American History X Ме потресе филмот, особено вториот час. Многу тешка тема обработува, расизам и омраза, и до каде бесот може да те доведе. Добра слика на американското опшеството, и вечната битка меѓу белата и црната раса. Се работи за Дерек (Едвард Нортон) кој поради смртта на неговиот татко ќе стане мразач на припадниците на црната раса, до степен што ќе резултира со убиство поради кое ќе иде во затвор. После неколку години излегува од затвор за да види дека неговиот брат оди по неговиот пат, и низ флешбекови се прикажани неговите моменти во затворот, и што од таму научил. Некако имаше многу жални сцени, особено крајот ми беше многу потресителен, без да откривам спојлери. Но, ова е филм што го препорачувам дефинитивно на оние што сакат да погледнат нешто добро, 10/10, мене веќе ми влезе во топ 20 филмови.
The Fault in Our Stars (2014) Конечно го изгледав, го дочекав со убава снимка. За филмов малку бев скептична бидејки скоро сите филмови направени според книги ме разочарале.Овој ме воодушеви.Толку прекрасно беше доловено се и полн со емоции.Најмногу ми се допадна тоа што ги искористиле цитатите од книгата.Мислам дека го избрале најдобриот глумец за Гас.Харизматичен, шармантен, совршен за оваа улога.На крајот се изнаплакав, исто како на книгата.Вредеше толку чекање, го препорачувам.
The Diving Bell and the Butterfly Филмов ми се причини тежок како олово а долг како сушна година.Снимен е врз основа на вистински настан.Станува збор за главниот уредник на францускиот „ELLE“,кој доживува мозочен удар и т.н.клуч синдром.Односно станува целосно парализиран , десното око бидејки ја губи способоста да се влажи,и можна опасност од инфекции,му го зашиваат ,а светот го гледа само преку левото око.Неговиот ум останува недопрен и сосема свесен.Со трепкање на окото почнува да комуницира со светот,па дури и да напише мемоари,опишувајки ја својата болест , чувството на телото како да е заробено во костум за нуркање и душата како пеперутка. Многу тежок филм. 9/10
7,5 Вдовец и разведена одат на слеп состанок, кој патем е ужасен.Случајно се наоѓаат во супер маркет и си ги менуваат по грешка кредитните картички, И така господинот оди кај госпоѓата, и од нигде никаде излага да оди на Мешана фамилија пат во Африка. Тој има 3 ќерки, таа 2 сина... 7/10 Овој некекако најслаб ми беше од франшизава. Содржина- Бам бам Бум, Сталоне, Бам бум бум Џејсон, Бам бум бум Гибсон, Бам Бам Харисон Форд Инаку ќе има 4 и 5 дел па да се надеваме ќе биде подобро, зашто љубител сум на франшизава
Maleficent Предобар филм, вреди да се погледне. Времето додека го глдав ми помина многу брзо беше интересен. Не очекував таков крај. 10/10
Го изгледав два пати во една вечер (еднаш во лоша снимка и вториот пат во асална) МИ СЕ ДОПАЃА е мал збор... Филмот е болна вистина
Sex Tape. Многу добро филмче со Камерон Дијаз, се снимаат како имаат односи и на крај снимката „случајно’’ се наоѓа на интернет. Вреди да се погледне! 10/10
Maleficent (2014) Предобар филм со јасна и прецизна поента.Ми се допадна и тоа како приказната и животот пред да стане тоа што стана главната личност.Факт е дека секој плаќа за своите грешки, се покајуваме и сто пати се преколнуваме, веруваме, разочаруваме и нема назад Џоли овој пат ми беше извонредна само не ми се допадна Аурора, можеле и подобра да најдат али нема врска, филмот беше точно изнесен. Нема да зажалите ако го гледате 10/10
Magic Mike (2012) Уште еден изгледан филм со Channing Tatum. Филмов без некоја посебна приказна, онака само за плакнење очи на женската публика. Богами и има што да се види Само многу глупав крај, ептен ме разочара. 8/10
Blended Се работи за маж и жена кои после состанок на слепо ќе се најдат заедно во Африка Интересен филм за тепање време,препорачувам. 9/10 The fault in our stars Претпоставувам дека ви е добро позната приказна.Прекрасен филм,дефинитвно го препорачувам. 10/10 The Devil Wears Prada Се работи за што туку дипломираната новинарка Андреа Сакс.Иако Андреа ја исмевала модната индустрија таа добива работа како асистентка на Миранда Присли.Онака забавно филмче е за пасење на мозокот 7/10 Tres Metros Sobre El Cielo Искрено ова е едно од пореалистичните љубовни филмчиња кои сум ги гледала.Ако обожавате ваков тип на филмови,ви го препорачувам. 10/10 Tengo Ganas De Ti Ова е вториот дел на 3 метри над небото.После две години Аче се враќа во Барсалона и запознава нова девојка Џин.Но,потоа сфаќа дека неговата љубов со Баби не е заборавена.Мене првиот дел ми беше насвистина поубав. 7/10 We're The Millers Дилер на дрога креира лажно семејство за да може да ја пренесе дрогата во Мексико.Предобра комедија. 10/10
Сите го знаете, претпоставувам. Незнам што да кажам, филмов е едноставно прекрасен Spoiler Земете си марамче затоа што е многу тажен, не плачам многу на филмови ама на овој.. 10/10
Сега го гледав Drag me to hell Хорор филмче, не е нешто посебно страшен ама језив е и има гадни работи Еве на што мислам кога викам гадни работи: Spoiler 8,5/10
In Her Shoes Интересно филмче за две сестри од кои едната е разгалена, нема постојана работа, ни образование, а другата е прибрана и одлична адвокатка. Нивните приказни се испреплеткуваат кога размазенава(Дијаз) е исфрлена од дома од страна на нејзината маќеа и оди да живее со својата сестра. Мене искрено ми беше малку долг филмов и малку досаден, ама океј беше за релаксиранње и за мрзлив ден како денеска. 6/10
Rio и Rio 2 Многу интересна и топла приказна. Ја препорачувам на сите љубители на анимирани филмови Need For Speed Клише од почеток до крај. Ако сте гледале некој филм со трки и такви работи, ќе знаете што да очекувате. Што би рекол дечко ми: Гарант филмов ќе почне со сцена во која ќе покажат трофеи, медали и стари слики. И погодете како почна филмот
Step Up All In Филмот го гледав вчера на 3D, какви ефекти долови, какви движења, уште сум под импресии Мене одсекогаш ваквите филмови ми биле преинтересни за гледање, глумците се , движењата, кореографиите нема потреба да зборувам Сигурна сум и дека без 3D е прејак. Обавезно да го гледате. Мојата оценка секако 10/10.