Gone girl Ја имам прочитано книгата, која патем е предобра. Филмот ми беше повторна незивесност, но наместо во два дена, во два часа. Повторно очекував, се внесов во целата приказна. А, за почетокот и крајот Јас би препорачала прво книгата, па потоа филмот да се изгледа.
As above, so below Би го опишала со само три збора: клаустрофобичен, интелигентен и напнат. Многу ми се допадна. 13 Eerie Неколку студенти по форензика одат на терен, локализиран на место каде што се вршеле владини експерименти врз затвореници. Ќе се соочат со неочекувана опасност. Солиден хорор, ни малце пасивен, башка си има моменти на црн хумор, така да
The Love Punch Разведен пар се обидува да си ги врати изгубените пари. Се впуштаат во авантура за да ги вратат. Филмов на моменти беше смешен, на моменти романтичен. Она со мачките и цвеќињата навистина беше смешно. 10/10
How to Train Your Dragon и How to Train Your Dragon 2 Првиот дел го гледав пред некоја недела а денес и вториот. Како обожавател на анимирани можам да кажам дека филмчинава се закон. Приказна за опуштање и чувство на дете, најдоброто нешто.
Значи ова е поучен документарен филм,историски за аферата Драјфус.Тој беше француски капетан кој беше обвинет за предавство.Алфред Драјфус беше невин.Но зошто беше 12тина години измачуван?Беше Евреин.
Моја оценка 7.5/10 Доста тажен филм. Инаку неизвесно до самиот крај , а воедно и потсетување на некои моменти , личности поради кои вреди да се живее покрај се . Препорачувам
Rise of the guardians(2012) Јас си сакам анимирани филмови, и како засекогаш дете уживав и во овој.Се работи за ,,чувари'' на галаксијата, кои имаат задача да ја одржат вербата на децата во да речеме натприродни ликови, како Дедо Мраз, Easter Bunny, The Tooth fairy...Но, има и негативен лик во кои децата повеќе не веруваат.Ликовите се прилично симпатични, анимацијата е солидна, приказната интересна, и ми го задржа вниманието до крајот. 7/10
Филмов е многу добар значи.После долго време начекав добра акција.Одлична улога на Channing Tatum како и секогаш,исто така и Jamie Foxx.Ги погодиле глумицте.Баш моите омилени Го препорачувам..10/10
Romeo and Juliet 2013 На сите добро ни е позната приказнава и нема да коментирам нешто многу за неа. Ја пуштив пред некое време постарата верзија и ептен глупаво ми починаше и не ја догледав, да почнам од кошулите што ги носеа до претераната извештачена глума. Иначе местава во филмов се како излезени од рајот, немам зборови, глумата на Јулија не ми се допадна многу, всушност и однесувањето на другите не ми се допаѓа ама добро ова е според книга. Мене лично не ми се допаѓа што љубовта е базирана на надворешниот изглед всушност, многу поинтересно би било дејството да беше развелечо во подолг период.
Winter's tale (2014) Читав многу пофалби за филмов ама најискрено мене не ми беше ништо посебно. Сакале нешто бајковите да го направат, добро и зло, смрт и живот, вистинска љубов, дрн, дрн, дрн. Мене ми беше само нафрлан со сцени, приказната немаше некој убав тек, како недоработен, актериве добро глумат ама апсолутно никаква хемија меѓу нив, од една на сосема друга страна отиде приказната на крај. До последно имав надеж дека нешто ќе ми го смени мислењето, ми беше досаден од самиот почеток ама ајде викам да му дадам шанса, може ќе има некој пресврт. Имав чувство како цел филм да чекам да почне филмот. Турни ме да кинисам работава. Чекам да се случи нешто, чекам и чекам и на крај заврши. Сум гледала многу вакви фимови полни со фантазија, сум се внесувала во нив, права бајка биле, меѓутоа од мене за овој едно големо НЕ. И се прашувам само од каде всушност излезе Вил Смит во филмов навистина не знам. Целосно утната улога. Воопшто не го гледам во ваков филм. Не припаѓа тука. Не знам ни како прифатил да глуми. А за волја на вистината не се ни пронашол во улогава. Од мене 5/10.
Blue Is the Warmest Color (2013) Филмот воопшто не ме фасцинира. Барем не беше она што го очекував. Цели 3 часа некаква си тинејџерска лезбо- љубов. Глумата беше навистина добра. Ми се допаѓа изборот на девојките, улогите им лежат. Покрај тоа, филмот има доста сцени со голотија и секс, па изборот на глумици и по тоа прашање ми се допадна, млади, симпатични, бела и затегната кожа, без целулит. Веројатно јас не гледам на хомосексуалноста како на нешто невообичаено, а овој филм се однесува баш на тоа, како всушност функционираат овие девојки. Од таа причина филмот ми беше како една приказна за љубов, а специфична е оти зборува за љубов меѓу личности од ист пол. Сума сумарум, претерано долг филм, каде се развлекува за една секојдневна тема- љубовта и неверството. Од мене има 6/ 10. The Equalizer (2014) Интересна акција со фантастичниот Denzel Washington. Како личност која забележува детали, можев да претпоставам дека главниот лик е поранешно воено лице (специјалец- како што разбрав јас, а не забележав дека тоа некаде во филмот го кажаа), заради неговиот перфекционизам. Работи навидум секојдневна работа, во маркет (каде се продава сенешто за домот), но во омилениот ресторан среќава девојка која е малтретирана, а подоцна и претепана од својот макро. Тука започнуваат сите перипетии, бидејќи тој не може да го толерира тоа насилство. Акција, каде како и вообичаено, добар дел од настаните се преувеличени, но и покрај тоа, јас останувам во категоријата- љубители на акции. Се на се, добар филм, со извонредна глума на главниот лик. Оценката е 7,5/ 10.
IMDb rating: 8.4 Nominated for 5 Golden Globes. During World War II, mathematician Alan Turing tries to crack the enigma code with help from fellow mathematicians.
Глупавиот и поглупавиот 2 Филмот некако со сила направен, вештачки сцени и се друго. Ни приближно не беше смешен како првиот дел.
That awkward moment интересно филмче , ви го препорачувам на оние кој сакаат комедија и романтика. е сега кратка содржина:Се работи за 3 другари кој се заколнуваат дека ќе останат сами и нема да се заљубат но се случува нешто што тие не го предвидоа , се заљувуваат . ДА не откривам се интересно да е да се погледне .
Into The Woods (2014) Филмов е микс од дизни цртаните, иначе е мјузикл. Ме изненади со неколкуте пресврти кои не ги очекував, приказните заминуваат во друг правец од оној на кој сме навикнати да ги гледаме.Изборот на глумци е добар посебно ми се допадна глумата на Emily Blunt.
Love & Basketball (2000) Се работи за момче и девојка кои својата љубов од детството,како и љубовта кон кошарката,подоцна и покрај пречките ја остваруваат.Прекрасен љубовен филм. 10/10
Луде Године 8 (Жикина Династија) Го начекав на телевизија. Рецензија не е потребна оти секогаш кога гледам било кој дел од Жикина Династија, се смејам до солзи.
The Imitation Game Филмов едвај дочекав на торент да излезе и морам да кажам дека воопшто не сум разочарана. Втората Светска Војна е секогаш плодна почва и ова биографско дело ми остави посебен впечаток. Необичен човек со необична приказна прекрасно доловена од страна на Бенедикт Камбербач. Го обожавам човекот. Се надевам дека ќе земе Златен Глобус за улогава. И останатиот дел од екипата беше одличен, освен Најтли која некако не ја можам баш, крајно антипатична ми е. А човечево секаде го гледам во последно време, најверојатно има зашто, одличен е.
Се работи за девојче кое било дадено-оставено на една жена од страна на родителите.Како и да е,се се мењава откако еден милионер ја спасува од сообраќајка.Потоа,тој ја повикува на ручек.Мислејќи дека ке стане градоначалник,тој бара да го сликаат со нејзе,за така да стане повеќе славен..Потоа девојчето краток период останува кај него..Ајде да не кажувам се,ви го препорачувам 9/10
12 Years A Slave (2013) Незнам дали некого филмов го оставил рамнодушен, мене сеуште ми стои грутка во грлово. Помислувам како некогаш сум се жалела за тоа како животот може да биде суров и неправеден а што овие робови доживувале секоја ден.. Пола сцени со камшикувањето ги премотував, боли со самото гледање а не пак да почувствуваш буквално на своја кожа.