The Expendables 9/10 Јака акција што вреди да се гледа Особено глумците Силвестер Сталоне и Џејсон Стеитм ме воодушевија На почетокот ми беше малку досаден, ама потоа акцијата беше прејака. Се зборува за една банда што Агенцијата и нуди работа, да го спасат островот кој е под окупација. Барни и Крисмас ќе отидат да го видат и ќе ја одбијат работата, ама таму ќе ја запознаат девојката Сандра и Барни ќе сака да се врати по неа и ќе отидат цела банда. Spoiler На крај ќе ја ослободат девојката и ќе ги убијат окупаторите. Едвај чекам да го гледам вториот дел
The Lost Valentine Прекрасен филм,навистина! Кој не го гледал,нека го гледа Типичен романтичен филм,кој нема да ве остави рамнодушни,јас дури и си заплакав на крајот Станува збор за Каролин,една баба која секој Валентајн оди на железничката станица.Тоа било местото каде што за последен пат се виделa со нејзиниот маж,кога тој заминал за време на војната.И откога и стигнало телеграм дека тој исчезнал во некој акција,таа оди на станицата и се надева дека тој ќе се врати.Подоцна ќе се појави една новинарка која ќе и помогне да дознае што навистина се случило со нејзиниот маж Нил. Еве една порака која таа му ја прати 9/10
Quarantine 2: Terminal Одличен. Не ми беше воопшто досаден, иако мислев ќе ми биде, но не беше пасивен ниту една минута. Страшни зомби, нагли моменти, брканици, страв, адреналин... навистина интересно хорор филмче.
Dilwale dulhania le jayenge Деновиве си го одмарам мозокот со романтични комедии од Боливуд Единствена мана на овие филмови е преголемата должина и некои нереалистични сцени,се друго си е толку колоритно и убаво прикажано,едноставно да се изгубиш и да заборавиш на се. Филмов разработува веќе позната тематика,заљубен пар,а девојката има договорен брак со избраникот на татко и.Борба за вистинска љубов,испреплетена со патријахалните семејства на Индија и нивната строгост кон обичаите. Не е содржината што го прави најпознат класик во Индија,таа е веќе видена,туку одличната хемија меѓу главните улоги,добрите дијалози како и прекрасните песни кои се одлика на скоро секој индиски филм. Од мене 10/10
Carrie (2013) Прво ни Х од хорор немаше филмов, друго не ми се допадна. Глумата ми беше просечна. Само глумецот (Ansel Elgort) кој го глуми Tommy Ross ми беше симпатичен. Кратка рецензија: Spoiler Се работи за повлечена девојка, која има многу религиозна мајка (опседната е со религијата) која не и дозволува многу работи. Таа смета дека нејзината ќерка е грев бидејќи ја родила кога нејзиниот маж ја силувал. Кери има телекинетичка моќ која ќе ја употреби на матурската прослава. Ако, сака некој да знае за што се работи во цел филм- spoiler. Spoiler Имено, се работи за повлечена девојка по име Кери, која ќе добие додека се тушира после часот по пливање, ќе не знае што е тоа, ќе вика по помош и девојките од пресоблекувалната ќе ја нападнат и ќе и се смеат. Едната од нив (Крис) ќе ја снима и снимката ќе ја стави на интернет. Заради тоа професорката (по физичко, или како и да е) ќе ги натера девојките кои го направиле тоа и и` се смееле на Кери да вежбаат вежби или нема да одат на матурската прослава. На тоа само Крис ќе се противи и затоа таа нема да оди. Сју (една од девојките) за да си ја поправи грешката, ќе каже на нејзиното момче да оди со Кери на матурската, наместо со неа. Тој прво нема да сака, ама ќе оди. Крис (главната личност која се противи на сето тоа) и нејзиниот дечко ќе убијат свиња и крвта ќе ја соберат во една канта и ќе ја закачат за врвка над местото каде што ќе се прогласуваат кралот и кралицата на вечерта, со цел Кери да ја посипат со крвта. Доаѓа време за гласање, сите гласаат, но една од другарките на Крис, ги заменува сите гласови со други, за да испадне дека Кери и Томи да бидат крал и кралица, нели да успее планот. Се ќе направат, ќе и пратат порака на Сју, таа веднаш доаѓа на прославата бидејќи е важно и ќе ја види кантата горе која сакаат да ја пуштат, но професорката ќе ја спречи мислејќи дека сака да и наштети на Кери. Ќе ја посипат со крвта и ќе ја пуштат снимката на голем екран, сите ќе се смејат. Заборавив да напоменам дека Кери има телекинетички способности, и ќе направи хаос. Дома ќе отиде и ќе ја убие мајка и, но не сакајќи. На крај се руши куќата и умира и Кери. Оценка од мене 5/10 Оценка од IMDb 6/10
Монте Карло Интересен филм, ми се свиѓаше. Баш како што сакам јас боза филмчиња Spoiler Имено, се работи за Грејс која оди на патување во Париз со полусестрата и другарката каде што доаѓа до помешување на идентитетот на Грејс со една дигната богаташица-наследничка Корделија. После ова се случаат еден куп интересни дешавки и заплети
French Kiss (1995) Убав ,стар филм.Ме расположи и насмеа. Spoiler Се` почнуваа кога една жена патувајќи вo Франција ,запаѓа во рацете на криминалец,кој и` подметнува огрлица во нејзината ташна.Подоцна кога тој ќе дознае дека таа ја зела огрлицата се спријателува со нејзе.Потоа тој и помага да си го врати свршеникот назад и тука почнуваат сите авантури. 8/10
The elephant man Филмов е вистинска приказна за човек со вродена деформација на лицето и телото.За неговиот живот ,тежок и мачен и за доброто срце на еден лекар кој ќе му помогне да се почувствува како човечко суштество.Филмов е доказ дека често пати позади убавите лица се крие злоба и демонско срце ,а позади грдото лице има една напатена добра душа.Филмов е доста емотивен и тажен. Осумче од мене.
Во последно време ниеден асален филм да изгледам, колку понови толку посмотани. Heatstroke (2013) http://www.imdb.com/title/tt3663040/?ref_=nv_sr_1 Џабе изгубено време. Ама ја видов Арја Старк од Гејм оф тронс па си реков ај да му дадам шанса на филмов. Spoiler Глупаво почна, глупаво заврши, како и во секој филм имаше многу нереални сцени, без идеја, без приказна. Му пукаа во глава, го убија, се преврте џипот, а тие изгледа се вратиле во шаторот за да дојдат покасно кога девојчето веќе избега со женскава А женскава, демек русинка, поглупа глума здравје. Under the skin (2013) http://www.imdb.com/title/tt1441395/?ref_=nv_sr_1 Филм со Скарлет Јохансен. Јас не знам девојкава како стекна толкава популарност, нема ниеден асален филм. Spoiler Колку само досадно и бавно почнуваше и се одвиваше филмов Скарлет демек од некоја друга планета со уште еден, подготвуваат терен за инвазија на земјата. Убива мажи (на прилично глуп и нереален начин) и им ја зема кожата за да се маскираат други вонземски суштества како луѓе. И преку кожата наводно девојкава добива човечки чувства, па уште посака и секс а немаше дупка за истото Глупост до глупост. Па и каква смрт доживеа. Че го паљим со бензин Да сум режисер, никогаш не би снимила ваков филм а па уште ако сум актер, не би си ја валкала кариерата за вакво срање. Скарлет никаква глума не покажа во филмов, освен тоа што неколку пати се соблече целосно гола, мислам дека само за тие сцени ја имаат добро платено, а во филмот не изгледа нешто посебно згодна, дури здебелена е. Don Jon (2013) http://www.imdb.com/title/tt2229499/?ref_=nm_flmg_act_12 Повторно филм со Скарлет Јохансен и повторно промашување. Spoiler Обична американска лимонатка филм. Дечково е опседнат и зависен од порничи и свршување на истите. Со неговите двајца другари излегуваат и ги рангираат двојките на скала од 1 до 10, секоја вечер со различна, ама се нешто му фали, не му е совршено како на порнич, па после секој секс гледа порно клип и свршува. Случајно запознава девојка-за него чиста десетка, Скарлет и со неа започнува врска но ќе ја прекине поради неговата опседнатост со порничи, по што на вечерното школо ќе запознае постара жена со која ќе започне поинаква, емотивна врска.
http://www.imdb.com/title/tt2004420/ Оцена 8/10 Spoiler Интересно филмче се зборуе за еден пар кој имаат мало бебе и живеат тивок живот се до моментот коа до нив се доселува едно братство и вие прават секој ден журки и многу се гласни. Семејствово ке отиде на една журка, мажов ке се опие и така понатаму. После ке прават се за да си отидат тие од таму итн, да не ви раскажувам се. Инаку интересно филмче го препорачувам.
The last exorcism Part 2 (Последниот егзорцизм) 2/10 Очекував страшен филм, а овој имаше само 2 страшни сцени Повеќе го гледав од љубопитство. Се работи за девојка Нел во која влегува демон, живее во една куќа како поправен дом за девојчиња и на крај ќе почне пак да и се појавува демонот и ќе сакаат да и направат егзорцизам т.е. да го истераат демонот. Spoiler На крај демонот ќе биде посилен затоа ќе и стават инекција за да умре, ама Нел ќе ја прифати раката на демонот и ќе ги убие сите.
The Abandoned Во потрага по својата биолошка мајка, една жена ќе открие за ужасното минато и смртта на нејзините родители, и ќе заглави во родното место, односно ќе се соочи со неизбежната судбина. Се врти во круг приказната, нема крај, нејзината судбина се повторува од ново цело време... Филмот е доста страшен, прави да си во исчекување на нагли сцени секој момент, мрачен, депресивен, тежок, конфузен... но и ептен пасивен за мој вкус и не би го препорачала на оние што сакаат возбуда и малку повеќе акција и адреналин. Silent Hill 3D: Revelation Првиот дел не е лош, малце спор и на моменти досаден, ама си има добра приказна, додека овој како директно продолжение на приказната од првиот, само неколку години подоцна, имаше малце побрз развој на настаните и не беше толку спор, но... некако е многу предвидлив и кратко трае, ништо ново и различно од првиот дел. Просечен. Joy Ride 3 Е ова да! Кој е запознаен со овие филмови, а не го гледал овој дел, нека го гледа. Не е подобар од првиот во никој случај, но си држи некое ниво, и ако ме прашуваат мене нека прават и 10 дела, мене ќе ми биде интересно... :up:
The expendables 2 10/10 Добра акција, го препорачувам Се зборува за одмаздување на момчето Били кое беше најново во групата и убиено во една операција. Spoiler Барни и групата му должат 5 милиони долари на Чрч што му ги украле и за возврат тој сака девојката Меги да ја однесат кај некој паднат кинески авион за да го деактивира, ако не успее ќе експлодира. Кога го деактивираа авионот мисијата беше завршена ама групата на Вилеин и Вилеин (кои исто така го имаат окупирано тој град или тоа село) го немаа новото момче во групата, Били како заложник за да го земат компјутеот на Меги. Го зедоа компјутерот и го убија момчето и избегаа. Групата на Барни се погрижи за Били и потоа одлучија да се вратат и да го одмадат. Прво го спасија градот/селото од окупацијата и на крај Барни го уби Вилеин.
Marley and me преубаво филмче, со Џенифер Анистон и Овен Вилсон иии Марли преубаво кутре кое никој неможе да го запре, интересен филм јас уживав додека го гледав. Препорачувам на тие кои сакаат кучиња
Кога не можеш да спиеш зјапаш во филмови. American History X Мирниот жиивот на Дерек се променува кога го убиваат неговиот татко.Огорчен го променува својот животен стил ,станува дел од скинхедсите ,нивен водач,се додека една ноќ не ги убива црнците кои доаѓаат не неговиот имот.Неговиот брат продолжува по неговиот пат ,додека самиот Дерек излегува од затвор со поинакви погледи на свет .Со кратки црно бели сцени не води низ минатото објаснувајки ги денешните постапки.Дерек не може да му помогне на својот брат и еден ден ќе го најде мртов,како резултат на омразата што ја носи во себе. 8/10 Irreversible Филмов почнува со хаотична камера,испревртени кадри и зборови.Алекс по кавгата со своето момче си заминува од забавата и на патот до дома,во тунел е силувана.Сцената на силувањето и физичкото насилство е страшна и за ежење.Дури и сакав да го прекинам филмов.Нејзиното момче и пријатели сакаат да ја земат правдата во свои раце и да го пронајдат силувачот. Не го препорачувам за деца и тинејџери. Не можам да му дадам оценка.
Snakes on a Plane (2006) Погрозен филм не сум гледала.Не дека беше многу страшен,туку од тоа што се изнагледав змии мислам дека нема да заспијам вечер.Грозно. Со денови мислам дека ќе ми се вртат во глава тие проклети змии. 1/10
Warm bodies (Топли тела) 10/10 Прекрасен филм, не трепкав додека го гледав. Се зборува за зомби што се заљубува во девојка и така оживува Spoiler Eдно зомби Р оди со својата екипа да јаде луѓе, ама начекува една девојка која ја спасува и и' го јаде дечкото. Таа сака да му избега, ама тој не ја пушта и ја држи безбедна од останатите зомбиња. Нејзиниот татко убива зомбиња. Таа го оживува Р и тој почнува да се менува исто така и останатите зомбиња. Потоа девојката ќе избега, ама тој ќе отиде по неа и таа ќе го прифати и сакаат да пренесат порака на останатите дека зомбињата се менуваат. На крај таткото на девојката ќе го пука Р во рамото и тој ќе почне да крвари (зомбињата не крварат). Така љубовта на Р го оживеа и луѓето ги прифатија зомбињата. Corpse bride (Мртвата невеста) 10/10 Ова е всушност анимиран филм за мртвата невеста што сакаше да се омажи за едно живо момче. Spoiler Виктор и Викторија треба да се венчаат за да се спаси семејството на Викторија кое што е пред банкрот и е едно од најугледните семејства, ама на венчавката Виктор не може да ја изговори точно заклетвата и оди во шумата да ја извежба. Кога ја изговори точно заклетвата тој разбуди една мтва невеста што избегала во венчаницата на мајка и' да се омажи со некој сиромашен за кого не ја давале и тој ја убил и и' го украл накитот, потоа таа се заколнала дека ќе ја чека вистинската љубов, која верува дека е Виктор и го носи со себе во светот на мртвите. Бидејќи Виктор го нема одлучуваат да ја дадат Викторија за еден Лорд. Виктор за тоа дознава и прифаќа да испие отров за да може да биде во вистински брак со мртвата невеста Емили. Нивната свадбена церемонија се одвива во светот на живите. Кога мртвите се качија горе се измешаа со живите од свадбата на Викторија и Лордот се сокри, а Викторија отиде на церемонијата. Пред Виктор да го испие отровот Емили ја забележа Викторија и се откажа од венчавката. Потоа дојде Лордот и Емили виде дека е тој што ја напуштил. Без да знае Лордот се напи од отровот умре и сите мртви го нападнаа во чест на Емили. Виктор и Викторија си останаа заедно, а Емили се врати кај мртвите.
Jack and Jill - комедија па би му дала на филмoв 6/10 .. беше смешен и интересен ама некои сцени беа досадни и без врска. сепак вреди да се гледа Spoiler Филмот започнува со домашна видеo како братските близнаци Џек и Џил растат. Како видеото продолжува ,се чини дека Џек е повеќе талентираниот близнак, со Jill постојано се обидува да добие своето внимание со притискање него, повреда на девојки околу него, итн приказна смени до денес, каде што возрасен Џек е успешна реклама извршната власт во Лос Анџелес со убава жена, Ерин, и две деца, Софи и Гери, а Џил никогаш не го напуштивме работничката класа соседството тие израснале во и продолжиле да живеат со својата мајка се додека таа почина околу една година пред настаните од филм. Џек е неверојатно иритираше за Денот на благодарноста посета на неговиот "идентичен" сестра близначка Џил, како што тој има да ја ги собереш во 04:00. Трпение Џек е наскоро се протегала повеќе тенки. Џил урнатините на благодарноста вечера со гласното зборување, повикувајќи еден гостин бездомници, а потоа бега во шумата со неа миленичиња какаду. Џил има листа на работи таа сака да се-биде на игра шоу, одат јавањето, и да направи студио турнеја. Таа има отворена авионски билет и одлучува да остане до крајот на Ханука. Агенција клиент Џек, пак, сака тој да некако се актер Ал Пачино да се појави во Исадора 'крофни комерцијални. Џек не е сигурен како тој би требало да се направи што се случуваат. Џил обидува онлајн датира, но не се многу на одговор до Џек се претставува како Џил и го менува нејзиниот профил, што доведува до повеќе од 100 одговори. Кога нејзиниот датум ", Funbucket", ја исполнува, сепак, тој се крие во ресторанот бања. Чувство на вина, Џек ја носи на Лејкерс игра каде Пачино би требало да биде. Пачино плаќа малку внимание на Џек, но, за чудо, се развива способна за Џил. Тој ја дава неговиот телефонски број на виршла, напишана во сенф и кечап. Џек се надева дека Џил ќе замине од новогодишната ноќ, бидејќи семејството се оди на крстарење. Пријатели го фрли роденденска забава и да се прошири до Џил, како и, откако никогаш не знае дека дури и имаше сестра. Пачино поканува на Jill во неговиот дом, но таа се противи неговиот напредок и нагло заминува. Следниот ден, мексиканскиот градинар Џек, Фелипе, потребно Џил на семејството се-заедно да се забавуваат. Џек не сака Џил да биде сам на Нова Година, па тој ја поканува на крстарење, а таа со задоволство го прифаќа. А предлог е направен од страна Пачино дека тој ќе го стори комерцијални ако Џек го добива датум со Џил. Џек се преправа како Џил и оди на денот на нејзино место. Џил почнува да се сомнева дека единствената причина Џек ја покани на крстарење е да ги убеди Пачино да го стори Исадора 'крофни комерцијални. Кога таа телефони Џек тој одговори како Џил, а потоа таа го слуша Пачино, потврдувајќи ја сомневања. Џек сфаќа колку ја сака својата сестра и раси назад на бродот, но дознава дека Џил има вратиле дома да Бронкс. Во ресторан на новогодишната ноќ, има со слика на мртва мајка на близнаци ", таа доаѓа во група на стари соученици, кои се користат да се направи забава на неа, предводени од Моника. Тие ја омаловажуваат додека Џек и неговото семејство се појави. Џек и Џил зборуваат на својот измислен близнак јазик, тогаш Моника добива Ерин во headlock, но Џил ја спасува. Пачино исто така се врти во партијата, облечени како Човекот од Ла Манча, да се прогласи својата љубов за Џил. Таа го претвора долу и оди дома, каде Фелипе искажува љубов. Таа е пресреќен и го прегрнува. На телевизиски комерцијални е направен, со Пачино глуми и пее како тој го промовира новиот кафе - "Dunkaccino"-со рап песна. Но, кога Џек го покажува него, Пачино го мрази и му кажува да се уништи секоја копија на овој филм и се закануваат смрт на сите оние кои го виделе.
Endless love Од сега па натаму омилен филм Многу,многуууу добар .. Да не раскажувам што се случува...ви го препорачувам. 10/10