The Fault In Our Stars Иако отсекогаш сум мразела и одбегнувала романтични филмови, овој за инает го гледав, и можам слободно да ви кажам дека немам видено нешто поубаво во мојот живот! Буквално. Филмот е толку перфектен од секој аспект, глумата одлична, актерите исто одлични, меѓутоа начинот на кој е доловена самата приказна е она нешто што го прави самиот филм посебен. Ја немам читано книгата, бидејќи не можам да издржам поголема тага од ова. Цел филм буквално бев во солзи. Толку чувства на болка, љубов, искреност немам видено на филм одамна. 9.8/10 Исто така им препорачувам на сите кои ќе го гледаат филмов во кино обавезно да си понесат марамици. Spoiler На овој момент почнав хистерично да плачам во кино и сите ме гледаа чудно
True Romance Филмов е постар но не и помалку вреден.Кларенс во својата роденденска ноќ,добива блиска средба со проститутка.Но тоа не го спречува да се венча со неа и се обидува да ја добие од нејзиниот макро.Во куфер алишта кои треба да бидат на жена му се наоѓа кокаин,кој тој одлучува да ја продаде во Холивуд.Се разбира нема да му дозволат лесно да го оттуѓи кокаинот . Филмов собира врвна актерска екипа. 8/10
http://www.imdb.com/title/tt1999987/ девојка од Лондон оди на размена на студенти во Њу Јорк,во едно семејство,им го загрозува бракот на домаќините и засеогаш им ги менува животите.оценка : 6.5/10
The Body (2012) - "El cuerpo" http://www.imdb.com/title/tt1937149/?ref_=nv_sr_1 Mystery / Thriller Филм кој остава без здив, прекрасно склопен со тотално неочекуван расплет. Уште еднаш сум импресионира од шпанскиве филмови, го препорачувам од срце за сите љубители на на напнати мистерии со маестрални расплети, оцена 10/10
The last song Spoiler Имав напишано дека не ја сакам Мајли и навистина е така.Но овој филм е навистина .Мајли (не знам како ја нарекуваа таму) има родители но родителите и се разведени.Таа е лута на татко си.На почетокот на филмот мајка и ги носи нејзините две деца (Мајли и брат и) кај татко и.Потоа Мајли си наоѓа дечко.Арно ама дечко и имал бивша па она прече тука.Потоа они се смируват.И на крај Мајли дознава дека татко и болен од рак и накрај умира татко и
Спектакуларното „сега“ Spoiler со Мајлс Телер и Шајлин Вудли Ништо посебно. Лимонатка. Најголемиот фраер во цело школо се зацапува во повлечена девојка и зашто дечково е крајно несериозен и невиден шутрак, девојкава ќе го промени. High-school kind of thing. Сцената со првиот бакнеж... give me a break! Не го препорачувам. П.С. Глумецот што го глумеше татко му е муј секси. П.С.С. Главнава актерка гледам голем замав зема во новиве филмови. Stoker Spoiler со Миа Васиковска, Метју Гуд и Никол Кидман Сиже: татково умира и на денот на погребот мистериозно се појавува неговиот помал брат. Што и да раскажам подетално ќе биде непотребно, зашто од сам почеток ќе забележите (таков е накко тонот на филмот) дека има нешто чудно.... Мислам.... колку е само болно да ја заведеш жената на твојот неодамна починат брат Кога го догледав.... ми се гадеше искрено. Немав коментар од што бев згрозена. Очекував добра драма/трилер, добив срања со зелен подтон. Глумата на главните актери беше феноменална (Никол Кидман , особено последната сцена и онаа кога ќеркава и‘ ја чешла косата), ама приказната Е ми се допадна детаљот со чевличките Фатална привлечност Spoiler Now we're talkin'! Класика. Не сум го гледала досега, ама верувам повеќе од вас сте го гледале. Кога авантурата за една вечер ви станува ноќна мора, а секое ново ѕвонење на телефонот ве штрекнува до мочање в гаќи. ФЕ-НО-МЕ-НАЛ-НО! И како ги снимиле секс-сцените, ала да им е. * - креативно Вагинални монолози Spoiler Ова е како документарец. Главниов лик всушност држи монолог во живо пред публика на различни теми поврзани со женскиот полов орган. Инспирација црпела од интервјуата што ги правела на огромен број жени ширум Америка. Интересно, многу интересно, и доста се смеев. Кратко трае, малку повеќе од еден час. Очи широко затворени Spoiler (1999) драма/мистерија/трилер за Стенли Кјубрик Едно десетина минути пред да заврши филмов готова бев да речам WHAT THE HELL AM I SEEING HERE?!Ама арно го догледав и се премислив. Том Круз. Никол Кидман. Кажано е се‘. * Никол Кидман човече која нога А и како се сите дотерани во филмот, да ти е мерак, да се изнагледаш. * И се чудам како докторот (Круз) може да остане толку професионален и како така случајно пациентките му се презгодни девојки со голи цицки! П.С. Ако не сте го гледале (иако се сомневам дека има такви изгубени како мене), да ве предупредам да бидете подготвени за оргии.
Haunt Иако започна како клише приказна со опседната куќа со духови, сепак имаше малце повеќе тежина и една поинаква позадина на целата приказна. Многу ми се допадна, навистина одличен хорор, само крајот не ми се допаѓаше, посакував поинаку да заврши... The Poughkeepsie Tapes Според вистинска приказна за сериски убиец, но не е класичен филм, туку 50% е направен како документарец, останатите 50% се со обична камера, т.е. found-footage. Многу ми беше досаден искрено, едвај чекав да заврши... Torment(2013) Филмов е само напнат, ништо повеќе. Не беше лош и не ми беше воопшто досаден, ама... сличен е на The Strangers, и ваквите филмови ми се многу пасивни и секогаш имам чувство како да им фали нешто. Според крајот, претпоставувам ќе има втор дел.
Way of the Wicked Откако ќе се случат неколку мистериозни убиства во малиот и изолиран град, отецот заеддно со полицискиот детектив откриваат дека проблематичниот тинејџер кој се неодамна досели има мрачно минато,па се принудени да се борат против демонските сили...
Walk of Shame 10\10 прекрасен...одамна немав гледано добра комедија, чиста 10ка Станува збор за девојка која ја напушта нејзиниот дечко, потоа истата вечер другарките ја изнесуваат на забава. Таа се запознава со еден дечко у кафич и заминуваат кај него дома а таа појма нема каде е и со кого е затоа што е пијана, кога се буди ноќта излегува од кај него и се загубува..е од тука следуваат сите глупости..
The fault in our stars Не можев да дочекам снимка за филмов, па морав да го гледам во кино со еден куп разврескани, расплакани и размрсулавени тинејџерки. Што морам да признаам дека ми го расипа впечатокот за филмот малку. Поука за друг пат. Како и да е, и самиот филм не ми ги исполни очекувањата. Што требаше и да знам дека ќе се случи. Од целиот кастинг Шајлин Вудс најмногу ми се допадна, има некоја природна харизма и јасно ми е зашто ја има во толку многу нови филмови. Прекрасна е и совршено ја долови улогата. Исак најмалку ми се допадна, не знаеше воопшто да глуми некако детето. А Август... Па, мех, добар беше, ама што знам, не ми кликна некако колку Шајлин. Мислев дека ќе пуштам некоја солза на филмов, ама ништо од тоа, да го гледав дома можеби, ама дури срам да те фати од тинејџеркине. Како и да е, книгата е далеку подобра, зборовите прочитани и сфатени на свој начин не можат да бидат заменети, не е исто кога ќе слушнеш како некој друг ги изговара. И тоа е тоа.
Temptation: Confessions of a Marriage Counselor - Ми се допадна иако ми се идеше да ја убијам Џудит , не и беше доволен мажот и па ајде со друг... сепак си го доби на крајот и тоа ми се допаѓа и филмот е како поука за оние на кои не им е доволен еден маж и кои мислат дека можат да бидат по среќни со друг! 10/10
The tourist (2010) Филмов го имам гледано порано, ама го подзаборавив, па сега пак се потсетив. Со Анџелина Џоли и Џони Деп. Тој е амерички турист, а таа... па таа е убава жена Се сретнуваат на интересен начин, и тој спој доведува до романса, ама и до низа сплетки, интриги и опасности. Прилично ми беше смешен. Допадливо филмче. од мене оцена 10/10 Barefoot (2014) Малку поинаква љубовна приказна. Тој е црна овца од богата фамилија, западнат во неволји, таа е млада пациентка во психијатриска болница која што цел живот беше изолирана, заклучена дома со мајка и. Не е лошо филмче, интересно и симпатично е, не е досадно, дури и ме разнежуваше на моменти. моја оцена 8/10
STOKER Има повеќе кои имаат пишувано кратка рецензија за филмот.Или јас сум глупа или навистина е психички филмот Единствен убав детал ми беа чевличките кои ги носеше девојчето и како и беа наредени на креветот кои што ги добивала за секој роденден.Никол ми е совршенство али во филмот не. 5/10 Bad Teacher Spoiler Залудно потрошени 90 минути.Филмот ми беше ептен (веќе видено) Професорка која не се замара за својата работа туку преоритет и е нејзиниот изглед бара матријалист за партнер за да може финансиски да биде задоволена.Цел филм собира пари за да си стави силикони и на крај се премислува Не ви го препорачувам 6/10 Easy A Spoiler Олив е средношколка и со една лага започнува целата нејзина сторија.Ја лаже другарка и дека била на состанок па дури дека јаизгубила невиноста.Во тој момент муабетит го слуша и друго девојче која што веста ја раскажува низ целото училиште.Олив од обична ученичка станува позната во целото училиште и сите ја гледаат поради нејзиниот чекор кој го направила. Продиолжуваат да се редат ред лаги една со друга па накрај се кае што почнала да лаже и закажува средба на интернет канал каде што сите ке можат да ја чујат што има да им каже. Интересно филмче за релаксација посебно има многу смешни моменти ви предлагам да го гледате. 8/10
GIA Ова е една бавна вистинска приказна,раскажана преку дневникот на Џиа,нејзината мајка ,љубовницата,соработниците.Приказна од Холивуд ,млада убава девојка се вивнува во облаците на модата,нејзиниот сјај ,пад и крај.Приказна искажана преку сцени од нејзините дрогирања,нејзината љубов спрема Линда...и секако крајот од болеста наречена сида.Она што не ми се допадна е премногу бавната акција а од друга страна секогаш ме потресуваат филмови инспирирани од вистинска приказна па колку и да се бавни. Анѓа во сосема поинаква улога. 8/10
The other woman Во главна улога е Камерон Дијаз, која ќе биде излажана од дечкото со кој се гледа. Една вечер решава да му приреди изненадување и оди кај него дома и се сретнува со неговата жена, со која се здружуваат и откриваат нови жени во неговиот живот. Интересена комедија. 22 jump street Овај пат момците одат во универзитет, да го најдат дилерот на новата дрога, која е актуелна меѓу студентите, од кои една умира. Има мнооогу комични ситуации, како на пример кога едниот полицаец ќе сфати дека татко на неговата девојка е неговиот претпоставен, исто кога ќе му скокне октопод на главата. Има и акција и комедија. Ако сте го гледале првиот дел и овај ќе ви се допадне. The words Извонреден филм, кој ме остави да размислувам. Автор на една книга раскажува приказна за млад човек, кој откако ја запознал жената на неговиот живот решил да стане писател, но зборовите никако не можел да ги состави, едноставно немал инспирација. По смртта на ќерка му која е бебе, тагата и очајот измешани со среќата која ја имал претходно ќе пламнат и тој ќе напише прекрасна приказна, која ќе му ја даде на жена му да ја прочита, но таа актовката со напишаните листови ќе ја заборави во воз и таа фантастична приказна нема да биде објавена, се додека еден млад човек не ја купи актовката во антикварница и стане еден од најпознатите млади писатели. Тој ќе ја објави книгата и по извесно време ќе се сретне со старецот. Ви треба концентрација додека гледате Coraline Морничав анимиран филм, за едно девојче Коралајн која оди во парарелен универзум каде се е по нејзино и сите ја сакаат, но подоцна дознава дека мајка и во овај свет е злобна вештерка која и ги киднапира вистинските родители и сега Коралајн мора да си спаси. Многу морничав
Frozen Бев скептична за филмов но некако се натерав да го изгледам и добар беше. Ми се допадна музиката и хуморот и се заедно. Искрено се изненадив на крајот, обично знам да предвидам по нешто но овој беше исклучок. 8/10
Ова од синоќешниот репертоар: Jailbait (2013) Се работи за младата девојка која неправедно завршува во затвор поради ненамерно убиство на очухот кој ја злоставуваше. Филмот изобилува со секс сцени, посебно лезбијските, така да кој не поднесува подобро да не гледа Јас во еден момент сакав да го прекинам, ама бидејќи ме интересираше приказната до крај, до крај го изгледав. Мрачна страна на женскиот затвор, дрога, сложени душевни врски, изгубена надеж, верба итн... се средиштето на приказната. Само поради драматичната тема, а такви некои мене ми се интересни (во филмовите само ) ми беше интересен до крај, мада за мој вкус прееемногу лезбијски секс-моменти. 7/10 Trap for Cinderella (2013) Поради насловот мислев дека се работи за некоја лесна комедија, ама всушност се работи за драма. Младата фотографката ја задесува трагедија, преживува пожар, и доживува амнезија. Понатаму се обидува да се пронајде самата себе и својот идентитет, ама нели не е се така едноставно, имаше многу обрти во филмов, кој е патем и криминална драма. Ме потсетува на некој роман од Агата Кристи (или сличен некој беше ) 7/10
Комедија во која главна улога е Селена Гомез.Момче кое се заљубува во неа и се ќе направи за да ја освои.