Глупавиот и поглупавиот 2 Воопшто не беше лош филмот, добро си се посмеав, имаше некои сцени на кои онака гласно, од срце се изнасмеав.
The Inteview Голема бука се крена за филмов. Преголема. Имаше дури големи полемики дека Сони намерно го направила скандалот со заканите за терористички напад, иаку јас не мислам така ама сепак е еден просечен филм, добро може малку надпорсечен, но далеку од брилијантна комедија. Има смешни моменти, класично и типично за Франко-Роген филм, не знам зашто очекував нешто поише. Класична пародија. Малку глупава на моменти и бизарна, но сепак смешна. Бизарна посебно ми беше сцената со Роген и алатот што требаше да го скрие во анусот, мислам навистина непотребно. Среќа се вразуми публиката и престанаа да и дават 10ки на imdb, до пред 4-5 дена имаше 9.9 рејтинг. Сега и падна на 8. Според мене реалната оцена е дури и под тоа. За тие што не се запознаени со содржината, се работи за популарен ток шоу водител Дејвид Скајлар и неговиот продуцент Арон кои водат типично ток шоу за шоу бизнисот во Холивуд. Но изненадно добиват понуда да прават екслузивно интервју со најголемиот диктатор на денешницата, ледерот на Северна Кореја Ким Јанг Ул. Во меѓувреме добиваат задача од ЦИА да извршат убиство врз најпознатиот диктатор за време на нивниот престој во Кореја. Филмов се претопи во политичко препукување, што не му дава ниту една филмска смисла и вредност. Но доби на популарност, наскоро ќе стане најмногу симнуваниот филм. Џејмс Франко е задоволително интересен, шармантен како и секогаш сосема во негов стил. Роген такуѓере. За ваков тип на филмови се одлични и двајцата. 7/10
Според насловот очекував нешто интересно, поchristmasy. Наидов на нешто сосема спротивно. Премногу здодевен филм. Љубовна приказна која воопшто не беше интересна. Едвај го дочекав крајот. 4/10
,,Sleeping beauty'' Драма. Филмчево ми се погоди,а и веќе некое време го имав на ум да го гледам. На крајот малце морничаво ми заврши,али пак беше добар.
21 & over(2013) http://www.imdb.com/title/tt1711425/?ref_=fn_al_tt_1 Симатичен филм, од самиот почеток се гледа дека е по теркот на Hangover, и отпосле ми текна дека е од истите сценатисти. Смешен е, има пресмешни сцени ама не е Hangover. Далеку е од него. Пред се кинезот или пак Милер не се Zach Galifianakis, ни приближно будали и смешни како него. Па и Скајлар(Кејси) не е Бредли Купер. Настрана споредбите, не е толку смешен како Мамурлоците. Иритантен е малку ликот на Милер, можеле подобар да најдат, па и девојката што знам мене ми беше антипатична и сеуште ми е тотално неталентирана, настрана фактот што никако не поминува како девојка која е на колеџ, дваесет и кусур годишна. Сепак кинезот во голем дел од филмот е солиден, иаку поголем дел од филмот е комиран, навистина е смешен. Најсмешен ми беше како им ја фрлаше личната карта на вратарите, тоа ми беше врвот. Имаше доста глупави сцени, непотребни и здодевни. Со подобра екипа и малку поразлично дејствие можеле да го направат навистина одличен. Мај гилти плежр од филмот ми беше полу-голото тело на Кејси. Spoiler 6/10
Кога ја остави Миа и замина за настапот си помислив what a jerk, но добро, потоа се врати и колку-толку ги среди работите. Адам го прикажале како себично момче, не сака да направи компромис, а знае колку и значи на Миа. При крајот додека таа лежеше на болничката постела, а дедо и до неа и зборуваше, малку ми фалеше да се расплакам. Не требаше да заврши така. Супер филмче, те тера да размислуваш за животот, за одлуките. Spoiler: КРАЈОТ НА ФИЛМОТ Ги отвара очите и толку? Барем да дадеа после неколку години, поприфатливо ќе беше. Во целост ми се допадна. 8/10
Honeymoon (2014) не ми е нешто посебно филмов ... мене не ми се допадна, многу лошо објаснета приказна, најмнoгу го гледав заради Rose Leslie, бидејки ја обожавав како Игрит во Games of Thrones. 3/10
21 Jump Street - - - - - - - - - - - - - - - - - - - меѓу многуте комеди што ги имам изгледано годинава оваа е дефинитивно во топ 5. Имаше многу смешни цитати во главно 9/10 Spoiler 22 Jump Street ( 2014) - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - -- - - - овај беше малку досаден но сепак вреди да се гледа.. 1виот беше многу подобар од овај дел 8/10 My name is Jeff Spoiler Maleficent ( 2014) - - - - - - - конечно дизни .. конечно DISNEY STRIKES AGAIN .. angleina jolie KILLED IT 10/10 предобар филм .. Spoiler The Interview ( 2014 ) - - - - - - - - - - - - - - - - - - - овај филм е нај нов и се работи за тој прецедателот од Северна Кореа (или незнам) што е предобра комедија што ја исмеува политиката на добар начин 9.5/10
He is just not that into you (2009) Филм од типот на Valentines day, New year's eve, и Love actually. Mojата омразена категорија на филмови. Лично малку повеќе ми се допадна од остантите, ама сепак е таков тип на филм, со многу приказни кои на некој начин се поврзни една со друга. Органски не поднесувам вакви филмови. Не знам дали се трудат да испаднат паметни или оригинални, ама мене ми се веќе видени. Менe сите приказни ми беа многу проѕирни и веќе видени. Тотално тични. Џабе трошат и собираат познати актери на куп кога прават едно големо ништо од филмови. Сите се такви букавално сите. Многу чизи конверазции и поуки за љубовта и романсата, што знам може 16 годишна девојка да импресираат, мене никако. Сите до еден од паровите. Му давам една солидна петка. Слатки ми беа како пар Џиџи и Алекс. Да беше филмот поинаков и само со нив мислам дека повеќе би ми се допаднал.
Gone Girl Spoiler одличен почеток, убаво се развива филмот, се до моментот кога го убива Деси и се враќа дома.. сериозно?! дефинитивно разочарувачки крај за мене, безврска потрошени добри 2ипол часа и тоа у кино, за филм кој нема врска никаква.. и шо, направи да е убиена, исчезна, и дојде дома и типчево океј ај ќе бидеме пак заедно, wtf?! ужас, нема ни 5/10 од мене..
во кино престанаа да го даваат, али на нет можеш слободно да го најдеш, го имаат ставено и на putlocker
Gone Girl Конечно си дочекав да го изгледа филмов и можа да кажа дека е одлично исплеткана приказна. Типично за ваквите филмови каде што некој е изчезнат или убиен да те става во неизвесна ситуација кој е лошиот лик тука. Женскава улога одлично ми глумеше како некоја социопатка. На крајот очекував некој некого да убие ама сосема спротивно испадна.
Dumb and Dumber Видов дека излегол нов дел, па решив да го гледам тој, но пред тоа да се потсетам и на првиот, бидејќи никогаш не сум го гледалa од почеток до крај. Забавен филм, онака лесна комедија. Не беше ништо пресмешно, да се згазиш од смеење. 9/10
Дејството се одвива во Помпеја, град кој е во сенката на планината Везув. Milo е гладијатор кој е фатен од окото на Cassia, ќерка на богат трговец. Сепак, нивната разлика во социјалниот статус не е единствена пречка за нивната љубов. Cassia ветува дека ќе стане жена на еден римски император, со цел да го заштити нејзиното семејство. Врвот започнува кога од Везув ќе избувне порој на вжештена лава. Со оглед на тоа што сакам да гледам ваков жарн на филмови, овој ми беше веќе видено нешто. Ако сте го гледале Spartacus, јасно ви е за што се работи. Дури и неколку сцени беа буквално copy paste. Филмов ми се најде на листата за гледање заради Kit Harington, нормално. Имаше многу нелогичности, така да, не ме воодушеви. Ама па, не е ни до толку лош колку сите тие критики што кружат по интернетов. Од мене има 6/10 Spoiler
The Hunger Games: Mockingjay Традиционално веќе сигурно трета година по ред, со дечко ми на први јануари гледаме Хангр гејмс. Останав на тоа дека првиот дел дефинитивно е мој фаворит. После него, сите останати ми се малку бледи. Конкретно за овој дел, ми се допадна замислата за револуција и ставање крај на пеколот во кој се најдоа, но реализацијата ми беше малку како да кажам ... оскудна. Кетнис ми е малку очајна - растргната помеѓу Гејл и Пита, на моменти бев убедена дека и таа нема поим што сака и кој сака. Ликот на Пита органски не го поднесувам, не знам зошто не го убијат и не му ги скратат маките. Толку антипатичен лик, мислам дека самата појава му вришти: злоба, улизувач, злоба, подлост ... Не сакам да го гледам во следниот дел, се надевам дека ќе ми се исполни желбата. Не беше потребно многу, за песната на Кетнис да ми стане хит на денот и да си ја пеам цел Божји ден. Заразна е, ептен. И побогу, како може да испушта такво парче како Гејл, заради торко како Пита ?! Сешто. 7.5/10