Затвореници Филм за киднапирање на две девојчиња и очајно барање на загрижениот татко на сторителот на делото. Прекрасен филм со кој губите осет за време. Го препорачувам на сите љубители на мистерии Дома анимиран филм за пријателство меѓу ниско рангиран вонземјанин од расата Був со девојче од Земјата. Ох и Тип се во потрага по мајката на Тип, но по пат им се случуваат многу незгоди. Интересен и го препорачувам да го гледаат и возрасните. Прекрасна порака за пријателството. Најдобрата понуда продавач на слики за прв пат се заљубува во девојка која се плаши да се појавува пред други луѓе. Главиот актер успева да ја придобие нејзината доверба и да ја натера да се омажи за него. Не е се совршено како што изгледа зошто на крајот се гледа кој е навистина измамен.
Jug Face Каков хорор, какви глупости... не вреди ни рецензија да пишувам. Ако случајно наидете на филмов, скокнете го без размислување.
Focus Морам да кажам дека очекував повеќе од филмов, ама прилично се разочарав. Приказната беше полна со дупки. Spoiler Уште на почетокот, по првата измама можеше да се предвиди како ќе оди филмот понатаму. Дека ништо не е како што изгледа и дека се што прават на крајот ќе испадне дека е само уште една измама. И така, до самиот крај. И крајот отвори само повеќе прашања и уште толку дупки. Ликовите беа премногу површни, без минато и позадина. За ликот кој го играше Марго особено ништо не се знаеше, од кај дошла, зашто го прави тоа што го прави. Апсолутно никаква тежина нема филмов. Марго Роби беше прекрасна, убавица е и има страшна харизма и сексапил. И толку, тоа е тоа што ми се допадна во филмов, Марго и нејзината изведба. Ги имам гледано сите филмови на Вил СМит, ама во оваа улога не ми беше уверлив. 4/10 Kill me three times Повторно филм со Сајмон Пег, кој морам да признаам дека ми прираснува за срце. Има нешто во човеков, страшна харизма и шарм. Филмот не беше нешто посебно, имаше некои Тарантино моменти, ама слабо доловени. Од една страна како да сакале да го направат сериозен, од друга да има хумор, ама не беа добро вклопени деловите. Само поради Сајмон Пег и сцените со прекрасните пејсажи му давам 6ка.
Си имам на претек слободно време па се фрлив на филмови гледање Епа еве го резимето за овие два дена The maze runner Приказната ја знаете сите, еден од најозборуваните филмови минатата година. Ме потсетуваше многу на The hunger games.. Актерската екипа повеќе од одлична, не знаев на кого попрво да плакнам очи Интересна приказна и неизвесна иако малце останав збунета, мислам дека не скапирав баш се али го исчекувам вториот дел со нетрпение. Од мене 8/10 Before I go to sleep Досаден. Навистина една од послабите улоги на Никол Кидман, иако ја почитувам како актерка и навистина ми има оставено впечаток во многу филмови.. во овај не ме освои баш, некако позната приказна и предвидливи расплети. Не го препорачувам! 3/10 Love, Rosie Лили Колинс ми е дефинитивно girl crush Не можам да и одолеам, од обично chill филмче знае да направи спектакл, слатко се изнасмеав и не ни заприметив кога помина час и пол.. Дефинитивно ми е еден од оние филмови кои би ги гледала повторно и повторно, го препорачувам 10/10 Two night stand Значи го обожавам Мајлс, створен е за вакви улоги.. Го засакав уште во The Spectacular now а исто така и овде ми остави одличен впечаток, шармантен е во секој поглед. Главната актерка ја гледам често во поновите филмови, ја експонираат доста но мене ич не ме фасцинира, не знам не ме освоила со ниту една улога, а уште кога видов дека игра Ванеса од Госип гирл ми се преврти во стомакот, не ја поднесувам девојкава одвратна ми е во секој поглед. Заради неа давам 5/10
His girl Friday(1940) Ептен добра романтична комедија,додуша не беше толку романтична,колку што беше смешна.Еден новинар дознава дека бившата жена ќе се мажи и прави се да ја одврати од идејата.Ненормално смеење,зборуваат сите по 500 на саат А Кери Грант е лепотан,посебно во црно-бела варијанта. 7,5/10 The Philadelphia Story (1940) Уште едно филмче од истиот период,според рејтингот се смета за најдобра романтична комедија.Не е толку интересна содржината,колку што се вицкасти и саркастични досетките,а глумата е спектакуларна и незаменлива,тоа е некој посебен шмек на глумците од подамнешните времиња. Приказната е слична со филмот погоре,бившата жена на еден работник се мажи,тој најмува репортери да ја пренесуваат приказната и се разбира со главна цел,да ја спречи свадбата. Оцена 7,5/10 Charade (1963) И пак со Кери Грант,се наумив да ги изгледам сите Овој не ми беше толку по вкус,приказната ми беше забавна,секој со секој се лаже,сите се бркаат наваму натаму.Но самиот факт што Одри Хепбурн ја има главната улога,го прави значително привлечен.Оцена 7/10 Sabrina Исто романтична комедија,таков ми беше периодот,романтичен и филм-нуар Овде главна улога имаат Одри и Хамфри Богарт,кој ми е еден од поомилените на своето време,мада во улогата е доста стар.Накратко приказната е за двајца браќа заљубени во ќерката на шоферот,а таа го сака едниот,па другиот Одри е совршена како и секогаш,сега може да се каже дека сум и ги изгледала сите филмови,од Тифани до Рим и навистина има посебна нишка и начин на изразување.Оцена 8/10
La cara oculta (2011) - Многу добар трилер/мистерија според мене уживав во секој миг додека го гледав.Нема да откријам детали само би ви препорачала да го гледате нема да зажалите.Нешто сосема невообичаено и невидено со еден збор предобро 10/10 од мене The boy next door (2015) - Филмот е со Џенифер Лопез во главна улога.Во филмот е пред разведување со нејзиниот сопруг со кој имаат дете.Во еден момент во куќата наспроти нив ќе се всели едно момче и од тој момент започнуваат сплетките во филмот.Мене ми се допадна филмот и би му дала 9/10
Маρоса а го имаш гледано How to steal a million и My fair lady, мене овие два ми се омилени со неа, исто ги имам изгледано сите.Ти го пρепоρачувам и The rear window не е со неа ама изгледа е со Гρејс Κели аκо не се лажам.Се извинувам за офф што отидов.
Honeymoon for one (2011) О боже каков филм ми иде да се убијам, задремав гледајќи го. Предвидлив , глумата е никаква, дејствата некако многу брзо се случуваат. Не го препорачувам, џабе изгубено време . Оценка 3/10 Cinderella (2015) Мислам дека сите добро ја знаете приказната.Ист е како цртанот, многу ми се свиѓаат ваквите филмови според Disney цртаните . Оценка 10/10
@1209 Ги немам гледано,фала на препораката,одма ги симнувам,таман за пауза низ учење И да не бидам целосно офф It happened one night Ептен забавно филмче од 40тите,Кларк Гејбл во главна улога,ама зрачи,зрачи од шарм.Приказната е интересна,репортер запознава богата девојка во воз,сака да направи приказна,љубов се дешава успат и така Сега кога ќе размислам,скоро сите филмови од тие времиња им се со слична тематика,репортер и забранета љубов Но,не ги прави помалку забавни за гледање,сите се спектакуларни на свој начин. Оцена 9.5/10
Magic Magic http://www.imdb.com/title/tt1929308/ Ми тргна со глупи филмови. Добра идеја имале, еден увид во психичко растројство, што се се случува во главата на психички растроени лица, параноја, слушање звуци, инсомнија... Ама преслабо развиена приказна, како да се откажале на пола пат, ниту некаква неизвесност, ниту расплет има филмов ни ништо. Глупости...
Cinderella Филмот ми беше вистинско уживање , права бајка! Одлично е зачуван духот на оригиналната приказна, секој актер ми беше како создаден за својата улога, преубава костимографија, музика, кадри, хемијата помеѓу двата главни лика ... Со еден збор - МА-ГИ-ЧЕН! Низ филмот неколку пати се провлекуваат зборовите добрина и храброст , така што истиот носи и една голема поука во себе за секој кој што ќе го погледне.
Hable con ella(Talk to her-приказна за два пријатела чии што девојки се во долгогодишна кома за кои мора да се грижат.Според мене добар е може да се погледне Love,rosie- Мене филмов воопшто не ми се допадна. Spoiler Сака еден а ќе биде со друг и со него ќе има дете.Па таман ќе реши да оди кај него он со друга девојка бремена била.Па ќе биде со некој трет каша попара се
The Voices Неочекувано крваво филмче. Мислев нешто комедија/акција ќе биде, не прочитав ни опис, ни видов трејлер ни ништо. Сепак, не беше лош филмов. Мрачен хумор, убиства, ментално болен лик...Ме потсети на The cable guy. Рајан Рејнолдс прилично ме изненади во улогава, одлична трансформација. Ако сакате нешто морничаво, а сепак забавно во умерени дози, филмов е таман.
Posleden film sto go gledav e Good Will Hunting so Matt Damon i Robin Wiliams, go imam gleano premnogu pati i ne mi se zdosaduva. Se raboti za cistac na M.I.T. koj ima ogromna darba za matematika, no ima potreba od psiholog za da go najde svojot pat vo zivotot. Filmot e predobar so i da kazam ke go rasipam. Koj ne go gledal neka go gleda. *Znam deka treba so kirilica ama od telefon sum.
The Woman In Black 2 : Angel of death Кој го гледал првиот дел, веќе ја знае приказната, дека се работи за дух на мајка која останала без своето дете, па сега се одмаздува на сличен начин, убивајќи ги сите кои ќе ја видат, најчесто мали деца. Првиот дел беше пострашен, имаше повеќе нагли и неочекувани моменти, но вториов дел некако повеќе ми се допадна приказната, а и глумата, посебно главната девојка глумеше предобро. Солиден.