50 First dates. Maleficent Многу убав филм. Во принцип не гледам вакви, но уште овој ми остана негледан од Анџелина во главната улога. Крајот како таков не го очекував, но ме бендиса доста многу. 9/10 Mama's boy Интересен филм за 29 годишно мамино синче. Мајката запознава човек и се засакуваат. Синот љубоморен на новиот дечко од мајката цело време прави сплетки за на крај да успее да ги раздели. Но сфаќа дека уствари човекот не е лош и ја сака мајкаму и тајно му договара состанок и тие се смирија. 8/10
Endless love. Време беше да го изгледам филмот, со оглед на тоа дека секој втор пријател на фб е означен дека го гледа. Конкретно мене, воопшто не ми остави некој посебен впечаток. Причината е што сета таа бескрајна љубов е веќе видена. Оцена, 7/10
http://www.youtube.com/watch?v=K3zifQ-zoKw Документарен филм за кралицата Изабела од Франција која станала дете-сопруга на кралот Едвард Втори од Англија на само 12 години.Таа го родила и кралот на Англија-Едвард Трети.Интересен документарец,каде на крајот кажаа една интересна легенда за неа дека после нејзината смрт се претворила во бела волчица и секоја ноќ завиваше околу замокот.Дали кралицата Изабела беше волчица или сепак беше кралица која сакаше се најдобро за нејзиниот син и нејзината држава?
About Time Младиот Тим на своја 21 годишна возраст,ја открива тајната со која може да се врати во времето.Секако дека ќе го икористи своето откритие за да дојде до девојката која ја сака. Половина од филмот ми беше досаден,втората половина ја догледав некако. 6/10 Wuthering_Heights Ако сте љубител на делата на Емили Бронте,ќе ви се допадне и овој филм.Оркански висови се раскажувани и прераскажувани,така да нема да должам.Жулиет Бинош и Рејф Фајнс ,не ми покажаа нешто посебно.Има неколку филма снимени на истата тема мене лично најмногу ми се допаѓа црно белата верзија од 1939 г со Лоренс Оливие и Мерл Оберон. 7/10
The Lovely Bones Филмска адаптација на истоимената книга од Alice Sebold, во режија на Peter Jackson. Kнигата не сум ја читала, па немам појдовна точка за споредба во однос на автентичност. Но, тие што ја читале ретко се задоволни од крајниот резултат, што е и разбирливо - тоа се два сосема различни медиуми, па можеби затоа и слабата оценка на imdb. Филмот, сам по себе е прекрасен. Приказната е претставена од аспект 14 годишно девојче, чија душа талка во сферата меѓу Земјата и рајот. Невина жртва на болен ум, збунета oд новонастанатата состојба...Надреалистички сцени и музика, која на прекрасен начин ја портретира психолошката состојба на ликовите. Секој бара свој начин да ја надрасне болката ... Ако барате филмче за релаксација и тепање време ова не е вашиот филм. 9/10
И јас од се срце ви го препорачувам филмов, глумата е одлична и обавезно земете си паломи, овој филм не поминува без некој солза.
Spoiler FILMOT E ODLICHEN!!! SOLZI..SOLZII...EDEN KUP...!! SE RAZKAZHUVA ZA DVAJCA 18-GODISHNICI KOI SE BOLNI..TAA OD RAK NA TIROIDNATA ZHLEZDA, A TOJ OD RAK NA KOSKITE...SE ZAPOZNAVAAT SLUCHAJNO,POTOA POCHNUVAAT DA SE DRUZHAT..PODOCNA I SE ZALJUBUVAAT..IMA MN LJUBOVNI SCENI..FILMCHETOO EEE SUPER!!! NO KRAJOT..NE E UBAV!!!! GO GLEDAV DENES NA KINO OCENA 10/10
Maleficent Филмот е прекрасен. Се работи за една жена со чиста душа и црни крилја по има Грдана. Грдана живеела прекрасен живот додека растела во шумското кралство, се додека еден ден не им била нарушена хармонијата од страна на човечките војници. Тогаш Грдана ќе биде најсуровиот заштитник во таа земја, но исто така ќе доживее и големо предавство, дело поради кое нејзиното чисто срце ќе се претвори во камен.. Тогаш таа е решена и да се одмазди на кралот и луѓето. А како резултат на тоа, ќе фрли клетва на штотуку родената кралска ќерка Аурора. Додека да порасне детето, Грдана ќе свати дека Аурора има клуч за мир во кралството како и за вистинската среќа на Грдана.
The Fault In Our Stars (2014) Боли секоја минута од тие два часа спакувани во приказна. Одличен шарм и харизма, одлична глума и нелимонадеста позадина. Се избезумив од приказнава и од тоа колку е реална, затоа што, не е тајна дека модерниве болести пополека си ја заземаат позицијата меѓу нас. Не сум јас за вакви приказни, не сум ни човек што цимоли на љубовни приказни, ама оваа е далеку над таквите. Едноставно, го гледаш и срцето ти се кине на милион прашинки и боли, боли толку многу, што дури и не можам да опишам како и зошто. Нешто што мора да се види! 10/10.
The Lucky One Сигурна сум дека љубителите на ваквите филмови како што е The Lucky One веќе го имаат го гледано а тие што немаат го гледано ви го препорачувам обавезно да го гледате Преубава pомантична драма која што уште од самиот почеток ми се допадна Релаксирачко филмче кој што има едноставна содржина 9/10
филмов го гледав само затоа што беше снимен во градот каде што живеам и е со Џони Деп еве кратка рецензија во споилер ќе ја ставам Spoiler Public Enemies е американски филм снимне во 2009. Филмот е за последните години од криминалецот и крадецот John Dillinger. Тој е фатен од полицијата и е затворен затоа што извршил многу убиства и ограбил голем број на банки. Дилинџер пробува и успешно бега од затворот. Оди во друг град и продолжува да ограбува банки. Полицијата го бара насекаде и тој е прогласен за најголемиот јавен непријател во америка.
Stoker Го гледам филмов по втор пат. Го начекав на ХБО и си го изгледав. Искрено мене ми е предобар филмов. Повторно не ни трепнав. Психолошки трилер е, чуден, оригинален, ПРЕДОБАР. Глумата, каква глума човече, одлично. Миа Васиковска ми е преталентирана глумица и дефинитивно заслужува повеќе внимание и награди, исто како и филмов. Никол Кидман, перфектна како и секогаш, а Метју заводник. Го препорачувам филмов, излгедајте го, нема да се покаете. Уште едно нешто премногу ми се допадна во филмов, а тоа е концептот, самата приказна, како и музиката. http://www.youtube.com/watch?v=tuuxnziJJS4 9/10
Hannibal Lecter: Well, Clarice - have the lambs stopped screaming? The Silence of the Lambs, 1991 Hannibal, 2001 Red Dragon, 2002 Кога јагнињата ќе стивнат е еден од најдобрите филмови на сите времиња, потпишувам со двете раце! Напнат трилер, со непредвидлива содржина, ве држи во неизвесност до самиот крај. Моќни сцени, одлично сценарио и предобра екипа. Јас лично, сум благо речено, разочарана од вториот дел, Ханибал. Се изнамачив дури да го догледам, и тоа не затоа што е тежок, туку затоа што дејството е досадно и течи бавно. Многу бавно. Има само една или две, солидни сцени што се однесува до мене. Зато пак, се' е надоместено со третиот дел, Црвениот змеј. Хронолошки, дејството всушност се одвива пред Кога јагнињата ќе стивнат. Возбудлив трилер, не е толку добар како првиот, но не е за потценување. Ентони Хопкинс совршено го портретира ликот на др. Лектор. Не можам да замислам како друг актер го игра овој негативец. Веројатно затоа чувствувам аверзија и одбивам да ги гледам Manhunter и Hannibal Rising. Џоди Фостер е родена за Кларис Старлинг. Ја изигра уогата со толкава леснотија, притоа давајќи и личен печат. Ханибал за мене оставува број 1, негативец во филмската индустија. Изопачен, а сепак брилијантен ум.
за сите што сакаат добра комедија им го препорачувам филмов http://en.wikipedia.org/wiki/We're_the_Millers http://www.youtube.com/watch?v=LoGv_Zvku_c http://www.youtube.com/watch?v=FLm3PNHWObc
The Curious Case of Benjamin Button Филмов долго, долго време ми стоеше во компјутерот. Од кога го изгледав дури криво ми падна шо сум чекала толку многу време. Одличен филм, премногу ми се допадна, премногу. Оди во топ 10 ако не и во топ 5 филмови кои ги имам гледано. Бред Пит и Кејт Бланшет, совршени, перфектни, браво. Бред Пит, мажиште, премногу ми е згоден и харизматичен, а Кејт ми е многу поубава со црвена коса, многу. Подобра приказна и подобра реализација на истата не можам да замислам. Одлично сработено. Премногу емоции ми побуди филмов, премногу. Не трепнав додека го гледав. Филм кој ве тера да размислувате и кој ќе ве остави замислени, тажни и среќни во истиот момент. Ретко кој филм влијае вака на мене како овај, а тоа покажува дека е одличен. Неќам да ви го трошам времето со приказната, само ќе ви кажам, доколку го немате изгледано филмов, не чекајте, седнете веднаш и изгледајте го, нема да зажалите, верувајте. Филм за кој вреди да се потрошат повеќе од два часа. 10/10
What's Your Number Се работи за една девојка што е во потрага по својот идеален доживотен партнер. Во тоа и помага и нејзиниот комшија, во кој тој е заљубен во неа до уши. Таа се обидува да биде со некој од бившите и`, но на денот на свадбата ќе сфате дека всушност таа е заљубена во комшијата. Интересна приказна! Мора да го изгледате 9,5/10