Баш денеска гледав еден хорор. Повеќе оди и накај мистерија, но има и премногу страшни сцени, што се непредвидливи и спонтани кои ме извадија од такт. Се вика "Sinester".
Биографија е за Принцезата Грејс од Монако, поранешна холивудска актерка која станува Принцеза и се бори за опстанокот на Монако и за своето семејство.. Незнам дали ве привлече ова, но вреди да се гледа, верувам нема да зажалите за одвоеното време
Јас го изгледав и морам да кажам дека не е лош.Во последно време повеќе ми се допаѓаат турските фимови наспроти американските(настрана сериите). Spoiler Инаку на почетокот повеќе ми се допадна него ли на крајот.Мислам заљубувањето на двајцата беше толку романтично,тој јак,силен,таа,млада,убава,нежна... И кога го изгреба во авионот па со ханзаплас го лепеше А тој поголеми болки трпи.Е сега на крајот не се осеќаше нивната љубов веќе толку,мислам дека повеќе беше заради детето Битно можеше да има среќен крај
Twice born (2012) Филмот никако нема да ве остави рамнодушни. Драматичен, љубовен, со ратни сцени. Многу длабок, измамува снажни емоции. Се започнува од љубовта, забременувањето, посвојувањето, ратот во Босна, сплет на околности, трагични судбини, потресни сцени, неочекувани обрти. Приказната се одвива на релација Сарајево - Италија. Ништо не би можела да издвојам од филмот, треба навистина да се погледне. Од мене оцена 10/10
Злорада(Maleficent) Прекрасен филм кој го гледав во 3D киното во Битола...едноставно не може со зборови,ова треба да се погледне...филмот е навистина прејако нешто....но комент
Изменета е приказната од онаа што ја познаваме сите за Заспаната убавица, но сепак е интересна, прикажана е добрата и лошата страна на Злорада, алчноста на луѓето која е несватлива за другиот свет на самовилите, разочараност и желба за одмазда.. за на крај да победи вистинската љубов
The Grand Budapest Hotel (2014) http://www.imdb.com/title/tt2278388/ Mногу ми се допадна, интересна приказна и одлична глума, препорачувам. 9/10 Walk of Shame (2014) http://www.imdb.com/title/tt2463288/ Читав повеќе негативни критики за филмов, мене баш ми се допадна. Заплеткан на моменти и цело време се случува нешто, интересно и релаксирачко филмче. А глумецот е преубав 7/10
The hunger games Бидејќи прво ја прочитав книгата а потоа го гледав филмот,филмот ми се виде како скратена верзија на книгата и премногу фантастичен на некој моменти. Сепак ми се допадна. 8/10
Господарка на злото Искрено овај филм воопшто не ми се допадна. Улогата е акцентирана на Џоли и приказната е сменета во потполна смисла. Според новото време нели нема љубов помеѓу два различни пола, туку за љубов се смета онаа родителска, да речам грижлива. Цртанот е класика и ја сакам пораката дека секој заслужува вистинска љубов и дека ќе ја пронајде, зошто тоа е така, секој ќе си го сретне животниот сопатник порано или подоцна. Не ми се допадна тоа што добрите вили беа претставени како глупави, недораснати, исмеани. Исто така можеле да најдат некоја која навистина личи на Аурора не да изберат било која актерка. Џоли си глумеше добро, но јас очекував повеќе од овај филм
Го гледав вчера. Додуша филмов психички може да те замисли. А вака е убав и интересен. Борба за опстанок и борба за спас. 9/10
Го гледав вчера. Додуша филмов психички може да те замисли. А вака е убав и интересен. Борба за опстанок и борба за спас. 9/10
Confessions - http://www.imdb.com/title/tt1590089/?ref_=rvi_tt Предобар филм! Се работи за учителка во основно училиште чија ќерка е убиена. Женава има таков добар план како да ги казни убијците... ако сте за добар трилер, задолжително погледнете го филмов. Од мене: 10/10 The Best Offer - http://www.imdb.com/title/tt1924396/?ref_=fn_al_tt_1 Аукционер и воедно богат колекционер на слики ќе биде интригиран од една девојка која што исто така има интерес за уметноста, но има фобија од отворени пространства. Меѓу нив ќе се роди љубов, но не е се така едноставно... Од мене: 7/10
The Book Thief Таман ќе помислиш дека сите приказни за Втората Светска војна се раскажани еве уште една.Нема да ви го одземе здивот ама ќе ви го стопли срцето.Лизел е девојче кое го посвојува семејство,пред почетокот на војната.Се вклопува во животот со нив почитувајки го Хитлер иака не е начисто дали треба или не, да го сака.Во нивниот дом упаѓа младиот Макс евреин,кој живее живот во визба само да спаси гол живот.Лизел е секогаш со него,кога тој се разболува му чита украдени книги,или како што љуби таа да каже позајмени.Во оваа драма нејзин сопатник е Руди нејзиниот најдобар пријател.Се мешаат чувства од свирепоста на војната,за да на крај таа сепак ја живее својата приказна со Макс. Единствено што ми сметаше е што малку во филмот се зборува на германски повеќе на англиски.Чинам дека би била поверодостојна ако се говореше на германски. 8/10
Winter's Tale филмов случајно го најдов,си реков ќе го пуштам и се изненадив од него. Предобро одглумено, акција,љубов... Spoiler Си пуштив солзи,се расплакав Таман застанав малку,се смирив и на крајот ме погоди реченицата ,,Каде ќе одиме после смртта?‘‘ и готово пак се растажив Кој не го изгледал веднаш да си го пушти , од мене 10/10 пс. http://videotrazilica.com/feedg.php?lin ... rica-2014/