The theory of everything Ми ги надмина очекувањата филмот. Кастингот ми се допадна, Еди и повеќе од одлично си ја завршил работата, секоја чест. Не бев многу информирана за животот и делото на Стивен Хокинг, ама филмов ми ја разгори љубопитноста, па веднаш по неговото завршување почна да читам по нетов. Филмот повеќе се фокусираше на романсата, веројатно за да биде прифатен од пошироката публика, но сепак, дава прилично добра слика за дел од неговиот живот. Ми беше жал за Џејн, мислам дека не доби признание за се' што направи, што имаше толкав удел во неговиот живот... http://www.historyvshollywood.com/reelfaces/theory-of-everything/ Еве добра споредба на реалноста со филмот, кој го интересира може да прочита.
The Roommate (2011) ...Ребека е опседната со својата нова цимерка на колеџ и прави да исчезнат сите оние кои застануваат помеѓу нив две..интригантен трилер кој вреди да се погледне, зошто да не..сепак од мене 5/10 Spoiler: official movie trailer
Филмов го гледав по којзнае кој пат и пак и пак ми е смешен. Омилена комедија Едвај го убедив дечко ми да го гледаме заедно и сега си го пуштаме понекогаш кога сакаме да се насмееме Се разбира, по сликата може да се заклучи дека се работи за деверуши. Нема повеќе да објаснувам лесно, пресмешно филмче. 11/10 Уште еден пресмешен филм т.е. анимација Јас го гледав без да знам содржина и така ептен ме изненади. Го сместувам на листата на омилените анимации
After The Dark(2013) Приказна за средношколци кои го имаат својот последен час по филозофија, а нивниот професор им смислува интересен експеримент за крај. Им претставува хипотетичка ситуација, каде што треба да ги донесат своите правилни одлуки базирани врз логика за да преживеат. Интересна приказна има филмов, би рекла оригинална, и фино се одвиваше, ама крајот тотално ме разочара.Многу повеќе ќе ми се допаднеше без таков завршеток, но сепак добива 7/10.
About time (2013). Досадничок на моменти. Драмата дефинитивно ми е во подолниот дел од табелата на омилени филмски жанрови. Се работи за млад дечко кој дознава дека може да патува низ времето, конкретно: да се враќа во минатото. И нормално, типчево го користи тоа прво за да си фати девојка, после за да ја смени секоја ситница која нема да му се свиѓа како се одиграла. За мене ништо посебно.
Ејјјјјјјј не очекував волку да биде јак филмов! Нема што да филозофирам тука, самиот наслов кажува се... можам само да додадам дека е многу добро направен, од ефекти до глумци до монтажи до се!
Instructions Not Included Ви препорачувам да го гледате, толку е емоционален и оргинален немам зборови..
Баш сакав да пишам за филмов. Денес конечно го изгледав. Го симнав по препорака од другарка. Инаку го препорачувам дефинитивно. И се согласувам со тебе, и емоции и смеа
Bereavement Приказна за едно дете, кое е киднапирано од страна на психотичен сериски убиец и принудено да му помага во убиствата... Со исклучок на две-три крвави и напнати сцени, филмов е повеќе драма отколку хорор. Спор, пасивен, и пред се предвидлив, само што почна претпоставував како ќе заврши и не бев грешка...
The theory of everything Прекрасна приказна за животот и делото на Стивен Хокинг. Да не раскажувам ви препорачувам да го гледате. Од мене 10/10
Woman in black 2 Втор дел од филмот каде група деца одат на едно островче со своите учителки и овде се соочуваат со жената во црно која се појавува да се освети за своето минато.
The Duchess [2008] Филм базиран на вистинска приказна за војвотката Џорџијана, проблемите во бракот и неверството на нејзиниот патријархален и индиферентен сопруг, како и нејзината афера со младиот политичар Чарлс Греј. Приказната премногу ми се допадна, а и Кира Најтли е баш погодена за улогава За костимографијата, пејзажите и локациите немам коментар, преубаво е доловен раскошот на Англија во тој период. Како голема обожавателка на вакви филмови и конкретно на ова време, филмов го ставам во оние кои веројатно никогаш нема да ми се здосадат, а богами и во оние за кои се чудам како досега не сум го гледала. Апсолутно 10/10!
Филмот беше номиниран годинава за Оскар(во категорија анимирани) па се одлучив да го гледам инаку му давам оценка 10/10. Се работи за две деца, Ben и Saoirse(инаку е нема) кои живеат покрај морето со нивниот татко. Малечката Saoirse открива флејта во вид на школка која припаѓала на нивната мајка и од флејтата излегуваат звуци поврзани со некаква магија и води кон тајна која ја откриваат подоцна во врска со нивната мајка. Се преселуваат кај баба им по нејзина иницијатива но не сакаат да престојуваат таму и решаваат да избегаат. По патот накај дома Ben открива дека сестра му има моќ да ги оживее приказните кои мајка му му ги има кажувано пред спиење, но за да можат бајките да опстојат таа мора да запее.Филмот инаку е базиран врз основа на ирскиот мит за селките... Препорачувам
Spy Game (2001) Нејтан Мјур (Robert Redford), пред пензионирање на својот последен работен ден во CIA дознава дека неговиот ученик, човекот кој го регрутирал и обучувал, Том Бишоп (Brad Pitt) е уапсен во Кина за шпионажа додека работел на самостојна мисија. Процедурата е дека тој ќе биде убиен за 24 часа. Нејтан работи против политиката на агенцијата и се обидува да го ослободи. Don't *ever* risk your life for an asset. If it comes down to you or them... send flowers. Иако малку постар и не толку познат филм, интересна трилер-акција е. Настрана фактот што Бред Пит е во своите млади денови. Крајот многу ме допре, се испонаежив цела... Препорачувам!
Gone with the Wind (1939) Пред некоја година ја читав книгата и бев фасцинирана,долго време се токмев за филмот и конечно му дојде редот. Коментарите за филмот би се однесувале и за книгата,барем поголемиот дел. Филм со толкава должина,а ниту еден момент не ми беше досаден,не мрднав од лаптоп 4 часа,едно големо браво за режисерот. За ликот на Скарлет О Хара може комотно да се испише цел нов роман,манипулативна и ладнокрвна од почеток до крај.Низ целиот филм ја чекав нејзината промена,кога од разгалена богата девојка,ќе стане моќна и со златна душа.И на моменти ја мразев со нејзината рамнодушност и лековерност,а во моменти дури и против нејзина волја ми измамуваше насмевка со нејзините добри дела. Единствено жалам за крајот,многу ме заболе и ме нервираше нејзината огромна затресканост во погрешната личност,за само во последните 2 минути да сфати дека греши,но дека е доцна.Но остана иста,материјалист до срж и сеуште не знам дали ми се допадна што си се додржа на карактерот или повеќе би сакала да омекнеше и да се скротеше. А за Бони пак,срцето ми се искрши. А Рет,иако од почетокот зборуваше дека е како неа,стана вистински татко и џентлмен,чесен човек со сета љубов за неа.Кларк Гејбл е навистина шармантен глумец,Џорџ Клуни на своето време,маестрално изглуми,без трошка промашај. Всушност на филмов не може да му се најде замерка,и од самиот кастинг,како и од целото претставување на Американската Граѓанска војна,сите пејсажи и детали се толку совршено прикажани,би го нарекла бисерот на Холивуд и воопшто на светската кинематографија. Исто така ми се допадна што скоро секоја фраза од книгата е искажана во филмот,без никаков пропуст,се доловил вистинскиот ефект,со соодветниот израз и став,совршено,ете толку... И знам дека рецензијава е се,само не кратка,ама мора да ставам и некои од цитатите:
Провери на onlinemovies.pro и спушти си го програмчето Popcorn Time. Имаш опција да гледаш и филмови и серии. Тоа што ми се свиѓа кај програмчето е фактот дека сите филмови се HD, можеш да си избереш или 720 или 1080p. Доколку не најдам некој филм на програмчето, отварам putlocker.is, но таму пак, некогаш нема превод на филмовите. Крајна опција е ако ептен никаде го нема филмот онлајн вадење torrent
Double Indemnity (1944) Double Indemnity е од жанрот на film noir, се наоѓа на листата на 250 најдобри филмски остварувања на IMDb. Дејството се одвива околу Волтер Неф, вработен во осигурителна компанија. Ќе биде заведен од една жена која ќе го наговори да го убие нејзиниот сопруг. Филмот се базира на вистински настан. Како и кај другите noir филмови атмосверата е мрачна и депресивна, а филмот ја прати нарацијата на главниот лик кој е опседнат од грижата на совест.
Focus Филм за авантурите на група преваранти кои се богатат со грабежи и така натаму. Изборот на глумци одличен.