The love punch (2013) Приказна во која разведени маж и жена ќе треба повторно се сооединат за да спасат фирма од големи парични загуби , и ќе почнат незаборавно патување во Париз, со многу незаборавни и комични моменти. Нема грешка со Пирс Броснан, одличен е , а филмчево е супер за да ве насмее час и половина. 8,5/10
The game http://www.imdb.com/title/tt0119174/?ref_=nv_sr_1 Ова е еден од оние филмови кои во целиот тек на настаните се повеќе и повеќе ве изненадуваат и кога ќе помислите дека тука е расплетот од ново хаотичноста е на највисоко ниво, мене лично многу ми се допадна и му давам чиста 10ка филмот е од 1997 и се прашувам како само не сум го гледала до сега, го препорачувам на сите љубители на трилери
The indigo evolution (Documentary) 10/10 Филмот е документарец за индиго децата. Го изгледав без да трепнам
Guardians of the Galaxy 3D Интересно филмче за спасување на галаксијата. Спој на акција, комедија и sci-fi. Убави 3D ефекти и избор на музика
Колку ми се интересни тие што ќе исхејтаат некој филм и оп онака опуштено 6ка или 7мица му акнуваат оцена. онтопик: последен гледан филм ми е Maleficent Фантастичен трилер за злобната вила Злорада, од анимираниот филм заспаната убавица. Ги покажува настаните од бајката од перспективата на злобната вила. Се согласувам со оценката на imdb, 7/10
Sex tape ( 2014 ) Главна улога е Камерон Дијаз, доста добар филм, поготово почетокот ми е премногу точен, што се случува од преминот на врска во брак па така тие со текот на времето немаат време за секс, па се одлучуваат да се снимат, после тоа тие дознаваат дека видеото ќе биде простирано на youporn, па така тргнуваат во потрага по тој што го има видеото се на се, добар филм кој вреди да се погледне
Gone Girl Ретко изразувам толку голема желба да гледам филм ако претходно ја имам читано книгата. Можеби затоа што ми се допадна изборот на актери, па бев прва со резервација во Синеплекс Филмот се задржува во рамките на книгата. Ништо не е сменето, дури и ми се чини дека буквално сѐ е опфатено, со исклучок на некои сосема мали ситници. Затоа трае повеќе од 2 часа. Мене лично ми изгледаше некако пренабиен со настани, најверојатно затоа што во книгата се малку порастеретени. И некои главни пресврти многу поубаво беа доловени во книгата. Во секој случај интересна верзија на еден од најдобрите трилери што сум ги читала. Ама јас ја препорачувам прво книгата, а потоа филмот
Sex Tape Знаев дека ќе биде глуп,ама си реков барем да се посмеам Епа ич не се смеев,право да ви кажам.Глумата е океј,Камерон е права бомба,но дијалозите им беа неубави и клише. Сета ситуација беше комична и реална,дека кога доаѓаат децата и стареат партнерите,сексот останува на последно место,а се друго е приоритет. Сепак на таа основа,би можело многу поинаку да изгледа,приказната е ептен лошо прикажана.. Од мене солидна 4/10 чисто поради глумците и два-три добри моменти.
Филмот со Том Хенкс, го догледав, интересен е, иако мислев на почеток дека ќе е досаден, но не излезе така.Филмот не е стар, од лани е Spoiler Капетан на брод, го започнува денот вообичаено, но за време на пловењето, бродот го напаѓаат пирати, кои бараат пари, но за да ги добијат од капетанот на бродот, го држат како заложник... Те и слика
Lucy http://www.imdb.com/title/tt2872732/ За филмов неможам стварно да се одлучам....И ми се допаѓа и до негде не..Во целост филмов е прекрасен само има "преисфилмуван" крај.... Иначе филмов се базира на научни истражувања за тоа колку проценти од мозокот ги користат луѓето и што кога би користеле повеќе...за да видите што се случува кога користиме повеќе % од мозокот отколку што користиме сега, изгледајтего ...и видете на што сме способни 9/10 заради крајот
Не знаев дека трае повеќе од два часа, се зачудив одкога заврши како летнале толку брзо Можеби требаше да ја читам прво книгата, тоа ми беше многу криво, но сепак останав без зборови и од филмот. Одамна немам гледано волку добра мистерија, приказнава навистина ме запрепасти. Дефинитивно го препорачувам!
многу интересен филм се работи за две девојчиња близначки кои се раделени и не знаат една за друга, но кога ќе дознаат ќе се обидат да ги спојат родителите кои се разделија заради недоразбираше(засега е доволно кога ќе го видите нема да зажалите) според мене е многу убав оценка 10/10
The Equalizer Поранешен опертивец на CIA живее тивок и повлечен живот, се додека не запознае млада девојка која е под контрола на руски гангстери. Неговото чувство за правда се буди кога таа е брутално претепана. 8/10.
When Harry Met Sally (1989) Ги сакам ваквите филмчиња од далечните години,имаат некој посебен шмек. Приказната е оригинална за тоа време,денеска да ја гледаш е милион пати прикажана.Но,разликата е огромна. Ја има романсата и комичните моменти,ама саркастичните дијалози и интересните сцени е тоа што го прави филмот подобар од типична романтична комедија на 21 век. Сцената со оргазмот во ресторанот,Priceless Оцена 9/10 Изјавата на љубов од Хари: -"I love that you get cold when it's 71 degrees out. I love that it takes you an hour and a half to order a sandwich. I love that you get a little crinkle above your nose when you're looking at me like I'm nuts. I love that after I spend the day with you, I can still smell your perfume on my clothes. And I love that you are the last person I want to talk to before I go to sleep at night. And it's not because I'm lonely, and it's not because it's New Year's Eve. I came here tonight because when you realize you want to spend the rest of your life with somebody, you want the rest of your life to start as soon as possible."
The Giver - Даватели Филмот го гледав ама не ми остави кој знае каков впечаток. На почетокот делува како тинејџерски филм, школо, матура а после почнува главното. Не ми се свиѓаше шефица. Ужасна фризура, лик. Но, дава чувство на жена со камено срце. Габриел ми беше најубав лик во целиот филм. Сепак, си останувам на тоа дека Divergent е подобар филм. 6/10
The Grand Budapest Hotel (2014) http://www.imdb.com/title/tt2278388/ Гледам по интернетов дека има огромна поделеност. Мене ми се допадна и повеќе од очекуваното. Приказна за интересното и невообичаено пријателство помеѓу Густав и младиот Зеро, двајца навидум обични работници во огромниот, раскошен хотел преполн со најбогати (па и најчудни) гости. Изборот на глумци е совршен, приказната допадлива и урнебесно смешна доколку се чита меѓу редови. Не знам, да не делувам ко сноб, ама досаден е доколку на филмот се гледа само како на некаква „биографска“ приказна за рандом работник. Но, кога ќе се вмешаат политичките референци, исмевањето на високото општество и нивните бесмислени барања, претенциозното однесување, како и емотивната поврзаност помеѓу двајца самци со слична судбина, се добива една прекрасна приказна пропратена со раскошна сценографија. Андерсон има таков стил - вметнува премногу нарации и дава преголемо внимание на визуелните појави, што мене ми се допаѓа. Згора на тоа, знае многу успешно да критикува низ хумор. Малку ме потсетува на легендарниот Four Rooms во поглед на поделеноста по делови, како и онаа некоја основна тематика на приказната, но, без сомнение има свој, оригинален дух. Филм скоцкан и спакуван баш ко колачињата од Мендлс. Од мене чиста 10ка.
A Long Way Down (2014) Книгата "Долг пат до дното" ја имам прочитано пред неколку години.И одвај чекав да испадне филмот ама бидејќи не е многу популарна приказната не очекував екранизација толку бргу.Кога го видов филмот на кинотека ептен се израдував ама сепак не сум задоволна од реализацијата.Морам да кажам дека книгата е милион пати подобра и ако некој не ја прочитал книгата тешко ќе се снајде.Инаку се работи за 4 рандом личности што за Нова Година решаваат да извршат самоубивство но не оди се по планот,тие понатаму се запознаваат.
Причата ми се допаѓа многу, се работи за дрога што може да го активира мозокот на човекот до 100% додека пак ние користиме само 10% од мозокот.. Но како реалзиација очекував многу повеќе, иако не беше лошо. Скарлет беше извонредна како и секогаш