Rage (2014) "Tokarev" (original title) Nicolas Cage го обожавам. Значи човеков ми е поим за глумец. Каков Бред Пит, каков Клуни и слични лепотани, само за изглед се добри. Човеков е врв, можат вода да му носат сите со ред. Нема филм што му е утнат. Потпишувам со двете раце одма. Нема филм што сум го гледала со него, а да не е добар. Знам дека штом пуштам филм со него нема утка и знам дека филмот ќе ме воодушеви. Значи како си ги бира улогите, немам зборови. Секаде глумата му е на највисоко ниво, секаде каде што глумел, филмот бил со уникатна приказна. Браво. Му симнувам капа. И овој филм му е совршен. Не се ни сомневав воопшто. Сакам филмови кои се реални, не завршуваат бајковите, туку почнуваат и завршуваат исто како да се случуваат во вистинскиот живот. И, исто што ми се допаѓа во филмов е што дејствијата не се влечат (што некогаш многу знае да ме нервира кај некои филмови). Инаку, не знам зошто на IMDb дава два наслова. Јас го најдов и го гледав како "Tokarev", а на IMDb дава уште еден наслов "Rage". Ама оригиналниот наслов е "Tokarev" што всушност е име на познато руско оружје, кое било омилено меѓу руската мафија. Што е поврзаноста меѓу оружјево и филмот ќе си видите сами. Единствена мана, иако не е мана ама ајде така да речам, е што трае кратко, или барем мене кратко ми беше. Сакав уште да трае, иако дејствијата си се убаво обработени, нема нешто што е премногу забрзано, па да фали некој дел. На кратко само да ви кажам. Spoiler Ќерката на Nicolas ја грабнуваат и тука започнува се'. Прво нешто што сите помислуваат е дека Nicolas има нерасчистени сметки од минатото, зашто имал многу црно минато, па затоа му се одмаздуваат преку ќерка му. Ама дали е така, гледајте па ќе видите. Само да ви кажам дека не можете ни да претпоставите што ќе се случува на крај. Можам до утре да си пишувам за глумецов и филмов. Од мене има чиста 10. Препорачувам да го гледате, нема да згрешите.
Ми се допадна многу,иако не бев во план да го гледам,го фатив случајно на тв.А секогаш баш за инает ми се случува најдобрите филмови да ги гледам премиерно на тв.Некогаш па ќе се спремам со денови ,да најдам време да гледам некој а за на крајот да се разочарам.Ви го препорачувам,единствена замерка ми е времетраењето(требало да трае малку повеќе ).
Вчера го гледав Scary Movie 4, онака случајно го начекав на Тв. Интересен филм, има смешни моменти, особено ова Бренда ми е прекрасна, добро и оди глумата. Се на се', добар филм. Доколку барате комедија, ви го препорачувам. 7/10
The Wolverine (2013) Оценката на IMDb му е 6.8,но јас му давам 10/10.Интересен филм со неочекуван крај.Иако трае 2 часа,тие ми поминаа како 10 минути.Глумците беа одлични,а филмов ми побуди желба да одам во Јапoнија и да им го научам јазикот. Се на се,одличен филм.
Маж разочаран од љубовта си купува оперативен систем со вештачка интелегенција, се заљубува во НЕА, имаат односи дури... Малку weird е, ама ко што оди технологијава напред кај да е и нас тоа може да ни се случи . Не е нешто посебно, но има добри ефекти.
The Amazing Spider Man 2. Ми се допадна овој дел исто како и првиот иако додека го гледав сфатив дека ми е подзаборавен и на моменти се губев. Негативецот тој со струјата антипатиен, страшен и доооосаден. Музиката одлино се вклопуваше со акционите сцени и специјалните ефекти беа супер. Како и да е, прекрасен пар ми се глумците, Ема е посебна и имаат прекрасна конекција со Ендру. Ама затоа пак крајот ич не го очекував. Се изненадив и воопшто не сум задоволна. Spoiler Не мораа да ја убијат Гвен, во секој филм со супер херои умира негативецот и некој од добрите ама не што е во главна улога. Не беше фер. Дали дека навикната сум во секој супер херојски филм да гледам среќен крај, не знам, но крајот можеле да го направат да биде оекуваното клише. Од мене 8/10
Down Лифт по сопствена воља одлучува да зема жртви, да сее страв и терор во Милениум - позната знаменитост во Њу Јорк.
Женски филмот At middleton со andy garcia i vera farmiga е еден од поубавите филмови што ги гледав последниве месеци. Романтична комедија е и ве тера да се замислите..... го преппорачувам на сите
RoboCop Многу добар филм, приказна за еден агент чиешто тело е уништено во експлозија и потоа истото е искористено за составување на робот на кој му се потребни човечки особини.
Endless Love (2014) Ме потсети на Notebook, Dear John. Нешто така. Станува збор за љубов помеѓу повлечена богата девојка и син на автомеханиар па таткото на девојката ќе биде против врската итн итн. Како и да е, го препорачувам, мене баш ми се допадна иако делува како клише приказна.
Endless Love Не знам дали беше од мојот муд ама филмов ми беше екстремно романтичен и ме расплака милион пати, го препорачувам.. уште повеќе на ден кога сте раскинале или сте скарани со дечкото
И уште еден Walk of Shame комедија, романса, тинејџерски филм предобар филм, постојано се случува нешто, иновативна приказна.. оценка 10/10
^И јас го ѕирнав WALK OF SHAME Се изнесмеав на филмчево Само на баксуз луѓе може да им се издешаваат толку работи за една вечер.Се најдов во типката,знам дека и јас сум до толкав малер и би можела да се најдам во слични ситуации Немаше посебна приказна,ниту пак некој посебно интересен лик,моментите беа доста комични,но и Елизабет Бенкс добро си ја завршила работата. 7/10
The Wolverine (2013) Оцена 8.4 , ама јас му давам 10/10. Апсолутно добро филмче! Бев скептична за филмов најпрво, бидејќи не уживам баш во вакви филмови,ама овој, мф!! Супер филм, баш ми се допадна, човек кој неможе да умре, бидејќи поседува нешто натрпиродно, но со сплет на околности, тоа ќе му биде одземено и ќе почувствува како е да си смртник, но набрзо ќе си го врати тоа што е негово. Сакам втор дел,да!!
Последно изгледано... Гледам сте го спомнале Endless Love (2014), моја оценка 10/10. И штотуку го изгледав Barefoot (2014) исто 10/10 му давам. Ги препорачувам и двата филма.
Godzilla За приказна 2/10 , нема воопшто добра приказна али за битки и остало 10/10 , највероватно и на тоа иделе , да стават чудовишта и уништување на градови Ако не сте фан на вакви работи (рушење и тепање), не е претпорачливо да давате голема сума на пари за во кино.
Целосно се согласувам..мислам дека доживеав meltdown ..а толку напнував во кино да го гледам..и ете на крај..ништо..само една празнина ми остави ...