1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    http://www.filmovizija.com/movie/spanish-affair-2014-video_aeaa87201.html#

    од мннн мннн време немам гледано така забавен филм на почеток реков ке е стандардна Лове стори ама вреди секоја минута... зезанја и смешки ... 10*ура за филмчето
    Spanish Affair (2014)
     
    На Tearful и do-re-mi им се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Transcendence (2014)


    Немав големи очекувања од филмов, па затоа и не ме разочара. По дефиниција е sci-fi трилер, но јас го доживеав поинаку. Темава е доста актуелна, но во типичен холивудски манир - недообработена. За мене беше интересен од друг аспект, но тоа е за во друга тема.
    Глумата: Пол Бетани good as always, останатите не ги коментирам. Крајот попатетичен и од тој во Tokarev.
    Визуелни ефекти: 8
    Целокупен впечаток: 5/10
     

    Прикачени фајлови:

  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Boy A
    [​IMG]

    Го начекав малку на тв1000, ме бендиса, па си го симнав и го изгледав.
    Одличен филм, одличен.
    Психолошка драма во која се раскажува за Ерик Вилсон(Ендру Гарфилд) кој после одлежената казна во затвор е ослободен и се обидува да го започне неговиот живот од почеток. Но прашањето е дали е тоа можно? Или сепак, на крајот никој не може да избега од минатото, од грижата на совест, од вината.
    Ендру со секој филм ме изненадува, иако после Never Let Me Go, тешко можам тоа да го наречам изненадување. Има талент, плус шармантен е, харизматичен, a пред се одлично глуми, одлично и после филмов уште повеќе си го сакам.
    Приказната како приказна, се одвива споро, но тоа и ми се допадна.
    Филмов ќе ви побуди многу емоции, на моменти тага, на моменти среќа на крајот сожалување.
    Ви го препорачувам филмов, ако сте љубители на вакви филмови, ќе ви се допадне.
    9/10
     
  4. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    The.Expendables.3[​IMG]
    задоволна сум од филмчето , добра акција малце со прелив на комични ситуации, и секако старите актри од акционите филмови сите на едно место докажаа зошто многу децении се на тв екраните и во кино салите се појавуваат нови актери и тие се ок
     
  5. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Pompeii (2014)

    Уште еден безживотен холивудски продукт што не допира до публиката, ама по ниедна основа. Млитави, бледи, неразработени ликови сместени во историски период и околности што нудат потенцијал за сосема спротивното. Предвидлив, шаблонски дијалог и сценарио без структура. Вулканот и историските факти се само фон за љубовната приказна на главните ликови и ова беше најразочарувачкиот факт за мене. И во овој филм единствено за почит се визуелните ефеки и костимографијата.

    *Ерата на визуелни ефекти и бездушни приказни во Холивуд, изгледа ќе потрае подолго време
     

    Прикачени фајлови:

    • pompeii.jpg
      pompeii.jpg
      Големина на фајлот:
      361,7 KB
      Прегледи:
      809
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,One hour photo''
    [​IMG]
    Филмот е морничав на моменти,али ништо страшно.
    Особено добро игра Вилијамс.
    За актер на кого му лежат комични улоги,оваа улога на психопат ја има одиграно одлично.
    Се зборува за човек кој работи со слики цел живот и нема семејство.Едно семејство му е посебно мило.Секогаш кога ги вади нивните фотографии прави уште една копија за себе.Особено му се мили детето и жената,тајно сонува во себе дека еден ден ќе биде со нив.Едно попладне,газдата го отпушта,а тој е на чекор да дознае дека сопругот на семејството кое му е мило,ја изневерува жена си.Започнува истрага каде се однесува крајно грозно со мажот и неговата љубовница.На крајот,полицијата открива се и го приведува.
    Задоволна сум од филмот.
    Со оглед на тоа дека не ме привлекуваат вакви,психопатски филмови,овој ми е одличен.
    Така што,доколку сте љубител на психопатски филмови,слободно гледајте го.
    Жално што почина Вилијамс.
    :?:
     
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Devil's knot
    [​IMG]
    Крими-драма, снимена според вистинска приказна.
    Случајов беше доста експониран во јавноста, знам читав пред некое време во врска со новите докази и сознанија кои се појавија.
    Имено, се работи за исчезнувањето на три осум годишни деца кои наредниот ден се пронајдени мртви, брутално убиени. Приказната се врти околу откривањето на сторителите, нивното судење, мрачни окулти, недоволни докази и заташкување на случајот.
    Предобра приказна, одлична глума, иако Рис ми е антипатична во филмот улогата и е скроз погодена.
    Вреди да се погледне! 8/10 :D
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    99.742
    Пол:
    Женски
    North Country

    По претепувањето од страна на својот сопруг Чарлиз се враќа кај своите родители и по потрага по егзистенција започнува да работи во блискиот рудник.Освем што работата е тешка соочена е со малтретирање од страна на своите машки колеги.Собира храброст поднесува тужба и на судењето се откриват некои детали за нејзиниот живот.На крајот таа сепак извојува победа како што обично и бива во холивудските филмови.
    7/10

    Sling Blade

    Кајл како 7 годишно дете е хоспитализиран поради убиство на неговата мајка и нејзиниот љубовник.После поминатите години се пушта на слобода како излечен и спремен да се социјализира.Ментално заостанатиот Кајл се спријателува со малечкиот Карл и мајка му Линда почнувајќи да го дели животниот простор со нив.Но тука е дечкото на Линда,кој ги малтретира...до кога?Се додека не му пресуди Кајл.
    Billy Bob Thornton Совршено го доловува ликот,не некако на средината на филмот дејството беше една права линија.Затоа 7/10.
     

    Прикачени фајлови:

  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.257
    Пол:
    Женски
    Exam(2010)
    [​IMG]
    8 кандидати се пријавуваат за работно место во голема компанија, за која и не знаат толку многу.Пред да станат дел од таа компанија мора да го положат испитот.Пред нив е поставена цел да одговорат на едно прашање, но тука е и загатката, кое е прашањето?!Мене ми се допадна, солиден мистерија/трилер, во текот на целиот филм ме остави напната и бев целосно посветена на филмот, воглавно непредвидлив е, иако некои сомнежи ми се покажаа за точни. 8/10
     
  10. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Во првиот станува збор за 3 пријателки кои си дозволуваат една вечер за нив. Планираа вечера во ресторан, излезе сосем трето. И овој ништо посебно.

    Во вториот станува збор за 5 самохрани мајки кои формираат клуб. Се зближуваат, се спријателуваат и си помагаат. Ништо посебно.
     

    Прикачени фајлови:

  11. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    многу добар филм иако е боливудски ама супер е филмот ем комедија ем романтичен :)
     
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Maleficent
    [​IMG]

    Чекањето се исплати, дефинитивно.
    Одличен филм, не трепнав додека гог ледав, дури и ми беше криво по заврши, сакав уште. Ми се допадна приказната затоа што е многу поинаква од првичната. Анџелина ми беше прекрасна и мислам дека филмов е тоа што е најмногу заради неа, блескаше.
    Крајот не можам да речам дека ме изнеади, се надевав дека нешто во тој стил ќе заврши и бев во право. Но сепак, возбудлив филм, како што кажав не трепнав додека го гледав и според мене многу подобар од неговите претходници, Оз и Алиса.
    Препорачувам 9/10
     
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Phone Booth
    [​IMG]
    Психолошки трилер.
    Интересен приказ на тоа како може обичен човек како вас да почне да манипулира со вашиот мозок,а притоа да не го ни познавате.
    8/10
    :)
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.257
    Пол:
    Женски
    Cube(1997)
    Cube 2: Hypercube(2002)-Sequel
    Cube Zero(2004)-Prequel
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    Триологија посветена на еден експеримент каде луѓето се будат во направа која буквално е коцка и немаат никакво претходно сеќавање за тоа како стигнале таму.Исполнета со замки и мистерии, никој не знае што точно претставува коцката, можеби владин експеримент, или пак игра која будно ја набљудува некој лудак.Првиот дел според мене е најдобар, но ќе ве остави со илјадници прашања па ќе мора да ги погледнете и другите.Вториот завршува многу нејасно, дури гледав и extended ending само за да сфатам што се случува, за на крајот да биде делумно објаснето во третиот дел.Сложен филм, со многу ситници кои бараат посветено внимание, на моменти потсетува на Saw, па затоа и не го препорачувам за оние со слаб желудник.Како серијал има 8/10
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Трансформерс 4 - 2014
    Мислам дека за овој филм не е потребна кратка рецензија
    Кој гледал знае. 10/10

    [​IMG]
     
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    A perfect man (2013)
    Se raboti za drama nema mnogu da otkrivam vredi da se pogledne koj e ljubitel na vakov zarn. :) Vomanajzerot koj ja izneveruva svojata zena duri i so nejzinata najdobra prijatelka a voedno i zenata na negoviot partner najposle svaka deka zivotot ne mu vredi bez nea no veke e kasno taa go napusta... Krajot isto taka e odlicen....Poukata i porakata so naslovot e tokmu na krajot .... Go ocenuvam so 8/10
     

    Прикачени фајлови:

  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The fault in our stars

    После долго размислување дали да го гледам во кино,сепак се одлучив за компјутерот и осаменоста на мојата соба :D
    Како обичен фан на интересни тинејџерски филмчиња на овој му давам солидна 7,а да ја немав читано книгата најверојатно ќе му дадев 10ка.
    Дијалозите беа исти,но не ги доживеав со иста доза на хумор и сарказам како што ги искажуваа Хејзл и Гас.
    Емотивните моменти не ме трогнаа воопшто,на филмов едвај солза да пуштив,додека на книгата буквално липав и не можев да ги гледам зборовите од големиот удар што го имаа над мене.
    Не знам дали премногу очекував од филмов,ама не добив ништо посебно.
    Плус,мислам дека актерите не вложиле доволно труд да ги доловат ликовите како што се прикажани,посебно ликот на Гас.Ансел е симпатично момче,но улогата на Августус не му прилега,барем според мене,додека Шајлин мошне солидно ја прикажува прекрасната Хејзл.
    Целото дејствие од книгата,во филмот е прикажано круто и необработено,со чудни паузи и уште почудни фацијални изрази.
    Сума сумарум,можеле режисерите и продуцентите да направат еден прекрасен филм и да ја надополнат популарноста од книгата,но мисијата остана неуспешна и добија еден просечен филм.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    3.290
    Пол:
    Женски
    Crush
    [​IMG]
    Скот е спортист, добар ученик, згоден и популарен меѓу девојките. Бес е срамежлива, сака да пати во тишина и да ја ублажи својата страс кон Скот преку тивката потрага по него, следејќи го на социјалните мрежи.
    Но кога заинтерисираноста преминува во љубов, љубовта во страст и страста во опсесија, на Скот и неговите пријатели им се заканува опасност.
     
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    29.257
    Пол:
    Женски
    Maleficent(2014)
    [​IMG]
    Јас не ја љубам Анџелина Џоли, отсекогаш ми била на листата на антипатични, ама во филмов навистина ми се допадна.Приказната за заспаната убавица со поинаков пресврт, што лично мене оваа верзија повеќе ми остави впечаток.Одлично изработен филм, тргнувајќи од магичните суштества, до актерската екипа која почнувајќи од стариот крал, принцезата па дури и самовилите ми беа погодени, неверојатно добра компјутерска обработка и костимографија. 10/10
     
  20. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    премногу добар филм :) кој е за романтичен филм го препорачувам