127 hours(2010) Драма базирана на вистинска приказна за човек кој што ќе се заглави помеѓу карпи на пусто место.Филмот ме воодушеви, можеби малку споро почнува на почетокот, ама понатака ме остави без зборови, дури на моменти ме вознемири, ја почуствував клаустрофобичноста.Ме интригираше фактот што е базирано на вистинска приказна и фактот што човекот имал толкава желба да преживее.James Franco во улогава беше неверојатен, предобро изглумено. 8/10
Delivery Man (2013) скоро 600 деца а забавата е само со едвам 20 ... од доброштина што правел заборавија да кажат зош е дужен скроз на скроз!! 2/10 е мојта оценка не ми беше ама ништо посебен .. само да е жив и здрав адвокатчето -пријателче зош за него го дадов 2 позитивниии
It's kind of a funny story Момче кое е во депресија сака да изврши самоубиство но место тоа оди во болница за душевно болни каде останува 5 дена и запознава личности кои ќе му го сменат погледот кон животот. Го препорачувам. Оценка нема да дадам, не ме бива во оценување филмови, но да, го препорачувам.
Stardust (2007) Си сакам вакви авантуристички бајки,а ова филмче е прилично добро.Приказната има добри заплети што ги немам видено,се разбира дека си има магиски делови,принцови и принцези,ама зачинета со одлична доза на хумор и убава романса. Секако и крајот е предвидлив,ама убаво е некогаш да се опуштиш со интересна лимонатка Роберт Де Ниро ми беше право освежување,не очекував да го видам во улога на геј капетан на цепелин што собира молњи Мишел Фајфер си е одлична како и секогаш,исто и главната улога на Клер беше солидна. Убаво филмче,би му дала 9/10.
Најпрво ке започнам со It's Kind of a Funny Story , горе некој го имаше споменато филмот, па да го гледам.. ии Не! Воопшто не ми се допадна, не знам дали дека не е мој ''тип'' на филмови ама не, никаков ми беше. Детиште кое не знае што сака и нема фатено гз па сака да се убива и тоа во сон! Глупости 1/10 Вториот филм кој го гледав и не ми беше јасно како сум можела да го прескокнам, Babel Драма, преубав филм, мислев дека за 2 секунди ми помина времето додека го гледав, :up: 10/10 Со Бред Пит и Кејт Бланшет, трагедија која се случува во пустина во Мароко, т.е за 4 посебни фамилии се зборува во цел филм. Третиот Delivery Man, комедија, баш ми беше симпатична комедијава 9/10. Човеков бајааги д*кал, мастурбирање на сите страни,па оставил во клиника 533 шишенца сперма, и нормално 533 деца има за кои не ни знаел се додека сите тие не сакаат да научат кој е нивниот татко, кој спермата ја потпишал под името Старбакс..
Unborn http://ia.media-imdb.com/images/M/M...ZTcwNTMyNjkxMg@@._V1_SY317_CR0,0,214,317_.jpg Oва е последниот филм што го имам гледано. Беше интересен и страшен на неколку момнети мислев срцето ке ми застанеше. Најакиот филм што ми има оставено впечаток е Project x и исто така Tres metros sobre el cielo. Ги имам гледано може 5 пати
Pathology Не знам како да ја скоцкам содржината,а да не откријам повеќе отколку што треба за филмов. Се работи за млад доктор кој ја менува работната средина при што (за да се вклопи во новата) влегува во играта на новите колеги. Тие всушност се натпреваруваат кој од нив би можел да направи совршено убиство. Интересен. Го препорачувам
What's your number Станува збор за девојка, која по прочитана статија дека девојките после 19тиот сексуалне партнер остануваат немажени, ја започнува својата потрага по своите бивши. Потрагата ја започнува со надеж дека еден од нив би можел да биде нејзин потенцијален животен партнер. Филм без посебна порака, добар за релаксација на мозокот. 6/10
Иако е со актер кој ми е многу антипатичен,ми се допадна филмот. Целата содржина е океј.Прво ми делуваше како типичен тинејџерски филм,ама имаше непредвидлив крај. Лајк ит. :up: 9/10
Топли тела http://www.youtube.com/watch?v=07s-cNFffDM Работава - забрањена љубав Нешто од типот на Твјалајт, ама со подобра глума. Зомби спасува една цура, па проработува хемија меѓу двајцава и типов, да речеме, „се враќа од мртвите“. Една сцена ептен ми се допадна кога еден од зомбиве ќе ја забележи фотографијата каде двајца се држат за раце. Фино филмче. Не беше да паднеш во несвест, ама ми го задржа вниманието. И аман конечно еднаш главниот машки лик да не е некој убитачно убав тип! Конечно! Глумицава е преслатка Барајќи ја Недојдија Конечно го гледав филмот кој стои зад сликата која толку ја истролаа по социјалните мрежи (онаа со Џони Деп и тажното детенце). Приказна за авторот на Петар Пан и за семејството кое го инспирирало да ја скрои целата приказна. Филмот е преубав. Сигурна сум дека сте го гледале цртанот, па ќе најдете еден куп референци и еден куп работи ќе ви се поклопуваат. Џони Деп, Кејт Винслет, Дастин Хофман. Актерскава екипа е феноменална, просто немам зборови. Впрочем, никогаш не сум гледала лош филм во кој играл Џони Деп. Го препорачувам да го гледате и, верувајте, после филмов онаа слика повеќе нема да ви биде смешна.
Freaky Friday Утринава си станав порано и имав желба за тинејџерско филмче. пребарав по нет и видов дека ова го немам гледано. Интересно ми беше, баш тинејџерско. Сум кажала и ќе кажам дека мене Линди Лохан ми е талентирана актерка, баш одлично ми глуми. Интересна приказна, слична на Хот Чик. Имаше многу смешни моменти филмов. Мајка и ќерка кои не се согласуваат баш најдобро за време на вечера во кинески ресторан си ги заменуваат телата. Натаму гледајте, ако сте тинејџерка секако ќе ви се допадни. 6,7/10
Blue Jasmine (2013) Еден од полошите филмови што сум ги гледала. Случајно го имав ставено на watch later и според trailer-от интересно ми изледаше ама далеку од тоа е. Жена се преселува кај својата сестра после скандалозниот развод. Навикната е на луксуз, а го добива спротивното. Обидувајќи се да најде маж што ќе ја извлече од ситуацијата, се состанува со неколку ама со ниту еден не и успева. Приказната е добра ама не ми се допадна како е обработена, а ни глумците не се нешто посебно. Баш се зачудив што има оцена 7/10. Јас би му дала 3.
Јас последно го гледав Вероника Марс http://www.imdb.com/title/tt2771372/ Го чекав со душа и ми ја исполни душава. Не знам колку од вас ја имаат гледано серијата, ама јас ја гледав и ми е меѓу топ 5 серии.Ја прекинаа и ме оставија со безброј прашалници, па филмов беше една убава завршница. За оние кои ја немаат гледано серијава рецензија на филмот:Вероника Марс завршува со своите студии и добива понуда за работа во позната фирма во Њујорк.Во меѓувреме дознава дека нејзината младешка љубов е обвинет за убиство на својата девојка.Таа верува дека тој не е виновен и се враќа во своето родно место за да му помогне, притоа се гледа со своите некогашни пријатели и сфаќа колку многу и недостига работата како детектив. Филмов не беше нешто ептен добар, но мене ми беше мил и пријатен за гледање, баш онака како што очекував да биде.Не е подобар од серијата, ама го има нејзиниот шарм. Крисен Бел за мене е предобра актерка и иако овде е многу постара отколку во серијава не ми ја има изгубено нејзината убавина и шарм.Исто и останатата актерска екипа. За мене таа како Вероника Марс и Џејсон Доринг како Логан ми се еден од најубавите парови од серии и филм, имаат неверојатна хемија, а тој ми е да го грабнеш и бегаш. Иако оценката на имдб му е ниска(веројатно поради високите очекувања покрај серијава).Јас би му дала 8,5/10 Патем кој ја нема гледано серијава обавезно да ја гледа, значи тоа е нешто кое не смеете да го испуштите.
Од цела агонија , од сите убиства , од сите неправди и од цела гадотија што ја носи секоја војна ....Лизел наоѓа утеха , во книгите и тоа крадејќи ги.Интересен лик , преполна со храброст во себе си , упорност , љубов ...На моемнти ќе ве наежи , емотивен и интересен , го препорачувам.
This means war Одлична комедија. Се работи за двајца најдобри пријатели кои работат во ЦИА како тајни агенти. Случајно се запознаваат со иста девојка и кога ќе дознаат дека излегува со двајцата се договараат да продолжат да се гледаат со неа без да и кажат дека знаат. Оставаат да видат кого ќе го одбере со неколку правила кои баш и нема да ги следат Интересно филмче мене многу ми се допадна кој е за добра комедија нека го погледне нема да зажали
Znaci uzivam vo romanticni filmovi i trileri ama veke ne znam sto da gledam , nemozam da si najdam dobar film!! Ke mi ponudite nekoja romantika (po moznost so ubavi glumci i ponov) ili nekoe filmce so misterii (isto ponovo)
Напад на ајкули во Малибу Многу интересен филм се одвива мислам на еден океан и изјавуваат вобредна состојба дека наидува осека и сите се разбегуваат. Остануваат само спасилтелите во една куќичка на плажата кога наидуваат многу ајкули и почнуваат да ги напаѓаат...Филмот навистина привлекува внимание и вреди да се погледне има многу поучна содржина ...
Snowpiercer Во иднина, експеримент против глобалното затоплување резлутира со огромна катастрофа, и скоро цело човештво е истребено. Оние малку преживеани, се наоѓаат на Snowpiercer, воз кој патува околу светот. Оние од најниската класа започнуваат револуција за да стават крај на тиранијата која владее во возот. Колку повеќе се доближуваат до нивната цел, толку повеќе станува јасно дека ништо не е едноставно како што изгледа, и суровата вистина за опстанокот на човештвото излегува на виделина Филмот е прекрасно метафорично претставување на човештвото. Snowpiercer претставува микрокосмос на нашето општество. Целото патување од опашката на возот до неговата локомотива е една метафорична претстава за човечката еволуција. Иако сосема различен кинематографски стил, мене многу ме потсети на V for Vendetta, веројатно поради тематиката. Освежување од типичните холивудски лимонади. Напомена: 1. Филмот не е холивудска продукција туку Корејска, и тоа многу брзо се препознава, не очекувајте кинематографски квалитет ала холивуд. 2. Ако сакате филм кој повеќе се посветува на ликовите и нивните приказни, баталете, бидејки ликовите во филмот служат само како алатки кои треба да ја претстават целата слика, а не протагонисти и антагонисти за кои ќе навиваме и ќе се соживуваме. 10/10 http://www.imdb.com/title/tt1706620/