The right kind of wrong (Романтична комедија) Лео ,мијач на садови и несуден писател станува познат по блогот и книгата на неговата бивша жена каде пишува за сите негови недостатоци и глупости. ( Иначе книгата се вика "Why You Suck"). Но Лео се заљубува во жената од неговите соништа токму на денот на нејзината венчавка. И тука почнува приказната, Лео сака да ја освои Колет па дури и го пребродува стравот од височина...
Beneath the blue Глупости од филм,ми се смачи веќе од ваква режија-се едно исто. Се зборува за дечко кој ја запознава главната улога-девојката.Се иде добро,романтика,она,ова ама дечкото бил на некој начин непријател на семејството на девојката и тој само ја искористувал.И сега тој и при тоа што е принуден да го работи тоа тој се заљубува во неа и на крајот нема да биде од страна на непријателите туку ке се сврти од страна на семејството. Веќе познато,така? Единствена разлика е што се разботи тука за делфини,ама сепак многу досаден,веќе виден филм. 4/10
Монте Карло Селена Гомез во главна улога.Да не пишувам долго еве ви трејлер http://www.youtube.com/watch?v=Rxm_bVVhbr8 Кога ќе и го превземите идентитетот на некоја која личи на вас
Delivery Man(2013) Приказната е по малку смотана, еден човек донирал сперма во клиника, која всушност била постојано користена и има 533 деца.Но, всушност навистина многу ми се допадна филмот.Не е толку глупав, колку што изгледа на прв поглед, дури и на моменти си пуштив по некоја солза.Vince Vaughn солидно глумеше, и убаво ги долови емоциите.Фина драма, ја препорачувам 7/10
Breakfast at Tiffany's (1961) Го немав гледано до сега. Евергрин филм Нема поубава жена од Audrey Hepburn според мене. Пример за убавина, стил, едноставност. И во чаршав да е облечена и без шминка и разбушавена, пак е најубава. Класика од филм, но мене лично не ми се допаѓаат многу овој тип на филмови... И да, ја обожавам песната од филмот - Moon River Препорачувам доколку сакате стари класици од овој тип.. The Painted Veil (2006) За мене, НАЈУБАВИОТ љубовен филм што сум го гледала, и не верувам дека ќе има подобар. Обично за секој нов филм што ќе го гледам и што ќе ми се допадне ептен велам дека е најдобриот филм што сум го гледала но не и за овој. Овој ќе ми остане број 1 дооолго време, знам. Не сум под скори импресии, веќе 1 месец од кога го гледав и уште ме држи. И би го гледала уште многу пати. Реален филм, со многу многу длабока љубовна филозофија. Незнам зошто толку време го одбегнував. После филмов, Едвард Нортон ми е новата љубов од познативе, а неверојатно но вистинито, Џони Деп е на второ место. Едвард <3 Препорачувам! 10+++/10 About Time (2013) Прекрасен филм. Поучен. Многу поучен. Уживав во секоја секунда. Рејчел ми е меѓу омилените глумици, природна и едноставно зрачи.. сите филмови што сум ги гледала со неа се од овој тип љубовни и баш и одговараат ваквите улоги. Многу јасно дека е поубава од глумецот во филмот, но сепак мислам на крајот супер се споија. Препорачувам! 10/10
Grave Encounters Солидно хорорче. Веќе видена техника и онака, добра приказна. Група на луѓе одат да истражуваат места(во овој случај психијатриска болница) на кои тие мислат дека има паранормални активности и притоа се снимаат сами. Ептен слично на Паранормална Активност, само шо овај филм за нијанса беше пострашен. Немаше кизнај колку страшни сцени, повеќето беа онака, просечни, а некои ми беа и малку досадни. Крајот не ми беше баш по кеф, ама ајде барем ме здрма малку. Не е најстрашниот филм или пак некој премногу страшен, ама мислам дека на сите љубители на хорори ќе им се допадне. 6/10 Гледам има и втор дел, па можеби и ќе го погледнам.
Frozen (2013) Решив да го гледам само затоа што сите зборуваат за филмов, односно цртанов. Гледам и темава скоро цела испишана беше со постови токму за него. Искрено, ништо посебно. Јас сум навикната на еден друг концепт на Дизни цртаните. Штознам, некако просечно, ми нема некоја оригинална идеја, не е тоа, тоа, веќе видено, веќе слушнато, како недоработено... Се' на се' ништо воодушевувачки. Единствено снешкото (го заборавив како се викаше) малку од малку ми беше интересен ама и тоа некако како мутаво направено, недоработено. Сум гледала многу поубави цртани кои пак не биле од некоја позната продукција. Од Дизни очекувам само највисок квалитет и ништо подоле од тоа. И ден, денеска можам да седнам да ги гледам старите цртани од Дизни и мислам дека никогаш нема да ми здосадат. Па и за волја на вистината и поновите цртани им се убави и оригинални, ама овој не. Прва утка им е, ама ајде секој греши.
The Best Offer Најдобар филм што го имам гледано во последно време. За љубителите на мистериозни филмови, одвај чекаш да дознаеш што ќе се случи, едноставно филмов не те остава да здивнеш и секако непредвидлив крај. Не сакав да го објаснувам да не се изгуби поентата на филмот. Јас на крајот останав запрепастена. Секоја чест Оценка: 9/10
Motocrossed (2001) Интересно филмче. Една млада млада девојка,со љубов кон моторите,ќе се претставува како нејзиниот брат близнак,кој поради повреда на својата нога не може да се натпреварува.Таа победува на натпреварот и во меѓувреме го запознава момчето кое исто така освојува на неколку трки. 9/10
Tyler's temptation- Мажена жена се заљубува во инвеститор кој започнува работа во фирмата каде таа работи. Во текот на филмот се гледаат знаците на менување на личноста која е склона на неверство и знаците по кои неверството се познава. Многу глупава грешка што ќе си го остави мажот и, па ќе се сплетка со богаташот патем ќе си закачи СИДА. Многу поучен филмот. The touristНе знам како порано не сум гледала толку фантастичен филм. Многу ми се допаднаа и Анџелина Џоли и Џони Деп. Маж и жена се сретнуваат во воз и тој се заљубува во неа. Меѓутоа тој не знае дека е дел од еден план. Набрзо во Венеција почнуваат да го бркаат навооружани момци и тој бега по покривите на куќите. Акција и романтика The man who cried Со Џони Деп и Кристина Ричи во главна улога. Времето е пред Втората Светска Војна. Таа е Еврејка тој Циган, двајцата се надеваат дека животот ќе им биде подобар, но почнува војната и таа мора да замине во Америка каде конечно ќе го најде татко и
Prisoners- Добар трилер, ми се допадна, посебно Hugh Jackman во улога на татко и Jake Gyllenhaal во улога на детектив. Двајцата фантастично ги одиграа своите улоги, Hugh покажа колкава може да биде љубовта и пожртвуваноста на еден татко за своето дете, а Jake не можеше, а да не ги помеша своите чувства во случајот кој го доби. Само мислам дека кога би бил помистериозен филмот би бил поинтересен, на пример да се употребеше лавиринтот во потрагата по девојчињата, на крајот да го покажаа и таткото, баш ме наежи сцената на крајот кога тој свиреше со свирчето, му беше сламка за спас.
Frozen (го пишувам коментарот дур си ја Слушам ХЕПИ Pharrell Williams - Happy, мојата Оскаровско победничка песна) Леле ич, ама ич не е интересен филмов, без поента што има убаво? Spoiler 2 сестри, една има моќ да заледува свашта, ја тураат у соба 20 год, излага го заледува замокот по грешка, бега по своја воља и другава ја бара и иде да ја наговори да се врати Па ај да беше поинтересно смислено, ама јок. А ни песната што зема оскар не е нешто убава ај 5/10, толку од мене, Дизни благо ме разочара
Knocked up Чудно како не сум го гледала досега.Добра комедија,со одлични глумци што си ја знаат работата.Содржината не е ништо непознато,но сепак имаше интересни моменти и смешни дијалози.Можеби малку предолг,но брзо поминува времето. ОВа: Marriage is like a tense, unfunny version of Everybody Loves Raymond, only it doesn't last 22 minutes. It lasts forever. 7/10
The Spectacular Now (2013) Животната филозофија на еден средношколец се менува кога ќе запознае една "нетипична" девојка. Искрено, приказната е добра ама останав рамнодушна низ цел филм. Не ми побуди никакви емоции, освен што ми беше досадно на моменти. Сценариото е премногу едноставно... Ама ај, добар е за тепање време. 5/10
Paranormal Activity- The marked ones Овој дел ми е најдобар. Се мислев дали да го гледам, ми изгледаше многу страшен. Го изгледав, не го препорачувам на некои со слабо срце. Некаде до 40 минути е онака, релаксација, ама послее.. Страшен е, нај страшен до сега од паранормал активити. Ви го препорачувам. 10/10 Spoiler Jesse begins experiencing a number of disturbing and unexplainable things after the death of his neighbor. As he investigates, it isn't long before Jessie finds he's been marked for possession by a malevolent demonic entity, and it's only a matter of time before he is completely under its control... Spoiler Срцето ми застана..
300: Rise of an Empire 3D Прво, малку беше нејасно на почетокот од каде почнува дејствието. По некоја логика си мислевме дека продолжува од настаните со кои заврши првиот дел, ама не беше така. Малку се навратија назад. Многу крв, многу насилство, дури премногу. Па и дека 3D, на моменти глава ме болеше од толку крв на сите страни. Некако му фалеа настани надвор од воениот фронт. Се што видов беше немилосрдно убивање.
Има повеќе, ама овие се најпоследни. The Wolf of Wall street Не е толку лош филмот како што мислев дека ќе е, но ниту толку добар, а за чудо за филмот или многу позитивни или многу негативни критики можеш да прочиташ. Не е најдобро дело ни на Лео, ни на Скорцезе. Глумата на Лео беше одлична, ликот беше одлично доловен но можеби затоа што во неговата биографија има многу подобри филмови и улоги, па ова не е нешто посебно во таа смисла. Забавен е, има интересни сцени, но ништо повеќе од тоа. Друго, филмот може би ми оставил многу подобар впечаток да е саат ипол или максимум два саата, за ваков филм три саата е премногу, не сум прва што мисли дека има многу непотребни сцени и тоа ми го руши уствари филмот највеќе. Исто и секс сцените и оние со дрога ми беа некако одвратни, ама поради тоа што филмот е според автобиографија тоа е неизбежно. Џона Хил ме нервираше до бескрај, дали ликот а и актерот не го поднесувам. А и што толку добро изглуми да добие факинг номинација за оскар , го гледав и Rush претходно. И да го ставиш Џона пред Даниел Брул за оскар е нонсенс. The Machinist Психолошки трилер за човек кој не спиел цела година и почнува да не разликува што е реалност. Мава на психа филмот, и глумата на Кристијан Бејл е предобра (колку ослабнал за филмот ).
Remember Sunday. Една келнерка се запознава случајно со згоден продавач на дијаманти кој има проблеми со памтењето за кои таа не знае. Тој секој ден ја сретнува и повторно се заљубува со неа иако утрото кога ке се разбуди не се сеќава на ништо од претходниот ден.
Monte Carlo (2011) На сите ни е добро позната содржината. Многу убаво филмче.Добра глума,убави сцени и добро уловена убавината на Париз. Потоа и Монте Карло. Филм за опуштање. 10/10
Warm Bodies Знаев што да очекувам од филмчево Глумците не ми беа познати,ама добро си ја завршиле работата.Приказната солидна,зомби апокалипса,љубов и момци што ги бркаат лешевите Малку пребавно се одвиваше се,според мене можеле повеќе акција да вметнат,но не беше лош воопшто. 8/10