Gone girl Ете конечно и јас го изгледав одкако со месеци ми стоеше симнат во фолдер и можам да кажам дека со право стоел Потрошени прекрасни 2 и пол часа на едно обично сра*е. Не знам што ви се допадна во филмот толку што се крена толку огромна фама, типична америчка бљувотина, само кај нив може да се родат вакви психопати и да прават секакви злодела и да не бидат казнети. Глупа приказна, уште поглупо развивање на дејствата.. Тотално нехаризматични актери, особено главната актерка не можев да ја смислам.. Ама мислам дека знам зошто стана толку популарен, Емили Ратајковски и нејзините фабулозни гради се доволни машката публика да се полигави 2-3 минути. Бен Афлек никогаш не ме воодушевил во никој филм. Глума без емоции, безвезе. Не го препорачувам, сум гледала далеку подобри трилери и мистерии што овај воопшто не ми го задоволи нивото на возбуда и исчекување, провидна ми беше приказната од почеток. Оценка 1/10
Birdman Не знам дали имаше влијание тоа што прочитав многу негативни критики, ама очекувањата ми беа екстремно ниски, па можеби затоа не ми беше толку лош. Додека го гледав не размислував толку за борбата со сопственото его, туку на тоа дека еден актер постигнува најголем успех тогаш кога целосно ќе се соживее со улогата. Тука ми текна на Џаред Лето, за кој лани читав дека додека го снимал Dallas Buyers Club, целосно живеел во неговата улога со месеци. Тоа било единствениот начин да ја донесе Rayon во вистинско светло. Повеќе кон тоа ми беа насочени размислувањата додека го гледав Birdman. Дека Rigaan сѐ уште живее во улогата која го прославила, дека во меѓувреме се изгубил себеси, а со тоа и неговото семејство. Whiplash Неочекувано многу ми се допадна! Miles Teller беше одличен! Колку се стегав на моменти додека го гледав, буквално можев да му ја почувствувам секоја болка. Филм за пожртвуваноста и макотрпната работа преку која се станува добар музичар. Можеби ме погоди затоа што си се пронајдов во некои делови, она кога милион пати ќе отсвириш нешто и пак не звучи како што треба, па ти доаѓа да фрлиш низ прозор и инструмент и ноти и сѐ! И јас си имав еден Fletcher во животот, до душа не толку екстремен професор. Ама успеа да ми ја убие секоја мала желба да продолжам да свирам, зашто ми создаваше преголем стрес и притисок. Затоа додека го гледав филмов на моменти ми доаѓаше да го задавам професорот! Fifty Shades of Grey Прво почнуваш да превртуваш очи на клише моментите, после веќе ти станува смешно. Јас па со дечко ми отидов да го гледам, а тој па само ми дофрлаше нешто на некои сцени и уште толку ми доаѓаше да се смејам! Искрено, отидов да го гледам само за да видам зошто се крена толку голема фама. И некако уште не ми е јасно...
Mockingjay - part 1 Мораа во два два дела да ја развлечат последната книга. Ништо посебно не се случува, досаден дури. Подобро ќе беше еден дел да направеа исполнет со дејство, ама паричките се повеќе вака...
The Unknown Woman (2006) Уште една извонредна приказна на Џузепе Торнаторе.. Што и да кажам е малку, јас сум воодушевена.. и можам да кажам дека официјално после овој и The best offer, Торнаторе стана мој омилен филмски писател. Топло го препорачувам на сите, ветувам дека два часа ќе ви поминат како секунди.. Многу трогателна и потресна психолошка драма/трилер/мистерија во која се работи за една украинска проститутка по име Ирина Јорошенко која после обидот за убиство на својот макро тргнала во потрага по својата ќерка која била дадена на посвојување по нејзиното раѓање. Ирина се вработува како дадилка во едно богато семејство каде мисли дека всушност е посвоена нејзината ќерка.. Но и покрај тоа што изгледа како да избегала од своето мрачно и пеколно минато во кое била малтретирана,силувана и присилена да раѓа деца а нејзиниот макро да ги дава на посвојување за пари, таа и понатаму се соочува со болните спомени.. но воедно она што ја прави силна е споменот за нејзината единствена љубов која одамна ја изгубила и надежта дека ќе ја пронајде својата ќерка која е плод на таа голема љубов. Не кажувам ништо понатаму, ова беше само вовед.. Гледајте го филмот навистина ќе ве остави без зборови. Од мене сосема заслужена 10-ка.
The Theory of Everything Биографска драма за животото на најпознатиот научник на денешницата и неговата прва сопруга и животна љубов, Џејн. Кога се запознаваат тој веќе се има стекнато со диплома за теорија на физиката од Оксфорд, како и со докторат на Кембриџ. Пред него е сјајна кариера но набразо после средбата со Џејн завршува во болница каде му е дијагностицирано амиотрифична латерална склероза (АЛС), тешка и неизлечива болест на моторните неурони и му се дадени 2 години живот. Како се соочуваат со болеста, со животот, со љубовта понатаму погледајте! Се уште сум под импресии од филмот посебно ме восхити Џејн, многу силна и храбра жена!
Не видов дека веќе се коментирало за овој филм, морам да НЕ се согласам дека нема ништо освен болеста, овој филм е многу повеќе мене ми остави толку голем впечаток што во блиска иднина нема да можам да гледам друг филм, како кога јадеш нешто многу вкусно па не сакаш да пробаш друго за да го осеќаш вкусот што подолго. Како што веќе кажав Џејн, нејзината љубов, сила, пожртвуваност за семејствотото, не може да не допре, всушност да не беше таа, дали ќе го имавме Stephen Hawking со сите негови дела. His mind changed our world. Her love changed his. Неговите зборови што ги докажа со својот живот, треба да се доволна мотивација за нас луѓето да не се откажуваме и да потклекнуваме на проблемите кои ги носи животот.
Филмот е ремек дело, вистинско уживање и задоволство да се гледа еден од најдобрите филмови на еден од најдобрите режисери на денешницава маестралниот Џузепе Торнаторе. Приказната која е одлична не постојат зборови со кои може да се опише, тоа треба да се гледа и доживее, улогата на главната хероина Ксенија Рапапорт за секоја пофалба, одлично завршена работа, улога достојна за оскар, за режијата и нема што да се каже самото име и делата покажуваат за каков талент и гение станува збор, браво за Торнаторе, сите претходни елементи надополнети со музиката на маестро Енио Мориконе придонесуваат за крајниот впечаток на ова маестрално кинематографско ремек дело да биде комплетен. Мило ми е што ти го препорачав филмот и што се одлучи да го гледаш, воопшто не зажали, а уште помило ми е што филмот те остави без зборови, те воодушеви, и што Торнаторе ти стана омилен режисер, самата увиде и потврди за каков талент станува збор. Топла препорака до сите да го гледаат овој одличен филм, еден од најдобрите филмови снимен според мене во последниве 15 години Непостои друга оценка со кој може да се оцени вакво дело освен чиста, потполно заслужена 10 ка
The Invention of Lying (2009) Не суди ја книгата по корицата, или не суди ги луѓето по надворешниот изглед. Што кога сите би ја кажувале вистината и тоа сосем би било нормално? Ние ја бараме вистината и токму таа е виновникот за нашата депресија и неамбициозност. Затоа што сметаме дека е убаво да си богат, убав, моќен. А каде е она што не е дадено од Бог, она подлабокото во нас? Всушност секојдневно ја покажуваме нашата површност со избирање на нештата според вредноста која им е доделена несоодветно. Го препорачувам филмов, темата е одлична
Имам доста филмови гледано во последно време меѓутоа да не гњавам, ќе ги ставам само омилените Како некој што не е воодушевен од новиве филмови што излегуваат, доста сум изненадена од овие два кои дури ми станаа едни од омилените. The secret life of Walter Mitty (2013) Spoiler Само фацкава колку кажува Прекрасен и инспиративен филм! Особено за оние со патувачки дух. Длабока приказна за животот на еден "daydreamer" проследена со комични и слатки моменти. Филм баш по мој вкус, и веднаш ми стана еден од најомилените. И еден огромен плус за музиката која го проследува филмов. Исто така нема подобар глумец што може да ја долови пораката на филмов од Бен Стилер. Совршена целина која ми го стопли срцето, 10/10! Interstellar (2014) Како голем љубител на филмови од овој жанр, досега ми е омилен апокалиптичен/вселенски филм, со страшно вистинита приказна (до некаде, нормално). Земјата е до тој степен загадена, да единствено решение за продолжување на човечката раса е барање на нова планета која ги има условите за да биде нов дом. Во ова време кога е најпотребно, се појавуваат непознати знаци од вселената. Многу го сакам Matthew McConaughey па не ме разочара ни во овој филм. Малце подолг филм е, и исполнет со многу научни факти и информации што може да ве збунат, и плус истиот директор е од Inception па може да замислите со колкаво внимание треба да се гледа Му давам 9/10 само поради одредени типични американски потези што не се многу, но сепак ги има. П.С ако го гледате немојте да читате никакви спојлери за филмов бидејќи ќе ви се расипе онаа неизвесност проследена низ филмот која е најинтересна.
Се извинувам на офф топиков , незнаев каде да прашам. Женски ќе може да ми предложите некои страни за гледање филмови , јас само на кинотека.орг гледам , ама имам мал избор на филмови.На филмовизија.koм антивирусот ќе ми експлодираше од вируси , имам наоѓано и други страни ама потребен е акаунт , кој секогаш го заборавам , а на некои страни воопшто не ми се пуштал филмот.
La cara oculta на шпански или Hidden Face на англиски. Филмов е доста мистериозен и има неколку морничави сцени.Не е хорор без гајле јас тоа не гледам Мислам дека трејлерот многу добро може да долови што се случува со филмов но не открива многу,така да ќе треба да го гледате цел за да дознаете што се случува на крај.Мислам дека ќе ви се допадне..ај видете си го трејлерот. ова е на шпански за тие што разбирааат ова е со англиски превод
The Theory Of Everything Мислам дека секој што учел англиски во школо или на курс, порано или подоцна се сретнал со приказната за Stephen Hawking. Неизбежен дел е од книгите од кои учиме англиски, заедно со кралицата и Битлси Кратка рецензија веќе е напишана повеќе пати во темава, затоа нема да се повторувам. Мене ме допре целата приказна, дури на моменти пуштав по некоја солза и ми паѓаше тешко додека го гледав. Невозможно е да се собере целиот живот и дело на еден толку брилијантен човек, во филм од само 2 часа. Ама верувам дека ќе поттикне многумина да истражуваат малку повеќе за него откако ќе го изгледаат филмот. Го препорачувам
Одличен кастинг, но и покрај тоа филмот не ме воодушеви, не толку колку што очекував, а сум љубител на акција, му давам оценка 6/10 и тоа само поради добриот хумор во филмот. Френк Мозес (Брус Вилис) е поранешен, пензиониран агент на ЦИА, кој има прилично мирен и повлечен живот, се додека не биде нападнат со цел да го убијат. Обидувајќи се да преживее и да ги открие напаѓачите, тој го собира својот стар тим (Фримен, Малкович, Хелен Мирен) и тогаш почнува целата акција.
Од минатиот викенд и изминатава недела: Лавиринт: невозможна мисија Spoiler За филмов коментирав преска во соодветната тема. Овде само ќе кажам дека многу ми се допадна и дека се работи за акција со некои мистериозни елементи. И уште нешто кое заборавив да го спомнам: многу ми се допаѓа кога во актерската екипа нема некои познати имиња, а филмот е сепак супер. Таков е случајот со овој филм, а главниот јунак е право муце Еве дел од екипата. Со љубов, Рози Spoiler Многу од вас веќе сте го гледале. Филмчево случајно го најдов на еден сајт каде гледам филмови онлајн, го проверив на имдб, ми се бендиса приказната и решив да го гледам. Нов филм, а јас абер немав дека воопшто се снимил. Главната актерка ми е толку скроена за улогата, абе и‘ се изнагледав. И толку убаво ми се одвиваше дејството што на моменти ми доаѓаше да си заплачам Топло филмче, го препорачувам. Па уште и саундраците на Лили Ален „Fuck You Very Much" и „Littlest Things" Сонови Торта Spoiler Џенифер Анистон беше главната причина поради која се одлучив да го гледам филмов, особено затоа што не се сеќавам да сум ја гледала во сериозна улога. Се работи за жена која страда од хронични болки и која се труди да ја надмине трагедијата што се случила со нејзиниот син и која се опседнува со смртта т.е. самоубиството на една млада жена (Ана Кендрик). Наводно филмов е снимен со мал буџет и е инспириран од приказната на една пријателка на Анистон која исто така страдала од хронични болки и успеала да се излечи. Истата пријателка зела учество во изработувањето на филмов. Најмногу ме бендисува тоа што Анистон во цел филм нема грам шминка (освен она за да се истакнат подочници или лузни) освен една сцена кога и‘ доаѓа пријател дома на ручек. Исто така, многу е здебелена за улогава, да не се чуди некој што е како свинче во филмов. Глумата на Анистон ми е секогаш на место, ама филмов како филм не ме воодушеви и да беше некоја просечна актерка на нејзиното место воопшто немаше да ми се бендиса. Пребрзо некако ми заврши, смотан ми беше крајот, не знам што се случи со мажот и‘.... не беше добро разработена приказната. Кукли Spoiler Обид за хорор Мистериозна куќа in the middle of nowhere во која живеат чудни баба и дедо со еден куп кукли. Наводно, кукливе оживуваат навечер и касапат луѓе. Не знам дали имаше влијание тоа што го гледав сред бел ден, ама со татко ми се скинавме од смеење и освен тоа што морав да подзамижувам на некои сцени затоа што неќам крв да гледам, немам некои особени замерки. Може и имаше поента филмов, дека некогаш е убаво да си дете, дали буквално или во душата, особено ако тоа ти помогне да спасиш жива глава. Пародија би бил соодветниот жанр. Англичанецот кој се качи на рид, но слезе од планина Spoiler Ова „слезе од планина“ кај нас може поинаку да се протолкува Филм од деведесеттите чинам со Хју Грант. Дејството се одвива во едно велшко село за време на Првата Светска војна. Двајца картографи одат да измерат едно ритче во селово за кое селаните тврдат дека било првата планина во Велс. Границата која прави поделба т.е. висина која е потребна за планината да биде планина се минимум 300 метри. Е арно ама, ритчево има 294. (Ова во филмов е прикажано со оние другите мерки кои никогаш не ги разбрав Овие мерки се според српскиот превод.) Селаниве, навредени што нивната планина не е призната за планина, решени се да направат се‘ за да ја „изградат“/„пораснат“. Како сакате речете го Фина комедија, ја препорачувам. Има една супер сцена на почетокот кога Англичаниве пристигнуваат и Грант му се обраќа на еден кафанџија во селово, а овој му враќа нешто на велшки, па Грант вели „Does anyone speak English here?"
Big hero 6(2014) Јас сум љубител на анимирани филмчиња, ме релаксираат и ми ја исполнуваат душата.Big hero 6 е прв анимиран филм каде што има соработка на Дизни и Марвел, и навистина има интересна приказна за еден нов свет на роботика, која ни го носи новиот супер херој Baymax.Цртанов покрај многуте насмевки, ми измами и по некоја солза, и уживав додека го гледав.Номинацијата за оскар е целосно заслужена.
Delivery man (2013) Слатко се изнасмеав на филмов. Винс ми е одличен актер и не ме разочарал во ниеден филм, од онаа стара школа на актери ми е и ептен му лежат ваквиве филмчиња. Типов донирал „материјал„ во клиника за вештачко оплодување и станал татко на 533 деца. Што ќе се случи кога сето тоа се дознава и децата почнуваат да го бараат човекот кој стои зад псевдонимот Старбак или нивниот татко. Пробувајќи да си ја заштити приватноста и да ја тужи клиникатата доколку го открие неговиот идентитет нема да остане рамнодушен да не ги запознае и тој своите деца. Ќе ѕирне во фајловите и ќе почне да си ги запознава децата едно по едно. Гледајте потака нема да се покаете. Има комични работи но и доста е поучен. Сепак ги класифицирам како лесно и смешно филмче за тепање време.