Marley & Me Интересно филмче, не толку тажно како што очекував. Се работи за кучето Марли кое е лошо и премногу весело да речам куче и неговиот живот. Овен Вилсон секогаш ми бил одвратен, дали е поради носот или поради фаците шо ги прави не знам, ама го неќам ич. Џенифер ми беше солидна, а кучето прекрасно. Малку се натажив на крајот. Препорачувам. 7/10
The Ladykillers (2004) Еден професор и неговата екипа изнајмуваат соба во куќата на една старица со цел да ограбат банка преку нејзиниот подрум. Океј филмче, криминал-комедија со доза на неизвесност, и некои здодевни делови. Сè на сè 6/10
Последен филм што го гледавме беше "Friends with benefits" вчера со другарките, со Мила Кунис и Џастин Тимберлејк. Паа, добар беше само што каде што имаше некој стварно .. сцени го прескокнувавме тој дел хаха
L'existence précède l'essence. - Emma La vie d'Adèle, 2013 Не можам да пронајдам соодветен збор за во целост да го опишам. Некаде прочитав cinematic orgasm. Веројатно тоа би било тоа. Необичен. Ослободувачки, ви ги отвара очите. Му дава на зборот љубов, едно сосема поинакво значење. Ме столчи. Остава чувство на празнина откако ќе го изгледате и сфатите дека човек без љубов е едно обично ништо. Љубовта не познава пол. Не познава правила, не познава предрасуди, не познава пол.
As Far As My Feet Will Carry Me Велат дека филмот е снимен врз база на вистински настан.Клеменс Фарел по завршувањето на Втората Светска војна е испратен во Сибир на принудна работа.Се обидува да избега,во што и успева со постојаното присуство на одговорниот на логорот зад грбот.Прикажана е неговата надчовечка борба и неговата истрајност.Поминува 13000 км помогнат од луѓе на кои не се надева,молејќе се во храмови кои не припаѓаат на неговата вера.Го одржува ветувањето дадено на својата ќерка и се враќа дома за Божиќ иако после многу години. 8/10
Banshee Chapter http://www.imdb.com/title/tt2011276/ Им го препорачувам на сите љубителки на хорор жанрот. Мене премногу ми се допадна, дури и малку ме исплаши па сега се спремам да си пуштам некоја комедија Млада новинарка го истражува мистериозното изчезнување на нејзиниот пријател но нејзината истрага ја води до вознемирувачки откритија- прикриени владини експерименти, необјасниви радио пораки и изобличени лица во темнината.
Midnight in Paris (2011) Париз е магичен. До таа мера што, на полноќ се случуваат чуда, а со неколку чашки плус, оживуваат и светските великани во областа на литературата и уметноста. Преубава топла приказна за филмскиот режисер кој на почетокот очајно се обидува на навлезе во водите на литературата, но посетата на Париз тотално ќе го препороди и промени и конечно ќе почне да се однесува како што се чувствува, без да се грижи дали тоа ќе се поклопи со желбите на неговата девојка која не е ништо друго освен ... пуфла голема. Мноогу убава приказна, Париз под лупа, прикажувајќи ги сториите кои се клучни за успехот на Хемингвеј, Скот Фитцџералд, Салвадор Дали и останатите великани од нивната класа. Магичен реализам, не може а да не го препознаете испреплетен низ целата приказна. Оценувам со 10/10.
Blended (2013) https://www.youtube.com/watch?v=V6cKLTmDB-k Spoiler Обожавам само вистински добри комедии, а оваа според мене е баш таква. Лорен е разведена и има 2 сина и се наоѓа на слеп состанок со Џим, кој е вдовец и има три ќерки. Состанокот не поминува баш добро. И овде се случуваат некои ситуации и тие двајцата одат на одмор во Африка со своите деца. На крај се заљубуваат. Добра комедија со добри и искусни глумци. Ја оценувам 10/10.
Tammy 2014 па на филмов би му дала 7/10 баш затоа што ја одбрале најаката актерка за комедија и да не е смешен филмот Melissa McCarthy ќе те изнасмее до солзи ( истата актерка во The Heat што беше ) последно само со неа гледам филмови филмот беше добар во глобала му давам 7/10 само дека некои работи се случуваа пребрзо и како на филм можеше да предвидиш што ќе се случи .. ама вреди да се гледа ( пак ова го викам на секој филм ) одбирлива сум многу за филмови и затоа на некој им давам мали отценки ама штом е од 5 па нагоре тоа значи i like it overall .. Spoiler во филмов се работи за девојка tammy која е мажена и работи во ресторан за брза храна . една ден одејќи на работа со колата мана елен и закасни на работа. кога појде таму шефот и се развика и и рече да не се враќа повеќе .. tammy се врати дома и го најде маж је каде што ја изневерува со друга жена .. се изнервира си ги зеде работите и замина кај мајка и која што живееше одма до нив мајка е и баба е живеат заедно и баба е има проблеми со алхохол , така пијана баба е и tammy заминуваат со нејзината кола во друг град . Таму бабе е се заљубува во еден човек а tammy се заљубува со неговиот син . Таа има проблем со баба е дека е алхохоличар и неможе да се справи со неа .
This is 40 Баравме филм за опуштање, ама најдовме досаден филм кој траеше ми се чини цел ден. Многу досаден филм, имаше некои интересни моменти ама не ми се бендис до толку. Гласот од главната актерка ме нервираше. Не препорачувам. 3/10
Sweet november Филмов го избрав до некоја си топ листа од најдобри љубовни филмови.И згрешив. Тој е главен и договорен за правење на реклами,таа е обична девојка која е болна од рак,живее скромно и сака да им помага на луѓето.Го предизвикува да живее со неа цел месец за да му ја покаже убавината на едноставниот живот. Не дека филмов е толку лош ама не допре некако до мене Бледа шестка.
Mean girls 9/10 Се зборува за една девојка што е нова во училиштето и налетува во друштво со злобните девојки. Broken city 9.5/10 Се зборува за градоначалник што најмува детектив да ја следи жена му бидејќи се сомнева во невертсво. Фимот го препорачувам бидејќи има голем пресврт во него Ништо не е како што изгледа. Legally blonde 2 5/10 Очекував да ми биде многу интересен, затоа што првиот дел ме воодушеви, што не можам да го кажам и за вториот. Имаше прилично досадни сцени, се зборува за адвокатката Ел што сака да донесе нов закон што забранува тестирање на хемикалии врз животните.
Divergent Филмов беше едно огромно разочарување. Очекував ептен многу. Ќе напишам во темата за филмот детално што ми се допадна, што воопшто не ми се допадна, ама тука само ќе кажам дека е ужасно изреализиран, не тече убаво, како со прекини да е. Ништо не е убаво доловено, никакви емоции немаше, ептен лоша екранизација, една од најлошите.
The other woman Лесен филм за тепање на време. Не е нешто wow нема многу логика, мистерии или некои такви работи. Мажов има многу љубовници и жената ќе дознае за тоа, па ќе се спијатели со неговите љубовници, па женски планови, бла,бла. Доволен е трејлерот да се види за да се сфати филмов. 5/5 Како што кажав филмов е да не се замараш многу.
Blended - со Адам Сендлер и Дру Баримур. Семејна комедија, со дејство сместено во Африка. Интересно филмче, онака за релаксирање пред спиење.
GET SMART Добра комедија,се изнасмеав навистина Кој сака да се опушти и да се изнасмее,нека го гледа Станува збор за Макс,кој работи во една агенција за шпиони,и тој отсекогаш е сакал да биде шпион.Но, кутриот за ништо не го бидува,ама на крајот токму тој ќе ја спаси цела работа. Spoiler Најсмешен ми беше делот,на крајот,кога се тепа со овој The rock,и за да му го одвлече вниманието,тој го бакна,леле пукнав на тој дел 7/10
The Rebound Прекрасен филм, одлична глума, содржината е супер. На крајот дури и заплакав. ) Spoiler Сенди е разведена, со две деца, тукушто се преселува во Њу Јорк. Во кафе` го сретнува Ерол, кој веднаш почнува со нова работа, дадилка за нејзините деца. Запаѓаат во романса, помислуваат дека е бремена, но тоа биле само лажни вести. Се разделуваат затоа што тој е премлад, нема добра работа, сеуште живее со неговите и уште триста работи... Тој започнува да патува низ светот, им помага на луѓето. По пет години се враќа, има посвоен син и одлична работа. Се сретнуваат во ресторан, ова она. КРАЈ 10/10
Spoiler Ја видов рецензијата на Мишела па морав да го гледам Се сложувам со сето она што го кажа во својата рецензија.Дефинитивно топла приказна, на моменти за мене беше малку досадно но сепак содржината и поентата на филмот е феноменална. ________________________________________________________________________________ Harry Potter and the chamber of secrets (2002) Чинам дека е вториот дел од неверојатните авантури на Хари Потер.Верувале или не, ова беше прв пат да го гледам филмот со Хари Потер- и сега засега, единствениот Кога ја читав содржината на филмот пред две,три,години мислев дека јас лично не ги сакам таквите типови на филмови па не сакав да губам време за нешто кое што знам дека нема да ми се допадне и случајно го затекнав на МТВ. Овој пат не бев во право. Тотално авантуристичка приказна исполенета секако со магии и со фантастичниот Хари.Нема да пишувам реферати зошто сигурна сум дека повеќето од вас веќе го гледале филмот ќе кажам само дека иако е долг, треба да се гледа. 10/10