И јас последното што го гледав беше Луси...и го делам истото мислење. Претерале со sci-fi, некои работи воошто немаа логика. Сепак Скарлет дава еден посебен печат на фимов, ова и е една од најдобрите глуми
The Disappearance of Lenka Wood (2014) Во филмот се раскажува за љубовта на еден пар кои решаваат да се земат и заминуваат на меден месец во Турција, таму девојката е киднапирана и следуваат низа неочекувани пресврти.
Teenage mutant ninja turtles 2014 - Нинџа желки Приказната сите ја знаеме т.е. цртаната верзија ( цртаниот филм ). Едвај чекав да излезе снимка на интернет и конечно го изгледав. Spoiler На почетокот е малку досадно, додека Ејприл да ги открие дека постојат и се борат против кланот Стопало. Таа не ни претпоставуваше дека тоа е проект за кој се борел нејзиниот татко. Дека она како мала уствари ги спасила од пожарот во кој загинал нејзиниот татко, фрлајќи ги во канализација заедно со глушецот Сплинтер. Многу е интересен филмот, ќе се смеете. 10/10
The Maze Runner Откако ќе му биде избришана меморијата, Томас се буди на непознато место и станува дел од заедница на млади луѓе со иста приказна. Набрзо дознава дека сите тие живеат опколени со еден голем лавиринт од кој никој не излегол жив. Интересен филм, не моменти ме фаќаа напади на клаустрофобија додека го гледав. Верувам дека книгата е многу подобра, ама мене и филмот ми се допадна. Го препорачувам
Going the Distance Пред легнување сакам да се релаксирам со лесни романтични комедии,па овој ми се вклопи одлично. Филмчево е најреалниот „чик флик“ што сум го гледала во последно време.Одлично ги покажува врските на далечина,со сите свои проблеми и нема некој совршен крај како во бајките,туку многу возможен и реален. Доказ дека се се може ако љубовта е голема. Ми се допадна што врската беше прикажана и од машки и женски аспект,тоа што имаше вистински разговори и еден мал милион комични моменти со семејството и пријателите кои никако не изгледаа увештачено како вообичаено,туку едноставно спонтани и природно комични. Дру Баримор си ја сакам во сите улоги,а и машкиот лик не беше лош иако го немам видено во други улоги. Оцена 8/10 Spoiler Како што стареам и гледам се повеќе филмови,се повеќе станувам строга со оценките
The Grand Budapest Hotel Да почнам од Ralph Fiennes, Актер кој ИЗУЗЕТНО го ценам. Наслушнав дека ќе биде номиниран за Оскар во улогата на Monsieur Gustave H од филмов, и СЕ НАДЕВАМ ДЕКА Е ВИСТИНА, а и дека ќе го земе и Оскарот. Дефинитивно ОДЛИЧЕН АКТЕР. Е,сега морам да нагласам дека во филмов се појавија и други ПРЕДОБРИ актери од типот на Adrien Brody Willem Dafoe Edward Norton Jude Law и воопшто не разочараа . Филмот, кој впрочен е и правен од книга, беше БУКВАЛНО КО ЧИТАЊЕ КНИГА што посебно ми се допадна. Црн хумор колку сакаш Мене навистина ми се допадна филмов, за мој вкус е голема 9ка. Глума, кастинг се се перфектно, За Ралф морам уште еднп да ставам, значи прекрасна глума во улога на Господинот Густав, осторумен маж, хумористичен, циничен,премногу саркастичен, Бисексуалец, но пред се Човечен и добродушен, кој заедно со Својот потрчко во хотелот кој патем е имигрант, се бори да си ја докаже невиноста кога ќе го наместат за убиство на неговата Постара Љубовница 9/10 од мене навистина ми се допадна
Non-stop Одамна се канам да го изгледам и еве дојде денот. Добра акција, неизвесен до самиот крај, замерка ми е тоа што некои работи и колку и да сакаш да ги темпираш нема да бидат така до минута точни - а такви имаше доста во филмот. Се' на се' го препорачувам да се изгледа. 8/10
Gone Girl http://www.imdb.com/title/tt2267998/ Бен Афлек го толкува ликот на Ник Дан, сопственик на бар чија сопруга Еми (Розалин Пајк) изчезнува на денот на нивната годишнина. Како што напредува полициската истрага, совршениот брак на Ник и Еми веќе не делува толку совршен. Мене лично филмот не ми се допадна. Почна одлично но насоката по која продолжи приказната не ме импресионира воопшто - како за филм кој моментално на имдб држи рејтинг од 8,5 очекував нешто многу, многу посолидно.
22 Jump Street Океј филмче за тмурен ден. Имаше некои смешни сцени, но имаше и некои веќе видени сцени, веќе изговорени фрази и слично. Првиот дел ми беше многу подобар од овој. Во првите триесет минути едвај издржав а да не заспијам. Натаму е многу поинтересен. Приказната позната, Јенко и Шмит се повторно во акција. Повторно бараат дилер на дрога, но случајот е малку поинаков од претходниот. Како што кажав океј филмче, ама можеле да го направат малку поинтересен. 6/10
Gone girl Со оглед на тоа што книгата беше еден од најдобрите трилери кои сум ги читала, ќе кажам дека и филмот ми се допадна.Не очекував волку добро дека ќе испадне екранизацијата, ептен ме изненади.Повеќето детали не се изоставени и сосем солидно ги вклопиле сите 600 стр во 2 часа филм. Актерката која ја играше Ејми беше ОДЛИЧНА, ептен добро ја долови улогата и онаа фрик страна на ликот.Многу добро глумеше и ми беше задоволство да ја гледам, баш онака како што ја замислував Ејми додека читав за неа.Ник не го замислував како Бен, но сепак не беше лош, си ја одигра улогата на место.Остатокот од екипата беше супер, освен Ратјаковска(или како и да е) немаше поим од глума, а и грда била некако, на слики и фотосесии ми изгледаше многу убава. Одличен филм кој е супер за вечер во кино.Како и да е книгата е подобра и ако ја немате читано, прво земете ја неа.
Јас последно го гледав Чувари на галаксијата во кино. На прв поглед делува но прекрасен е. http://www.imdb.com/title/tt2015381/?ref_=nv_sr_1
http://www.imdb.com/title/tt1267297/ Hercules со Dwayne Johnson и нормално преубавата Irina Shayk(во многу малку сцени ја имаше) Можам да кажам дека очекував нешто поразлично од сите претходни верзии за Херкулес(најверојатно дека ги има толку многу филмови за Херкулес )имаше некоја своја приказна,ама на крајот сепак си е истата легенда Кој сака може да го погледне,мене ми беше интересен
Let's be cops Филмов ме изненади ептен позитивно. Имаше доста интересни сцени, добар физички хумор. Мислев дека главните актери ќе бидат утка, или нема да можам да ги сварам во друга улога знаејќи ги како Ник и Coach, ама и тие ме изненадија ептен. Супер беа како дуо, имаа одлична хемија. И да не го заборавам мачево.
Annabelle Нема потреба од рецензија, јасно е и според постерот од филмов дека станува збор за опседната кукла околу која се случуваат језиви и необјасниви работи... Ми се допадна повеќе од The Conjuring, чисто за споредба. Без некоја посебна причина, едноставно ми беше поинтересен. Плус ми се допадна што е според вистинска приказна, па се забавував читајќи околу тоа и откако го изгледав самиот филм. :up:
Испит Spoiler Да нема забуни, на англиски е филмов. Постеров така ми се најде. Да се живи и здрави видеотеката на МахТв и МТВ Дејството се случува во една просторија, но се‘ е толку напнато што на секое се прашував во кој момент ќе пукне тиквата. Осум кандидати се ставени на последен тест пред еден од нив да биде вработен во моќна компанија. На овој испит имаат само едно прашање кое гласи... ... Да си го гледате, нема да зажалите.
The Lunchbox - http://www.imdb.com/title/tt2350496/ Индиски филм, но приказната не е класична индиска. Се работи за двајца луѓе кои што поради грешка на курирот кој ја доставува храната, ќе почнат да се допишуваат. Интересна приказна, на моменти до солзи смешна, но и подеднакво реална и сурова дури.
Annabelle (2014). Во описот се вели дека претставува prequel на The Conjuring, па драго ми е што прво овој го изгледав. Не ми беше толку страшен филмот колку што ми беше морбидна куклата на постерот. Затоа, се испотресов и кога го гледав пред два дена, го гледав додека беше уште денски. Иако навидум не толку несекојдневна содржина, начинот на којшто сето тоа беше прикажано беше уникатен. Добар филм, Spoiler ептен ми беше ефектно на почетокот на филмот, сцената со погребот кога чинам свештеникот читаше дел од Библијата во којшто се вели дека најголем доказ за љубовта е да се жртвуваш себеси за ближниот и нормално мислиш најпрвин дека целиот филм ќе оди во друга насока и дека таа којашто ќе се жртвува ќе е мајката. Потоа, при крај на филмот ми беше јако кога мајката ја кршеше куклата, па потоа и` се виде дека всушност го жртвуваше бебето. И тоа беше уште еден збунувачки момент којшто ме наведе да мислам дека всушност таа ќе си го жртвува бебето. Реакцијата на жената од книжарницата на крајот ми беше тотално неочекувана, како и самиот исход на крајот. Kако и да е, ми се допадна поентата на крајот, ниту една душа не е дојдена туку така на овој свет, туку пред себе има јасно одредена цел и пат.