The Legend of Hercules (2014) Хмм... Онака, просечно. Очекував многу, многу повеќе. Приказната беше ајде да речам ок, ама целиот филм многу нискобуџетно направен. Јас не се разбирам многу од стручниот дел во филмовите ама доволно е да го гледаш филмов за да забележиш дека сите сцени се во студио снимани. На многу сцени "апла" се гледа дека е студио. Знам дека сите филмови се снимаат во студио, да, ама на ни еден филм нема шанси да се забележи. Таков пропуст не смее да се случи. За разлика од други филмови со ваква историска тематика, како Троја, Гладијатор, па и филмот за нашиот Аце, овој си нема врска и не може ни на една секунда да се спореди со нив, ни во глума, ни во стручен дел, ни во сценографија, ни во костимографија, во ништо. Може само вода да им носи. Тие филмови ме внесувале во тоа време, како таму да сум, сум се соживувала со приказната, а овој дури на момент нервоза да те фати што воопшто е споредуван со нив. На IMDb има рејтинг 4,2, јас му давам 5/10 само за глумецот.
Прво и благодарам на Vikica.cuci што го спомена филмов во темава бидејќи стварно е царски филм. Обожавам романтични комедии иако не сум многу по комедии.Филмов ми докажа дека постојат филмови кои се добро осмислени од крај до почеток.Навистина смешен воедно и прекрасен филм за кој вреди да се одвои саат ипол. 10/10 !
Оваа вечер ми беше муви најт Temptation: Confessions of a Marriage Counselor Oвој филм го изгледав само заради најпозитивните критики тука на темава, и навистина можам да кажам дека вреди да се гледа и дека носи една многу силна порака. Можеби не е со некоја јака актерска екипа, но сепак мислам дека кој и да го изгледа нема да остане рамнодушен на целата приказна. 10/10 Hachiko a dog's story Не можам да си опростам што не ми беше гледан овој филм, а знев за филмот, за приказната во филмот и за тоа колку е добар. Верувам дека ви е гледан на повеќето од вас , се работи за куче кое и после смртта на неговиот газда продолжува да го чека на станица како што правеше и додека беше жив. Еве да кажам. не останав имуна - се убив од плачење и дури и ми се плачи и кога ќе се сетам на сцени од филмот . 10/10
The Tourist - со Џони Деп и Анџелина Џоли, а дејството е сместено во еден од најубавите градови на светот - Венеција. Не знам како до сега не сум го гледала филмов, а многу пати читав добри критики за истиот. Ептен ми се допадна, и го препорачувам. Убавината на Венеција плени, сцените се прекрасни, а Анџелина едноставно блеска во главната улога. Висока 8/10 од мене
Letter to Juliet Шејм он ми, го немав гледано филмот. Кога видов трејлер ми изгледаше како некоја излитена романтика, со глупава содржина, а нај смешно е што мислев дека е за Ромео и Јулија. Седнав една вечер, скептик бев, ама го пуштив. На почетокот ми беше страшно досаден, ќе го ислкучев. И ајде уште малку, уште малку и го догледав до крај. Некако дејството беше развелечено, тие требаше да бидат заедно или барем да се заљубеа уште од почетокот, како љубов на прв поглед. Ми се допадна, солиден филм. Глупаво заврши само. Инаку така ми го задржа вниманието. Го изгледав без никакви емоции. Само поради тоа му давам и ниска оцена. 5/10
Texas Chainsaw 3D Како за релаксирачко хорор филмче е океј. Но, незадоволителен од аспект на развој на приказна и број на жртви, што е карактеристика за ваквите филмови. Нема ни Т од Тексас, исто така нешто карактеристично за овој филм, ја нема таа претпознатлива атмосфера. И имаше ненормални пропусти и преглуп пресврт. Претпоставувам сакале да избегаат од шаблонот, но класика си е класика, немале потреба да го уништат овој филм со толку глупа промена на настаните. Едноставно како да му фалеше уште нешто, се се случи премногу брзо... Има солидни ефекти, крвави сцени и слични такви детали што ако ништо друго го прави просечен и фин за гледање со друштво...
Curse of Chucky Очекував хорор, добив нешто сосема различно, само не хорор. Прави глупости. Досаден филм, премногу брзо беше се'. Очекував повеќе од филмот, фан сум на хорори ама од ова ни Х нема. Приказната ја знаете сите, нема потреба што да кажам, освен тоа што сум крајно разочарана. 3/10 Му давам 3, поради тие неколку секунди на страв што ги почувствував. The Girl Next Door Интересен филм. Ми го задржа вниманието до самиот крај и го изгледав во еден здив. Имаше некои досадни моменти, но сепак солиден. Лимонатка филмче, повеќе за релаксација. 6/10
Brothers 2009 Солидна драма. Ми се допадна, Одлична приказна која мислам дека можеле многу подобро да ја реализираат покрај вака одлични глумци и да ја направат по драматична. Натали Портман си ја сакам многу, лепотица ми е права, а и одлично глуми. Во филмов ми беше малку млака и бледа со нејзината глума, можела таа и многу подобро од ова. Џек, мажиште и оидличен актер, а Тоби пријатно ме изненади. Буди чувства филмов, добра драма, но како што кажав, со оваа приказна можеле и малку подраматичен и постресен да го направат. Како и да е ми се допадна филмов. Од мене има цврста 7ца. Препорачувам.
Silent Night Не очекував многу од филмов, ми звучеше доста инфантилно со сериски убиец преправен во Дедо Мраз, а го спуштив само поради Џејми Кинг. Но, испадна многу јак, бруталности на ниво, не очекував толку, црн хумор...и Џејми е преталентирана глумица. Добар... Chernobyl Diaries И од овој не очекував многу, но ептен е напнат и интересен. Насловот кажува доста, друштво американчиња одат во Припјат и после секако ќе зажалат што отишле. Језив и доста напнат, како што кажав...
A walk to remember http://www.imdb.com/title/tt0281358/ Искрено, не знам зашто толку го величат филмов, и на скоро сите женски им е омилен.Лимонада, би рекла.Добар е за опуштање но не би трошела пак време на него, не ни ми побуди некои емоции. 5/10
Carrie (1976) ОуууКеј. Ова беше првата слика што се покажа на чичко Гугл. Немам таков желудник да барам друга слика. У ствари, јас немав желудник да го догледам филмот до крај. Онака со ѕиркање го гледав. Едноставно не сум јас за вакви филмови и точка. На повеќето сигурно им бил дааалеку од хорор. Ама само знам дека мене ноќеска тешко ќе ми биде да заспијам.
Brokeback Mountain Одамна ми се моткаше филмов по компјутеров, па си реков ај да го изгледам. Филм со фина, топла приказна која е по малку геј, но пред се за љубовта. Малку ми траеше долго, ама добар беше. Хит Леџер, одличен глумец, одлично сработено, а истото можам да го кажам и за Џек. Љубовна драма за двајца мажи кои се заљубуваат ненадејно иако и двајцата се стрејт. Изгледајте го, добар е. Од мене има 7.
Знаејќи ја приказнава, сеуште не сум се наканила да го гледам. Се мислам дека ќе ми се смени сликата за Леџер...
^^^ Да си го гледаш, одличен филм е со предобра глума. Леџер беше предобар глумец, а тоа и го покажува во филмов. Така да, гледај го, нема да се разочараш, напротив.
The Bourne Identity, The Bourne Supremacy, The Bourne Ultimatum - трите дела ги изгледав во рок од два дена Ама не ми е јасно како до сега сум ја пропуштила трилогијава! Срам да ми е! Одлични филмови, беспрекорна глума на Мет Дејмон. Особено ми се допадна првиот дел, најмногу од сите останати. Знам дека има и 4 дел, ама во него не глуми Мет Дејмон повеќе. Ги препорачувам на сите, од мене имаат висока 10ка.
House at the end of the street Одлична приказна за мрачно минато на едно момче и уште помрачните тајни кои ги има... и многу интересен пресврт. Јас лично не очекував таков развој на настаните. Џенифер Лоренс ја немав гледано во ниту еден филм пред ова, и на слики ми делуваше доста антипатично, но ми се смени мислењето после филмов... И поради тоа, го изгледав и: Silver Linings Playbook Приказната е преубава, позитивна, несекојдневна и ова е еден од оние филмови кои те оставаат со пријатно и топло чувство отпосле. Глумата на Џенифер не беше толку брилијантна за оскар, туку едноставно просечна глума, ама затоа на Бредли Купер му спуштам капа, право сонце беше во филмов.
Requiem for a dream За филмов имам само еден збор, ФИЛМИШТЕ. Се друго шо би кажала би било непотребно, доволно е овој збор и толку. ПРЕ-ПРЕДОБАР. Го гледам по втор пат и повторно не ни трепнав, не ни мрднав. И повторно 15 минути по завршувањето на филмов зјапам во екранов без да трепнам. Дарен Аронофски Сум кажала и пак ќе кажам, со филмов го достигна својот врв, се надмина себе си, дефинитивно најдобриот од него, иако и со другите нема утка. За актерите, шта речи? Елен ми е феноменална во филмов. Незаборавна. Според мене оскарот требаше да заврши во нејзини раце, дефинитивно. Јенифер Конели ми е лепотица и преталентирана, исто и Џаред Лето. Музиката совршена, приказната сама по себе си зборува за неа. Еден од најдобрите филмови што ги имам гледано, и мислам дека уште долго нема да гледам некој ваков. Ако го немате гледано, седнувајте ОДМА, нема да зажалите. Филм кој ве тера да размислувате, филм кој буди емоции во тебе, според мене masterpiece на кој не му е обрнато доволно внимание. Според мене филм кој заслужува оскари во сите главни категории!
The Game Plan Филмче на Дизни.Мене многу ми се допадна,обожавам вакви филмови кои ме опуштаат и ме потсетуваат на детство.10/10 Spoiler Се работи за Џо кој е познат фудбалер(рагбист) и наеднаш дознава дека има 8 годишна ќерка за која треба да се грижи.
Burlesque Нема да кажам ништо посебно оти филмот ептен ми се бендиса, и ќе му препорачам на тој шо го нема гледано обавезно да го гледа 10/10