Jack Ryan: Shadow Recruit (2014) Да ви кажам досадни се Америка со овие филмови каде Русија се прикажува како најголемото зло на земјата. Аман веќе. Филмов онака добар. Ништо посебно, ништо воодушевувачки. Глумата е одлична, не ни очекував нешто подоле зашто глумците се внимателно бирани, ама содржински веќе видено. Уште еден филм во кој Америка го спасува светот. Од мене 4/10.
The Day After Tomorrow Action | Adventure | Sci-Fi Накратко станува збор за климатски промени кои ќе предизвикаат северната хемисвера на Земјата да замрзне, да се уништат големи градови како Лос Анџелес и Њу Јорк. Глумата е под просечна да не речам ужасна, требала да биде многу подобра со повеќе страст да се долови она што го доживуваат ликовите. Актерите ми беа некако меланхонични некако без живот. На почетокот е малку хаотичен наеднаш даваат многу ликови па бара малку концентрација дур да сватиш што е како е. Има добри ефекти, не е воопшто досаден филмот, цело врфеме ти го држи вниманието но требало да го направат многу повозбудлив, понапнат и самата приказна требала подобро да ја склопат. Препорачувам да го погледнете не е одличен, не е многу лош онака просечен.
Те посакувам (да не речам Тенго ганас де ти ) Многу бре секс паѓало во филмов Не очекував до толку, мислев полигава ќе е приказната, како тој првиот дел, романтики, паѓање во несвест а у. Spoiler Мислим кхм кхм Не дека овој нешто многу ми се допадна, ама не ми се учеше, не знаев што да направам со себеси, а филмов го начекав готов спуштен. Ми се допадна како глуми девојката и како изгледа Марио Касас И изложбата ми се допадна како сегмент од филмот. Инаку, онака, просечно. P.S. Се отепав од англиски превод барање, и на крај не најдов па го гледав без превод. Фала ви, шпански серии Spoiler
Spoiler баш вчера го изгледав првиот дел и добар е 10/10, Spoiler само што заради глумецот го изгледав и twilight го изгледав првиот дел, и никогаш не ми е доста од филмот
Endless Love (2014) Ми требаше ваков филм, да ме разнежни, расплаче, насмее и да ми го стопли срцето, го препорачувам http://www.imdb.com/title/tt2318092/?ref_=nv_sr_5
Neighbors Го гледав вчера во кино, супер е филмот, одлична комедија.Брачен пар со дете се вознемирува од соседите коишто се студенти и прават забави all dat all night, и прават планови како да ги избркаат.Многу смешни сцени, Зек само за плакнење очи , а бебето е преслатко.
My Sister's Keeper. Го погодив, таман ко за во екот на колоквиумската недела. И онака ми беше преку глава од собирање во себе, само трошка ми фалеше да го исплачам Дунав. Го гледав пред неколку денови, а уште не можам да си дојдам при себе и да се соберам. Обработена е болна и длабока тема, која верувам дека никој не би го оставила рамнодушен. Не сум плачка, посебно не по филмчиња, ама ова беше врвот. Понекогаш просто се чудам во кој свет живеам и зошто сум одминала ваков добар филм. Да знаев дека е толку добар, ќе го чкртнев од листата порано. Многу порано. Би ја прочитала и книгата, се надевам дека може да се најде некаде низ книжариве или онлајн. Топло препорачувам, 10/10!
мене филмов ми беше веќ виден ... девојката беше преубава и искрено рамантиките кој ги правеше типо си беа на место ... глумата на ТАточко беше крш !! мама досадна доо ку***ц Бате лигавеш невиден ... јас на 3пати го прекинав и пак продолжив да го гледам за да не испадне дека нешто ке се смени до крајот... 3/10 моја оценка за Хипица една од се*суалните филмови ама со мнн голотии и се*с има 2 дела ако може да се каже Nymphomaniac: Vol. I /2 (2013) ауу голотоааа, перверзијааа ,,, цекс ...на екс па дури и чуда разнии јас бев со отворена фиока(читај уста) преку целото време !! ако некој не е сам да не го гледа ..ако има дечковци или ова она пак би рекла дека е беље сам да се гледа...
The Great Gatsby Драма | Романса Конечно да го изгледам филмов и воопшто не зажалив. Се работи за човек (Гетсби) кој бил сиромашен но со неговата амбициозност ќе стане многу богат, а најголемата причина за стекнувањето богатство е повторно да ја освои својата голема љубов Дејзи. Изборот на кастинг им е совршен, секој актер безпрекорно си ја завршил работата. Ликот на Гетсби, непоправлив романтичар и сонувач, се ќе направи за неговата единствена најсакана Дејзи. Не дека и некој друг актер не би го доловил одлично ликот на Гетсби но Лео е некако посебен само како што он умее онака шармерски на негов начин совршено го изведе ликот на Гетсби. Лео ми е љубов од детство и иако остарен суште неодолив е бре. Дејзи е размазена богаташка, едно зборува друго прави, многу лабилна личност што ќе биде фатално за Гетсби. Кери Мулиган убаво ја доловила Дејзи само што што знам можеби би било подобро со друга актерка или тоа е дека малку ме иритираше нејзиниот лик особено на крајот. А Ајла Фишер не ја познав, фантастична беше, се повеќе ми се допаѓа оваа актерка. Филмот на почетокот е малку досаден или можеби толку многу несвесно со нетрпение сум очекувала да го видам Гетсби. Трае 2 часа i 22 минути можело да го скратат малку. Убава костимографија, ценографија, одлична музика. Се на се одличен филм, уживав гледајки го. Моја оцена 9/10 П.С. Забавите беа врв, сакам и јас на забава кај Гетсби.
Го имаше на Сител денес од кај 10 го фатив. Божееееееееее, јас толку во последниве месеци не памтам да сум се смеела на филм Дефинитивно го препорачувам за позитивно расположение! Од мене 10/10 Spoiler Дик ( Џим Кери ) и жена му од богаташи ќе станат одеднаш сиромашни... Имаат едно дете, а многу набрзо би банкротирале доколку не најдат решение.... Решението е....
Endless Love Еден од поубавите филмови кои сум ги гледала во последно време , ви го препорачувам Јас си се разнежнив додека го гледав ,преубав е 9/10
Shelter Напната приказна за психијатриски случај со синдром на повеќекратна личност, чиј проблем станува се поголем и посложен.
Пенелопи Кристина Ричи во улога на Пенелопи, девојка со аристократско потекло кое го следи клетва која може да се скрши само ако девојката се омажи со некој како неа, со сина крв. Романтична комедија со фантастични елементи. Не ме импресионира содржински, ама ја сакам Кристина Ричи во било каква улога. Исто така, беше интересно да се види Рис Витерспун во bad ass издание. Замисли си дека Еди Марфи во брилијантна улога на човек кој сака да успее во кариерата и помош за тоа наоѓа во својата 8-годишна ќерка Оливија. Малата е нешто преслатко, посебно онаа сцена кога ја учи како да пее
The Internship Супер филм, се изнасмеав убаво. Станува збор за двајца пријатели кои што се отпуштени од работа и аплицираат за пракса во Гугл. Иако не знаат ништо поврзано со компјутерната технологија, успеваат да допринесат свој удел во нивниот тим. Многу смешни сцени. Од мене: 7/10 The Physician Филмов е прилично долг, но времето летна додека го гледав. Приказната не носи во Европа во XI век, во време кога секој напредок во медицината се смета за богохулење или магија. На другата страна од светот медицината цвета. Главниот лик, Роб, желен да направи нешто добро од својот живот, ќе успее да стаса до Азија и да се обучува кај најдобриот лекар во тогашниот свет. Одличен филм, препорачувам. Оцена: 10/10
Типично тиин-филмче.Онака не реално баш. Се работи за 16 роденден на една тинејџерка,кој ќе и биде незаборавен . Инаку таа има 16 желби кои сака да ги оствари сите на својот роднеден.Дали ќе ги оствари треба да гледате Филмов е 8/10
Requiem for a Dream Дојде денот да го гледам филмот што ми беше едно добри 2 години на листа, но не од други причини туку поради тоа што мене вакви филмови многу ми маваат на психата. Но еве на крајот ќе кажам дека сепак останав присебна, не знам можеби зошто сум изгледала и други филмови со ваква тематика па затоа не ме „тресна од земја“. Признавам само крајот ме запрепасти, такви емоции доживеав што не знаев што да направам.. дали да се лутам, дали да плачам, дали да чудам.. Но крајот го краси делото а овој крај беше дефинитивно за оскар. Не верувам дека некој ќе го остави рамнодушен, во секој случај кај секого ќе разбуди некои емоции ќе му остави некоја импресија било позитивна или негативна, или поучна или не.. Кој како ќе го доживее. Не знам што да кажам.. едноставно сум без коментар, овај филм не се раскажува туку се гледа и се доживува. Тоа е тоа. И на сите вам што ви стои филмот на листа за гледање и не сте го гледале сеуште, веднаш во овој момент да го гледате.. ве уверувам дека нема да зажалите и ќе го паметите уште доолго. Ретко гледам филмови по два пати така да овој ќе го прескокнам да го гледам уште еднаш зошто ми буди некое тешко чувство.. Музиката беше маестрална, одсекогаш сум ја обожавала таа песна.. мислам дека таа беше таа која ги направи сцените толку епски. За актерите морам да искоментирам дека беа брилијантни. Не знаев дека Џаред Лето има толку совршена глума, двата со Џенифер беа легендарни. Еден од најдобрите филмски парови дефинитивно. И за крај оценката.. без размислување 10/10.
Прекрасен е филмов 10/10 . За една летна романса,која ќе прерасен во голема љубов.Рецензија ако ви пишам,јас ќе ви го прераскажам,па затоа гледајте го ова http://www.youtube.com/watch?v=TzyGvECJYOA И еве го филмот во сполер Spoiler http://ffilms.org/the-notebook-2004/