Home Sweet Hell (2015) Не сум навикната да ја гледам Кетрин во вакви улоги но одлична беше, освен комедии и лежат и вакви улоги.Можеле да изберат некој подобар за главен глумец овој Патрик како изгубен изгледаше.Како и да е, интересен филм иако некои сцени беа ептен крипи.Крајот одличен, тоа и требаше.
Annie(2014) Annie е мјузикл/фамилијарна драма за девојче кое е оставено од своите родители, и цел живот го чека и замислува моментот кога ќе се вратат по неа.И покрај тоа што нејзиниот живот е тежок, Ани секогаш мисли дека ќе биде подобро утре.Но, на сосема случаен начин нештата се менуваат.Јас лично пораснав со онаа верзија од 1999, ама и овој не е лош.Песничките не се нешто посебно, но затоа актерската екипа ми беше солидна.За лабаво неделно попладне е сосема во ред. 6.5/10
Faces in the Crowd со Мила Јовович во главна улога, девојката преживува напад од сериски убиец, како резултат на тоа и се менува перцепцијата на визуелизација непрепознавајќи ги лицата на луѓето.. мислам сосема доволно да ве заинтригира љубителите на хорор/психолошки трилери веројатно би дале висока оцена, од мене 5/10. Spoiler
50 Ѕhades of Grey. Се изначитав за филмов, ваков бил, таков бил, па да не останам покуса го изгледав. Приказната некако ми беше веќе видена, освен оној дел со the playroom. Сиромашна девојка, богат дечко, љубов на прв поглед. Може немаше да ми биде досаден, ако барем малку имаше искра и страст меѓу двајцава. Некако не ми одговараат. Се на се ништо посебно.
Hansel and Gretel: Witch Hunters „Ивица и Марица: Ловци на вештерки“. Приказната продолжува 15 години подоцна откако братот и сестрата, ќе успеат да побегнат од вештерката која јаде деца. Откако како деца го осетија вкусот на крвта, Ивица (Џереми Ренер) и Марица (Џема Артертон станаа тврдокорни одмаздници желни за одмазда. Сега, без оглед на нивното знаење, Ивица и Марица ќе станат ловци и ќе мораат да се соочат со злобната вештерка, вештерката од своето минато. Иако веќе познат ми беше крајот на моменти малку ми беше досаден, но сепак не беше лош. Интересна приказна, добри глумци ... Се на се добро филмче за тепање време. 6/10
ADDICTED----> Жена која е зависна од секс...во главно цел филм е само секс. 3/10 Love,Rosie---> не знам дали до глумецот или нешто друго ама филмов беше совршен.Еден од оние филмови кога криво ти е што си ги изгледал бидејќи слично добар друг нема.Љубовна приказна која не е како дежа ву на сите лигави љубовни филмови,нешто ново и преинтересно 10/10 Something Borrowed---> не знам што е со љубовниве филмови последно време што ги гледам Филмов е интересна приказна за не толку привлечна девојка и најзгоден дечко Постаро филмче кое ако не сте го гледале вреди да се изгледа 8/10 Fifty shades of grey ---> послем сите коментари, критики решив и јас да го гледам,за целата таа врева околу филмот...освен згодниот глумец....ништо посебно 8/10
50 Shades of Grey Ништо посебно, ама не е ни толку катастрофален. 6/10 Инаку добро си се опиша типот уште на почеток: „Тие што ме познаваат велат дека немам срце.“ - изгледа стварно го нема! Само мислам дека требало да се задржат малку повеќе и на причината зошто Кристијан е таков каков што е. Цел филм некако површен ми се виде, немаше порака, само како репортажа да му правеле на човекот..
Beyond the Lights Мене искрено ми се допадна филмов има така малку болна структура и поучна цел.Мислам дека крајот можете сите да го претпоставите ама сепак ќе речам дека не е лош ако имате вишок време да го изгледате.Песната Blackbird ќе ви се допадне.
Кинг Конг со Џек Блек Го гледам по милионити пат и ќе го гледам уште толку ако треба. Не сум некој голем обожавател на научна фантастика, ама кога е умерено и проткаено со убава приказна и добра глума, тогаш прифаќам. Bye, bye, blackbird... Spoiler
Interstellar Иако филмот трае два и пол часа сепак успева да го задржи вниманието. Научно-фантастичен филм, земјата се соочува со колапс, на човештвото му се заканува изумирање, а Купер (Matthew McConaughey) - фармер и бивш астронаут случајно или не, се наоѓа во експедицијата задолжена да пронајде нова планета. Иако можеби звучи така но ова не е акционен филм во кој еден човек го спасува светот, филмот е доста "интелигентен", ве носи во друга димензија, патувајќи низ просторот и времето, а не недостасува и емотивна нишка која е остварена на релација помеѓу Купер и неговата ќерка.
Big Hero 6 10/10 Се работи за анимиран филм и секако зависно од тоа дали сте љубител или не на анимирани филмчиња, строго го препорачувам горенаведениот! Искрено јас лично обожавам анимирани, ме опуштаат, некако позитивно ми влијаат на психата... Имам доста гледано но ова ееееее... Еден од подобрите! Имено се работи за детето Hiro кое е екстремно интелигентно, уште на мали години има завршено средно образование и ништо не прави со времето туку гради роботи и учествува во илегални борби. Од како неговиот поголем брат ќе го заинтересира за еден колеџ, ќе настани голема несреќа во која што ќе почине брат му на Hiro, Тadashi, И низ најтешките моменти и најголемите авантури со Hiro ќе биде медицинскиот робот изграден од Tadashi наменет за помош на повредените! Пресмешен е, го гледав во 3 сабајле цела куќа ја кренав од смеење За мене конкретно овај филм беше my cup of tea!
High line или Vertige Одамна не сум гледала така напнат филм, група млади пријатели одат во Хрватска да се искачуваат по карпи но овде не ги очекува ништо добро. Добар филм, и барем добро одглумено.
(Rec)4 Apocalypse http://www.imdb.com/title/tt1649443/ 4/10 но и тоа е премногу... Првиот дел беше апсолутно прекрасен, вториот премногу ме потсети на фрст прсон шутер и ми беше така-така, третиот ми беше сосем океј како за зомби филм но четвртиот дел е тотално разочарување, како воопшто да не се замарале додека го пишувале. Филмот изобилува со дупки во приказната, ликовите се тотално еднодимензионални и мене како гледач воопшто не ми беше галје кој ќе преживее а кој ќе умре, дури и самиот наслов е фијаско- зборот апокалипса наведува да помислиме дека инфекцијата се проширила на глобално ниво но целата дешавка се случува на брод со едвај триесетина души. И најбезвезен момент од целиот филм-аспектот на демонско опседнување кој се наговести во вториот дел а се потврди во третиот? Не се ни спомнува Едноставно решиле дека насоката во која ја воделе франшизата не им се допаѓа и следствено ајде сега ќе се правиме дека минатите два филма не постојат. Како и да е, филмот е толерантен за оние кои сакаат лабави хорор филмови но верувам дека оние кои се фанови на првиот Рек ќе бидат прилично разочарани.
Lovelace (2013) Биографски филм е, се работи за една порно глумица по име Линда Ловлејс која не по своја вина запливува во порнографските води. Нејзина единствена вина е заљубувањето во погрешен маж. Аманда ми е срцка, една од поомилените глумици и добро се снајде во улогава, воглавно ми се допадна а и во последно време ми се интересни овие биографскиве филмови. Како и да е, добар е филмов
The Giver(2014) The Giver е филм за една утопија, за свет во коишто нема емоции, се е црно и бело, и луѓето живеат на некој начин механички, сите се еднакви и нема разлики. Но, Jоnas е момче кое ќе започне да забележува боја во тој црно-бел свет.Супер филмче, мене ми се допадна, кастингот е одличен, посебно ми се допадна Мерил Стрип во улогава. 7.5/10
Kristy Доста интересен и возбудлив, ист концепт со I spit on your grave, каде играта односно ситуацијата се менува и жртвата ги презема работите во свои раце. Обожавам вакви филмови и ми беше сосема по вкус. Shock Value Ми се допадна премногу, но е многу специфичен нискобуџетен филм, не би го препорачала на секој. Иако нискобуџетен, сепак приказната беше многу уникатна, глумата солидна, посебно на главниот лик, доста смешни сцени, чуден црн хумор... Лично ептен ми е допадна, ама пак ќе кажам не е за секого. Raze Приказна за киднапирани жени, од страна на психопатска организација, кои ги присилуваат до смрт да се борат една со друга, и од 50 киднапирани може да има само една "победничка". Филмов е БРУТАЛЕН, борбите се ептен насилни, но и доста емотивни, не очекував дека ќе ме здрма и дека ќе пуштам солза на филм со вакво сценарио. Another Me Искрено, досаден ми беше. Приказната навидум интересна, за една девојка што е прогонувана од друга девојка која изгледа исто како неа, па дознава дека имала сестра близначка која починала како бебе. Да не навлегувам, сценариото има многу пропусти и нелогичности. Премногу пасивен и спор за мој вкус. The Den Една девојка е сведок на убиство кое го гледа на една веб страна. Никој од полиција не и верува, а нејзините блиски почнуваат да исчезнуваат еден по еден... Повторно зад се стои една организација која убива за забава и профит... Што знам, просечен хорор, како недокажано заврши, не би било лошо да има втор дел. The Pyramid Очекував повеќе од филмот, ме привлече сценариото - археолози откриваат мистериозна пирамида и влегуваат внатре да истражуваат и ќе откријат повеќе од очекуваното. Компјутерските ефекти беа очајни, ми го расипаа уживањето. Ликовите беа досадни, ми беше сосема сеедно дали некој ќе преживее или не. Просечен, не би го препорачала.
Paranoia Оддамна немам гледано вакви сплетки Филмов е и за плакнење очи со Лиам Хемсворт Трејлерот некако ми се виде предолг па на пола го прекинав и решив да го гледам филмот.Сакам акција и бркотници и технологија и филмов баш е таков.Лиам баш ми е срцка во глумава
последно го гледав American Sniper Филмот му е направен супер.Приказната е вистинита баш онака како што сакам. Spoiler Накратко Крис Кејл има желба да биде каубој.Потоа тој се пријави како снајпер за воена група (делфини мислам де викаше) и уби премногу луѓе и стана депресивен.Во меѓувреме се запознава со нековата идна жена и добива син и ќерка.Кога конечно војната е завршена тој се враќа дома и кога конечно почна да се опоравува го убиваат. Крис Кејл има напишано и книга за неговиот живот и на крајот на филмот не покажаа точно како го убија.