Lucy (2014) Го чекав филмов една година. Сосема на друг начин го замислував. И интересно започнува, добра замисла, ветува многу на почеток ама на крај ептен ја однесле приказната во друг правец. Премногу фантазија за мој вкус. Како Матрикс да гледам се чувствував во некои моменти. Можеби на љубителите на вакви филмови со премногу фантазија ќе им се допадне ама мене не. Имав чувство дека приказната избледува со текот на филмот. Недообработени улогите. Површно. Убаво започнува и после апсолутно ништо не се случува за да ти го задржи вниманието. А и улогата на Скарлет и беше таква да глуми без емоции, без покажување на чувства и заради тоа ми стана едноличен. Од мене 3/10.
TMNT 2014 Мораме да признеме дека целата фокусираност беше на глумицата, Меган Фокс. Ја занемариле приказната со нејзината убавина и мислам дека повеќе ја гледав неа отколку желкиве. Како и да е, приказната си е таа, акцијата беше добра, успеа да ме насмее неколку пати. Очекував многу повеќе од филмов но во глобала ми се допадна. 8/10
Let's Be Cops Добра комедија, одамна немав изгледано нешто интересно. Двајца цимери влегуваат во филм дека се полицајци и се доаѓаат во судир со најголемата локална мафија. 10/10
Последен филм ми беше Нинџа Желки. Го гледав завчера во ХаДе снимка. Ама филмот ич не ми се допадна. Премногу брзо дејство. Имаше и еден брз флеш како настанале Сплинтер и Нинџа Желките. Едино тоа ми се допаѓаше ама кратко траеше.
Последен филм што го гледав е Lucy и морам да кажам дека филмов е прекрасен е немам замерка пред 5 минути го изгледав и морам одама да го искоментирам. Прво мислам дека глумицата е добро одбрана и многу добро изглуми. Второ ми се допаѓа замислата на филмов, го става човек каде што мора да мисли и со мозаок да го гледа филмот а не со очи зошто треба да се разбере филмов а не да се гледа. Едино глуп ми е крајот многу филмски многу фантастично, а ако гледам по фантазија цел филм е фантастика но сепак постојат луѓе кои го истражуваат тоа и сеа малку офф... Нашата наставничка по билогија 2 години по ред ни труби да го вежбаме мозокот а сега и филмов капак кога ќе почне да не труе....
The Houses October Built Премногу ми се допадна, значи немам зборови. Филмот е од оној found-footage, ама воопшто не е тежок за гледање, ниту темен и неквалитетен како што често знаат да бидат таквите филмови. Овој хорор остава многу на фантазијата, суптилно страшен, многу, мноооогу ликови, уникатни језиви маски... едноставно страшен филм. Stage Fright Хорор мјузикл....и тоа го немав видено до сега. Филмот си имаше свои моменти, интересни убиства и доста црн хумор, ама јас лично мразам мјузикли и тоа сосема ми го уништи впечатокот и ги засени и позитивните моменти. Aftershock Почнува со природна непогода, продолжува покажувајќи колку луѓето се всушност пострашни и од најголемите природни непогоди. Слоганот на филмов е The only thing more terrifying than Mother Nature is human nature и се е кажано. Има интересни, напнати сцени, дефинитивно, ама затоа првите 30-40 минути не се случува ништо. 13 Sins Еден човек добива мистериозен повик при што му нудат огромна сума на пари, доколку направи 13 екстремни дела за една вечер. Работите што треба да ги напави не се ни малце невини, но кога еднаш ќе почнеш да ја играш играта, нема крај. Целата порака во позадина е како "одредени" луѓе во светов контролираат се и сешто... Океј, ама ништо посебно. The Quiet Ones Типичен хорор со демон, опседната девојка....просечен. Wrong Turn 6 Ужасен. Мислев 4от дел е ненадминлив, ама еве, можело и поужасен. The Hamiltons Почна интересно, за фамилијата Хамилтонс, кои се чудни, несекојдневни, извршуваат убиства. Цело време изгледа како да се работи за најобична фамилија психопати, сериски убијци, но на крај има пресврт безвезен. Барем мене лично не ми се допадна.
За мој вкус филмот беше добар, еден од ретките каде што не проверував уште колку минути има до крајот на филмот. Крајот малку ме зачуде, многу фантазија беше употребена, ако мозокот на човекот работи до 100 % не значит дека имаме виши сили според мене како и да е заслужува да биде гледан. И да Скарлет не ми била никогаш по глумата така да НЕ за изборот на глумци.
The Nightmare Before Christmas ] за Halloween го гледав филмов и е еден од најдобрите музикални филмови што сум ги гледала за таа причина 10/10 му давам Spoiler: Слики
The Town That Dreaded Sundown После многу години, во еден град во Тексас се враќа сериски убиец за кој сите сметале дека е одамна мртов. Има некои неодговорени прашања околу неговиот идентитет, многу жртви... Просечен хорор, на трејлерот изгледа многу повозбудлив отколку што е самиот филм.
Во последно време гледам многу филмови..Последно сум ги гледала Two night stand 8/10 ,Sex tape 6/10 се смеев на одредени делови но не ми остави голем впечаток,Begin again 5/10 го чекав одамна заради омилениот Adam Levine но не ме воодушеви
Gone Girl со Бен Афлек. Супер е филмов базиран е на книга од Гилиан Флин и навистина вреди да се погледне 10/10
Mama го гледав за Halloween ми се допадна се освен крајот јас давам 8/10 Анабел и Лукас сакаат да им овозможат што понормално детство на неговите внуки кои доживеале огромна траума сами во дивината… Но, колку навистина сами биле тие? A mother's love is forever.
Хетфилди и Меккои-првиот дел Овој филм по трет пат го гледам и никогаш нема да речам СТОП или ДОСТА!Никогаш значи...го даваа на еј-екс-ен каналот и со задоволство си седнав да го гледам и уште непочнат филмот солзи ронев...вистинска приказна која се случи кога заврши граѓанската војна во САД помеѓу северот и југот.Рендал Меккои и ’’Ѓаволот Енс’’ Вилијам Андерсон Хетфилд се бореа од страната на југот,но кога заврши таа војна како да не беше доволна граѓанската започна војна помеѓу овие две семејства кога Џим Венс чичкото на Хетфилд го уби Хармон братот на Рендал...и оттогаш започна забранетата љубов на Џонси и Розана и војната на двете семејства кои влегоа во историјата на Америка... Филмот беше снимен во 2012 година од Хистори каналот во Романија.Значи немам коментар,најозбилно
Ме остави без зборови, а на моменти скокав од столчето. Јас вака како негадлива ми се згадија пуканките неколку пати, филмов е многу крвав. Дејството се одвива во втората светска војка, Бред Пит е Американски наредник, со својата група во тенкот војуваат по фронтовите. Во една акција сите тенкови се уништени остануваат само тие во Фјури, ќе треба да спречат цел батаљон од Германски војници. Језив е филмов бидејќи е многу реално прикажано се, лицето на војната и како ќе каже еден од ликовите, да видиш што е способен човек да му направи на човек.
The fault in our stars Убав филм, морам да признаам. Чиста 10-ка. Мислев дека одамна ги надминав ваквите тинејџерски филмови, со лесни приказни, празни романтики и исти дијалози, но овој филм е нешто посебно. Реален, убав филм. Искрени дијалози, реалистички дијалози. Се работи за девојка Хејзл која е болна од рак. Таа е свесна дека ќе умре и не се плаши од тоа. Во група за поддршка го запознава Гас. Тој е млад, згоден, убав, сон на секоја девојка. Гас не е совршен, му недостасува нога. Нивната љубов ги мине сите граници, си ги прифаќаат несовршеностите, свесни се на нив.
Deliver Us From Evil Од сите филмови со демони што ги имам гледано, овој е најинтересен и најинтензивен и дефинитивно немам гледано појака егзорцизам сцена. И останатиот дел од филмот е одличен, приказна на место, одлична глума, нагли сцени, доволно крв, напната атмосфера. Одличен...
Од мала сум фан на Робокап, сериите ги обожавав кога видов дека излегол филмов се израдував. Не се сеќавам дали во серијата прикажуваа како настанал ама во филмов е се супер опфатено, како и зошто ќе настане. Многу убав дел е она кога можеш да видиш колку технологијата може да го уништи човештвото повеќе одколку што може да го спаси.
Teenage Mutant Ninja Turtles 2014 Филмов е прејак јас го имам гледано и цртанот.Во филмов има мешано неколку епизоди од цртанот само што Рафаело во цртанот си е ист како другите желки а во филмов билдер го направиле, Донатело го подновиле со подобра опреме а нинџите на секачот овој пат се со пушки а не со сабји а и ги оставине онака мутави како и секат сите ги млатат нив На моменти се изнасмеав со Микеланџело, врв од желките и секако сцената со лифтот: 10/10 за филмот
Le fabuleux destin d'Amélie Poulain Филмов е... немам зборови. Одличен. Влезе во групата на моите омилени Иако е на француски (јазикот баш и не ми е омилен) сепак не го прави помалку добар. Како и својот наслов- филмов е чудесен. Не е како другите, многу поинаков е. Се работи за една несекојдневна девојка која ужива во малите задоволства и сака да им помага и да ги прави среќни другите луѓе. "Но додека таа им обрнува внимание на другите, тие не ѝ обрнуваат неа. Се плаши да не умре поради очај... " Нема да должам повеќе, топло ви го препорачувам да го гледате.Инаку, се работи за романтична комедија каде главен лик е Одри Тоту (Audrey Tautou)