http://media1.santabanta.com/full1/Bollywood Movies/Action Replayy/action-replayy-8a.jpg можам само да кажам посмешен филм не сум гледала, оценка 10/10
Let's be cops Интересна американска комедија. Станува збор за двајца другари, невидени лузери, ништо не постигнале во животот. Филм за полицијајци, освен тоа што овие двајца не се полицајци. Се маскираат во полицајци и приметуваат како сите поразлично ги гледаат, тоа им се допаѓа и влегуваат во таа улога. Колку подлабоко влегуваат толку повеќе не можат да се вратат назад и запаѓаат во разни непријатни ситуации, меѓу кои е и проблеми со албанска мафија. Многу бев скептична, мислам приказната е била присутна и во други филмови, не е ништо непознато, но ви ветувам дека нема да ви е досаден филмот. Оценка 8/10
Прекрасен филм!Се работи за младата Миа која е исклучително талентирана, свири на чело.Таа има се што би посакала, прекрасно семејство, заљубена е во своето момче Адам, супер најдобра другарка и пред себе одлишни можности за иднина како изведувач на чело.Се ова се менува оддеднаш.Миа и нејзиното семејство имаат сообраќајна несреќа . . . Не сакам да откривам повеќе но сигурна сум дека ќе им се допадне на сите што ќе го погледнат, мене ме остави без зборови. 10/10
Последен филм што го гледав(денес),SEX TYPE ,и тоа по втор пат.Првиот пат во синеплекс го гледав,а сега дома Предобар е!!Комедија со Камерон Дијаз.Кој не го гледал,a повеќето сигурно го гледаледо сега, нека го гледа обавезно!
http://www.ifilmovi.com/filmovi.php?id=333270&naziv=Let's Be Cops (2014) еве каде го има исто за онлајн гледање
Filimena-се зборува за една калуѓерка која забременува и и го одземаат детето.По многу години со еден новинар го бара детето и дознава дека тој бил познат политичар,геј,син на познати луѓе,но умрел пред 5 години.Пред да го дознае сето ова таа оди во манастирот за да си го пронајде синот,но од таму и кажуваат дека ги изгубиле документите,а со пронаоѓањето на дечкото на нејзиниот син дознаваат дека всушност сите ја лажеле и нејзиниот син бил закопан кај манастирот. Прекрасен филм,вреди да се гледа
Чуварите на Галаксијата Spoiler Питер е мало момче, кое по смртта на мајкаму е киднапиран од вселенски брод. Целиот свој живот го поминал во крадење за неговиот претпоставен. По 26 години, тој се враќа да ја украде сферата која има моќ да уништи цел град. Но Питер, не е единствениот кој ја бара сферата. Иако Пит побегнал од својот старател по него трагаат уште двајца ракунот Ракет и дрвото Гру. Дрвото Гру не е обично дрво, неговата моќ е фантастична, секогаш ги сфаќа работите здраво за готово па затоа другите се принудени да ги импровизираат своите планови. Повеќете нема да ви откријам. Фантастичен филм. Без многу досадни сцени, секоја сцена е исполнета со смешни дијалози. Кој гледал знае. Интересна сцена ми беше каде ракунот се испијани и почна да кажува колку му сметало што го нарекуваат со погрдни имиња. 10/10 10 Бидејќи обожавам ваков жанр на филмови.
If i stay(2014) Вчера ја дочитав книгава, и денес му беше редот на филмот.Актериве ми се совршено погодени, посебно Chloe Grace Moretz, која глуми неверојатно добро, башка и така некако си ги замислував читајќи ја книгата.Миа е седумнаесет годишна тинејџерка која има две огромни љубови, музиката и нејзиниот дечко, Адам.Но, животот на Миа добива сосема нов тек, се случува огромен пресврт, и мора да донесе огромна животна одлука.Има убава порака во секој случај, никогаш не сме свесни што не очекува и треба да бидеме благодарни за секој убав момент во животот.Тажен е, и иако сум огромна плачка, не заплакав, иако ми се насолзија очите неколку пати.Вреди да се погледне, доколку сакате вакви драми, башка глумецот што го глуми Адам е ептен сладок 7/10
http://ntjnh.indiatimes.com/images/wb640.jpg Ako nekoj sakaromanticen film neka go pogledne ovoj mene mnogu mi se dopadna preporaka od mene <3
If I stay (2014) Миа е средношколка, љубителка на класичната музика, свирач на чело. Целиот живот и се чини совршен, има супер родители, мало братче, најдобра другарка која е покрај неа за се, иии тука е Адам, љубовта на нејзиниот живот. Но живот нели, во секое добро има и нешто лошо и обратно.. Многу убав филм за 2014. Не е баш тинејџ-драма, би го препорачала на различни возрасти. Неверојатна хемија има помеѓу актерите, каква до сега не сум видела. Чиста 10-ка.
Mr. Peabody & Sherman -- 2014 најслатките карактери од Dreamworks добар анимиран филм 10/10 и да, никогаш не си возрасен за цртани Spoiler: Plot Summary Г-дин Peabody е бизнис Титан, пронаоѓач, научник, лаком, двократен олимписки медал и гениј ... кои исто така се случува да биде куче. Користејќи ја својата повеќето генијален изум, на WABAC машина, г-дин Peabody и неговата усвои момче Шерман профучавам назад во времето да се доживее во светот се менува настани од прва рака и да комуницирате со некои од најголемите ликови на сите времиња. Но, кога Шерман крши правилата за патување низ времето, нашите две херои се наоѓаат во трка за поправка историја и спаси иднината, додека г-дин Peabody може да се соочи неговиот најголем предизвик досега - да се биде родител.
Wall Street: Money Never Sleeps (2010) По осумгодиншна затворска казна, Гордон Геко (Мајкл Даглас) се наоѓа себеси надвор од светот во кој некогаш доминирал. Наводно со надеж дека ќе го поправи односот со својата ќерка, соработува со Џејкоб, нејзиниот свршеник. Тој од друга страна пак, ја прифаќа таквата соработка со цел да се одмазди на човекот кој смета дека е виновен за смртта на неговиот ментор. Мислам дека никој друг не можеше подобро да го долови ликот на Геко, отколку Даглас. Во некои моменти бев рамнодушна, ама се на се ми се допадна драмава. If it weren't for people who took risks, where would we be in this world?
Mr.Brooks. 9/10 Станува збор за познат бизнисмен, Брукс. Навидум изгледа на мирен, повлечен и фамилијарен човек, но реалноста е сосема поинаква. Тој е сериски убиец, а пред да стане сериски убиец убил многу луѓе. Прави совршени злосторства и затоа е скоро невозможно да биде фатен. Се додека не го сликне еден фотограф,кој за да не отиде во полиција за возвдат бара на следното убиство да го однесе со него. Од друга страна тука е и детективката (Деми Мур)која го бара серискиот убиец со ' Отисоци ' т.е Мистер Брукс. Оваа детективка поминува низ тежок развод .... Филмот е навистина одличен, крајот посебно ми се допадна,трае 2 саата а јас не ги осетив, вреди да се погледне, не е познат многу за жал мислам дека е подценет
Left behind http://www.imdb.com/title/tt2467046/ ме бендиса ептен.Се работи за последните времиња што се опишани во библијата но во филмов сето тоа се одвива преку животот на едно семејство.
Само што го изгледав. Има одлична приказна која ќе ви го задржи вниманието. Несакам ништо да откривам затоа што едно случување води кон друго што ќе треба да го откријам, како и да е на љубителите на хорор ќе им се допадне. Местото е доста језиво, мочуриште, стара куќа во шумичка покрај езерце. Не очекував таков пресврт на настаните, цело време мислев дека ќе испадне едно, а се се смени. Крајот малку ме збуни исто така, ама супер заврши. Го препорачувам.
Lucy (2014) Станува збор за девојка која е дел од намештаљка и и вградуваат некои кесиња со дрога но оваа дрога не е обична. Пополека и се јавуваат некои способности кои никое нормално живо суштество не ги поседува... се додека тој капацитет не се користи 100%. Прекрасна приказна, која на некој начин го претставува развојот на технологијата за можеби некои 1.000 години, дали може технологијата да се развие до тој степен? Приказна која не ве остава рамнодушни некои час и половина и верувајте дека во ни еден момент од филмот нема да ви биде здодевно. 10/10
Let's be cops (2014) Најдобри другари Рајан и Џастин не знаат што да прават со животот, нешто што го сваќаат во своите 30 години кога одат да се обединат со луѓето од средно. Се облекуваат во полициска униформа бидејќи по грешка мислат дека треба да се маскираат но почнуваат да сваќаат дека поради униформата добиваат поголема почит и внимание. Иако Џастин не сака да глуми полицаец, Рајан одлучува да продолжи со играта и тоа ќе ги доведе во страшно незгодни и опасни ситуации.. Преубава комедија 10/10