John Doe: Vigilante (2014) Да ви кажам одамна не сум гледала ваков филм. Чуден, малку извртен, задржува внимание и остава простор самите да одлучите и да пресудите што е правилно, а што не. Надвор од оние клише филмчиња. Имам чувство дека филмовите во последниве години не се нешто воодушевувачки и сите се со слични приказни. Ова е нешто поинакво, барем за мене е. Глумецов врска немам кој е, искрено не ми е воопшто познат, прв пат на филмов го видов АМА глуми одлично. Целосно ја доловил поентата. На кратко само ќе пишам за содржината. Се работи за сериски убиец кој е веќе фатен и му се суди. Меѓутоа, дали тој е само ладнокрвен убиец кој си ја заситува потребата за крв или пак херој сами одлучете си. За мене е човек кој одлучил да превземе нешто и човек кој помалку или повеќе се крие во секој од нас. На момент сите сме го помислиле, па дури и кажале тоа што тој го прави, ама не сме имале храброст за на дело да се покажеме. Го препорачувам. Би му дала чиста 10ка ама од мене има 9/10 само зашто трае час и половина. Сакав уште и уште.
Wow haha го гледав филмов и се шо кажа е точно браво посебно за она како јади(шпагетии хах) и за то шо има иста фаца цел филм ама да, добар филм вреди да се гледат 8\10... малку е долг ( 3 сати)
http://www.imdb.com/title/tt1142433/ Post Grad (2009) 9.5 / 10 22 годишна девојка после дипломирање во потрага е по работа, но тешко и оди. Има прекрасен дечко но мала грешка со новиот комшија, ќе ја заниши врската... Ќе се потруди да го врати и ќе успее. Вреди да се погледне.
И јас го гледав пред 2 дена. Филмов е чиста 10. Не можи да не те погоди в срце На крајот така убаво сум се исплакала. Солзи ко петлици ми капеа. Spoiler Си ја олеснав душава со филмов
The Fault in our stars За мене најдобар филм на сите времиња! А Shailene Woodley се' повеќе ја обожавам!
Балканот не е мртов. 6/10 Приказната за Калеш Анѓа, ама малце повеќе испоглупавена. Одлична приказна, одлични глумци - глума, ама цело време беше сниман во студио, што ич не ми се допадна. Оние на канал пет приказните во една куќа ги снимаат ама колку убаво е направено. Не е проблемот што е во студио, туку што цело време имаа обесено некои пердиња - барем бели картонски зидови да ставеа, а какви шуми имаме, какви цркви имаме, ви се молам, закачиле пердиња наоколу и туриле едни свеќници. Spoiler Мочаа, мочаа цел филм ама крајот го у*раа. Ви се молам, во турско време за љубов размислувале. Овој филм испадна лижење газ на турците пошто сега сме арни со нив.
Conviction Филмот е снимен според вистинита приказна. Во лавиринтот на правни недостатоци и финансиска неможност да му помогне на својот невино осуден брат, сестрата се запишува на правен факултет и...
Couples Retreat (2009) http://www.imdb.com/title/tt1078940/?ref_=nv_sr_1 Прекрасен филм, романтична комедија. Убава порака, комични сцени и прекрасни пејсажи кои ќе направат да посакате да сте таму, оцена 10/10
The Pact Почна како клише приказна со духови, но имаше сосема неочекуван заплет. Во филмов се споени две најчести теми во хорор/трилер филмовите, кои на прв поглед не одат заедно, но тука ми се допадна спојот. Напнат со нагли сцени, језив, на моменти емотивен. Ми се допадна и глумата на девојката што беше главен лик. Малце е спор, лично сакам повеќе акција, тоа сум кажала веќе сто пати, но сепак тоа што беше спор не го правеше лош и досаден филм, туку го правеше уште понеизвесен. :up:
House of Sand and Fog (2003) Случајно го начекав сношти на тв и го загледав. Драма, трагедија, со Бен Кингсли и Џенифер Конели во главните улоги, со номинации за 3 Оскари. Според мене еден од најдобрите филмови што ги имам гледано во изминатите година-две. Маестрална глума, предобар кастинг, одлично сценарио. Според ИМДБ оцена 7.6/10, но јас му давам 10/10 и го препорачувам! Филм базиран според истоимената новела, ја раскажува приказната за емигрантите и нивната вечна борба за прилагодување во новите светови, за нивните излузии и неостварени сонови, за луѓето кои не припаѓаат повеќе таму од каде што дошле, но не припаѓаат ни во новите светови каде што сакаат да живеат. Spoiler Овој филм ја открива судбината на ирански емигрант, бивш офицер Берани (Бен Кингсли), кој со своето семејство доаѓа во Америка во потрага по подобар живот. Парите кои ги заработил и заштедил како некогашен славен војник, му се трошат се побрзо, па е приморан да работи како разнесувач на ѓубре. Но, Берани ни во тие услови не престанува да сонува за подобар живот, за купување на своја куќа која би била симбол за неговиот успех на новото тло, каде би можел конечно да се смири и да ужива со своето семејство. Кети (Џенифер Конели) е емотивно нестабилна, напуштена млада жена, на која единствената работа што ѝ останала од нејзиниот татко е куќата во која што живее. Таа е принудена од локалните власти да ја напушти куќата, поради насобраните даноци кои не ги плаќала. Набрзо, куќата е ставена на аукција и продадена во рекордно време за многу малку пари на иранскиот емигрант и неговото семејство. Така, започнува нејзиниот конфликт со новите сопственици. Во таквата борба, да ја задржи својата куќа по секоја цена, ѝ помага полицаецот Бердон, оженет човек, кој на интересен начин сфаќа дека всушност се заљубил во Кети и станува опседнат да ѝ помогне што побрзо да се избори за правда и да ја добие својата куќа назад. Наизглед неважна, административна грешка предизвикува комплицирани односи измеѓу Берани, неговото семејство и Кети. Таа куќа е симбол, која на секој од нив многу им значи, сламка за спас и знак дека се сеуште живи. Поради таа мала градба, сместена на еден рид во близина на Сан Франциско, предел често прекриен со магла, поради неспособноста да се разберат едни со други, филмот има трагичен исход.
Limitless Со Бредли Купер и Робер Де Ниро. Приказната почнува со еден дечко зависник од алкохол, кој сака да напише книга, но нема инспирација. Неговиот поранешен шура случајно го среќава и му нуди една нова дрога со која се поттикнува капацитето на мозокот. Бредли Купер го зема апчето и пишува дел од книгата за четири дена. Шурата го уценува да направи неколку работи за него, потоа го наоѓаат мртов во станот, а Бредли ги наоѓа сите скриени залихи со таа чудотворна дрога и неговиот живот се менува засекогаш. Mindscape уште познат како Ана е психолошки трилер. Посебно обучуван психолог кој може да влезе во меморијата на друга личност, влегува во нејзината со цел да дознае дали таа е виновна за домашните проблеми, бркањето од факултет, убисто итн. Се се дознава на крај. The Croogs Анимиран филм за фамилија праисториски луѓе. Таткото е главен и ги учи помладите да не бидат љубопитни зошто може да западнат во неволја и да умрат, но ништо не ја плаши храбрата ќерка која една вечер скришно излегува од пештерата и се запознава со еден млад дечко кој и покажува како се пали оган и и кажува дека мора да го напуштат местото каде се наоѓаат, зошто ќе има земјотрес. Премногу интересен филм, постојано си во исчекување. И сите што пишуваат рецензија да напишат поопширно не само го сакам филмот зошто тој и тој се соблече
^ Имаше повеќе потресни моменти, ми се насолзија очите на неколку сцени, ама не пуштив солзи, срце јуначко. Во секој случај, како што кажав, ретко добар филм, филм кој те тера да се замислиш за некои работи и филм кој ќе го паметам долго.
The Secret of Kells Прекрасен филм со преубава анимација, топло им го препорачувам на сите оние кои сакаат визуелно совршенство http://www.youtube.com/watch?v=xFhd8RfCqVg ^ Mојот омилен дел
Banshee Chapter Млада новинарка почнува да истражува за нејзин колега кој исчезнал после земање на експериментална дрога која предизвикува многу повеќе од халуцинации. Има нешто во филмов толку језиво што цело време имав едно необјасниво језиво чувство, цело време во исчекување на нешто страшно. Нон-стоп гледам хорори, и ретко имаат некое влијание, ама на овој бев посебно напната... Далеку е од ремек-дело, ама дека е страшен и те остава со такво чувство извесен период откако ќе го изгледаш - тоа дефинитивно.
The fault in our stars Го гледав зошто феминките тука напишале дека е добар. Spoiler Девојка која има проблеми со дишењето се запознава со еден дечко што нема нога и се раѓа огромна љубов. На крајот се знае дека трагично завршува. Јас си мислев девојката ќе умре прва, но прв умира дечкото. Пораката на филмот е дека секој човек заслужува да сака и да биде сакан, без разлика дали е болен или здрав. Првата љубов на 17 или 18 години е онаа што се памети цел живот.
THE HIDDEN FACE (La carra Oculta ) прекрасен колумбиски трилер Ги покажува и анализира основните инстикти, чуства на вина, изневерување и стравот што една љубов ја носи. Девојкава му раскинува на дечково и се снима кажувајки му дека ке си замине. Дечково почнува да пие и додека пие во еден бар, се среќава со една женска и започнуваат врска. Новата женска се сели кај него дома. Во меѓувреме бившата негова е изчезната, не можат да ја најдат никаде од кога го оставила него па тој е најголемиот осомничен. Но вистинскиот сопственик на куќава каде што живееле заедно, а сега живее дечково со новата женска и покажала на Белен (бившата) скриена соба што мажот нејзин ја користел да се крие бидејки бил поранешен нацистички офицер. Во собава има кревет и вц во солидна сосотјба и е толку добро изолирана што од надвор не се слуша ништо а од собата се слуша и звук и се. Таа може да види се од собава, но кога се заклучува во собава го заборава клучов и сега е заглавена во собата без никаква можност да го контактира дечкото. Остатокот морате да го погледнете сами. Обожавам трилери углавно. Ми се допаѓаше напетоста додека го гледав филмот. Ме натера многу да размислам. што се би направиле за љубов? Колку лудо може да стане? и колку е тенка линијата помеѓу љубовта и лудилоста Навистина уживав 10/10 еве и линк http://www.putlocker.tw/watch-the-hidde ... -2011.html
Девојката не сакаше да му раскине на дечкото, туку сакаше да се пошегува, да види како ќе реагира тој, бидејќи беше љубоморна на виолинистката за која мислеше дека е во врска со дечко и, а не беше така, барем на почетокот, пред таа да заглави во собата. И обидот за една шала и даде пресврт на животот. Убав филм, го имам гледано малку по одамна, неамериканските филмови ми се далеку подобри, обично крајот им е непредвидлив или те остава сам да си го замислиш истиот.
THE OTHER WOMAN 10/10 дефинитивно супер филмче мажот ја изневерува сопругата но не со една девојка туку со повеќе. Но приказната не се врти околу него. Е прикажано едно поинакво пријателство помеѓу сопругата (која незнае дека е изневерувана) и двете љубовници(кои незнаат дека се љубовници) кои случајно ке дознаат дека се изневерувани од истиот дечко.И што ке го снајде сопругот кога тие ке се здружат заедно. Дефинитивно да го гледате го препорачувам за девојки и hot mamas