Филм за една од најпознатите ликови од Deep Throath Линда , автобиграфски филм , приказ за нејзиниот живот и како е вовлечена во порнографијата и насилството што го добива од сопругот 7/10
Monsters University (2013) Универзитет на чудовишта Приказна за две плашила за време на нивниот престој во Универзитетот на чудовишта кои покрај нивните разлики стануваат неразделни пријатели.Интересен анимиран филм со многу авантура, комични настани и поучна приказна.
видов MandyLane имаше објавено погоре едно интересно филмче според трејлерот па решив да го гледам и да ви кажам право не сум погрешила Silver Linings Playbook Интересно филмче.. На моменти здодевен но не за долго На крајот те обзема едно прекрасно топло чувство и да.. актерот е прекрасен
Chernobyl Diaries Солидно трилерче со мали елементи на хорор. Да бидам искрена малку се разочарав од филмов. Доста млака приказна пропратена со слаба глума. Очекував барем малку повеќе напнатост. Имаше неколку напнати сцени, ама и тие се бројат на една рака. Можеле многу подобро да ја склопат приказната и да ја направат каде каде пострашна. Одлична му била идејата за избеганите пациенти. 5/10
Wrong Turn 4 Навистина немало потреба дури од 4ти дел, па и 5ти дел кој ќе го гледам деновиве... катастрофална глума и убиства без поента. Само бруталности без никаква приказна во позадина, идиотско сценарио. Уствари имаше приказна у позадина, soft porn... Јас сум фан на нискобуџетни хорори, но ова е тотално безврска. Првиот дел беше добар само и толку. You're Next Е ова да! Солидна приказна, исто и глума, одлично режирано и крвави, но суптилни убиства, и секако црн хумор кој се провлекува низ дијалозите и во одредени сцени, напнат со неочекувани нагли моменти. Се што треба да содржи еден добар хорор. За мене лично, одличен 5.
In the Blood 2014 Ако сте дојдени да си најдете добра акциона драма со силна женска, ова е вистинскиот филм за вас. Напнат, борбен, не предвидлив. Одлична акција која нема да ве остави рамнодушни, за тоа што се би сторила една жена за нејзиниот маж. Чиста 10-ка добива од мене. Одлична приказна, нема досаден момент. Уживав во секоја минута. https://www.youtube.com/watch?v=eLj87gSx2U0
The Bling Ring Не е мој тип на филм.. очекував многу повеќе. Единствено што ми се допадна е на некој начин ,,пораката,, дека секогаш треба се да очекуваш од секого но за жал не е доловена на добар начин. 4,5/10
Hotel for Dogs (2009) Се работи за две деца, брат и сестра, кои тајно земаат кучиња скитници и ги сместуваат на едно место, кое што го направија хотел за кучиња. Од филмов, на крајот ми се насолзија очите, што ретко се случува. 10/10
No One Lives http://www.imdb.com/title/tt1763264/ Филм каде што и од лошите момци се наоѓа некој уште полош и позабеган. Значи, ситни криминалци киднапираат еден пар за да ги ограбат, но ги чека големо изненадување, и набрзо ќе сфатат колку им била лоша идејата. Вака, добра идеја за филмов, но нешто не ми штимаше... дали актерската екипа не беше соодветна и уверлива во нивните ликови, или како да траеше прекратко... Не е досаден, ама не е и ништо посебно...
Now You See Me Преубав филм, полн со неизвестување до самиот крај, интересен за гледање, не за џабе е магионичарски.. Четири магионичари се собираат заедно, и после една година тие се претставуваат со своите магии пред огромна публика... Топло го препорачувам! 10/10
Значи сум се изнасмеала страшно на филмот, си ги бришам солзите моментално. Се работи за дедо и внук.Внукот останува со дедото бидејки мајката оди во затвор,а татото е права флегма и алкохоличар.Авантурите на внукот и дедото, љубовта, лудоста и све тоа ќе ве натераат да се убиете од смеење. И да напоменам, филмов го прави многу интересен сознанието дека луѓето не знаат дека се снимани во филмот, отпосле им се кажува.Се што ќе погледнете се нормални реакции, а не глума. Од мене чиста 10/10.
Byzantium многу реклама ма да кажам дека не ми е нешто посебен ... сакав повеé акција... мојта оценка е 3/10 Мајка и керка вампирки и нивната секојдневна лага за да преживеат
"Before... when people had secrets they didn't want to share, they'd climb a mountain, find a tree, and carve a hole in it and whisper the secret into the hole and cover it up with mud. That way, nobody else would ever learn the secret." Филмот е прекрасен. Уметност. Секоја сцена, музиката, ликовите, дијалози... да не раскажувам тоа што секој може да прочита на нет. Не е за секого. Не знам дали секому би се допаднал,ама, вистина убава приказна. Приказни всушност. Еден новинар и неколку девојки. Оние кои не можат да го имаат го сакаат, таа во која тој се заљубува сака некој друг. Клише де. Љубов... се е во тајмингот. Не вреди тоа што си ја запознал вистинската личност, ако е тоа прерано или пак е предоцна. Веројатно да. Ако живееше во друго време и место, се’ ќе беше поинаку. Приказната ќе имаше поинаков крај. И приказната на другите де. „Take care. Maybe one day you'll escape your past. If you do, look for me.“
Endless Love(2014) Ваквиве лимонатки приказни ми се guilty pleasures.Alex Pettyfer и Gabriella Wilde имаа добра хемија, башка јас си го обожавам Аlex.Приказната е клише,милион пати видена, богата осамена девојка и usual харизматичен дечко со крими рекорд се борат за нивната љубов, и се обидуваат да ги поминат препреките.Слатко е филмчево, таман за врнежлив ден, да си се занесеш барем на миг.И да once watch only е. 6.5/10
American Pie: The Book of Love Сите ја знаете приказната, сите имате гледано барем еден филм american pie. Овој како и другите, цело време е за секс работата. Наоѓаат библија за тоа како да се задоволи жената, после тоа тие прават нова книга бидејќи ја уништија старата. Цело време се водат по книгата, интересни моменти имаше. Не ми беше досаден ни во една прилика. 6/10 Dude Where's My Car За овој нема потреба да се коментира, сите го имате гледано. Не ми се допаѓаше глумата, малку досаден. 6/10
Under the Tuscan Sun(2003) Jaс ја обожавам Италија и јазикот секако, па филмов ми беше на must-watch листата.Морам да признаам дека уживав додека го гледав,навистина беше инспиративен, а прекрасните пејсажи и храната секако ќе ви го привлечат вниманието.Додека го гледав филмот постојано ми гореше желбата да имам таква можност да живеам во Италија, прекрасно изгледаше. Писателка по нејзиниот развод заминува во Италија, и сосема неочекувано купува куќа, а тоа ќе и помогне да си го промени животот. 8/10
Gangster Squad Филмов долго време ми се моташе по компјутеров и решив да го изгледам, не згрешив. Најпрво, памтам најмногу го имав симнато заради Ема Стоун која ја обожавам. Одлична актеркса екипа, Шон Пен ми е ко роден за вакви улоги, а Рајан, мажиште, освен гласчето кое ми беше на почетокот малку смешно, но потоа се навикнав. Ема Стоун, со секоја нејзина појава се повеќе и повеќе ја сакам и како актерка, но и по тоа како изгледа. Талентирана актерка е, дефинитивно една од најталентираните од младата генерација. Тргнувајќи од актерската екипа и гореспоменатите тројца кои си ги сакам, очекував многу од филмов. Тоа и го добив. Акција, возбуда, пукање, тепање + сексапилните Ема Стоун и Рајан кои ми се одличен пар. Дејствијето се случува 1949 година во Лос Анџелес кој е превземен од гангстерот Мики Конен(Шон Пен) кој тргува со оружје, дрога, к*рви... и го тероризира градот. Поради тоа полицаецот Јон О'Мара собира екипа од шест полицајци(вклучувајќи го и него) кои се поснати како "Ганстерски Одред" се со цел да го уништат бизнисот на Конен и конечно да го уапсат. Мене ми се допадна филмов, не го ни сетив времето. Препорачувам
Memento (2000) Го имав ставено на watch later веќе подолго време и денес решив да го пуштам. Расположена бев за нешто вакво. Човек, кој страда од губење на меморијата по смртта на неговата жена, користи белешки (т.е. фотографии од луѓето со кои зборува и на секоја од нив запишува што знае и открива за таа личност) и се тетовира по цело тело со цел да го најде убиецот на жена му. Дејството се одвива ретроспективно, што многу ми се допадна. Цело време мораш да ги поврзуваш работите за да сфатиш што е што. Ако го гледате без концентрација, верувам дека ќе се изгубите и ќе ви е досадно. Spoiler Морав да изгуглам за да сфатам кој е убиецот. Јас би го оценила со 9/10.
Haunter (2013) Оценка од IMDb- 5.9/10 Од мене-3 Како за трилер/хорор очекував многу повеќе, мислев ќе ми се смени мислењето до крајот на филмот ама не. Не ми се допадна, освен што на моменти бев во исчекување и чекав да видам што ќе се случи. Значи се работи за една девојка (Лиса) која е преселена во куќа со нејзините родители и братчето Робин. Ќе почне да слуша постојано како некој ја довикува, тропање и сл. Ќе каже на родителите ама нема да и поверуваат. Ќе погледне снимка од тоа кога се снимале кога се вселувале во куќата, во позадината ќе види човек и ќе разбере дека тој е „вмешан“ во тоа што и случува. Куќата е опколена со магла. Ќе почне да истражува, па ќе најде стар весник и ќе види дека многу девојки биле „туку-така“ исчезнати, па ќе се сретне со една од нив. На крај ќе дознае дека сите се мртви (таа, родителите и братчето) и дека луѓето кои моментално живеат во куќата го имаат истиот проблем со човекот. Понатаму нема да раскажувам. Не го препорачувам, освен на тие што не гледаат толку, како да ги кажам...„екстремни“ хорор филмови. Pitch Perfect (2012) Оценка од IMBd- 7.3/10 Од мене- 5 И од овој филм очекував поинтересен да биде. Инаку нема потреба накратко да раскажувам, повеќето сигурно го гледале..