The Amazing Spiderman The Amazing Spiderman 2 Малку изменети и проширени приказни за добро познатиот супер-херој. Мене повеќе ми се допаднаа отколку претходните филмови со Тоби Мегваер, кој патем ми беше тотален промашај за оваа улога. Едру е одличен, баш е наивен лик, страшно харизматичен и мил, мислам дека се заљубив како тинејџерка во неговата интересна и по малку мутава насмевка. Ема Стоун - одлична, само се разочарав тотално во вториот дел, ама тоа е тоа, барем не направија лимунадест завршеток каков што верувам дека сите очекувавме. 10/10 и за двата, ги обожавам овие ликови.
^^^ До кога ќе се толерираат вакви "рецензии" ? Темава е јасна, пишувате за последниот филм што го имате гледано и кратка рецензија , а немам што да кажам за филмот, дефинитивно не е ни кратка ни па рецензија за филм. Не ме сфакај погрешно, ама си можела да напишиш барем две три реченици за него. Да не бидам офф, Wrong Turn Минатио пат MandyLane ме подлажа со филмов и зедов си го симнав повторно првиот дел кој според мене ми е најдобар. одмана беше првиот пат кога го гледав, па решив да си се потсетам. Добра глума, задоволителна доза на стресни сцени и крвишта. Ако сте љубители на вакви филмови, ќе ви се допадне.
Јоhn Tucker Must Die Се работи за момче кое има 3 девојки,а пак тие не знаат за тоа.Кога ќе дознаат дека цело време ги лажел ќе решат да му возвратат на ист начин со тоа што ќе најдат девојка која ќе глуми дека е заљубена во него,а потоа да го откачи.Доколку гледате тинејџерски филмчиња,ви го препорачувам. 10/10
Spoiler Навистина луѓе,потрудете се да напишете две-три реченици за филмот од своја перспектива,без да го раскажувате.Тоа е целта на темава. Non-Stop Многу предвидлив филм.Сето тоа грабнување на авионот,уценување на полицаец,сомнежот на терористи веќе е обработено во многу филмови со многу подобри дијалози. Иако филмот е исклучиво фокусиран на маршалот,целта на грабнувачите е многу бесмислена и неубаво прикажана.Лиам Нисон си ја нашол комфорната зона во акционите филмови од ваков тип(како типот на Taken) и дури човек препознава што ќе направи следно. Режисерот избрал познати актери,но не ги употребил како што треба. Моја оцена 4/10
Blue Lagoon: The awakening Spoiler Многу добар тинејџерски филм. Претпоставувам на сите ви е познат, се работи за момче и девојка ќе испаднат од бродот на екскурзија и ќе заглават на еден пуст остров. Сите ќе ги бараат со месеци, па дури ќе се откажат од потрагата, мислејќи дека се мртви и на крај еден хелихоптер ќе си спаси. Ако некој го нема гледано, ви го препорачувам. 10/10 Модератор: Ако го откривате крајот ставете го во спојлер.
Walk of Shame Го пуштив сосем случајно, од љубопитство за да видам зошто го кудевте толку. Мене ми беше ок навистина, немаше некој којзнае каков хумор, ама интересен ми беше моментот кој беше акцентиран - колку малер треба да те прати за да ти се изнаслучат вакви глупости !? Мислам, рака на срце - верувам дека не сум единствена, и те како ми се случило денот да ми тргне ко на лева нога и на крајот да стигне до урнебес фазата, а тоа всушност и ми беше смешно, се изнасмеав од срце. Елизабет ми беше многу слатка, ужасно харизматична и мила. 7/10 За the bitch from the news!
Closer/ 2004 Филм за комплицираните односи помеѓу две двојки. Има одлични дијалози. Џад Лоу, Натали Портман па и Клајв Овен одлични а Џулија Робертс ми беше крајно антипатична. Филмот е таков што или ќе ви биде преубав или воопшто нема да ви биде интересен.
Mama Еден од поновите хорор кои го немав гледано. Еве најдов реме и го изгледав и него. Интересна приказна, ми го задржа вниманието до самиот крај. Децата ми беа преслатки, посебно на почетокот, како мали. Иако претпоставував дека ќе заврши како што заврши, сепак јас се надевав на поинаков крај. Не ми беше страшен, ич, ама како што реков интересен е и го задржува вниманието до крајот. Мама ми беше премногу вештачка, не знам зошто, можеле малку повеќе да се потрудат за нејзиниот изглед, и да, можеле да го направат многу пострашен. 6/10
The Grand Budapest Hotel http://www.imdb.com/title/tt2278388/?ref_=nv_sr_1- Интересна приказна, дефинитивно ќе ве насмее. Оценка: 8/10 Carrie http://www.imdb.com/title/tt1939659/?ref_=nv_sr_1 - Спаѓа во категоријата хорор, но е типичен хорор филм. Ми го задржа вниманието од почеток до крај, затоа, препорачувам. Создадена по романот "Carrie" на Стивен Кинг. Оценка: 7.5/10 Warm Bodies http://www.imdb.com/title/tt1588173/?ref_=nv_sr_1- Хорор романтична комедија, иако нема ни Х од хорор, ама нема врска, битно убаво се изнасмеав. Дефинитивно препорачувам! Оценка: 7/10
Love, Pain & Vice Versa (200 Прекрасен филм со прекрасната Барбара Мори. Дефинитивно еден од најдобрите филмови. 10/10 GIA Се работи за млада девојка која навлегува во светот на модата. Интересен филм, вреди да се гледа. Доста поучен 09/10 Philomena Добар филм. Се работи за жена на која и е одземен нејзиниот син. По 50 години таа решава да го пронајде. Но за жал тоа што ќе го открие воопшто нема да и се допадне. 07/10 The conjuring Гледан по 3 пат. Предобар хорор, предобра глума. Филмот остава без здив. 10/10
Crank 10/10 Еден од најјаките филмови што сум ги гледала Spoiler Се зборува за еден криминалец Челиос што се одлучил да престане со криминалот заради девојка му. Ама со инекција ќе му стават отров (кинески) и тој треба да умре. Може да ја успори смртта само со адреналин. Тој го тражи неговиот убиец Рики Верона за да се одмазди и да земе против-отров. На крај го наоѓа Рики Верона, се тепаат висејки од хеликоптер, тој му го крши вратот Рики умира и и двајцата паѓаат. Завршува како Челиос паѓа на земја.
Expecting Mary (2010) Филмов го фатив на ТВ 1000 и можам да кажам дека не е нешто којзнае што а и неочекував да биде таков.Нема некоја специфична глума но ми се допадна приказната и сентиметалната страна.Доколу сте заинтересираани секако можете да го гледате но има многу добри филмови за разлика од овој кој е просечен, можеби и помалку од просечното.Иначе безврска крајот Spoiler Станува збор за Мери, тинејџерка која останува трудна.Нејзините богати родители(биолошката мајка и очувот) неможат да си дозволат да паднат на тоа ниво и одлучуваат да го абортираат бебето.Мери се спротиставува на таа одлука и бега од дома и оди во едно малечко село во Мексико.Таму се појавува човек Хорасио кој ја згрижува но во краток период тој умира а Мери оди кај сосетката Дарнела која својата ќерка ја напуштила и цврсто се сврзува со Мери.Мери ја сака Дарнела повеќе од нејзината биолошка мајка.Заедно се грижат за бебето и одејќи на курс за правилно пораѓање ќе се запознае со пар кој после 9 обиди,конечно жената останува трудна и тие се многу поврзани со бебето но за жал на крајот,нивното бебе умира а Мери се одлучува да им го даде на нив на посвојување. 4/10
The Wedding Planner Џенифер Лопез и Метју Меконахи во главни улоги. Искрено филмов многу ми беше досаден и не знам зашто го гледав. Мислев дека е некој од оние интересните, смешни филмови на Џеј Ло ама тапа беше ептен. Едвај издржав до крајот. Имено Марија е организатор на венчавки и додека планира една венчавка, случајно еден доктор и го спасува животот на улица. Истиот ден искачаат заедно и она почнува да се заљубува во него. Еден ден заедно со невестата оди да го запознае младоженецот и испаѓа дека се работи за истоимениот доктор кој ја спаси. И тука почнува таа да се повлекува но останува професионално да си ја завржи работата. Таткото на Марија ќе и мести еден дечко што таа не го сака и покрај противењата на крај ќе се согласи да се омажи за него разочарана од љубовта со надеж дека можеби ке го засака еден ден. И двата пара закажуваат венчавки во ист ден ама ниедните нема да се земат, сите 4ца ќе сфатат дека не сакаат брак туку сакаат слобода уште некое време. И на крај Марија и докторов ќе си признаат дека се сакаат и завршува. 4/10
Mamma mia 10/10 Мене премногу ми се допадна, ви го препорачувам да го гледате посебно во овие летни денови. Ќе ве расположи со музика, забава....
the roommate-Цимерки го гледав пред месец имињата не им ги помнам Spoiler Во студентски/интернат се селат две непознати девојки едната е богата но имала психички проблеми..учатза мода.. И таа богатата-психопатка ако можам да кажам и љубоморе на цимерката нејзина која има дечко, работи,си најде другарки... Психопатката со сите истото го правела ги повредувала..и за прв пат ја однесе доманејзината цимерка..но таму ги е страв некои девојки од неа(психопатката)... На крај се обидува да ги убие сите но се случува пресврт.. Гледајте го, интересен ако не ве привлече тоа е тоа http://www.youtube.com/watch?v=6LFRQNH3BnA
Over Her Dead Body (200 Интересно филмче за тепање време Spoiler Хенри е ветеринар чија свршеница Кејт умира во несреќа на денот на нивната свадба. Загрижената сестра на Хенри го носи кај гледачка за да се поврзи со Кејт. По првиот не успешен обид, неговата сестра и го дава дневникот на Кејт, на гледачката и ја моли да леже дека ја гледа Кејт и дека сака да му каже дека е време да продолжи со животот. Со текот на времето Ашли и Хенри се вљубуваат а духот на вереницата прави се` за да го спречи тоа. Сепак на крајот завршуваат заедно