Oldboy (2013) Акција -Драма -Мистерија Опседнатост со освета,приказна за еден човек кој си го прокоцкува животот во еден здив. 20 години поминати во самица .Ненадејно е киднапиран и продолжува да дознае која е причината. Мистичен е до самиот крај,ме воодушеви иако замислував поинаков крај. Јас би го оценила 8/10 само ради суровиот крај со керката,верувам на љубителите на ваков жанр ќе им се допадне.
Spoiler Досаден и неинтересен филм. Имав надеж дека правилно ќе го поминам тоа време додека го гледав...ама искрено во ниту еден момент не ми го задржа вниманието.
The Dead Girl Филм кој ја следи судбината на четири жени - уништени од животот, осамени и ја прикажува нивната внатрешна борба, некои од нив успеваат да ја надминат, а некои им се предаваат на лошата судбина.
The butterfly effect(2004) Драма/трилер/сајнс-фикшн/фантазија.Првите триесетина минути од филмот ми беа поприлично тешки, филмот ја има добро познатата тематика за патување во времето, и би рекла дека е еден од култните филмови за тоа, ама нема типична love story.Ештон Катчер во улогава ме изненади пријатно, навистина добро изглуми.Гледам има 4 алтернативни краеви, ама јас овој што го погледнав некако најубаво ми се вклопи со целата приказна, и беше крајно реален. 8/10
Montevideo, vidimo se (2014) 10/ 10 Вчера го гледав во кино и баш ми се допадна. Приказната е интересна, добро го отсликува Балканскиот менталитет, Монтевидео е прикажан на интересен начин, народот таму, целата таа врева и се останато... Фолмот нема потреба да се раскажува, оти би се изгубил шармот на филмот. Имаше смешни моменти, секси сцени, тажни моменти, и целокупниот заклучот, според мене е позитивен. Топло го препорачувам! П.С. Малку надвор од темата, но и за ова да искоментирам. Балканот има многу квалитетни глумци, особено србите, што се докажа и со овој филм. Кога ќе ги споредам со Armand Assante (кој се појавува во филмот), овие Југословенците се фантастични. Дефинитивно цел Hollywood може вода да им носи...
Side effects ( http://www.imdb.com/title/tt2053463/ ) Интересна драма. Се зборува за жена која почнува да посетува психијатар поради депресија. Додека е под терапија го убива својот маж... И тука ќе застанам за да не откријам нешто што не треба
8 мм со другарот Кејџ http://www.imdb.com/title/tt0134273/ **********брутален трелер за судбината на една девојка со сон за Холивуд ...и една старица која сака да ја задоволи правдата за ситуацијата која нејзиниот МАЖ ја направил... 10/10 Виолета, Жоро и аз - БГ ФИЛМ 2012 г Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=JkYL6TD115Q кратка лимунатка со многу зае*анции за една 18 годишна ..таксиста ...и една слободна ПИјана душа со големо срце и забава...дел ос Софија и една убава плажа 8/10
FROZEN и јас како малите деца , мнооогу ми се допадна , ми фалат старите долгометражни цртани добра и поучна приказна Looooved
Хачико Куче од расата Акита кое својот газда (Ричард Гир) секој ден го чека и го испраќа на железничката станица. Леле луѓе, од пола филм се‘ до крајот буквално не престанав да плачам. Се истурив од плачење, ми се пуштија сите носни канали, излечив синуси Преубав филм кој многу ме трогна и ќе ме трогнеше дури и да не беше вистинска приказна. Запознајте се со Џо Блек Смртта (Бред Пит) во тело на човек доаѓа да го земе бизнисменот Бил но бара од него претходно да му направи една мала „туристичка“ тура низ животот. И работите немаше да бидат толку комплицирани ако Смртта не се заљубеше во помалата ќерка на бизнисменов. Убава замисла имале, ама не беше реализирана баш најдобро и имам две причини за тоа. Првата е дека тие три часа можеле да ги згмечат во максимум 2. Предолг е филмот, предолг, а приказната па како се тегне ехеееееееее како црево. И кога се случува нешто драматично, или кога некој кажува нешто драматично, ги даваат лицата на сите присутни во сцената како во индиска серија И второ, на крајот му фалеше нешто. Откако ќе го гледате филмот, отворете го спојлеров, зашто ќе ви го расипам вака. Spoiler Никој не виде кај е Бил т.е. (претпоставувам) телото негово, сите некако заборавија на него, а пред тоа беа испревозбудени зашто му го слават роденденот. И не ми се бендиса крајот, сакав потажно да заврши. Вака се‘ во филмов ми падна во вода и ми се претвори во романтична лимонатка. And, believe me, не постои лимонатка која трае три часа.
Law Abiding Citizen Неговите жена и ќерка ќе бидат убиени пред неговите очи, соочен со неправдата за казната на извршителите на злосторството после 10 години тој е спреман за освета. Многу многу јак филм.
Thunderstruck Онака тинејџерско филмче кое го начекав на ХБО. Не беше лошо, баш онака за опуштање. Типично тинејџерска приказна за Брајан кој не го бидува за кошарка. После промашениот шут од центар на мечот во кој главна ѕвезда е Кевин Дуран, тој се разочарува. Кевин во тој момент му ја потпишува топката и некако талентот се префрла на Брајан. Натаму гледајте, ако сте тинејџерка би ви се допаднал. Мене не ми беше лош. 5/10
Имдб 8/10? Сериозно? Филмов е... Не знам кој толку многу ми ги крена очекувањата, ама сериозно ме исфрустрира додека го гледав. Приказната ми беше... онака, ликовите ми беа... онака, песните ми беа... онака. Како целина, а и по делови, воопшто не ми се допадна. Ми се случува да си се поврзам со ликовите, посебно кај анимираните филмови, секогаш допираат некоја емотивна точка, но Frozen ме остави баш frozen. Би ја ставиле Мерида над Елса или Ана од секој можен аспект. Да не му правам воопшто споредба со било кој од филмовите на Мијазаки. Се извинувам вака, ама филмов ми беше едноставно, разочарување.
Tristan+Isolde(2006) Приказната е општо позната, лично една од моите омилени, ама филмов можам да кажам дека е подеднакво добар.Ми се допадна целата актерска екипа, посебно нели James Franco Ја сакам британската култура и навистина ми се допадна филмот, убаво беше разработена тематиката, солидна глума. 8/10
Philomena британско-американско-франциска копродукција, драма/ комедија снимена според книга и вистинска приказна. Mартин Cикссмит е новинар кој ја изгубил својата работа како владин советник за односи со јавност и на една забава му приоѓа ќерката на филомена ли. девојката му предлага на Mартин да ја објави приказната на нејзината мајка која многу одамна била принудена да се откаже од својот син Aнтони. иако на почетокот новинарот не е заинтересиран за работа на ваков тип на новинарски стории сепак подоцна прифаќа да се сретне со филомена и започнува потрагата по синот на филомена. филмот имаше повеќе номинации за Oскар, доби награди на филмските фестивали во Tоронто и венеција. Frida ( 2002) Oдличен филм за животот на позната сликарка со Cелма Xајек во улогата на Kало. Филмот има одлична нарација, Кало интересен живот и уште поинтересно творештво а Хајек е фантастична глумица. Како се здобила со физичкиот хендикеп, релациите со татко и, животот со Диего Ривера, аферата со Троцки..
The Encounter Неколку непознати луѓе поради лошото невреме мораат да ја поминат ноќта во еден ресторан покрај патот. Бидејќи патот е затворен тие остануваат и имаат средба со еден интересен човек кој ќе им ја одреди нивната судбина. Многу многу убав филм. еве го на youtube го има цел филм со превод http://www.youtube.com/watch?v=K3TZ3W7n2zw
The Purge Солично трилерче. На почетокот ми беше досадно, ама подоцна стана интересно. Нова идеја, одлична ми беше, се работи за т.н. "чистење" кое се случува еднаш годишно и тој ден секаков криминал е дозволен, па дури и убиства, додека останатите денови од годината е мирно. Можеле малку понапнато да го направат, очекував поголема тензија и насилство, но ајде, ќе помини и вака. Крајот ми беше ОК. 6,4/10
Вчера го гледав филмов на фокс лајф. Mermaids/ Сирени Добро филмче, колку за релаксација. Нема некоја посебна приказна, обичен филм за секојдневен живот и проблеми. Мајката ми беше интересна, убав стил има а и филмов е стар. Шер е мајката, ете сега видов на интернет, затоа ми беше толку позната. Шарлот ми беше прекрасна. Прв пат гледам филм со таа глумица, едноставно прекрасна беше. Шарлот не ја сака воопшто мајка и и смета дека е лоша мајка. Таа е многу религиозна а мајка и ја исмева за тоа. Шарлот има некои чудни сфаќања, едно од тие беше дека може да забремени од бакнеж. Тие ретко и разговараат, тоа го направи филмот поинтересен. Не ми беше досаден воопште. Само крајот да беше малку подобар ќе беше океј. Кој сака да го гледа, денес игра повторно на Fox Life, во 22:40.
My fake fiancé. Spoiler Се запознаваат на свадна кај другарка ѝ. Тој му должи пари на некој си The Monkey. Не се сакаат, но одлучуваат да се свршат. Демек нешто пари се добивало и подароци. Парите за него, подароците за неа бидејќи била ограбена и нема мебел и сл. Нејзините и тој Манки дознаваат и ги тераат да се венчаат. Сестра ѝ прави сообраќајна несреќа, па децата престојуваат со Кортни и вереникот. Тие полека се засакуваат. Доаѓа свадбата и тие среќни се венчаваат. Оцена: 8/10