Elysium Spoiler Во 22 век, богатите живеат на вештачки сателит и ги уживаат сите удобности, додека остатокот од популацијата (се мачи да) живее на уништената Земја. Макс (Мет Дејмон) превзема мисија која би можела да резултира во еднаквост помеѓу поларизираните светови. Искрено, по District 9, многу се разочарав од филмов. Исцрпена и предвидлива приказна, смешен обид да се внесат чувства, Џоди Фостер не ја бива за негативка. Од друга страна пак, се заљубив во еден од антагонистите (Кругер), одличен глумец е и ептен му беше погодена улогата. А, ми се допаднаа сцените со акција.
DIVERGENT- преубаввввввввввввввввввввввввввввввв многу ме потсекја на The hunger games(омилениот) препорачувам и дефинитивно можам слободно да кажам дека е мој омилен втор филм И заборајв 1000000000\10
Frozen (Замрзнато) 10/10 Прекрасен анимиран филм за кралицата Елса што има моќи врз студот и не може да ги контролира, затоа оди на друго место, а сестра и Ана оди по неа. Mean girls 2 (Злобни девојки 2) 9/10 Интересен филм од типот на тинејџерски средношколски филмови за една девојка што оди во ново средно и налетува на група злобни девојки што и прават лоши работи.
The Angriest Man in Brooklyn Интересна приказна, кога ќе сватите дека ви останува уште малку време за живот тогаш прво и основно е да се средат односите со фамилијата.
The Amazing Spider-Man 2 Долго го чекав филмов, додуша излезен е од одамна, ама чекав добра снимка. Како љубител на вакви филмови, ми се допадна и овај. Сепак, очекував малку повеќе акција и возбуда од понуденото. Да се држеле до оригиналната замисла, т.е. само на Електро би било многу подобро. Имаше неколку сцени кои ми беа вишок и непотребни. Крајот не ми се допадна, иако очекуван. Ема и Ендру ми се совршени заедно, еден од подобрите филмски парови, дефинитивно. Ендру ми е толку симпатичен и харизматичен и не би му дала 30, никако, а за Ема немам зборови, една од поталентираните млади актерки според мене. Ако сте љубител на овие филмови ќе ви се допадне. Мене ми беше солиден, можело и многу подобро. 7/10
Mamma mia! Откако посетив некои од локациите каде се снимал, си реков морам и да го изгледам, макар што не обожавам мјузикли. Мислам дека повеќе уживав во пејсажите, отколку во самата содржина Во секој случај интересно филмче, супер актери, а за изборот на музика нема потреба да коментирам
Мислам дека имаат 5,6 заеднички филмови и сите ми се изгледани Шарук е извонреден глумец и има неверојатна хемија со Кајол,да си помисли човек дека се пар во вистинскиот живот. Има некои многу добри индиски филмови,далеку подобри од предвидливиот Холивуд.Внесуваат живот во глумата,а фактот дека се придружени со интересни музички точки ги праваат привлечни и лесни за гледање. Е сега,тоа е така кога станува збор за лесните романтични комедии,додека за трилери и акција,малку се тапа и прават нереални сцени
гледај го Main Prem Ki Diwaani Hoon исто така е многу добар има и комедија и романтика Хртник Росхан и Кареена Капор се втори најдобри филмски парови во филмови после СРК и Кајол (иначе омилени глумци ми Шарукх Кхан) а пред некое време ги изгледав и другите филмови од Шарукх Кхан и многу ми се допаднаа
Easy A (Лесна девојка) Онака содржината на филмот ми беше некако глупава, ама филмот многу ме насмеа има од мене 10/10 затоа што ме расположи и на глас се смеев Се зборува за една девојка што глуми дека спие со некои од момците и ја открива вистината преку видео (таа всушност е невина).
Where Do We Go Now Приказнава е за едно село со мешано население муслимани и христијани.Опкружени со војна и со постојаниот губиток на своите мажи и синови,жените се организираат за да им го свртат паметот на останатите мажи на други работи.Муслиманките стануваат христијанки и обратно,мајка го крие својот загинат син за да не предизвика бес кај неговиот брат,попот и имамот се здружуваат заедно,па дури и организираат група украински стриптизерки. Филмов е полн со хумор иако темата е сурова и реална. 8/10
Хетфилди и Меккои,не може да се изговори едното без другото... Хетфилди и Меккои,некогаш најдобри другари... Хетфилди и Меккои,познати по тоа што се убиваа меѓусебно... Ја гледав и мини-серијата од три епизоди.Ја давале на History каналот,но јас ја гледав на AXN. И се решив ај нешто од документарците за нив да погледнам.. Интересно во оваа,може да се речи војна,е во тоа што има љубовна приказна,убиства,граѓанска војна... Најмногу интересно ми беше делот за Џонси и Розана,Ромео и Јулија од нивното време... http://www.youtube.com/watch?v=djEolMr6SKM
3096 days - Филм базиран на вистинска приказна за 10 годишно девојче кое е киднапирано цели 8 години. 9,5/10 Препорачувам!
Fantastic Four Го начекав на телевизија и си го загледав. И онака времево тмурно, па го изгледав. Не беше лош, ама не беше ни нешто посебно. Ми фалеше повеќе неизвесност, повеќе акција и повеќе Крис Еванс без маица ако ништо друго Солидно филмче за супер херои со добра актерска екипа. Алба ми е преубава а за Крис немам зборови, можам да кажам еден од позгодниве глумци на денешницава. Приказната, задоволувачка. 6/10
Beauty and the Beast (2014) - Убавицата и ѕверот Француски филм - 9/10 Не ми се допаднаа само тие камените од човек, можеа да смислат подруга сцена. Иначе е прекрасен филм, ви го препорачувам да го гледате Spoiler Сите јас знаеме бајката за убавицата и зверот, само што во филмот се сменети некои сцени. Татко и на Бела е богат трговец кој по потопувањето на своите бродови банкротира. Семејството се сели во куќата на село, за да ги избегнат озборувањата. Мајката на Бела е почината, таа живее со 3јцата браќа и 2те сестри и нејзиниот татко...гледајте го понатака за да дознаете што се случува.
Gia Еден од ретките филмови на Анџелина кој го немав гледано. Седнав и го изгледав. Доста поучен филм, за дрогата, за тоа како таа те уништува и колку лесно можеш да станеш зависник. Џоли повторно завршила одлична работа, предобра беше, талентирана е и тоа многу. Исто да напоменам преубава ми беше, преубава. Се работи за Џиа, девојка од Филаделфија која на 17 години заминува во Њујорк да стане манекенка. Сонот и се исполнува, станува една од најбараните и најпрепознатливите манекенки во тоа време, секако и една од најплатените. Но набрзо почнува да се дрогира и полека, полека, се се руши. Работен по вистинска приказна за манекенката Џиа Каранџи за која се смета дека била првиот супермодел во светот. Ми се допадна филмов, суров, реален. 8/10
Cyberbully (2011) Малку поинаков тинејџерски филм. Станува збор за девојка која е понижувана преку интернет страница. Со добра поука. Мене ми се допадна. 10/10
Dumb And Dumberer - филмов го имам гледано повеќе од 10 пати и денес пак го гледав .. одличен филм 10/10 му давам .. Последно време само комедии гледам и овај мораше пак да го видам http://www.youtube.com/watch?v=8geLnpGmQAQ умрев http://www.youtube.com/watch?v=PXS9rXZe_7A 2от дел сеуште го немам гледано , следен ми е на листа
http://www.youtube.com/watch?v=3Q5HVvH0h4I Frozen Прекрасен филм..то ест цртан..како и да е...многу ми се допадна...
Noah (2014) т.е по нашки дедо Ное. Се` на се` интересно филмче. Ми се допаѓа изборот на глумци. Приказната на сите ни е веќе добро позната. Ама еве пак ќе раскажам накратко во спојлер: Spoiler Ное добива задача/мисија да направи Арка, бидејќи за неколку години ќе дошла голема поплава која можела се да опустоши и ништо да не остане. Бродот го градел со своите синови и некои суштества (не разбрав како се викаат). На него ќе собере од сите животни по еден пар (машко и женско) исто и од растенијата семки. Но, не смее да остане човечки живот. Бидејќи претходно најдоа девојка (Ила), едниот син на Ное ќе биде со неа и на крај таа ќе роди две близначки. Ное ќе сака да ги убие, но ќе се смилува и нема да го стори тоа. Оценка од IMDb- 6.1/10 Од мене- исто.
Divergent Преубав филм..можи 4 пати го изгледав до сега и никако да ми се здосади Spoiler Се зборува за идниот Чикаго..демек имало војна и демек само Чикаго успеал да се опорави..ии затоа оклу градот има ограда која е направена од струја..за негова заштита.. После војната луѓето кои живеат во градот се поделени во 5 факции (групи)..ии секоја факција си има свои должности.. Но кога децата ќе наполнат 18 год. одат на некаков си тест..на тој тест треба да дознаат во која факција треба да бидат..дали ќе останат во нивната факција или ќе треба да се сменат..да одат во друга.. И да не ви го упропастувам убавиот дел..ќе си го гледате и ќе си видите..можам цел да ви го прераскажам ама нема да биде интересно.. П.С Дивергент е човек кој припаѓа во повеќе факции..не само во една..неговиот мозок работи на 1000 различни начини..ии ваквите луѓе се убивани.. Преубав филм..препорачувам да си го гледате Оценка 10/10