John Wick Што да кажам за филмов,почна фино со трагедија, со преслатко кученце и таман кога ќе помислиш во кој правец ќе се одвива дејството БАМ...крв,убиства на сите страни.Признавам дека сум слаба на Киану ама со улогата во филмов не ми ги исполни очекувањата.Некако недоречен остана,се наѕира некоја приказна ама не е доволно обработена. Една обична кражба на кола и убиство на кученце избива на површина лик кој безмислосно убива. За мој вкус претерано. 6 можеби 7 /10
Into the Woods(2014) Прво да нагласам дека филмов е мјузикл, јас не знаев и бев прилично изненадена.Дизни филм кој ги прикажува класичните бајките со мрачна црта, и настаните добиваат поинаков тек.Кастингот е одличен, глумата солидна, а за Мерил Стрип немам зборови, совршена беше во улогата.Песничките се catchy, ми се вртат во глава постојано, но мене некако предолго ми траеше филмов како за мјузикл и на моменти ми стануваше досадно. 6/10
Pandorum (2009) http://www.imdb.com/title/tt1188729/ Жанр: научна-фанстастика, хорор, мистерија, акција Оценка: 7 Дејствието се случува во иднината, на огромен вселенски брод. Двајца членови од екипажот кои се во хиперсон непланирано се будат и откриваат дека се сами на бродот...Но дали навистина се сами? Сосема солидно филмче, иако малку предвидливо кон крајот.
Chained Тежок психолошки хорор-трилер... Првата половина е доста спора и ја објаснува психата и позадината на убиецот. Има гадни сцени и во неколку наврати сакав да прекинам со гледање. Ама втората половина има добар расплет и има доста емотивен крај и те остава со чувство дека си гледал квалитетна содржина, се губи она безвезе чувство кое го нуди првата половина од филмот. Солиден филм, ама пак ќе кажам доста тежок и специфичен...
The best offer (2013) Вчера го даваа на МТВ после 00, како почна мислев дека ќе биде некој тапа филм ама многу брзо ме заинтересира. Во почетокот не се случува ништо посебно и никако неможеш да си претпоставиш за што е филмов, како ќе биде, што се ќе се случи итн... мене баш тоа ме привлече. Станува збор за постар човек кој е аукцинер на уметнички дела и антиквитети, многу е богат и колекционер е на најпознатите портрети на жени низ историјата. Ќе добива мистериозни повици од девојка која сака да го ангажира да продаде дел од нејзиното наследство. Она што е интересно е што тој никако неможе да договори средба да се сретне со девојката, таа секогаш има нов изговор, а потоа ќе му открие дека пати од агрофобија. Многу е интересно како понатаму се развива приказната, несакам да откривам детали за да не откријам нешто пред време. Крајот неколку пати го предвидов, па успеаа да ми го сменат мислењето ликовите за на крај пак да заврши онака како што претпоставував но не до крај. Топло го препорачувам, 10/10.
The judge Очекував ,а добив. Една темно завиткана приказна за успешен адвокат кој смртта не мајката ќе го натера да се врати во своето родно место,да се соочи со својот поминат живот а воедно и случајно да испадне бранител на својот татко кој е осуден за убиство. 7/10
Malena Веќе на сите ви е добро познат, јас дури сега го изгледав... Убав филм, сурово реален.. Приказната и е не е нешто посебно, според мене е онака.. во прв план ја експонирале убавината на Моника што и навистина е да и се изнагледаш. Јас сум љубител на италијански филмови, иако овој не ме воодушеви нешто баш.. сепак ќе речам тие што не го изгледале не пропуштиле многу според мене, но ете можеби некој нема да се согласи со моето мислење.. како и да е, се работи за вкус. Од мене 5/10
The Grand Budapest Hotel Филмчево испадна многу подобро од моите очекувања.Црн хумор и сарказам,фантастична глума и огромно пријателство прикажано меѓу редови. Пејсажот од опсерваторијата ми беше совршен. Номинациите му се заслужени,но сепак има подобри од него кои заслужуваат Оскар.Ралф Фајнс би требало да се најде на листата,ептен добро завршена работа. Оцена 8/10
http://www.imdb.com/title/tt2011159/ No Good Deed Колин е сериски убиец кој извршил неколку убиства. На неговото последно судење успева да и избега на полицијата. Доживува сообраќајка и успева да влезе во куќата на Тери. Таа е сама со своите деца и се согласува да му помогне. Сфаќа кој е Колин и се обидува да избега со своите деца.
Филмот е класик и едноставно збор со кој може да се објасни е ремек дело Непочитување е едно вакво кинематографско дело да биде оценето со оценка која го девалвира, сквернави, што не соодветствува со квалитетот и вистинската оцена која ја заслужува а тоа е 9 ка, ова е мое субјективно, како што и секој има право да го оценува субјективно филмот кој го гледал, но да се оцени еден ваков филм, од еден од најдобрите, најпочитуваните режисери од моја страна, маестралниот Џузепе Торнаторе кој тоа го покажа и докажа со своите бриљантни филмски остварувања Cinema Paradiso (198, La leggenda del pianista sull'oceano (199, Malèna (2000),La sconosciuta (2006),La migliore offerta (2013), сите овие се филмови кои би ги вброил во едни од најдобрите филмови и според приказната, режијата, музиката на маестро Мориконе еден од најдобрите во својата област, двајцата Торнаторе и Мориконе се добитна комбинација тандем кој функционира успешно во сите овие филмски проекти кои се феноменални. Малена во ништо не заостанува во однос на сите овие претходно наведени филмови од феноменалниот Торнаторе. Најдобрата понуда е одличен филм но и Малена е подеднакво добар и квалитетен но со различна приказна.
Ouija После мистериозна смрт/самоубиство на една девојка, нејзината најдобра другарка пробува да открие што се случувало со неа последните денови од животот. Наоѓа табла за повикување духови и пробува на тој начин да го најде одговорот... Прочитав многу негативни коментари пред да го гледам, дека бил клише... Ама јас мислам дека не можеш да пуштиш хорор и да очекуваш содржина за Оскар... хорор само по себе значи клише - и после се друго е прашање на вкус, дали на некој му одговара тоа, или не. Мене ми се допадна. Прилично е језив и интересен.
Мене за разлика од Малена, The best offer ме воодушеви максимално, со денови бев под импресии од филмот и еве се досега иако измина година од премиерата сеуште можам да кажам дека не сум изгледала толку добар филм да ме воодушеви како него. Сепак тоа е ствар на вкус и тука не се дискутира, јас ете сум љубител на такви некои филмови - мистерии, психолошки трилери и драми и затоа можеби не ми остави некој впечаток Малена, филм како филм.. не можи кај секој да буди исти импресии, како повеќето што го поплукаа Best offer и не им се допадна и тоа е во ред.. не е секој љубител на уметноста, за џабе ќе дискутираме според мене оценката што ја дадов за горе споменатиот е таа и мислам дека е преценет.. има далеку подобри филмови со многу посилни пораки што се потценети но ете не успева секој да ја разбере суштината и не секој може да ја доживее исто приказната.
"Whiplash" Младиот и надежен актер Мајлс Телер го глуми младиот и надежен тапанар Ендру, чија цел е врвот на најценетата музичка академија, под палка на претерано строгиот професор, кој непрестано се труди да го попречи во тој пат.
The best offer да не се повторувам погоре убава рецензија има за филмов. Можам да кажам дека и јас го препорачувам и срам да ми е што не сум го гледала до сега многу сум пропуштила.
Оддамна немав гледано толку емотивен и пред се добар филм.Само што го изгледав и сеуште сум под импресии.Ова дефинитивно МОРА да се изгледа.Сигурна сум дека никој неможе да го предвиди крајот. Снимен според книгата на Николас Спаркс ''The best of me'' со истоимен наслов е и филмот а режиран од Мајкл Хофман.Не знам што уште да ви кажам освен тоа дека мора да се изгледа. Крајот нема да го дознаете ако не го изгледате цел филм
На имдб има многу лоша оценка 3.1./10. Мене лично баш ми се допадна. Филмов всушност е режисиран на некој модернистички начин спрема пишаното во Библијата. Односно за она што се очекува да се случи. А тоа е спасувањето на верниците во Бог, со што се доведува раздор на земјата. Се мисли дека е крај на свет, а уствари тоа е само почетокот за луѓето да сфатат дека им се пружа шанса дека има време да се покаат и да поверуваат вистински за да бидат спасени. Тие што ја немаат прочитано Библијата, доволно е со гледање на филмов да се сфатат некои работи за иднината за која никој незнае кога ќе куцне часот кога Бог ќе дојде на земјата.
Scorned Откако ќе дознае за аферата меѓу нејзиниот дечко и најдобрата другарка, им приредува изненадување исполнето со ужас и болни психосексуални игри..
Потврдувам! По оваа рецензија решив и јас да го гледам и можам да кажам дека е баш по моја мера. Оцената е иста 9.5/10. Фала ти @Marossa