John Tucker must die Го препорачувам филмот ГАРАНТ ЌЕ СЕ ЗАЉУБИТЕ ВО ЏОН Се збoрува за едно момче што има 3 девојки, сите ги мами и тие дознаваат и прават план тој да се заљуби во една девојка и таа да му го скрши срцето. Тој за заљубува во неа, ама таа ќе го остави на неговиот роденден (Јас сакав да останат заедно) и таа ќе отиде со неговиот брат и Џон повеќе нема да лаже 10/10 21 Јump Street овој се работи за двајца полицајци што ги праќаат во средно училиште како средно школци, преправени браќа за да најдат дилери на дрога. На крај ќе ги исфрлат од школото ама тие пак ќе го најдат дилерот. 10/10
Ride Along 10/10 Spoiler Се зборува за тоа како едно црнче го примаат на полициска академија и тој сака да се омаже со сестрата на еден полицаец Џејмс, ама Џејмс не го сака него и сега го зима и го носе со него, демек да го тестира дали го бива (за полицаец и за сестра му). А сите криминали што требаше да си запре црнчето беа наместени и потоа тоа дознава за тоа, ама имаше еден ненаместен и овој мислеше дека и тоа е наместено И на крај со помош на него ги фатија луѓето што Џејм долго време ги брка
Bad Teacher (2011) Интересна приказна,од перспектива на оние што секогаш даваат се од себе и на крајот тие пак си го добиваат подебелиот крај. 6/10 Non-Stop (2014) Моја препорака е кој не го гледал, обавезно да го гледа.Еден од подобрите филмови што сум ги гледала во последно време 10/10
Prisoners (2013) На повеќето сигурно веќе ви е позната содржината.Две мали девојчиња се киднапирани на Денот на Благодарноста,а целиот филм е всушност истрагата за нивното киднапирање.Го гледав поради тоа што обожавам трилери,и дефинитивно не ме разочара.Феноменален крај и одлична глума.Кој обожава филмови од ваков тип,обавезно нека го гледа.Препорачувам. 10/10
The Lincoln Lawyer (2011) Одличен филм! Приказната се одвива лагано, ама не премногу бавно, туку токму онака лагано колку што ќе ве држи заинтересирани и во исчекување. Мада не сум некој фан на Метју МекКонахи, многу добро му легна улогата на адвокатот со надмен, ама сепак достоинствен и интелигентен став. Сметајќи се за успешен адвокат и длабоко загазен во својата професија, сфаќа дека го изгубил осетот за правда, во моментот кога води еден, на изглед едноставен случај. Моја препорака за сите љубители на добри драмски трилери. 10/10
These are hard times for dreamers. Le fabuleux destin d'Amélie Poulain, 2001 Филмчето за чудесната судбина на Амелија Пулен е приказ на (не)обичниот живот на една млада девојка во Париз. Има нешто посебно во овој филм. Приказната ќе ве стопли, и нема да сакате да заврши; така барем беше случајот со мене. Цело време бев со онаа идиотска полу- насмевка, стопена од милина, спремна да ме берат со лажиче. Ова дефинитивно не е најдобриот филм кој што го имам гледано, ама со сигурност тврдам дека е најљубовен. Поромантичен и од оние лигави лимонатки. Палче нагоре од мене, 8/ 10
John Tucker Must Die Леле како сум го пропуштила филмот досега Ептен ми беше јак, онака релаксирачки, таман за во слободното време Интересна приказна воедно. 10/10
The physician Не знам зошто порано не сум го гледала овај филм, преѓе го гледав и се воодушевив. Неверојатно е до каде оди човечката љубопитност, само за да добие знаење. Ова е филм за едно момче, кое по смртта на мајка му, од слепо црево, сака да научи како да ги лечи луѓето. Роб е решен да оди дури до Индија за да учи од најбистриот и најинтелегентниот Ибн Сина. Роб се преправа дека е евреин и самиот се обрежува и по некоја среќа е примен за да учи кај Ибн Сина. Религијата не дозволува телото на било кој човек да биди отворено, затоа човек кој страда од било каква внатрешна болест секогаш умира. Меѓутоа љубопитноста на Роб и желбата да научи повеќе, ќе го натера да го отвори човечкото тело и да се запознае со цревата, срцето и како навистина фукнционира дотокот на крв, работи за кои претходно е забрането да се зборува, а не нешто друго. Исто така во тоа време се опишува и борбара меѓу Турците Селџуци и шеикот Ала-ад-Даула. На крајот Роб ќе се врати во Лондон, каде ќе излечи многу луѓе во неговата болница. Мене ме импресионира филмот, најверојатно зошто претходно не сум гледала некој сличен на овај. Доловува историски моменти и важни моменти за медицината. Исто така има и некои љубовни сплетки
Dispicable Me 1 незнам како не сум го гледала до сега..малава е срцка http://www.youtube.com/watch?v=SNLJDR-XbVY
Опседнатост со бејонсе,една девојка која работи со сопругот на шерон(бејонсе) се опседнува со него и сака да биде со него но он не ја сака,таа измислува се за да го растури семејствето. Многу ми се допадна го препорачувам 09/10
The Purge Станува збор за Америка неколку години од сега, каде постои нов закон, легално е еден ден од годината да се изврши било каков криминал. И, basically, филмот е што се' ќе му се случува на едно семејство за време на тие 12 саати додека е се легално... Просечен, ама ОК за тепање време. Choose Млада новинарка почнува да истражува мистериозни убиства и открива поврзаност на смртта на мајка и со истиот убиец... и така натаму. meh... Просечен хорор/трилер. Очекував малце повеќе возбуда.
The Uninvited(2009) Одамна ми беше на листа на гледање, а денес бев расположена за некој хорор/трилер со доза на мистериозност.Одлична глума, има неверојатно добар plot twist, за жал мене ми беше веќе познат и во текот на филмот постојано барав делчиња кој ќе го откријат, ама не најдов на такви, така што навистина е одлично смислен.Инаку, повеќе е трилер отколку хорор, ама имаше неколку делчиња каде што се штрекнав.
Во последно време имам гледано многу филмови но ова се најдобрите The Physician (Der Medicus) Филмов го гледав во кино и на некои сцени замижав (има сечење на тело вадење органи) доста трае два ипол часа но вреди за секоја секунда Приказна сместена во 11 век време кога медицината се сметала за црна магија.Роб по смртта на неговата мајка сака да стане лекар трга во Персија кај Ибн Сина се преправа во Евреин и лажно се претставува само за да стигне до предавањата.Одличен филм со преубави сцени од Блискиот Исток. Now You See Me Четири илузионисти ненадејно добиваат покана и се собираат на едно место не знаејќи зошто.Една година подоцна тие изведуваат трик во Лас Вегас со кој ќе станат популарни но и мета на полицијата Одличен филм со сосема непредвидлив крај Oz the Great and Powerful Оскар Дигс Оз е илозионист (измамник) од Канзас бегајќи влегува во балон кој ќе биде зафатен од торнадо и го носи во сосема нов свет таму ја запознава добрата вештерка Теодора сите сметаат дека пророштвото на кралот се исполнува според него кај нив од небото треба да падне волшебник кој го носи името на нивната земја и кој со својата магија ќе ја избрка Злобната Вештерка.Така Оз ќе се најде во борбата за власт меѓу трите вештерки Maleficent Изменета приказна за Заспаната убавица се раскажува за Господарката на злото предавството кое ќе и го претвори срцето во камен нејзината желба за одмазда таа фрла клетва врз новородената ќерка на царот Аурора но подоцна сфаќа дека Аурора можеби е клучот за мир во земјата. Анџелина Џоли е предобра во филмов
The walk of shame Одамна не бев гледала некој лесен филм, па денес ете одвоив некое време да го погледам овој. Ми се виде прилично интересен од трејлерот што го гледав. Добар филм, има смешни сцени, интересна приказна а и Елизабет е прекрасна во оваа улога. Spoiler A reporter's dream of becoming a news anchor is compromised after a one-night stand leaves her stranded in downtown L.A. without a phone, car, ID or money - and only 8 hours to make it to the most important job interview of her life.
Animal Супер филмче, не ми се омилени хорори со вакви животни/мутанти/вонземјани, не знам како да ги наречам, но овој имаше многу интересно сценарио и не беше досаден ни малце. Глумата на сите беше одлична, многу добро доловени емоции, пред се' страв. :up:
Значи одпрво бев малце скептична но откако го изгледав цел филм во солзи морам да признаам дека не помнам кога последен пат имам гледано толку добар филм Едноставно секој збор е премногу...такво нешто само на филм може да се доживее за жал 10/10