Barefoot Го сретнав некаде филмов по темиве, беше пофален дека е баш романтика. И очекував да се стопам. Меѓутоа, ме разочара. Еден од подосадните гледан во последно време. Мислам замислата е во ред, интересен концепт, ама реализација, според мене, катастрофална. Воопшто не ми се допадна. Сакав стопати да го исклучам, ама ајде да му дадам прилика, се надевав дека секоја наредна сцена ќе ми се допадне. Spoiler Девојка која е пациент во психијатриска болница за вљубува во чистачот на подови, кој моментално ја одработува казната. И на крај ќе се засакаат. Оцена за филмот, 5/10, само поради Scott Speedman. Некако ми беше преубав. Evan Rachel Wood, имаше тоолку лоша глума, што не би посакала нареден пат да гледам филм со неа.
Си продолжив со романтичните филмчиња. Не знам што ми стана периодов од хорор целосно се преориентирав кон романтика, не ми замерувајте што на сите им давам 10/10 Последни изгледани ми се: The Lucky One (2012) The Vow (2012) Dear John (2010) Добар е овој Channing Tatum Ако имате да ми препорачате некој понов добар романтичен филм, ќе ви бидам благодарна.
Neighbors Интересна комедија, се работи за млад брачен пар со бебе и за студентско братство што се доселува веднаш до нивната куќа и постојано прават забави кои им сметаат на парот со бебето. 8/10
Oz The Great And Powerful Во филмот се зборува за волшебникот Оз што се служи со лажни трикови и се се открива кога едно девојче (што не може да оди) ќе му побара да направи магија со која таа ќе прооди. Потоа цело село (или град) го бркаа Оз и тој со летачки балон избега го начека торнадо и го фрли на непознато место. Таму го пречека една девојка и помисли дека тој е волшебникот што треба да го спаси градот од лошата вештерка, а лошата вештерка е всушност нејзината сестра ама таа на знае за тоа. Потоа Оз се запозна со добрата вештерка и девојката што го пречека стана љубоморна (бидејки Оз со сите флертуваше) и сестра и ја наговори да изеде нешто и и таа се претвори во вештерка. На крај Оз го спаси градот со помош на лажни трикови Оцена 10/10
Ме немаше долго време, сум изгледала три филмчиња во текот ан неделава. The Guilt Trip Океј филмче онака за опуштање. Најдобро е да го гледате кога ќе ви биди многу досадно, како во мојот случај. Имаше некои смешни сцени, ама имаше и непотребни сцени исто. Се работи за син и мајка кои ќе тргнат на едно патување на кое синот треба да го промовира својот производ на големите компании. Предвидливо е филмчево. 4/10 Fun with Dick and Jane Ова веќе друга работа од претходнио. Гледав играл на Сител, па си го пуштив на видеотеката. Смешно, забавно и интересно филмче, иако мора да кажам дека и тоа е малку превидливо. Ама мене смешно ми беше. 6/10 Now Is Good Филмчево ми се допадна. Супер склопено, интересна приказна која задржува внимание. Глумата е на ниво. Дакота посебно ми се допадна како има изглумено овде, талентирана ми е, и мислам дека време е да не ја сметаат како талентираното дете, порасна, време и е за посериозни улоги, мислам дека ќе се снајди без проблем. Дечкото ми беше премногу згоден. 7/10
Solstice Една девојка после смртта на својата сестра оди со друштво во нивната куќа во шумата да поминат неколку дена релаксирано, но овде всушност ќе ја откријат тајната што точно се случило пред неколку месеци и кој е виновен за смртта на сестрата.
The Wedding Pact Колега и колешка од колеџ се договараат доколку и после 10 години не стапат во брак со некој друг да се земат тие двајцата. И после 10 години тој дознава дека и таа е сингл и оди да ја бара, но кога ќе ја најде дознава дека таа за 10 дена треба да прави свадба. Филмчето некако ептен аматерско ми беше, ништо посебно.
Walk of Shame (2014) Интересно филмче. Кога почна одма си помислив дека знам што ќе се случува и мислев досаден ќе биде, дури дечко ми сакаше друг филм да пуштиме. Ама ај викам да му дадеме шанса. И како тече понатака, не можеш да го тргнеш погледот од него. Нема некоја којзнае каква содржина, ама е интересен и смешен на моменти. Spoiler Девојката е новинар, односно презентира вести, позната е. Ќе излезе со другарките во дискотека, ќе се направи "дрво", ќе запознае еден дечко. Сакајќи да си оди сабајлето дома започнуваат проблемите и несвесно ќе се заплетка како никој. Понатака гледајте си. Ако сакате лесно и смешно филмче за опуштање го препорачувам. Нема да згрешите. Од мене 7/10.
Dorian Gray, 2009 Добро познатата приказна на Оскар Вајлд, преточена во филм. Млад човек, заслепен од погрешни идеи, лажни идеали, хедонистички задоволства, грешни мисли, решава да остане засекогаш млад, така што го продава она најчистото во себе. Се препушта на расипничкиот и развратен живот, а сите негови гревови се рефлектираат преку совршено нацртаниот портрет. На крај се јавува клучното прашање, дали Доријан воопшто ќе се покае за своите постапки и за спас на својата душа, или ќе остане вечно ослепен и затворен во канџите на злото? Никогаш, ама никогаш не го гледајте филмот, ако ја имате прочитано книгата. Се занесов од дејството на Penny Dreadful, па решив да му дадам шанса. Од ликот на Доријан, преку сценарио, сè ми беше некако бледо и штуро. Единствена светла точка- маестралната глума на Колин Фирт, кој со толкава леснотија го изнесе ликот на Хенри Вотон на правилен начин. Имаше премалку реплики (да, според мене беа премалку во однос на книгата), но сепак ликот го долови на совршен начин. Филмот не е лош, ама е просечен. Веројатно го зборувам ова, затоа што книгата ми е една од омилените, па навистина очекував повеќе. Од друга страна пак, другарка ми е фасцинирана, значи работа на вкус е. Од мене, 4.5/10 Lord Henry Wotton: People die of common sense, Dorian, one lost moment at a time. Life is a moment. There is no hereafter. So make it burn always with the hardest flame.
Another cinderella story. Филмче за релаксација, онака пред спиење. Општо, баш и не ја сакам Селена Гомез. Ама по филмов, некако ми се промени мислењето. Баш е слатка.
Madison County Го препорачувам на оние љубители на хорор филмови на кои никогаш не им е доста од гледање на некоја девојка која упорно трча и бега од убиецот цел филм, а кога ќе има прилика да го отепа, ќе го удри еднаш и бега наместо да го докрајчи. Исто така ако обожавате да го гледате убиецот секогаш зад своите жртви ( иако тие се расфрлани низ цела шума), погледнете го филмот.
The Broken Circle Breakdown Дидиер и Елиза се тотално различни.Тој е приземен човек атеист таа верува во Бог.Филмот е испреплетен со нивние почетоци и сегашната трагична состојба низ која поминуваат со ќеркичката.Нејзината тешка болест и нејзината смрт ги доведува пред еден целосен распад. Ме натера на размислување. 8/10 Endless Love Дали јас сум ја поминала фазата на младешка љубов или глумците не ме уверија во истата не знам.Приказната е класична,таа богата и паметна тој сиромашен и романтичен... За мене очајно досаден. 5/10
Одличен филм.Глумците се на место,а посебно Анџелина Џоли.. Нема да откријам за што се работи бидејќи нема да ви е интересен. Препорачувам. 10/10
Само што се вратив од кино,го гледав нај новиот филм со Анџелина Џоли MALEFICENT Интересно Дизни филмче за Малефисент "лошата"( маѓепсничка/вила или како и да се преведува на Македонски ) од дизни приказната Заспаната Убавица. Малефисент е многу убава млада девојка со чисто срце и убави крила,живее идиличен живот во мирна магична шума,но еден ден шумата е нападната од војската на еден крал(не го памтам името на кралот) и од тука се менува нејзиниот живот,кралот дава наредба да се донесе главата на девојката(мислам тој ѕвер ја нарекуваше) и кој што ке успее да ја убие одма го наследува престолот.Заборавив да спомнам дека кога беше околу 12/13 год.пред ова да се случи таа се запозна со едно момче по име Стефан и се заљуби во него,но за жал Стефан е тој што ќе ја предаде,тој е причината за оваа прекрасна девојка да се претвори во личност со камено срце. Потоа Стефан станува крал добива керка Аурора,на крштевката Малефисент фрла клетва врз Аурора... Добар филм го препорачувам,приказната е многу по различна од онаа приказна што ние ја знаеме за Заспаната Убавица. не сум некој голем обожавател на Анџелина Џоли,али морам да признаам дека супер си ја одглуми улогата во филмов Нејзината керкичка Вивијан има мала улога во филмот,баш беше слатка 9/10
Повторно акција. И секако со главната Анџелина која дефинитивно ми е омилена Вработена е во ЦИА, иначе е русинка ... Одлична акција со непредвидлив крај до самиот крај. 10/10
Бегство од Шошенк (1994) - поучна и безвременска крими драма, еден од најдобрите филмови на сите времиња, номиниран за 7 оскари и со највисока оцена на имдб. Главните улоги ги толкуваат Тим Робинс и Морган Фримен. Енди, млад и успешен банкар е неправедно осуден на доживотна робија поради убиство на својата сопруга и нејзиниот љубовник. Тој е многу повлечен и мирен човек, но и покрај тоа наидува на многу проблеми со останатите затвореници. После извесно време успева да стекне пријатели, од кои најповеќе се зближува со Ред (Морган Фримен), кој всушност и ја раскажува целата приказна за времето поминато во затвор. Ако сеуште не сте го гледале овој филм (како мене досега), ви го препорачувам. Посебно ако сте обожаватели на Prison Break. Јас сеуште сум под импресии
Jack Ryan: Shadow Recruit https://www.youtube.com/watch?v=FZtVfmTZftk Филмов го гледав чисто ради досада, не ни пребирав многу, налетав на него и го изгледав. Но пријатно ме изненади, навистина е интересен и напнат. А и присуството на Chris Pine е еден плус повеќе. Препорачувам
Во последно време изгледав прилично лоши филмови... Walk Of Shame Поука од филмов - немој да излезеш со другарки во дискотека, во спротивно ќе завршиш во гето кварт без новчаник, ќе наидеш на нарко дилери, ќе те брка полиција мислејќи дека си проститутка, ќе не можеш да стигнеш на време на работа и попратно ќе ти се случат еден куп глупости. Хуморот беше лош, на моменти ме насмеа, ама сума сумарум - не ми се допадна. That Awkward Moment Филмов траеше 94 минути, а мене ми изгледаше цела вечност. Чудни ликови се вртат во филмов, уште почудни и безврска настани. Non-Stop Со еден збор - клише. Liam Neeson и се е кажано. Овојпат го спасува авионот. Playing For Keeps Лош british accent, просечна глума, позната приказна, предвидливи настани. Ниту еден не ви препорачувам.
The Princess Diaries 2: Royal Engagement (2004) За да стана следната кралица на Џеновија ,Миа е приморана да се омажи бидејќи според законот кралицата мора да е мажена. Прекрасен филм за релаксација. 10/10
Деновиве... Taken 1 и Тaken 2 Toj e CIA агент кој живее за својата ќерка .Таа ја користи неговта слабост кон неа ,го прелажува за патувањето во Франција каде што ја киднапираат за да ја продадат како бело робје.Таткото нели,е супериорен успева да им влезе во трага и да ја ослободи својата љубимица.Вториот дел продолжува во Истамбул каде што агентот сака да си помине релаксиран одмор со своето семејство.Но овојпат ја киднапираат и сопругата...и акцијата тече се до,погодувате,среќниот крај. 7/10 А синоќа посакав да се насмеам на некоја комедија изборот ми падна на Bridesmaids Зошто о боже , си го потрошив времето??Станува збор за другарки ,едната се мажи другата и станува кума..препирките со другата другарка на невестата...и крај. 4/10