни се во главните улоги. Мислам да не еба тие немаше да се крени толкава галама за филмов. Единствени заслужени номинации според мене се тие за визуелните ефекти, другото јок. 4/10- атер за глумците.
1209 јас обожавам биографски филмови, но овој некако не допре до мене... Ја сфатив поентата, пораката и сето тоа, но сепак 3 часа се премногу за ваква тематика. Еве да направам споредба со други филмови во кои глуми Леонардо. На пример Catch Me If You Can е исто така биграфски филм, трае 141 минути и воопшто не е досаден. Се е одлично осмислено, нема непотребни сцени; потоа J. Edgar, каде исто така, тој ја глуми главната улога, и е исто така биографски филм, трае 137 минути и повторно не е досаден... Муабетот ми беше дека во овој филм Лео како и обично одглумил одлично, но сепак режисерот се заборавил со сцените...
Дојде на ред и филмов. Морам да кажам дека мене не ми беше досаден воопшто. Ми летна саат и пол ко ништо. Сандра Булок е одлична. Филмов е само за гледање во кино, одлични визуелни ефекти. На моменти и јас не можев да дишам заедно со неа, можев да ја почувствувам клаустрофобијата. Мене ми се допадна, може и зашто очекував дека ќе биде страшно досаден, па ме изненади. Има 7 од мене.
Изминатава недела гледав голем број филмови,претежно тинејџерски зошто тие се еден вид пооуштени филмови The House Bunny Spoiler Филм каде што една девојка ќе биде „исфрлена“ од куќата на плејбој,па ќе отиде во некое како здружение за девојки каде што целосно ќе ги промени веќе споменати девојки од здружението оцена:8/10 Spiderman 1,2 Spoiler Mислам дека сите знаеме што се работи во филмот,така да нема потреба да пишувам рецензија Lemonade Mouth Spoiler Четворица млади тинејџери се сретнуваат на не толку вообичаен начин,на казнената настава и подоцна форимираат музички бенд кој наскоро станува многу познат.Морам да напоменам дека многу ми се допаѓаат песните во филмов Win a date with Ted Hemilton Spoiler Ted Hemilton e познат глумец кој што се сретнува со т.н победничка на играта освојте состанок со ted hemilton воедно е негова обожавателка исто како и нејзината најдобра другарка но нејзиниот најдобар другар не го поднесува тед затоа што е заљубен во неговата најдобра пријателка Cinderella once upon a song Spoiler Типичена верзија за приказната на пепелашка само тука што повеќе се вклучени музиката и песните.Инаку многу убави песни има во филмов Another cinderella story Spoiler Исто како и во горенаведениот филм,и во оваа верзија е слично истиот концепт за приказната на пепелашка само вклучени се малку повеќе музиката,песните,танц....
Дај препорачајте филм, нешто мистерија, психолошки трилери со елементи на хорор може али не ептен хорор од типот на saw, мразам такви.. Сепак и некои други ако ви се свиѓале, како на пример easy a. имам многу изгледано и неможам да си најдам некој што ми се допаѓа, на темава по пола саат-саат барам и едвај наоѓам некој филм, а сега неможев да најдам, некои ги имам гледано некои не ми се свиѓаат..
од збор до збор она што сакав да кажам!! Instructions Not Included лепота ..нема да пишам плус зборови зошто Солзите беа доволни ,..... 10 е маалаааа оценка за филмчето The family Класика глумци ама децата нешто не ми беа господ знае колку добри у глума ...голем поззз за Роберт и за одличната глума ...и баш се прашувам дали книгата é ја играат во продолжение ...100% сум сигурна дека ке го има Ronin (199 Класика !!! Одлична класика !!! кој не гледал да гледа ..зошто секако е прекрасен
Instructions not included (2013) Шпански филм. Прекрасна приказна, која допира длабоко во срцето, за една нераскинлива врска помеѓу татко и ќерка. Нивните игри, нивниот однос, заедничките моменти, среќа, тага, драма. Иако мајката ја остави ќерката, сепак по неколку години се враќа да ја запознае. Тука започнува кулминацијата во приказната. Крајот нема да го очекувате. Нема да зажалите доколку го погледнете. Топло го препорачувам на сите, и оние тврди глави, ладни срца и мрачни души ќе уживаат. 10/10 Мајката (Џули) е прекрасна глумица! Уживав додека ја гледав, како и Меги. Меги е срце, ќе ви се допадне нејзиниот лик и карактер. Има огромно срце и главче за фантазирање.
The Best Man Holiday (2013) Смеа-солзи-смеа-солзи,филм за радоста,среќата,пријателството,но и за смртта,одамна немам гледано вакво филмче.Се работи за стари пријатели ( сега веќе женети и имаат мали деца) кои се среќаваат во огромната богата куќа кај едниот од нив-рагбиста,се евоцираат спомени (кој со која легнал хехе).Има смешни и тажни моменти. Би го препорачала на секој Оценка: 10/10