Frozen (2010) Страшно добар филм, мене многу ми се допадна. Момче и девојка во придружба на нивниот другар одат на скијање, одлучуваат навечер да се качат на жичарата, но луѓето забораваат на нив и... доста е напнат, мене ми беше и многу некако тажен и суров. American Psycho Го знаев по име филмот но никогаш не го бев гледала. Страшно е добар, по книга е правен и ве носи во животот, и начинот на размислување на бизнисменот Патрик Бејтман. Дали е само обичен човек на кој му е преку глава од монотониот богаташки живот и луѓето околу него или е навистина психо? Повеќето верувам го имате гледано, а ако не, задолжително погледнете го, ако сте фан на психолошки трилери. Spoiler Воглавно, филмот се сведува на прашањето дали се е во неговата глава или навистина ги убил сите тие луѓе? Ни на момент не се сомневам во првото, не само поради последната сцена, туку многу од убиствата се и комично изведени, за да се вистински. Ќе ми остане во главата цитатот кој ми е прејак, иако е црн хумор. Во моментот кога Патрик зборува за некој сериски убиец кој велел. "Кога ќе видам убава девојка, дел од мене мисли како е она убава и згодна, како можеби треба да и се приближам, а дел од мене размислува како главата ќе и изгледа на стап" . Кристијан Бејл, оу каков актер, страшна работа е како глуми човекот, а и мене ми има некој посебен шарм иако не е типичен лепотан. Requiem For A Dream Го гледав по трет пат чинам. И ме погоди многу повеќе од првите два пати, под импресии сум цела недела. Има нешто во филмот што те тера да не го заборавиш. Дефинитивно во топ5 најдобри филмови кои сум ги гледала, ако не и најдобриот. Премногу мрачна тематика, па ако не сте многу по такви филмови или ве вознимируваат подобро не го гледајте. Јас што се сметам за психички силна за гледање на било какви филмови, последниот пола саат плачев како луда на последните сцени. Како и да е, филмот е совршенство, од музика до секоја сцена, секој покрет, глума одлична. Да, сите знаеме дека дрогата е лоша, и се тоа, но начинот на кој е преставено се во филмот, буквално мастерпис! Како само една оскар номинација? Mama Ништо посебно, ниту ми беше страшен, на моменти и малку досаден, не знам, ама буквално скоро сите хорори ми се клише. Има добра оценка па мислев дека е подобар, но не ми се нешто претерано допадна.
The Exorcism of Emily Rose (2005) Вчера на Сител го гледав. Искрено не сум љубител на хорори, не сакам да ги гледам, ама филмов одамна го мислев и малку ме правеше љубопитна да го погледнам барем малку, зашто е според вистинска приказна. И вчера гледам ќе го има на телевизија и викам ќе го гледам па што биде, нека биде. Макар и да не заспијам ноќта. Ама не е страшен толку колку што мислев, дури за тие што гледаат хорори сигурна сум дека ова не го ни сметаат за хорор. Спиев супер ноќта, добро е. Инаку филмов мене лично многу ми се допадна, одлична глума (за мене тоа е најбитно во еден филм, прво тоа го гледам), одлична приказна, сакам филмови базирани на вистински настани. Е сега искрено јас сум некако поделена во мислењето дали е ова возможно или не. Иако сум повеќе за тоа дека е возможно. Премногу ме замисли завршниот говор на адвокатката од одбраната. Се' што таа кажа е така. Сите имаме некои поделени мислења ама никој не може со сигурност да каже дали е возможно или не, зашто нема факти. Фактот е всушност крај на една недоумица, а ова е вечно прашање. Дали сме сами, дали навистина на вистинската Емили и' се случувало тоа што се мисли дека и' се случувало или само имала психичка болест која не била навремено дијагностицирана. Сите се онака, па не знам штознам, ама можно ли е? Според мене е. И од страната на науката и од страната на религијата има одговор, ама кој е точен. Поголемата маса на луѓе ја имаат прифатено науката како релевантна за овие прашања ама тоа не значи дека па науката е секогаш во право. Многу отидов далеку... Битно, супер е филмов, не е страшен толку, кој не го гледал, да го гледа обавезно. Од мене 8/10.
The right kind of wrong (2013) 7/10 Срцкасто филмче со предвидлив крај за тепање време.Тие мачињата од филмот ептен срцкасти
X-Men Origins: Wolverine Оценка 10/10 Иако на IMBD имаше оценка 6.8 јас би му дала.Научна фантастика и многубројни акции...го фатив од пола. Трае 2 часа,но квалитетно истрошени. Глумицте...ауф Hugh Jackman Taylor Kitsch
Struck by Lightning (2012) Читам таму комедија. Ок, ќе го гледам. Море се убив од плачење, се убив! Поврзано за растењето и преживувањето на средното училиште кога соучениците не те разбираат, родителите ти се луди, а сè што имаш се твоите соништа. Еден матурант смета дека има судбина за поголеми работи од она што му го нуди неговиот затворен мал град. Тој е на пат да постигне голем успех, но судбината има поинаков план, па ненадејно е убиен од гром на училишното паркиралиште. Тој се сеќава на последните неколку недели од својот живот. Цел живот се бори за подобра иднина, а околу себе никој не го разбира.Татко му го оставил како мал, а мајка му никако да се врати во „нормала“. Ненадејно потоа се појавува со својата бремена свршеница, преправајќи се пред неа, дека е добар татко. Јас го препорачувам.
2та ги гледав во иста ден John Tucker Must Die и Angus, Thongs and Perfect Snogging интересни филмови смешни
Perfect Stranger Истражувачката новинарка Ровина открива дека можен убиец на нејзината пријателка е моќниот Вилием Хал.Со помош на својот пријател успева да се вработи во неговата фирма со цел да го открие убиството.Но дали е тоа баш така и која е всушност Ровина.Крајот е навистина непредвидлив. Одличен трилер. 9/10
Humbert: Don't touch me; I'll die if you touch me. Lolita, 1997 За Lo-lee-ta и не е потребно некое големо објаснување. Според новелата на Набоков, сценариото е напишано од Stephen Schiff. Глумата е прекрасна, посебно Џереми Ајронс, соврешено го портретира ликот на професорот Хамберт. Средновечен професор по француска литература, по губењето на детската љубов во младите години се претвора во педофил, барајќи ја 12 годишната Анабел во (секоја) друга нимфета низ годините. Случајно, стигнува во домот на Шарлота Хејз, каде треба да биде сместен, но не сака да остане, се додека не ја здогледа Долорес- 14 годишната ќерка на г-ѓа Хејз. Прави сè што е во негова моќ, за да се доближи до Доли. Прикажана е турбулентната врска помеѓу еден татко и неговата поќерка. Од самиот почеток, па се до самото губење на Лолита. Јас лично сум фасцинирана од идејата на Набоков, да состави едно волку контроверзно дело, на некако, смирен начин. На оние со јак желудник, ја препорачувам и книгата, првенствено затоа што е далеку подобра од филмот. Од мене, 8.5/10 Humbert: I looked and looked at her, and I knew, as clearly as I know that I will die, that I loved her more than anything I had ever seen or imagined on earth. She was only the dead-leaf echo of the nymphet from long ago - but I loved her, this Lolita, pale and polluted and big with another man's child. She could fade and wither - I didn't care. I would still go mad with tenderness at the mere sight of her face.
Stuck in Love Ми се допадна филмчево. Топа, убава приказна која мене ми се допадна премногу. Одлична актерска екипа пред се, Лили Колинс ми беше прекрасна, а за Логан немам зборови, ептен ми е талентиран. Иако крајот ми беше предвидлив, сепак не трепнав дури го гледав. Ликовите ми беа премногу реални, лесно можеш да се соживееш со нив, а се тоа се должи на одличната глума. Natt Wolff(Расти) посебно ме изненади, прв пат го гледам и слободно можам да кажам дека има огромен потенцијал во него. препорачувам. 7/10
Пак јас Changeling Седнавме со моиве дома, му се гледало филм, па ајде фамилијарно да гледаме. Мајка ми пушти срце и рече ајде ќе изнајмиме од видеотеката. Го избраа овој филм. Јас иако го имав гледано, седнав повторно да го гледам. Според мене, дефинитивно една од најдобрите драми, срцепаратален е филмов. Ми ги побуди истите емоции како кога го гледав првиот пат. Не трепнавме до самиот крај. Мајка ми дури и си заплака. Мене филмов ми е предобар. Анџелина ми е врв, токму во овој филм покажува дека е преталентирана, дека знај да глуми, дека дефинитивно е една од најдобрите актерки! И фалат повеќе вакви филмови и улоги. Одлична глума, одлично реализирана приказна. Еден од најдобрите ако не и најдобар филм сниман по вистинска приказна. Ако го немате гледане, обавезно гледајте го. 10/10
The Physician (2013) Прекрасен филм, кога ќе имате повеќе време гледај те го бидејќи и прилично долг 2 часа и 30 минути. Јас се воодушевив од филмов. Дејството е во 11 век, кога додека на запад луѓето умираат поради „лекувањето“ со молитви, на истокот цвета науката и медицината. Младиот лепотан Роб Кол посвоен од еден „лекар“ после смртта на неговата мајка предизвикана од пукнато слепо црево. Роб е воодушевен од еврејските лекари и дознава за познатиот лекар и учител од Ориентот Ибн Сина.Тој одлучува да патува дури цела година до далечниот Исфахан за да учи медицина во медрасата на Сина, дури и по цена од христијанин да стане евреин.Таму неговото збогатено знаење вродува со плод и исто така ја запознава љубовта на својот живот Ребека. Филмот е на англиски јазик. Оценка според IMDB 7.3/10. Според мене 9.5/10.
About Last Night (2014) Comedy | Romance Stars: Kevin Hart, Michael Ealy, Regina Hall Се работи за два новостекнати пара(двете девојки се цимерки, двајцата дечковци заедно работат).Двата пара се разликуваат драстично многу.Се среќаваат многу случајно во бар и филмот ја опишува нивната врска, од првиот секс се до соочувањето со вистионскиот свет и озбилната врска.Едните ја изразуваат љуботвта преку кавги и тепање, другите на нај романтичен можен начин. По малку ме потсетува на Think Like a Man(можеби дека тројца од актерите играат и во тој филм), а Kevin Hart ми е незаменлив, ме изнасмеја 9/10
Always Ако сте во период на пмс и барате причина да се исплачете,слободно погледнете го филмчево.Тој е млад боксер кој раснел како сираче и животот не го галел.Ноќните смени на паркингот ќе му ги пополни таа,која ќе го натера да се врзе за неа со сета своја сила.Нејзиното слепило е поврзано со него и тој ќе почувствува потреба да и помогне.И тука почнува емотивниот заплет.Иако филмов нема некоја кој знае каква вредност прска од нежни емоции. 7/10
Tokarev (2014) Уште еден на листата омилени од Николас Кејџ. Убава приказна, мистерија, бркотници, пукотници и на крај секако непредвидлив расплет на случката. Препорачувам 9/10
Pretty Woman Изгледа јас бев единствена шо го нема гледано филмов, иако си ја сакам Џулија Робертс и и ги имам гледано повеќето филмови. Еве седнав и го изгледав и овај, филмот по кој најмногу ја препознаваат. Не знам што сум чекала досега. Ми летна времето со филмов. Не го ни сетив кога почна, а кога заврши. Приказната ми беше веќе видена, ама по стар е филмов и не му најдувам маана за тоа. Онака се друго ми се допадна. Џулија прекрасна како и секогаш а Ричард Гир ми беше премногу шармантен овде. Одличен пар ми беа заедно. Со сигурност можам да кажам дека нема да ми биди последен пат да го гледам. Препорачувам. 8/10
3 Days to Kill Кевин Костнер во уште една преубава улога на таен агент кој е пратен на задача во Белград но овде дознава и дека е болен и не му преостанува многу време за живот. Тој решава да се оди во Париз за да помине некое време со својата ќерка и жена кои ги има запоставено со години поради работата. 10/10
Добро филмче малку се набрзина се опфатиле не влегуваат малку подетално и малце по развлечено инаку ок за добра 7ца