Interstellar Метју Меконахи одличен, беспрекорна изведба. Ен Хатавеј грдичка како и секогаш, можеле да изберат некоја поасална за улогата. Филмот прилично долг, ама не досаден. Имаше некои моменти кои не успеав да ги сварам, нешто не успеав да разберам како се случи, па гуглав малку, нешто и покрај гуглањето не ми правеше логика, ама добро, научна фантастика е, не може се да биде логично. Инаку не би било фантастика. Интересна приказна во секој случај и филм што треба да се изгледа.
Before I go to sleep Неверојатен. Се зборува за една жена која има проблеми со сеќавањето и се сеќава само на денешниот ден, секој ден се снима и секој ден открива нови и нови работи, филмот е возбудлив и неочекуван.
Another Cinderella Story(2008 ) Филм со доста добро позната содржина.Самиот наслов си го кажува своето. Добар беше,ама не нешто посебен.Споредните ликови прикажани со грди глумци/глумици,според мене. 6/10 Home Alone: The Holiday Heist (2012) Знаев и не очекував да биде добар како другите делови,го пуштив за тепање време и како за целта е добар.Но,воопшто не ме насмеа како другите делови. 5/10
Оскаровски маратон (прв дел) The Grand Budapest Hotel Интересно филмче за кое не учекував дека толку ќе ми се допадне. Добар хумор и избор на актери. Не дека е лош, ама годинава мислам дека има подобри филмови во номинациите, а и факт е дека не е за сечиј вкус. Boyhood 165 минути во кои е прикажан животот на едно момче почнувајќи од неговата 5та година, па до неговата 18та. Прикажани се сите значајни случки од тој период, без да има некој посебен заплет. Едноставно, филмот си тече паралелно со неговиот живот. Вака звучи досадно, ама мене не ми беше, иако мислам дека не морало да биде толку долг. Ми се допадна сценариото, дијалозите делувааат многу спонтани. А особено е интересен и фактот што се снимал 12 години и што го гледате целото детство на едно момче, неговиот развиток од мало дете и сите промени што реално му се случувале во текот на годините. Тhe Imitation Game Дефинитивно омилен од овие три, премногу ми се допадна! Бенедикт е како скроен за улогата. Кира Најтли воопшто не ми е симпатична, ама можев да замижам пред изборот на актерка за нејзината улога, зашто се друго ми се чинеше совршено. Во ниеден момент не ми беше досаден, прикажува приказна за која можеби многумина не слушнале, а крајот има добра поента.
The Theory of Everything Младиот надарен студент на Кембриџ на почетокот на своето студирање е на најдобар пат да ја открие формулата за почетокот на настанувањето на светот.Но се разболува од прогресивна нерволошка болест,докторите му даваат само 2 години живот.Но со помош на Џејн ќе постигне многу ,но нивната љубов нема да остане неначната...Има потресни сцени за неговата болест но освем тоа не ме допре речиси ништо. 7/10
Да додадам само дека филмот е биографски, за животот на познатиот физичар Стивен Хокинг, и е направен според сеќавањата на неговата прва сопруга Џејн. Самиот Хокинг бил воодушевен од филмот, иако во него во многу наврати е претставен како неразбран, несочувствителен па и неверен кон сопругата.
^И јас го изгледав The Theory of Everything и донекаде се согласувам со @lunicka . Филмот опишува голем дел од животот на Хокинг и глумата од страна на Еди е фантастична,секој израз и потег го демонстрира одлично. Човекот навистина бил генијален,не го успорувам тоа,но во филмот само во кратки црти е покажано тоа,повеќе се фокусираат на романсата.Можеби таа е тематиката,но и нивната љубов не ме допре воопшто,како механички беше. Од друга страна бидејќи е биографски филм се држеле кон фактите,и добро е што го прикажале Хокинг баш како што е,реален,без премногу китење и преувеличување,дека и тој е само човек со желби и соништа. Од мене 8/10.
http://www.imdb.com/title/tt1698641/?ref_=nv_sr_1 Лежерна комедија со Jennifer Garner и Steve Carell. Не ја образложувам, ако сакате да се насмеете, слободно пуштете го и уживајте
Мене пак, The Theory of Everything баш ми се допадна. Можеби сум една од ретките, но ете, сметам дека е навистина солиден. Романсата беше таква каква што беше - искрена, доста наивна на почетокот и можеби осудена на пропаст која прво вешто ја избегнуваа. Беше сурово реална, без трескања од земја, без неверства, без сцени и скандали. И двајцата беа реални и пресекоа тогаш кога сфатија навистина не дека не може, туку дека не треба да продолжат заедно понатаму, иако реално, поминаа низ многу нешта. До тука било, како што умеат да кажат старите. Заслужија да бидат среќни, секој на свој начин. Не очекував ништо посебно од филмов, ама баш пријатно ме изненади, останав малку подзината од фактот, колкава е таа љубов и храброст да се решиш животот да го посветиш на таков човек и обратно - која е таа храброст, истрајност и желба за да го докажеш своето знаење, без оглед на состојбата во која се наоѓаш. Стивен е генијален ум, навистина се прашував зошто до сега некој не се заинтересирал да разработи некаква слична тематика. Патем, се заљубив во фустаните на Џејн. Толку слатка, невина и елегантна, ме освои уште кога ја приметив во првиот кадар. Од мене 8 за филмот.
Interstellar, Уште еден преценет филм !!!!! 8.9 на ИМБД oд 400.000 гласа!!!! Whaaaat? За ефектите? Океј да и ја му давам добра оценка за тоа! За приказната, хм па баш и не знам. Треба да пишува ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ- САМО ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФИЗИКА. Нормален чоек, без, или со МИНИМАЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ФИЗИКА ФИЛМОВ НЕМА ДА ГО СФАТИ! ПРЕДОЛГ 3 СААТА, БЕЗ ПОЕНТА што е најтрагично, Spoiler Не бил тој избран да оди во вселената керќа му била, и да не го спаси светот што беше таму??? Значи јас не сум воошто задоволна, и океј на Кајгана веќе рецензии нема да читам! Пошто таму некои филмови ги преценуваат, и да, повеќе од тие што сум гледала Милион од 1 поени, НИШТО ОД ТОА. Колку да се каже дека е ЈАК НЕЛИ, го сфативме нели! Само физичар може НАЈУБАВО да го сфати филмов, потпис и печат давам! браос за ефектите, МОЖЕ И ОСКАР ДА ЗЕМАТ ЗА ТОА ВИДОВ ДЕКА СЕ НОМИНИРАНИ. АМА АПСОЛУТНО НИШТО ПОСЕБНО, НА ТАА УКА И БУКА ШО ЈА КРЕНАА ОКОЛУ ФИЛМОВ НИШТО СПЕКТАКУЛАТНО! ТОА СИ Е МОЕТО МИСЛЕЊЕ. Не дека е толку лош КАКО ШТО Е ПРЕЦЕНЕТ! ТОА МЕ НЕРВИРА ПРЕЦЕНУВАЊЕ ФИЛМОВИ, ПРАВЕЊЕ МАСТЕРПИС ФИЛМ! МАСТЕР ПИС ФИЛМ е филм од калибарот на ШЛИНДЕРОВАТА ЛИСТА, ЖИВОТОТ Е УБАВ И ТАКА НАТАКА ! Ова е ОКЕЈ ФИЛМ со добри ефекти, и несфатлив за чоек со прости познавања на физика ! П.с да еве со погоренаведеното се согласувам со Метју Меконахи одличен, беспрекорна изведба ! Предобар актер, тука немам збор.
Interstellar Најдобар филм што сум го гледала.Дефинитивно на прво место.Стотка би му дала да можам.Дури се чудам зашто има 8.9 оцена реално е ниска за ваков филм. Spoiler И една препорака ,не се мачете да го гледате филмот и да изгубите 3 саати ако не ве интересираат вселена,црни дупки, и ако никогаш во живот не сте изгледале или прочитале нешто за истите немате право да објаснувате како тоа филмот не ви се допаднал,и не сте го разбрале.Едноставно овој филм не е за секого ,не секој сака научна фантастика а уште помалку па да разбира. И највеќе што ме нервира е кога ќе слушнам како некој го плука само дека не го разбрал,едноставно ако не си го разбрал треба да си признаеш и сам на себе и на другите а не да збориш дека имал пропусти и слично и дека само физичари би го сфатиле,еве јас не сум физичар па можам да речам дека го сфатив(2 пати го гледав во ист ден само поради таа причина да не сум пропуштила нешто) .Филмот си имаше се опфатено,објаснето дури и црната дупка е објаснета како функционира што немале потреба.
Се' се сведува на ствар на вкус. Тебе може да ти е 100ка, мене не ми е ништо посебно, и обратно. Јас само си искажав мое мислење за филмот, јас како го доловив, и мене колку ми се допаднал. Јас си признав и сама на себе, и тука дека да одреден дел НЕ СФАТИВ ОД ФИЛМОТ, а искрено и не се ни трудев заштоа што ми стана досаден веќе . Ти реплицирам бидејќи знам дека ЗА МЕНЕ ова го пиша. Значи пак ќе кажам дека ствар укуса не се коментира. Јас го гледав со друштво во кино, и сите установивме дека филмот не е ништо посебно, барем ние што го гледавме. Можеби, еве има и многу што им се допаднал, меѓу кои и ти. Да, јас сметам дека имаше ПРЕМНОГУ ФИЗИКА во филмот, или па мене така ми се виде. Не го плукам јас филмот затоа што не го разбрав, туку затоа што според МЕНЕ И МОЈОТ ВКУС Е ПРЕЦЕНЕТ! Тоа е СЕ
Интерстелар-Како што спомнаа погоре, ствар на вкус. Солиден, но немаше потреба 180 мин да трае. Буквално можеа 60 да скратат и да е топ. Д имитејшн гејм-Филмиште!!! И да научиш и да се насмееш. Д теори оф евритинг-Ако реков завториот филмиште овој дефинитивно е ФИЛМИШТЕ НА КВАДРАТ. Ма прекрасно нешто. Џон Вик-откако го изгледав сфатив дека во 2015 год нема подобар филм да гледам. Најдобар е! Брдмен-незадоволна. Судијата-Прекрасен. Глуп и поглуп 2-те тера на нос да се смееш,што значи се смееш на глупост. Под дифолт вториот дел не е доволно добар ко првиот. Најдоброто од мене-го гледав само ради глумецот. Лигава романтика која само на филм може да се случи.
Денес го гледав The best of me. Интересна приказна, необичен и неочекуван крај. Се на се ми се допадна. Особено Досон постариот.
The theory of everything и е апсолутно еден од најдобрите филмови на сите времиња. Вреди за секоја секунда потрошена на него.