See no evil 2 Ужасна глума, толку ужасна што иако имале добра идеја за развој на настаните и интересни убиства и многу крв, сето тоа пропадна во вода од глумата што беше исфорсирана и... едноставно ужасна. Ама сум видела и полошо...
If I stay (2014) Луѓе јас да ви кажам ова е оден од најдобрите филмови што сум ги гледала во последно време. Плачев како луда дури и пет минути од кога заврши филмот. Ова не е класична љубовна приказна што завршува или среќно или трагично, ова е многу повеќе. Се зборува за животот општо, за тоа која е поентата на животот, колку може животот да биде заебан на моменти и како треба да го живееме секој миг со полна пареа. Немам зборови за филмов, дефинитивно треба да го ставите на листата на must see филмови ако веќе го немате. Од мене чиста 10ка.
9/10 Одличен психолошки трилер Се работи за една жена, која има амнезија, и секој ден кога ќе се разбуди и е како нов ден, затоа што не се сеќава на случките, ниту на пријателите, ниту на фамилијата. (исто е како со таа од 50 frist dates). Како што минуваат деновите, таа снима на камера, и доаѓа до тоа дека не треба верува никому....А, тоа како завршува, ќе видите сами It's enough...за тие што не ја гледале
If i stay Не знам дали само јас сум единствена ама мене филмов ми се допадна многу повеќе од TFIOS. Не сум ја читала книгата ама после филмов дефинитивно ќе ја прочитам. Толку ми беше интересен, многу емотивен, се утепав од плачење, посебно на крајот Според мене ова е еден од оние филмови со длабока порака што по крајот те тераат да размислуваш за твоите постапки, твојот живот Дефинитивно го препорачувам, од мене 10/10. Spoiler Инаку кратка содржина, се работи за талентираната Миа, која е љубител на класичната музика и свири на чело, и се случува една трагедија која всушност ја враќа во минатото да ги преиспита нејзините одлуки, а тука е и Адам нејзината најголема љубов. КОНЕЧНО, КОНЕЧНО! Како една од најголемите фанови на Hunger games серијалот, одвај ама одвааааај чекав да излезе и конечно го гледав вчера во кино и се` уште сум под импресии. Прво, морам да кажам дека не сум воопшто разочарана, немаше многу акција како претходните два дела ама затоа ми беше најемотивен до сега. Неколку пати ми дојдоа солзи на очи и цело време бев наежена. Извонредна глума на Џенифер, Катнис ми е дефинитивно поим за храброст, сила и упорност. Посебно сцената кога ја пееше Hanging treе,најомилена ми е. Многу повеќе ја сакам ко пар заедно со Гејл, зашто Гејл ми е многу подобар лик од Пита кој не го сакам ич уште од почетокот, ама на крајот кога видов што му направиле во Капитол, иако не го сакам пак ми падна жал Според мене, сите делови се поддеднакво добри, може требало како што читав и други коментари, последната книга да биде само во еден дел ама според мене колку повеќе дела, толку подобро Вториот дел не знам како ќе го дочекам
Многу добар, добри ефекти, глума и развој на настаните. Сосема спротивна од она што сум си го замислувала за Дракула. Вреди да се погледне. Што ќе го натера Дракула да стане толку озогласен. Крајот е одличен.
Исто и јас го гледав Before I Go To Sleep (кратка рецензија е дадено претходно, да не се повторуваме) Не дека беше лош, ама некако книгата поинаку ја доживеав. Не очекував дека толку работи ќе бидат сменети. Изборот на актери ми се допадна, додуша Никол Кидман е далеку од мојата замисла за Кристин.
Red (2010) Акционен филм со добар тим од предалеку добри актери: Брус Вилис, Морган Фримен, Џон Малкович и Хелен Мирен.
Lieksa. Фински филм. поточно јас го најдов по песнава Интересен. Барем за мене зошто сакам такви филмови.
Самохрана мајка која е во тешка состојба поради смрта на нејзиниот маж, и постојаната борба со стравот на нејзиното дете од чудовиштето кое ги демне во нивната куќа, но потоа и самата почнува да го чуствува присуството на чудовиштето.. Добра приказна, но реализацијата и не ми се допадна од мене 4/10
What happens in Vegas Да не раскажувам, тука е убаво опишано http://forum.femina.mk/threads/oна-што-се-случува-во-Вегас-what-happens-in-vegas-2008.10960/ Интересно филмче
One Small Hitch http://www.imdb.com/title/tt1937269/?ref_=nv_sr_1 Топло го препорачувам, позната приказна но сепак на љубителите на романтични комедии сигурно ќе им се допадне
The Maze Runner Spoiler Томас доаѓа на непознато место, исполнето со многу момчиња на кои, исто како и на него, им е избришана меморијата. Се на што се сеќаваат е нивното име. Уште од самото пристигнување дознава дека се заглавени во место наречено "Тhe Glade", а тоа е опкружено со лавиринти во кои живеат чудни суштества и никој не ја преживува ноќта внатре. Потоа тој заедно со уште едно момче успева да ја преживее ноќта внатре, станува Runner и започнува нивната борба за пронаоѓање излез од тоа место. Преинтересна ми беше целата приказна, немаше момент да ми здосади. Не знаев дека Дилан О'Брајан глуми толку добро, го имам гледано во Teen Wolf, ама сега ме воодушеви. Неговиот лик заедно со Тереса, Минхо и Њут ми беа супер екипа. Книгата почнав да ја читам веднаш откако го изгледав, ме интересира што ќе се случува понатаму, иако прочитав дека некои работи се сменети. 9/10 Lucy Spoiler Луси е девојка која ќе биде приморана да однесе една торба, полна со дрога, на непознати луѓе. Тие луѓе ќе и вградат кесиња од таа дрога во нејзиното тело за да ја однесе во Европа, исто како и на неколкумина други луѓе. Пред да замине во Европа, таа е заробена и претена, па дрогата почнува да истекува од кесињата во нејзиниот организам. Пополека, таа станува најпаметната жена на светот со голем број на надприродни способности. Доста добар филм, интересно дејство испреплеткано со разни факти за светот и за луѓето. Скарлет е погодена за филмот, и одговара улогата. Цело време нешто ново се случуваше, само крајот ме разочара малку, но се на се, задоволна сум бидејќи немав некои огромни очекувања. 8/10
The Adjustment Bureau (2011) Прекрасен! Едноставно филмов ме натера да подразмислам што би направила за саканата личност и дека некогаш треба да се потрудиме околу нешто а не да чекаме на другите
Palo Alto(2014) Indie филм на Gia Coppola, базиран на кoлекција од кратки приказни на James Franco.Cast-от е совршен за филмов, почнувајќи од Еmma Roberts, Nat Wolff, Jack Kilmer и секако James Franco. Прво да кажам дека филмов е чуден, дефинитивно не е за сечиј вкус, доколку имате гледано филм на Sofia Coppola тогаш знаете за каков тип на филм се работи.Се прикажува реалниот живот на тинејџерите во денешницава, како влијае околината и како личноста се развива под туѓото влијание.Лично, ми остави впечаток, иако многу работи директно не беа кажани, имаше многу преносно значење и убава порака испрати и посебно многу ми се допадна крајот. 6.5/10
If I Stay (2014) Убава романтична драма која е далеку од патетична Одличен избор на глумци за секоја улога. Млада девојка ќе настрада во несреќа и е во кома.Надвор од своето тело треба да одлучи дали да се разбуди и да живее живот кој е променет за 360 степени или пак да не се рабуди воопшто. Лесно филмче и интересно,го препорачувам.
Тhe woman in black 7\10 Очекував многу многуу повеќе, сите велат дека е ептен страшен ама јас како што сум плашливка воопшто не ми беше страшен вака на крајот плачев од што ми беше жал :\ таа пак The woman ку*ва невидена -.-