The Fault in Our Stars - прекрасен филм. Се работи за тинејџери Хејзел и Гас. Се среќаваат во група каде што е за подржување на тие што имаат рак. Тие на првиот момент се заљубуваат. Затоа ви го препорачувам да го гледате...а и да жален е..ќе ви требаат паломи Endless Love - романтичен е. Преубав филм е....и овој ви го препорачувам да го гледате =)
По препорака на Вале, го изгледав филмчето,малку ме збуни на почетокот со случувањата, но е доста интересно, неизвесно до самиот крај, барем мене ми остави таков впечаток.Старо е филмчево. Spoiler Испреплетени се настаните, меѓу двајца брачни партнери, со тоа што, жената дознава дека маж и загинал во сообраќајна несреќа, потоа дознава дека и не е загинат, туку е жив, таа ситуација неколку дена трае, еднаш е мртов човеков, потоа е жив.Според мене и апчињата кои ги пие, можеби и биле причина за нејзината состојба да речам како некое дежа ву, а таа уствари ги предвидувала настаните до реалната смрт на нејзниот сопруг.Малку е збунувачки тој преплет на настаните. Те и сликчуле:
Godzilla (2014) http://www.imdb.com/title/tt0831387/ Admiral William Stenz: This alpha predator of yours, doctor, do you really think he has a chance? Dr. Ichiro Serizawa: The arrogance of men is thinking nature is in their control and not the other way around. Let them fight. Само што го догледав. Прво да кажам, не е нималку сличен со оној првичниот Годзила, класикот. Во оваа верзија на филмот Годзила не е единственото праисториско животно кое чекори по земјата, туку е тука само како заштитник на земјата, ја има улогата на повраќач на природниот баланс, борејќи се против другите чудовишта кои му се закануваат на човештвото. Доста интересно филмче е, бар мене успеа да ми го задржи вниманието цели два часа, а ако самата тематика на моменти ви се причини малку досадна, во секој момент тука е фацката на Арон Тејлор-Џонсон (Aaron Taylor-Johnson), да ви надомести за одвоеното време.
The Painted Veil Филм мирен и тих .Станува збор за млад доктор-бактериолог кој со уценување ја приморува својата сопруга да му се придружи во жариштето на колерата.Болната атмосфера ќе им помогне да се најдат еден со друг,но за жал само тоа и ќе им остане.Она што ми се допадна многу се убавите пејсажи на Кина. 7/10
Prisoners (2013) Одамна се спремав да го гледам филмов. Конечно го изгледав. Одличен филм, одличен. Се задлабочив, го изгледав во еден здив. Трае два ипол часа, а не почувствував, не трепнав. Многу добро разработена приказна. Внимателно се обработени сите ликови. На моменти филмот остава простор за личноста што го гледа сама да донесе заклучок. Премногу ме замисли додека го гледав, на почеток настаните се испреплетени, а на крај се' добива една смисла. На моменти и ме изнервира. Какви психопати постојат, не ми се верува. Што се' е спремен еден родител да направи за сопственото дете. Дава и една поука за сите родители. Чувајте си ги внимателно децата, со вакви психопати можеби секојдневно се разминуваме. Затоа премногу се нервирам кога ќе видам низ центар родители со мали деца како се шетаат, а децата оставени 15 метра пред нив да одат. Секунда е само доволна доколку некој, нешто сака да направи. Содржината не ја откривам. Само ќе кажам дека се работи за изчезнување на две мали девојчиња. Гледајте си го понатака. Од мене има 9/10, само заради крајот. Знаеме сите што се случи ама барем да ја видев радоста на таткото, толку се трудеше и на крај тоа не го прикажаа.
Teenage Mutant Ninja Turtles (2014) Приказната за нив ја знаеме сите, Меган Фокс е во улога на the journalist to be Ејприл О`Нил и очајно се обидува да создаде добра крими сторија за да почне да напредува во својата новинарска кариера. Не ми ги исполни очекувањата, очекував многу повеќе, ама најверојатно за џабе сум чекала толку време. Тоа е, не е лош, пријатен филм е и не трае многу ( час и пол), а хуморот е малку очаен. Приказната е провидна, ама ако немате што да правите, погледнете го. 6/10
Like Crazy (2011) Сакам филмови во кои глумата не е исфорсирана, туку како во моментот да го смислуваат ценариото. Епа овој е таков и е еден од ретките филмови што ги имам изледано повеќе од еднаш. Иако во некои моменти преовладува тишната, имаат интересни дијалози и не можеш, а да не се соживееш со нив. Ана и Џејкоб, студенти, заљубени еден во друг. Започнуваат врска, но студентската виза на Ана завршува и мора да се врати во Лондон. Останува и кога сака да оди да ги види родителите, настануваат проблеми со пасошот (што е многу очигледно со оглед на тоа што и истече визата), па мораат да ја транспортираат во Англија. Тука следуваат низа тажни моменти, кои во никој случај не ми беа патетични. Прикажани се препреките на врската на далечина, дали таа може да опстане или не. Хемијата меѓу двајцата главни ликови е НЕ-ВЕ-РО-ЈА-ТНА. Браво за тој дел. Искрено, не го препорачувам на неемотивни личности. Патем, Jennifer Lawrence има споредна улога.
Лелее сега само шо го изгледав ... преубавв,кје ми пукнеше некој крвен сад од напнатост хаха и јас би му дала 9.5\10 само заради крајот
THE OTHER WOMAN се здружува жената со љубовниците со кои мажот нејзин ја изневерува. Нема да кажам повеќе, филмов е прекрасен. Глумата прекрасна, музиката повеќе од одлична, и на моменти иако е комедија филмов е многу поучен. Покажува колку е пријателството важно. 3те сакаат да го повредат Мајкл колку што можат повеќе и да му вратат за сите лаги и изеверувања. Мене ми се допадна есктермно. Го препорачувам 10/10
Water and fire (2013) Само што го изгледав, уфффф морав да постирам да го гледате (за оние што сакаат малку да си поплачат и оние што се во ПМС ) , значи содржина на ниво, вниманието ти го одржува до самиот крај значи буквално да не трепнеш. Мене искрено ме воодушевиииииииииии Филмот е турски,глумата одлична ... П.С пред да почнете да го гледате пакетчето паломи да е до вас
The bucket list Двајца потполно непознати странци ги поврзува болеста и заедничката желба да го проживеат животот до последен здив.Комедија со исклучително интересни дијалози. 7/10
The walk of shaме Одлична комедија, за една спикерка чија ноќ се претвора во кошмар кога ќе реши да си замине од станот на момчето со кое се запознала. Излегува од станот без пари и таксистот и се заканува дека ако не плати ќе ја убие, па ја помислуваат дека е проститутка, а таа само сака да си го врати автомобилот. Гледајте го и најсмејте се. The hangover 3 Денес конечно го гледав и од трите дела овај ми беше најдобар. Најлош дефинитивно вториот. Во третиот дел Кинезот Чао бега од затвор и кради половина сума злато од еден мафијаш. Потоа контактира со Ал и преку него останатите момци завршуваат со Чао во една куќа каде се наоѓа другата половина од златото. Чао ги надмудрува и ги заклучува во визбата, за да на крајот откријат дека куќата во која се е на мафијашот . Фил, Ал и стоматологот треба да го најдат Кинезот Чао и да го предадат на мафијашот.
The Hunger Games (двата дела) Се крена фама околу филмовиве, до некаде гледам и оправдано. Првиот дел многу ми се допадна. Креативно Искушенија, борба, измачување.... во последно време сфаќам дека сакам филмови со брутално насилство (физичко и ментално) и физичко исцрпување. Глумата на Џенифер Лоренс - беспрекорна. Вториот дел многу многу не ми се допадна зашто помал дел беше посветен на самата борба. Сега го чекам третиот (Сојката) со нетрпение. Spoiler Мислам дека нема да биде само еден дел. Ма во кино има да го гледам! Maleficent Speaking of бруталност.... ја очекував во овој филм, но сите оние кои го гледале ќе знаат дека не ја добив. Баш како бајка си е филмот. Интересна перспектива, морам да признаам. На Анџелина ненормално добро и‘ стои костумот, а малата Аурора како мрдната ми е зашто се смешка цело време Фино филмче, поразлично од верзијата на Дизни. Прекрасниов саундтрак се појавува само во одјавната шпица. https://www.youtube.com/watch?v=Qi0dSsZR6E0 Св. Валентин Филмов е едно огромно срање. Собрале сто ликови, познати актери, и направиле филм, ги сплеткале сите приказни, се‘ површно. Светла точка беше цвеќарницата на Ештон Качер и глумата на Тејлор Свифт (одлично одглуми глупава средношколска навивачица). Е толку. 1/10 Spoiler Е ваков да го направеле постерот
Barefoot (2014) https://www.youtube.com/watch?v=i-b_mPVuNOI Филмот беше супер..можеби ми фалеше само малку повеќе бакнежи воглавно бидејќи глумецот е wow Солидна деветка
The sisterhood of the travelling pants 2 Понесена од некоја желба да ми види оково некој убав пејсаж,налетав на филмов.Мислам тинејџерски,ама си реков да му дадам шанса.Очигледно стареам ,зашто филмов после 30 минути ми стана досаден.По некоја убава сцена од Санторини...скинат кондом...голо машко тело... ,не ми беше доволно за да го догледам. 1/10 Exam Група млади луѓе конкурираат за работно место,само ако го поминат испитот кој патем кажано е специфичен.Од почетната збунетост во стилот што се случува,па се до подадената рака на крајот филмот е навистина напнат.Освем што мене ме фати клаустофобија од просторијата во која се одржуваше испитот .Мислам би можел да се доработи во смисла,кој е директорот и за каков вирус се работи,во кој временски период се случува...но сепак го држи вниманието.И доказ нека ледените плавуши не се секогаш глупи. 7/10