3096 days - според вистинска приказна за едно 10 годишно дете од Виена кое го киднапира еден психопат, и го чува 8ипол години во подрумот. Се згрозив од нечовечноста, од тоа колку далеку може да оди еден болен ум. Откако го изгледав филмот, гледав и интервјуа со киднапираната девојка.
http://www.youtube.com/watch?v=ehHGdt-DAqk бидејќи си сакам и каубојски филмови,денес се решив за филм во кој игра Кевин Костнер.За сите љубители на каубојските филмови ви препорачувам еден ваков
Taken (I) (200 IMDB- 7.9 Moja oценка 10/10 Taken (II) (2012) IMDB- 6.3 Moja oценка 10/10 Заедно ке ги коментирам и двата филма, бидејќи нема да ја откријам содржината. Интересна приказна за киднапирана девојка и татко кој е пензиониран ЦИА агент. Глумците се совршени за улогите, а нивната глума е навистина добра. Акција не би била акција без малку претерување, но го препорачувам на љубителите на овој жанр. Едни од ретките филмови, каде и двата дела се подеднакво добри, по сите основи, како се одвива приказната, глумата и местата на случување.
Captain America: The Winter Soilder Уште еден филм со супер херои. Ми се допадна овај, многу подобар од првиот дел, многу. Добро осмислена приказна, добра акција и одлични сцени. Премногу брзо ми помина времето, не ни сетив кога поминале 2 часа. На крајот ми беше жал што заврши, сакав уште од филмов. Крис Еванс. Мажиште, премногу шармантен лик кој е презгоден. Си го сакам уште од Not Another Teen Movie. Еден од поомилените актери ми е, барем кога станува збор за излгедот. Скарлет, исто ми беше добра во филмов, не ме нервираше толку многу. Ако сакате филмови со супер херои и ликови од стриповите, изгледајте го овај, ќе ви се допадне. 7/10
Men In Black 3 Најверојатно веќе знаете за филмот Men In Black. Ова е уште едно продолжение, Spoiler каде Бостон (the animal) успева да избега од месечевиот затвор, каде го пратил Кеј. Тој се враќа во одмазда, но назад во минатото за да го убие Кеј, а воедно и да ја сочува својата лева рака. Наредното утро, Џеј, партнерот на Кеј се буди, оди во фирмата, но таму дознава дека Кеј е починат пред 40 години (на 15 Јули 16969), т.е. Бостон го убил. Одлучува и тој да отиде на истиот датум за да ја спречи смртта на Кеј, и да го натера Кеј од минатото да го убие Бостон (од минатото). По низа испреплетени случки, успева во својата цел. Продолжува во иднината кадешто Кеј е жив, а Бостон претходно убиен на 16 Јули 1969.
If only Го гледав филмот по вашите препораки тука. Но, морам да признаам дека мене и не ми се допадна нешто баш посебно, веројатно дека не сум некој голем фан на драми- фантазија. Не е спорно дека филмот е за убава љубовна приказна која несомнено трогнува, но навистина сакав крајот да биде поинаков. За некој кој сака да си поплачи, го препорачувам. Моја оцена: 6/10.
Spoiler 3096 дена Потресителен филм, драма за исчезнувањето на едно осум годишно девојче Наташа. Вистинска случка и навистина трагична. Десет години третирана како роб, да му служи на ненормален човек. Во текот на филмот, па и во реалноста не знам како не и дошло да земе нож и да го убие. Вреди да се гледа.
Divergent (2014) Spoiler Во свет поделен на делови (фракции) Трис дознава дека е дивергентна и нема да се вклопи во системот. Кога открива заговор за уништување на дивергентните, Трис и мистериозниот Фор (Четири) мораат да дознаат зошто дивергентните се толку опасни. Типичен (лесен) тинејџерски филм. Непотребно долг. 3/10 Resident Evil (2002) Spoiler Специјална воена единица води борба против моќен суперкомпјутер кој е надвор од контрола и стотици научници кои мутирале во канибалистички суштества по лабораториска несреќа. Моќен! На времето мислам беше прв со ваква сторија. Малку лоши ефекти, ама сепак е од 2002. И мислам дека веќе претерано многу филмови ја имаат украдено приказнава (The Walking Dead, 28 Days Later итн.). 7.5/10, дефинитивно другите делови ми се на watch-list.
The New Daughter Џон Џејмс после разводот заедно со своите две деца се сели во нова куќа, за која постојат гласини дека е опседната и е причина за исчезнувањето на една девојка која претходно живеела таму. Наскоро неговата адолесцентна ќерка почнува да се однесува чудно, а во куќата се случуваат вознемирувачки настани. Ми се допадна филмот, ама не и крајот.
My best friend's girl Лесно филмче, се опуштив тотално.Инаку се зборуваше за двајца другари, едниот беше до уши вљубен во девојката, другиот не веруваше во љубов.Си имаше интересна професија дечкото, излегуваше со девојки откако нивните бивши ќе го ангажираа да им покаже што е кретен па да им се вратат на дечковците.Арно ама другар му го замоли да излезе со девојка му а таа испадна дека е по таквите типови, беше и загреана прилично па лудуваше со него.Го викна кај неа дома ама тој ја одби.После тоа почнаа да се среќаваат без да знае другар му, се додека тој не одлучи да испадне кретен и пред неа.Сеа крајот нема да ви го кажам, ќе ја уништам магијата
The island(2005) Солиден трилер/мистерија/sci-fi филм.Има доста добра глума, Скарлет Јохансон е одлична во филмов.Содржински се работи за еден вид на дистопија, каде преживеаните живеат за денот кога ќе бидат испратени на островот, единствено место што не е загрозено, а сепак е во природата и каде ќе ја доживеат вистинската слобода.Но што всушност е островот, ви оставам да погледнете.Иако дејството на почеток е развлечено, после првите дваесет минути станува возбудливо и непредвидливо. 7/10
Psych 9 Имале добра идеја, ама реализација ужасно слаба. Прво предвидлива приказна. Второ, глумата. Споредните актери се потрудиле, но главниот лик, женската која требаше да го води цело сценарио беше најслаба од сите, глумеше толку безврска што и да имаше некоја мала надеж филмов да биде ако ништо друго просечен, она го уништи. Ма да, не беше само до неа, како што кажав, реализацијата општо беше слаба, претерано спор... и... не знам, добро барем Gabriel Mann глуми, вредеше за него саат и пол што изгубив. Не препорачувам.
Sex tape (2014, излезе на 18 јули) Жанр: Комедија Започнува како Ени (Камерон) пишува колумна и раскажува како се запознале па се до тоа како се ожениле. И бидејќи во бракот од толку што се зафатени немаат време да си посветуваат еден на друг, и нивните односи не се чести како што биле во врската, па во една прилика по повод славењето за нејзината нова работа, децата кај мајка и, конечно секс да имаат, но за да го направат по иновативно и за паметење, решија да се снимаат и притоа тој наместо да го избрише видеото, го препратил на сите нивни пријатели и познаници на кои им поделиле ајпед. Од тука тргнува акцијата да ги повратат ајпедите и да го избришаат видеото
the hunger games, првиот пат го гледав пред година и пол, многу инспирира, се бираат двајца трибути одат во капитол, се борат за живот
,,Annie Hall'' Филмот е на Вуди Ален. Сите негови филмови ми се мили. Spoiler Се работи за човек по име Алви кој се заљубува во жена по име Ени. Алви е песимист кој верува дека светот е ужасен,додека Ени е чиста спротивност. Период се во врска во која имаат проблеми,љубов...се што има една врска. На крајот,двајцата се согласуваат да прекинат и да останат пријатели. Иако Алви ќе се обиде повторно да ја придобие Ени,сепак ќе останат како странци кои порано биле во врска.