Sakam i jas da go gledam the other woman ama prevod nikade nemozam da najdam samo na angliski ki izleguva kaj go gledase ti?
Се изнаплакав околу 3 часа трае,и некако одвај се убедив да го гледам. Не жалам за изгубените 3 часа. Филмот е прекрасен,тажен ама убав. Ептен тажен крај има .
House at the End of the Street Пред се морам да кажам дека филмов има одлична приказна позади себе. Ми беше интересна и неизвесна. Една замерка, првите добри 45 минути ми поминаа многу споро, можеле малку постресен да го направат кога веќе е класифициран како хорор-трилер. Глумците ми беа солидни, а Џенифер прексрасна. 6/10
We're the Millers (2013) Се работи за една „фамилија“ која е на „семеен одмор“ во Мексико.Всушност,зад ова се крие шверц на дрога,од страна на „таткото“ кој е дилер,а останатите членови на „семејството“ се само учесници во шверцот.За време на патувањето во Мексико се случуваат разни случки кои верувам дека ќе ве насмеат и расположат.Одлична комедија за опуштање.
We're the Millers (2013) Примадона пред мене кажа се за филмот Навистина добра комедија која ќе ве опушти и насмее ви го препорачувам доколку не сте го гледале 10/10 Orphan-(сираче) Овој е психолошки трилер филм кој што до крај ми го задржа вниманието. Семејство кое при смртта на нивното неродено дете решава да посвои дете кое.Девојчето пред семејството глуми сосема добра личност но во себе не е така.Таа е претставена како деветгодишно дете криејќи ја зад себе болета која има нарушување во развојот и изгледа како мало девојченце.Опасна за околината гледа колку може да наштети на семејството и да го предобие ''татко и'' Единствено што не ми се допадна беше крајот очекував да заврше поинаку.Но сепак филмот е предобар ви го препорачувам да го гледате 9/10 Safe Haven За овој филм ќе кажам дека е романтичен и повеќе нема да ви откривам за да го гледате обавезно После долго време пуштив солза на филм (крајот е предобар) Алех е повеќе од совршенство 10/10
X-Men: Days of Future Past (2014) Најновиот филм за мутантите кои овој пат ќе се обединат и со своите моќи ќе се обидат да го спасат светот од роботите Сентинелс кои инаку се толку моќни што можат да го уништат секој мутант. Поради тоа, Волверин се враќа во далечната 1972 каде што ќе се обиде да го смени минатото, а со тоа и иднината. За разлика од Last Stand и First Class, овој дефинитвно ми се допадна. Глумата нема потреба да ја коментирам. За сите оние што се љубители на Икс-Мен филмовите, дефинитвно препорачувам да го гледате во 3Д, сигурно ќе ви се допадне. Оценка на IMDB: 8.4/10 Моја оценка: 9/10 Neighbors (2014) Лесно филмче, топ за релаксација. Се работи за група на студенти кои ќе се населат веднаш до куќата на едно младо семејство и секој ден ќе им го ремтат мирот. Затоа, младиот пар ќе се обидува на различни начини да ги исели нивните нови „соседи“. Препорачувам. Оценка на IMDB: 7/10 Моја оценка: 7.8/10 Project X (2012) Мноооогу бев скептична за филмов. Мислев дека ќе биде еден од поужасните филмови што сум ги гледала. Меѓутоа, напротив, баш ми се допадна. Приказната верувам ја знаете сите, 3 момци одлучуваат да направат забава која набрзо прераснува во лудило. Доколку сакате забави и такви филмови, и овој ќе ви се допадне. Оценка на IMDB: 6.7/10 Моја оценка: 8.2/10
Јас во лето се најдов да гледам филм со снег Frozen (2010) филмот е интересен и по малку досаден бидејќи цело дејство се случува на корпата од жичницата
Предобар филм дури малце заплакав ви го препорачувам иако е Индиски филм сепак предобар не очекував да биде ваков филмот
Женски каде можам да го гледам The other woman со убава снимка онлајн? И Maleficent убава снимка не од кино??
Changeling (200 Spoiler Приказната се базира на вистински настан, кој се случил во триесеттите години од минатиот век. Самохранa мајка го пријавува своето дете за исчезнато откако еден ден ја наоѓа куќата празна и без знаци на извршено насилство. Се отвара случај кој по пет месеци е наводно разрешен од страна на полицијата, но се работи за грешка која полицијата во никој случај не сака да ја признае и прават сè што е во нивна моќ за да ги задушат сите докази кои сведочат за нивната неспособност. На крај приказната нема среќен крај затоа што Кристин никогаш не успева да го пронајде својот син, но сите кои имаат удел во случајов ја добиваат својата казна. Глумата на Анџелина на моменти ми беше плитка и безизразна, но филмот има одлична приказна и одличен приказ на еден од моите омилени периоди. Вреди да се потрошат два часа и дваесет минути, приказната е навистина потресна и несомнено ја прикажува суровата реалност во која секој се труди да ја оттргне вината од сопствените раце и да ја префрли на нечиј туѓ грб. Ништо посебно не се сменило од тогаш до денес, за жал. Оценка: 9/10 Love, Pain & Vice Versa (200 Со познатата Барбара Мори, а.к.а Руби. Без сомнеж е една од најдобрите латино-актерки и не очекував дека добро ќе се снајде со некоја улога вон тематиката на претходно спомнатата серија. Приказната се врти околу младата Консуело која ја мачи истиот сон долго време и тврди дека наводно машкиот лик од нејзиниот сон е нејзиниот совршен маж. Девојката се пријавува во полиција како силувана и го дава описот на човекот од соништата. Во исто време, на другиот крај од градот, еден доктор сонува кошмари со девојка на која не може да и' го види ликот. Прилично лимонадест почеток, но романтиките се оставени некаде зад приказната затоа што главната цел е да се прикаже човековата потсвест како едно моќно оружје кое диригира со нашиот млитав ум. Дали навистина сè било само сон, производ на фантазијата или нешто сосема реално и далеку од блуткавиот и наводно романтичен почеток - погледнете. Далеку е од познатите шпањорес филмови во кои Фернандо дознава дека сам себе си е татко , има нешто што го прави интересен и посебен, поделен во три последователни делови кои ја прикажуваат нејзината, неговата и онаа реалната страна која навистина се случила некогаш. Од мене 8/10.
10 things I hate about you Мене ми беше многу интересен.Тинејџерски,романса.. Оцена од мене: 10/10 Spoiler Актерот Heath Ledger ептен беше убав
Еве за оние што прашувавте каде да го гледате The Other Woman. Spoiler http://putlocker.is/watch-the-other-woman-2014-online-free-putlocker.html Would you rather? Филм што нема ни Х од хорор. Има премногу гадни сцени, но ми се допаѓа тоа што цело време си во неизвесност. Дефинитивно неочекуван крај, не требаше така да заврши. Мислам според тоа како заврши би требало и втор дел да има. 8/10 Spoiler Девојка која очајно е во потрага по пари за да го плати лечењето на нејзиниот брат ќе се пријави за една игра. Играта испадна нешто сосем неочекувано. Им се поставуват два услови, од кои мора да изберат еден и да го направат. Условите не се ни малку лесни. Exam Еден од подобрите филмови што сум го гледала во последно време. Ми се допадна многу, ти го разработува мозокот. Имав едно милион прашања и одговори во глава а на крај испадна нешто сосем што не очекував. Филм што буквално will blow your mind. 10/10
Tres metros sobre sobre el cielo 10/10 (Три метри над небото) Spoiler Моторџијата Хуго случајно лудо се вљубува со девојката Баби која е од строго и угледно семејство. Таа на почетокот не го сака и тој ја брка и таа се вљубува во него. Баби бега од училиште само за да се гледа со Хуго. Мајка и' дознава и и' забранува да се гледа со него, ама тие продолжуваат. Во една од трките умира најдобриот другар на Хуго, Пиле. Хуго и Баби се разделуваат, таа има нов дечко, Хуго оди во Лондон. Tengo ganas de ti 10/10 Tengo ganas de ti е продолжение на Tres metros sobre el cielo. Spoiler Хуго се враќа од Лондон и на бензиска запознава една необична девојка Џин. Таа е веќе вљубена во Хуго, но и тој се заљубува во неа. Хуго сеуште не ја заборава неговата голема љубов со Баби. На претставата каде Џин учествува, Хуго ќе отиде со Баби и додека Џин го бара него, се обидуваат да ја силуваат, ама доаѓа Хуго ја спасува, ама таа лута си оди. Хуго оди на трките со мојори и се трка за да го добие земаниот мотор на неговиот најдобар другар Пиле (кој е починат). Хуго го добива моторот на Пиле и и' пишува писмо на Џин и тие остануваат заедно.
Safe Haven Уште еден филм работен по дело на Николас Спаркс. Мислам дека тоа кажува каков е. Не сум некој голем љубител на книгите на Спаркс, оваа конкретно ја немав читано. Филмов, искрено ми беше блед, премногу блед. Приказнава ми беше неповрзана, како многу моменти да се испуштени и недообјаснети, како да рипнале поголем дел. Доста нереален филм, ама тоа може и да се очекува од Спаркс, типично за него. Дефинитивно нешто најдобро во филмот е изборот на глумци. Џош, не гледам зошто си го губел времето на филмов, има поголем потенцијал, инаку ептен ми е згоден, а Џулиен ми е симпатична и си ја сакам уште од DWTS. Исто и кога си ја видов Робин он HIMYM си се скапав радување, и неа си ја сакам. Не би ви го препорачала филмов, за романтичен филм не ми побуди некои емоции, има многу подобри.ж 5/10
Catch me if you can (2002) Многу добар филм со Леонардо ди Каприо во главна улога, кој верувам многу од вас го имаат гледано. Станува збор за средношколец кој разочаран од семејната ситуација и разводот на неговите родители, решава да избега од дома, а набрзо потоа пронаоѓа начин на совршено фалсификување на чекови и документи со кои менува професии од пилот, до доктор и адвокат иако се` уште нема завршено средно образование. Убаво склопена приказна која иако трае 2 ипол часа, го задржува вниманието. Препорачувам 10/10 21 (200 Еден од подобрите филмови кои ги гледав во последно време. Се работи за студент кој се запишува медицина на Харвард меѓутоа ги нема доволните средства за школување, поради што се обидува да добие стипендија. Во меѓувреме ќе биде вовлечен во тим на „коцкари“ односно ученици од факултетот, кои со помош на одредена шема, знаци, броење заработуваат многу пари во казината во Вегас. Типично за вакви филмови, во најголемата заработка, ликот станува лаком за уште пари, прави грешка и ги губи сите пари. 8/10 Mysterious skin Не знам дали да напишам критика за филмот со оглед на тоа што не додржав до крај и не го догледав, ама премотував чисто за да видам што ќе се случи. Го одбрав набрзина без да обрнам внимание на приказната, и се разочарав. Се раскажуваат паралелно две приказни за момчиња, едно кое е киднапирано од вонземјани и едно кое е малку weird и сексуално злоставувано од својот тренер, кое подоцна израснува во машка к*рва. Приказната за вонземјаните ми беше ептен плитка, додека другава сериозно ми создаваше нагон за повраќање. На крајот некако приказниве се испреплетуваат...Пишав поголема критика за филмот иако не го догледав до крај, ама не го препорачувам. Секој со својот вкус, сепак, а има и висок рејтинг на IMDB.
Само што го догледав. Филмов е прекрасен.Една многу поразлична приказна од цртанот. Филмовите од Дизни како и секогаш најдобри,а глумците се баш на масто. Анџелина како и секогаш царица .(никој не може да ја замени ) Мислам дека само поради неа филмов стана толку популарен.
Smurfs 2 http://www.imdb.com/title/tt2017020/?ref_=nv_sr_1- За разлика од првиот дел кој што многу ми се допадна, вториот е катастрофа. Дебилен хумор, неинтересна приказна, досаден накратко. Оцена: 2/10 Transcendence http://www.imdb.com/title/tt2209764/- Оригинален филм од почетокот до крајот. Оцена: 9/10 Pi http://www.imdb.com/title/tt0138704/?ref_=fn_al_tt_1 - Висок рејтинг, интересна кратка приказна на Imdb, ама филмов според мене (и маж ми) е залудно потрошено време. Психички нестабилен карактер кој што се манифестира преку цел филм за да на крај не се дојде до никаков конкретен заклучок. Оцена: 1/10 Secret Window http://www.imdb.com/title/tt0363988/?ref_=fn_al_tt_1 - Филм создаден по еден од романите на Стивен Кинг, што значи, загарантирана добра, превртлива приказна со многу неочекуван крај. Оцена: 7/10
The odd life of Timothy Green Се зборува за брачен пар кој неможе да има деца.Разочарани размислуваат како би изгледало нивното дете.Една ноќ,по невреме кај нив ке се појави мало момче кое ги има сите карактеристики кои тие ги посакуваат за нивно дете.Брачниот пар и малиот град ке сфатат дека понекогаш неочекуваното може да донесе некои од најголемите поклони во животот....6.5/10 Има малку нереални работи ама вреди да се гледа.Прекрасен филм. според мене 9/10 еве ви и trailer : https://www.youtube.com/watch?v=QhaPxj1 ... r_embedded
Ella Enchanted 7/10 Нешто како Пепелашка со ферис. Има моменти кај што е претерано со ефектите. Џинови, елф, ферис, змија што зборува, човек претворен во книга. Ен Хатавеј дефинитивно му дава посебен шмек на филмот, па затоа ѝ давам поголема оцена. Becoming Jane 6/10 Spoiler Некако не ја сватив поентата на филмот. Девојка која пишува и свири на клавир (пак Ен Хатавеј, ја обожавам). Се заљубува во момче кое учи за адвокат, а вујко му е судија. Треба да се омажи за еден богат кој не го сака, па на крај одлучува воопшто да не се омажи.